• esem@esem.org.mk
  • Јавете се: +389 (0) 2 3298 295; 3298 296
  • ул. Максим Горки 20/1-4, 1000 Скопје

Политика за приватност

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ ЗА ДОНАЦИИ

Последно ажурирано: 15 август 2024

  1. ВОВЕД

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените-ЕСЕ ја почитува вашата приватност и е посветено на заштита на вашите лични податоци. Оваа Политика на приватност за донации ги објаснува начинот на кој ги собираме, користиме, чуваме и заштитуваме информациите што ги давате при донација преку нашата веб-страница (www.esem.org.mk). Со донирање преку нашата веб страна, вие се согласувате со условите на оваа политика.

  1. ВИДОВИ НА ИНФОРМАЦИИ ШТО ГИ СОБИРАМЕ

За секоја донација, можеме да ги собираме следниве информации:

  • Лични податоци: Ова вклучува име, адреса, телефонски број и е-пошта.
  • Информации за плаќање: Ние собираме податоци за плаќање (како броеви на кредитни картички, адреса за фактурирање итн.) што ги давате преку нашите платформи за обработка на плаќања (Комерцијална банка, АД Скопје).
  • Информации за донацијата: Ова вклучува износ на донацијата, датум на донација и какви било специфични инструкции или преференции што ги давате.
  1. ЦЕЛ НА СОБИРАЊЕТО НА ПОДАТОЦИТЕ

Ние ги собираме овие информации за да:

  • Го обработиме вашето плаќање и да издадеме потврда за донацијата.
  • Комуницираме со вас за вашата донација.
  • Обезбедиме усогласеност со законските обврски и транспарентност во нашите активности.
  • Ве информираме за нашата организација, освен ако не сакате да ги добиете овие известувања.
  1. ТРЕТИ СТРАНИ ШТО ГО ОВОЗМОЖУВААТ ПЛАЌАЊЕТО НА ДОНАЦИЈАТА

Ние соработуваме со доверливи трети страни за обработка на плаќања (Комерцијална банка, АД Скопје) за безбедно обработување на вашата донација. Овие процесори на плаќања се придржуваат до своите политики за приватност, со кои вие се согласувате со правењето на донацијата на нашата веб-страница.

  1. БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

Донирањето по електронски пат е овозможено од Комерцијална банка АД Скопје, која гарантира за безбедноста и точноста на трансакциите/донациите.

Во случај на нарушување постапуваме согласно на законските прописи, односно по сопствено осознавање или информација на Комерцијална банка Ад Скопје ја информираме Агенцијата за нарушување на безбедноста на личните податоци.

  1. ВАШИ ПРАВА

Имате неколку права во однос на обработката на вашите лични податоци.

Прво, имате право да бидете информирани за тоа како се обработуваат вашите лични податоци.

Исто така, имате право да побарате пристап до вашите лични податоци, со што ќе разберете кои податоци ги поседуваме за вас.

Дополнително, можете да побарате да ги коригираме сите неточности или да ги избришеме вашите лични податоци од нашите записи, во согласност со нашите законски обврски.

Доколку сметате дека одредена обработка на вашите податоци треба да биде ограничена, имате право да побарате ограничување на обработката.

Конечно, имате право да поднесете приговор на обработката на вашите лични податоци. Сите овие права се гарантирани во согласност со применливите законски обврски и регулативи за заштита на податоците.

  1. ПРОМЕНИ ВО ОВАА ПОЛИТИКА

Оваа политика може да е предмет на периодично ажурирање.

Сите промени ќе бидат објавени на нашата веб-страница, а вашето понатамошно користење на нашата веб-страница по таквите ажурирања значи дека ги прифаќате промените.

 

Доколку имате прашања или грижи во врска со оваа политика, ве молиме контактирајте не на e-mail: esem@org.mk .