Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

 

 

Конференција „Одговор на побарувачката за вакцинација за Ковид-19: Научени лекции од Источна Европа“

Претставници на ЕСЕ учествуваа на тридневна конференција во Белград, Србија, насловена „Одговор на побарувачката за вакцинација за Ковид-19: Научени лекции од Источна Европа“. Конференцијата е дел од регионалниот проект на УСАИД, насловен МОМЕНТУМ – Трансформација и правичност на рутинската имунизација кој се спроведуваше во С. Македонија, Србија, Молдавија и Босна и Херцеговина. Здружението ЕСЕ го спроведуваше проектот во С. Македонија од  јуни 2023 година, со главна цел за унапредување на здравите животни стилови и редовната вакцинација на возрасното население, односно, помеѓу лицата над 45 години со хронични заболувања. Конференцијата имаше за цел да се разменат искуствата од спроведувањето на проектот во С. Македонија, Србија и Молдавија, фокусирајќи се на направените адаптации на проектните активности, согласно на потребите во секоја држава, клучните успеси на проектот во секоја земја, како и предизвиците со кои се соочија организациите при имплементацијата на проектот.

Воедно, на конференцијата беше дискутирано за потребата од превземање на идни активности на полето на унапредување на опфатот со вакцинација, како за децата, така и за возрасното население. На конференцијата учесниците имаа можност да се запознаат со спроведувањето на проектните активности на локално ниво во Србија, преку посета на организациите и институциите со чиј ангажман проектните активности се спроведени во регионот Мачва во Србија.  На конференцијата претставниците од ЕСЕ ги презентираа искуствата од спроведувањето на МОМЕНТУМ проектот во С. Македонија, односно искуствата од спроведените обуки помеѓу здравствените работници и искуствата од спроведените здравствени едукации помеѓу населението во регионите на Куманово, Прилеп и Струмица. Покрај претставниците на ЕСЕ, на конференцијата учествуваа и здравствени работници кои беа ангажирани како едукатори на обуките за здравствените работници и едукацијата на населението, како и претставници од граѓанските организации Станица П.Е.Т. и Мајка, кои беа активно вклучени во активностите за едукација на населението. Здравствените работници и претставниците од граѓанските организации исто така дадоа свој придонес на конференцијата преку споделување на нивните искуства од спроведувањето на активностите. На конференцијата претставниците од С. Македонија имаа можност да се запознаат со искуствата од спроведувањето на проектот во Србија и Молдавија и преку дискусија заеднички да ги утврдат идните потреби за спроведување на проектот во овие држави.

 

 

 

 

COPASAH Europe

Domestic Violence

Health Rights

Fiscal Transparency

Legal Aid Center

Health Information Centre