• esem@esem.org.mk
  • Јавете се: +389 (0) 2 3298 295; 3298 296
  • ул. Максим Горки 20/1-4 1000, Скопје, Република Македонија

Историјат

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ е основано во 1994 година како Хуманитарна асоцијација за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ХА ЕСЕ, насочувајќи ја својата работа кон подобрување на состојбата на жената и нејзина поголема застапеност во одлучувачките структури. Работата на асоцијацијата се фокусираше на последиците што ги имаше периодот на транзиција врз состојбата на жената со посебно внимание на жените во селата и маргинализираните жени. Во нашиот дух е правичноста и еднаквоста, па оттаму и заложбата да ги застапуваме сите жени, без разлика на нивната религија, националност и возраст.

Во 1994 година го спроведовме проектот „Жените и образованието“. Дистрибуиравме учебници за оние што не можеа да ги обезбедат. Во 1995 година низа проекти го означија почетокот на промените: „Жените и здравјето“, наменет за ромската и албанската жена, „Жените и медиумите“, кој овозможи поширока… повеќе

1994

1998

Во годината 1998, Хуманитарната асоцијација ЕСЕ се преименува во Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ со што своето поле на дејствување го проширивме на национално ниво. За прв пат ги развивме нашите тригодишни програми и тоа: 1998–2000 и 2000–2003 година… повеќе

1998

2006

Во овој период ЕСЕ беше во фаза на имплементација на својата четврта тригодишна програма за периодот 2006–2009 година. Презедовме крупни чекори на полето на борба против семејно насилство преку два процеси; во партнерство со Акција Здруженска го инициравме процесот на Унификација на граѓанскиот… повеќе

2006

2013

Овој период за ЕСЕ може да се окарактеризира како период во кој се востановени методологиите и пристапите што во 2010 година ги започнавме како иновативни и нови. Уште повеќе продолживме со спојување на методологиите и пристапите. Помошта и поддршката што им ја нудиме на различните ранливи… повеќе

2013
ВО
ПЕРИОД

1996

Од големо значење за нас е токму овој период. Во него се одвиваа низа процеси во насока на јакнење на организациските капацитети и капацитетите на вработените. Во годините 1997 и 1998 ги развивме првите годишни програми. Го ставивме камен-темелникот во работата на ЕСЕ… повеќе

1996

2003

Овој период за ЕСЕ е одбележан како период на собирање на плодовите од долгогодишната работа. Нашата лобирачка активност ја крунисавме со донесувањето на конкретни законски решенија во постојната законска регулатива за проблемот на семејното насилство. Станавме препознатливи како организација… повеќе

2003

2009

ЕСЕ во периодот 2009–2012 година остана посветено на својата мисија. Имено, во овој период спроведовме активности кои претставуваа продолжение и надградување на резултатите и постигнувањата од претходниот период, но, исто така, воведовме и користевме нови концепти и пристапи за спроведување… повеќе

2009

2016

Овој период за нас преставуваше период во кој континуирано работевме на утврдените стратегиски определби, но исто така и период во кој полето на работа, пристапите и начинот на работење ги унапредивме за да го зголемиме влијанието и да постигнеме максимални резултати… повеќе

2016

2021 - 2024

Нашата посветеност за јакнење и промоција на вклучувањето на граѓаните во процесите на планирање, спроведување и оцена на законската регулатива, буџетите и услугите преку социјална отчетност и правно зајакнување ја крунисавме со формирањето на Европската мрежа на практичари за социјална отчетност и правно зајакнување – COPASAH. Во недостиг на податоци спроведовме истражувања за користењето на примарната здравствена заштита од страна на Ромите и од населението што живее во руралните средини и за еколошките ризици и нивното влијание врз животната средина и здравјето на Ромите. Ја применивме и методологијата за социјална и бихејвиорална промена за практикување на здрави животни стилови и вакцинација на возрасното население. Продолживме да обезбедуваме докази за потребите на граѓаните во однос на олеснувањето на пристапот до правда, посветувајќи се на детална анализа на потребите на жените што претрпеле семејно насилство, односно не само на разрешување на нивните правни проблеми туку се посветивме и на прашања што се поврзани со издршката на децата и економската независност на овие жени. Посветивме значителни напори за развивање на социјалното претпријатие на ЕСЕ – ПОГОН. Во однос на постапувањето на случаите на семејно насилство соработувавме со полициските службеници и инспекторите што првично постапуваа во овие случаи. Како резултат на нашата вклученост во застапувањето за унапредување на нивото на фискална транспарентност, ЕСЕ стана дел од групата на лидери во Европа што покажале значаен придонес кон унапредување на граѓанското учество во земјата и што ќе продолжат заеднички да работат на унапредување на граѓанското учество на ниво на Европа (во рамки на ПОВ).