Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

 

 

Споделивме искуства од спроведувањето на здравствена едукација за граѓаните по однос на здрави животни стилови и редовна вакцинација на возрасното население

На ден 07.03.2024 година во просториите на ЕСЕ беше одржана Работилница за размена на искуства pо однос на искуства од работата во заедниците и претставување на М-РИТЕ проектот. На работилницата учествуваа 11 претставници од седум граѓански организации и ЕСЕ. Три здруженија што учествуваа на работилницата беа активно вклучени во спроведувањето на М-РИТЕ проектот, во делот на спроведување на здравствена едукација за граѓаните по однос на здрави животни стилови и редовна вакцинација на возрасното население, а останатите четири имаа можност да се запознаат со начинот на спроведување на проектните активности за спроведување на здравствена едукација за граѓаните. На работилницата на граѓанските организации им беше презентирана методологијата на социо-бихејвиорална промена според која беа креирани содржините и активностите во рамки на М-РИТЕ проектот, вклучувајќи го делот за здравствена едукација на население, како и делот за континуирана медицинска едукација на здравствените работници. Претставници од Здружение ЕСЕ, како и од трите организации вклучени во проектните активности ги споделија искуствата од спроведувањето на проектот, како и предностите од користењето на методологијата за социо-бихејвиорална промена.

 

COPASAH Europe

Domestic Violence

Health Rights

Fiscal Transparency

Legal Aid Center

Health Information Centre