• esem@esem.org.mk
  • Јавете се: +389 (0) 2 3298 295; 3298 296
  • ул. Максим Горки 20/1-4 1000, Скопје, Република Македонија

Прашања на кои работиме

Прашања на кои работиме

Во периодот 2020-2024 година, Здружението ЕСЕ ќе работи на следниве приоритети:

ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА ЖЕНИТЕ, МАЈКИТЕ И ДЕЦАТА, РУРАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ И НА РОМИТЕ

Го унапредуваме здравјето и пристапот до здравствената заштита за жените, мајките и децата, мажите, и ранливите групи на граѓани преку јакнење на капацитетите на граѓанските организации и едукација на населението,  како и нивно директно вклучување во мониторинг на здравствените политики, програми и услуги и застапување за унапредување на здравствената заштита на населението.   

ЗДРАВСТВЕНИ ТРОШОЦИ И БУЏЕТ

Го унапредуваме процесот на алокација и соодветно трошење на буџетски средства за здравствената заштита преку континуиран мониторинг на здравствените буџети, проценка на влијанието на макроекономските политики врз здравствените буџети и јакнење на капацитетите на граѓанските организации за примена на методологиите на мониторинг на буџети и застапување за остварување на правото на здравје. 

ВРАБОТЛИВОСТ И ЕКОНОМСКО ЗАЈАКНУВАЊЕ

Го промовираме економското зајакнување на жените преку едукација за можностите за вработување, нивно директно вклучување во проценката на достапните услуги за вработување и јакнење на капацитетите на граѓанските организации за мобилизирање и вклучување на граѓаните во процесите на одлучување.

ПАРАПРАВНА И ПРАВНА ПОМОШ ЗА СИРОМАШНИТЕ И РАНЛИВИТЕ ГРУПИ НА ГРАЃАНИ

Го подобруваме пристапот до правда за ранливите групи на граѓани преку промовирање на правното зајакнување, зголемување на капацитетите на граѓанските организации за обезбедување на параправна помош и поддршка и заедничко застапување за решавање на специфичните проблеми на нашите корисници. 

СОБИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ ЗА ПРИСТАП ДО ПРАВДА

Обезбедуваме докази за олеснување на пристапот до правда преку директно консултирање на  жените и другите ранливи групи на граѓани за нивните специфични потреби, како и потребите на граѓанските организации вклучени во обезбедувањето на правна помош  за овие заедници.  

ПОСТАПУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Ја подобруваме правната заштита на жените што претрпеле насилство преку обезбедување на директна поддршка за решавање на проблемите со кои се соочуваат и преземаме активности за подобрување на правната рамка за заштита и постапување на надлежните институции и правосудството.

ФИСКАЛНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ВЛАДЕЕЊЕ

Ја зголемуваме фискалната транспрентност на јавните институции преку оцена на нивото на нивната транспарентност, спроведување на кампањи за информирање на јавноста за придобивките од фискалната транспаетност, како и преку основање на мрежа на граѓанските организации во рамките на процесот на Партнерство за Отворена Власт.