Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

 

 

Учествуваме во подготовка на Извештај од функционалната анализа на Службите за имунизација во Република Северна Македонија

На ден 20.02.2024 година од страна на УНИЦЕФ беше организиран работен состанок за финализација на Извештајот од функционалната анализа на Службите за имунизација во Република Северна Македонија. Претставник од Здружение ЕСЕ е дел од експертскиот тим кој во периодот 2023 – 2024 година го спроведе истражувањето и го подготви извештајот од функционалната анализа. Работниот состанок беше одржан со цел да се разгледаат и дискутираат препораките добиени од страна на Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Националната комисија за имунизација по однос на подготвениот извештај. По одржаниот состанок, претставник од ЕСЕ во соработка со останатите експерти од Центарот за управување со политики направија дополнувања на извештајот. На 01.03.2024 година претставник на ЕСЕ заедно со претставник на УНИЦЕФ одржа состанок во одделот за вакцинација при ЈЗУ Здравствен дом – Железничар со цел да се увидат потребите на одделот за вакцинација и да се разгледа можноста за вклучување на наоди или препораки од овој здравствен дом во рамките на Извештајот од функционалната анализа на Службите за имунизација во Република Северна Македонија. На состанокот беше утврдено дека одделот за вакцинација има потреба од набавка на нов фрижидер за чување на вакцините, поради дефект на постоечкиот фрижидер. На состанокот не беа детектирани потреби или проблеми кои се разликуваат од веќе утврдените во рамките на извештајот од функционалната анализа.

 

COPASAH Europe

Domestic Violence

Health Rights

Fiscal Transparency

Legal Aid Center

Health Information Centre