• esem@esem.org.mk
  • Јавете се: +389 (0) 2 3298 295; 3298 296
  • ул. Максим Горки 20/1-4 1000, Скопје, Република Македонија

Собирање на податоци за пристап до правда

СОБИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ ЗА ПРИСТАП ДО ПРАВДА

Обезбедувањето на докази за специфичните проблеми на ранливите групи на граѓани е појдовна основа за утврдување на бариерите со кои се соочуваат и преземање на мерки за олеснување на пристапот до правда согласно со нивните потреби  

Го промовираме планирањето базирано на докази преку директно консултирање на ранливите групи на граѓани и утврдување на специфичните потреби во пристапот до правда.

Обезбедуваме докази за потребата од обезбедување на правна помош од ГО за ранливите групи на граѓани, како и потребата од подобрување на фактичката состојба на жените што претрпеле семејно насилство и остварување на нивните законски гарантирани права.

Обезбедуваме докази за потребата од подобрување на пристапот до правда за жените што претрпеле семејно насилство, односно правото на ослободување од плаќање на трошоци во судски постапки и нивната финансиска состојба, односно за трошоците што настанале како резултат на разрешување на семејното насилство и доделената издршка за нивните малолетни деца по разводот/разделбата од насилниот партнер.

ЗА ПРАШАЊЕТО

Досегашниот пристап на државата кон обезбедување на еднаков пристап до правда за ранливите групи на граѓани е главно декларативен и се состои од усвојување на закони, политики и стратегии без создавање на основните предуслови за нивно спроведување, како што се распределбата на потребните финансиски и човечки ресурси. Изостанува и планирањето засновано на докази, ефективниот систем за следење и евалуација на спроведувањето на легислативата, како и механизмите и праксата на задолжително вклучување на граѓаните во процесите на одлучување.  Ваквиот пристап резултира со занемарување на специфичните потреби на граѓаните, а особено на ранливите групи погодени од сиромаштија, дискриминација и социјална исклученост во општеството.

Граѓанските организации редовно ги консултираат претставниците на ранливите групи за нивните специфични потреби во пристапот до правда и користењето на законски гарантираните права. Наодите и препораките од спроведените истражувања и анализи се користат за промовирање на планирањето засновано на докази и планирање и спроведување на мерките за решавање на специфичните потреби во пристапот до правда. ГО редовно подготвуваат извештаи во сенка на меѓународно и регионално ниво за спроведување на стандардите за заштита на човековите права од страна на државата. Овој значаен придонес на ГО е препознаен од страна на надлежните тела и механизми на ниво на Обединетите нации (Комитет за елиминирање на дискриминација врз жените, Универзален периодичен преглед и др.) и Советот на Европа (ГРЕВИО), кои континуирано бараат од државата да преземе суштински мерки за подобрување на фактичката состојба на ранливите групи на граѓани.

ШТО ПРАВИМЕ НА ОВА ПРАШАЊЕ

Го промовираме планирањето базирано на докази преку директно консултирање на ранливите групи на граѓани и ги утврдуваме специфичните потреби во пристапот до правда.

Го промовираме планирањето базирано на докази преку директно консултирање на ранливите групи на граѓани и ги утврдуваме специфичните потреби во пристапот до правда. Работиме на промовирање и усогласување на Целите за одржлив развој на ОН, поточно целта 16.3: Промоција на владеење на правото на национално и на меѓународно ниво и обезбедување еднаков пристап до правда за сите. Со Коалицијата Маргини го следиме спроведувањето на оваа развојна цел и преземаме активности за застапување на национално и меѓународно ниво за подобрување на имплементацијата и преземањето на конкретни мерки за задоволување на специфичните потреби во пристапот до правда за ранливите групи. Обезбедуваме докази за потребата од обезбедување на правна помош од ГО за ранливите групи на граѓани преку собирање и анализирање податоци за трошоците и придобивките поврзани со обезбедување на различните модалитети на правна помош од страна на ГО. Обезбедуваме докази за потребата од подобрување на пристапот до правда, односно правото на ослободување од плаќање на трошоците во судските постапки поврзани со семејното насилство и нивната финансиска состојба, односно за трошоците што настанале како резултат на разрешување на семејното насилство и доделената издршка за нивните малолетни деца по разводот/разделбата од насилниот партнер.

Нашето присуство во медиумите

Еднаков пристап до правда за сите и пристап до правда за маргинализираните, преземена обврска од Одржливата развојна цел 16.3.

Како дел од заложбите за промовирање и следење на спроведувањето на Одржливата развојна цел 16.3. – Промоција на владеењето на правото на национално и на меѓународно ниво и обезбедување еднаков пристап до правда за сите, на конференцијата „Пристап до правда за маргинализираните“, која беше организирана од Фондација Отворено Општество Македонија (ФООМ), ги презентиравме главните наоди и препораки од Анализата за имплементација на целта 16.3. – Владеење на правото и еднаков пристап до правда.

Линк до објавата за настанот, https://www.facebook.com/events/1194782034356957/?ref=newsfeedбјавено на 30.9.2021.

ПУБЛИКАЦИИ

Може ли да се следи спроведувањето на целта 16.3. и во која мера Република Македонија го промовира владеењето на правото и еднаквиот пристап до правда

2019 година

Анализа на трошоците и придобивките за обезбедување на трите постојни модалитети на правна помош и услуги

2018 година

Анализа на трошоците и квалитетот на пристапот до правда за жените што претрпеле семејно насилство 2017–2022

2022 година

Влијанието на судските такси и трошоци и информираноста за ослободување од плаќање судски трошоци како пречка или можност до судска заштита за жени што претрпеле семејно насилство

2021 година

Издршка за децата – причини што влијаат врз определување на издршката

2021 година

ОСТАНАТИ ПУБЛИКАЦИИ

Извештаj за имплементацијата на Одржливата развојна цел 16.3. – Промовирање на владеењето на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите

Со воспоставувањето на новите цели за одржлив развој (ЦОР) во Агендата 2030 на Обединетите нации во рамките на  ЦОР 16, која се однесува на пристап до правда, е воведена потцелта 16.3. – „Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите“. Ефективното спроведување на оваа развојна цел е од особено значење за ранливите групи на граѓани, чиј ограничен пристап до правда го оневозможува остварувањето на нивните социјални, економски и други слободи и права. Националниот совет за одржлив развој како интерсекторско тело  на национално ниво кое е одговорно за спроведување на ЦОР ја приоретизираше ЦОР 16 како една од петте цели за периодот 2018–2020 година и затоа поднесе Национален доброволен преглед, односно извештај за спроведувањето на овие цели на Политичкиот форум на високо ниво кој се организираше во периодот 7–16 јули 2020 година.

Искористувајќи ја можноста за поднесување на извештај за спроведувањето на ЦОР од страна на граѓанските организации, Здружението ЕСЕ и Коалицијата Маргини со поддршка на Фондацијата Отворено Општество Македонија (ФООМ) го подготвија и поднесоа овој извештај за спроведувањето на целта 16.3. до Политичкиот форум на високо ниво во 2020 година како алатка за зголемување на притисокот врз државата за интензивирање на имплементацијата на ЦОР.  Наодите од овој извештај покажуваат дека државата сè уште нема усвоено национален акциски план за спроведување на целите, ниту пак се преземени суштински реформи за подобрување на граѓанските и кривичните судски постапки, пристапот до бесплатна правна помош и другите потребни реформи во правосудството за усогласување со целта 16.3.

2019 Civil Society Report: North Macedonia under review at 2020 High Level Political Forum

Анализа на трошоците и придобивките од обезбедувањето на трите постојни модалитети на обезбедување на бесплатна правна помош и услуги

Постојните анализи за правните потреби на граѓаните покажуваат дека голем дел од населението во државата се соочува со повеќе од еден правен проблем и со ограничени можности за нивно решавање. Постојниот систем за бесплатна правна помош е неефективен и постои огромен јаз помеѓу бројот на граѓани што се соочуваат со правни проблеми и бројот на граѓани што го оствариле правото на бесплатна (секундарна) правна помош согласно со Законот за бесплатна правна помош (ЗБПП). Буџетот за обезбедување на бесплатна правна помош, кој преку Министерството за правда се планира на годишно ниво, е незначителен за задоволување на правните потреби на граѓаните, а истовремено финансиската поддршка што ја обезбедува државата за ГО, кои „традиционално“ обезбедуваат бесплатна стручна правна помош за решавање на правните проблеми на ранливите групи на граѓани, е недоволна.  Со ова се доведува во прашање обезбедувањето на овие неопходни услуги, но и самото функционирање на организациите.

Препознавајќи ја потребата за поголемо промовирање на правните услуги на ГО за решавање на правните проблеми на ранливите групи на граѓани и зголемување на финансиската поддршка од страна на државата, во периодот 2017–2020 година на годишно ниво собиравме податоци од ГО и ја подготвивме оваа анализа за трошоците и придобивките од обезбедувањето на различни модалитети на правна помош од страна, вклучително бесплатна правна помош од овластените здруженија согласно со ЗБПП, бесплатна правна помош надвор од ЗБПП и параправна помош и поддршка.

2020 Summary Cost-Benefit Analysis for three free legal aid modalities for the period 2017-2020

Годишни анализи за трошоци и придобивки од обезбедувањето на бесплатна правна помош за жените што претрпеле семејно насилство

Олеснувањето на пристапот до правда за жените што претрпеле семејно насилство е една од долгорочните стратешки определби на ЕСЕ. Обезбедувањето на бесплатна правна помош за жените што претрпеле семејно насилство е од особено значење за ефективно користење на механизмите за заштита, но и за судско разрешување на сензитивните правни проблеми со кои се соочуваат, како што се разводот на брак, старателството и издршката за децата, поделбата на имотот, надоместокот на штета и други. Преземањето на дејствија за надминување на проблемот со семејното насилство пред надлежните институции и судовите резултира во различни видови на трошоци, како што се трошоци за транспорт, судски такси за иницирање на постапка и пресуда, административни и други трошоци, кои дополнително влијаат врз динамиката и можностите за ефективно решавање на сензитивните проблеми со кои се соочуваат жените. Наспроти ограничените финансиски капацитети за водење на судските постапки од ваков вид, жените немаат пристап до бесплатна правна помош која им е потребна за судско решавање на проблемите со кои се соочуваат.

Анализата на трошоците и придобивките од обезбедувањето на бесплатна правна помош за жените што претрпеле семејно насилство 2017–2022 содржи податоци за  трошоците што ги имаат жените при преземањето на дејствија за решавање на проблемот со насилството и поврзаните правни проблеми и трошоците на организацијата за обезбедување на ваков вид услуги, податоци за времето поминато во барање на правна помош, нивото на задоволство на жените од правните услуги на ЕСЕ, како и искуството на жените, односно претрпениот стрес како резултат на проблемот и комуникацијата со институциите при неговото разрешување.

2017 Анализа на трошоците и придобивките за 2017 година
2018 Анализа на трошоците и придобивките за 2018 година
2019 Анализа на трошоците и придобивките за 2019 година
2020 Анализа на трошоците и придобивките за 2020 година
2021 Анализа на трошоците и придобивките за 2021 година

 

Анализи за запознаеноста и искористеноста на правото на ослободување од плаќање на трошоците во граѓанските судски постапки

Жените што претрпеле семејно насилство вообичаено водат повеќе судски постапки за решавање на проблемот со семејното насилство и поврзаните правни проблеми, како што се граѓанската постапка за изрекување на привремени мерки за заштита (ПМЗ), кривичната постапка, постапката за развод на брак, старателството и издршката за децата, поделбата на имотот, надоместокот на штета и други. Судското разрешување на наведените правни проблеми е условено од висината на судските такси и трошоци, како и од финансиските можности на жените за надоместување на овие трошоци. Искуството на жените што воделе или ќе водат граѓански судски постапки од ваков вид покажува дека тие не се доволно запознаени и не ги користат законските можности за ослободување од плаќање на трошоците во судските постапки согласно со Законот за парнична постапка или правото на секундарна правна помош согласно со Законот за бесплатна правна помош. Наодите од овие анализи се користат за да се нагласи потребата за поголемо информирање на жените што претрпеле семејно насилство за видот и висината на трошоците, како и за специфичните аспекти од судските постапки и законски гарантираните права. Воедно, анализата обезбедува докази за потребата за поголемо користење на правото на ослободување од плаќање на трошоците и/или правото на бесплатна правна помош во постапките што ги водат жените за решавање на сензитивните проблеми што се поврзани со семејното насилство.

 

2021 The impact of court fees and costs and knowledge about the exemption of payment Thereof: As barrier or opportunity for women who suffered domestic violence  1
2021 Влијанието на судските такси и трошоци и информираноста за ослободување од плаќање судски трошоци како пречка или можност до судска заштита за жени што претрпеле семејно насилство 2
2021 The impact of court fees and costs and knowledge about the exemption of payment Thereof: As barrier or opportunity for women who suffered domestic violence  2

 

Анализи за издршката на децата на жените што претрпеле семејно насилство

Добросостојбата на децата, што е основна цел на издржувањето на децата, е комплексно прашање што треба да се разгледува и истражува од повеќе гледни точки.

Наодите од оваа анализа ги користиме како доказ за потребата за подобрување на судската пракса при определување на висината на издршката за децата, вклучително и земањето предвид на потребите на децата пред и по разводот, како и дополнителните приходи и останатите фактори што се од значење за висината на досудената издршка. Воедно, анализата ја нагласува потребата за воспоставување на ефективни механизми на наплата на издршката од страна на родителот кој бил задолжен од страна на судот.

Прашањето за издршка на децата на жените што претрпеле семејно насилство го разгледуваме и поради посебната ранливост на оваа група жени, односно посебната состојба во која тие се наоѓаат и последиците со кои се соочуваат. Честопати соочувајќи се со последиците од насилството, жените дополнително се соочуваат и со прашањето на неплаќање на издршката и со тоа уште повеќе им се намалуваат можностите за брзо заздравување и исполнување на нивните родителски обврски.

2021 Child Support – Reasons that affect setting of this support
2021 Издршка: Дали издршката ги задоволува потребите на децата
2021 Child support: Does child support satisfies children’s needs

 

Анализи за механизмите за заштита од дискриминација и искуството на ранливите групи на граѓани

Законот за спречување и заштита од дискриминација (Службен весник на РМ, бр. 101 од 22 мај 2019 година) создаде нормативни претпоставки за суштинско унапредување на системот и институционалните механизми со кои се гарантира еднаквоста и обезбедува спречување и заштита од дискриминација. Најзначајните придобивки се однесуваат на проширување на основите на дискриминацијата, со внесување на сексуалната ориентација, родовиот идентитет, политичкото уверување и личното својство или „која било друга основа“. Клучни промени се воведоа и во однос на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, првенствено преку проширување на нејзините надлежности во промоција на еднаквоста, подигање на свеста, едукација на јавноста, нејзина професионализација и департизација, јакнење на независноста и отчетноста преку построги критериуми и транспарентност на постапката за избор на нејзините членови, пократки рокови во постапувањето по претставки, можност за поведување на постапка по службена должност и упатување општи препораки во однос на еднаквоста и недискриминацијата итн.

Препознавајќи ја потребата за поголемо промовирање на новиот Закон во јавноста, овие анализи обезбедуваат подетални податоци за предусловите што треба да бидат исполнети за „заживување“  на проширените надлежности на Комисијата, но и за искуствата и перспективите на ранливите групи на граѓани како основа за подобрување на транспарентноста, отчетноста и ефективноста во работата на ова тело.

2019 Анализа на законскиот мандат на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и предусловите за транспарентност, отчетност и ефективност
2019 Analysis on the legal mandate of the Commission for Prevention and Protection against Discrimination and Prerequisites for Transparency, Accountability and Effectiveness
2019 Истражување за искуствата и знаењата за спречување и заштита од дискриминација на ранливите групи на граѓани
2019 Prevention and Protection against Discrimination trough the Perspective and Knowledge and Vulnerable Population Groups

 

Анализа на состојбите со трговија со луѓе

Овој извештај ги опишува активностите за спречување на трговија со луѓе и дава осврт на состојбите во Република Северна Македонија за периодот 2016–2018 година и е направен врз основа на брошурата „Мониторинг и процена на политиките за борба против трговија со луѓе: прирачник за застапниците на жртвите“. Појдовен извор на информации се годишните извештаи на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција од 2016, 2017 и 2018 година. Користени се и јавно достапни податоци од извештаите на Стејт департментот за трговија со луѓе, извештајот за спроведување на Конвенцијата за борба против трговија со луѓе во Македонија на Советот на Европа, од двата круга на евалуација, односно првиот објавен во 2014 година и вториот објавен во 2018 година, потоа податоци на Државниот завод за статистика и од други извештаи и анализи по однос на прашањата од интерес на овој извештај.

2018  Каква е состојбата со трговијата со луѓе во РСМ (извештај)
2018  Трговија со луѓе за 2018 година (инфографик)

 

Анализи за состојбите со вознемирување на работното место

Законот за заштита од вознемирување на работното место (Службен весник на РМ, бр. 79 од 2013 година) ги уредува обврските на работодавачите и работниците, како и постапката за заштита од психичко и полово вознемирување на работното место. По донесувањето на законот Здружението ЕСE, со поддршка на независниот синдикат SNV International од Холандија, спроведе неколку истражувања во насока на утврдување на застапеноста на психичкото и сексуалното вознемирување на работното место, како и нивото на спроведување на Законот од страна на институциите и работодавачите. Наодите од анализите покажуваат дека повеќе од половина од жените (51,7 %) се соочиле со психолошко вознемирување, додека 17,1 % од жените доживеале сексуално вознемирување. Истовремено јавноста не е доволно запознаена со Законот, а постапката за заштита пред работодавачите е нефункционална во пракса и не придонесува за заштита на правата на жените што претрпеле психолошко и сексуално вознемирување на работното место. Наодите од оваа анализа ги користиме за да ја нагласиме потребата за подобрување на законските одредби за заштита и исполнување на обврските од страна на работодавачите, како и презентирање на искуствата и перспективите на  жените што претрпеле вознемирување на работното место.

2011 Насилство врз жените на работното место – психичко и сексуално вознемирување
2011 Violence against women at the workplace – Psychological and Sexual Harassment
2013 Институционален одговор и организациски политики во однос на насилството на работното место
2013 Institutional Response and Organizational Policies for Violence at the Workplace
2015 Имплементација на Законот за заштита и вознемирување на работното место