• esem@esem.org.mk
  • Јавете се: +389 (0) 2 3298 295; 3298 296
  • ул. Максим Горки 20/1-4 1000, Скопје, Република Македонија

Параправна и правна помош за сиромашните и ранливите групи на граѓани

ПАРАПРАВНА И ПРАВНА ПОМОШ ЗА СИРОМАШНИТЕ И РАНЛИВИТЕ ГРУПИ НА ГРАЃАНИ

Прогресивното остварување на социјалните и економските права е тесно поврзано со промовирањето и воспоставувањето на ефективен пристап до правда за маргинализираните и ранливите групи во нашето општество.

Го промовираме правното зајакнување и обезбедување на параправна помош и поддршка како ефикасен модел за решавање на правните потреби на маргинализираните и ранливите групи на граѓани.

Организираме континуирана едукација на параправниците и обезбедуваме советодавна поддршка за остварување на индивидуалните права на нивните корисници за здравствена и социјална заштита, пристап до пазарот на труд и другите области од општественото живеење.

Заедно со другите ГО застапуваме на локално, национално и на меѓународно ниво за подобрување на пристапот до правда и решавање на специфичните потреби на маргинализираните и ранливите групи на граѓани.

ЗА ПРАШАЊЕТО

На глобално ниво две третини од населението се соочува со ограничен пристап до правда и неможност  да ги реши секојдневните правни проблеми со кои се соочува. Половина од населението во нашата држава се соочува со најмалку еден правен проблем а недостигот на финансиски средства, недовербата во институциите и пречките во однос на користењето на законски предвидените права оневозможуваат ефективно разрешување на правните проблеми на граѓаните. Ранливите групи на граѓани, односно сиромашните, младите, жените, невработените и припадниците на етничките малцинства се наоѓаат во уште понеповолна положба и неможност да ги решат продлабочените правни проблеми со кои се соочуваат. Граѓанските организации „традиционално“ обезбедуваат правна и параправна помош за различни  маргинализирани и ранливи групи на граѓани и придонесуваат за намалување на овој јаз во пристапот до правда. Но, и тие се соочуваат со сериозни предизвици во однос на континуираното обезбедување на овие видови на помош и воопшто во однос на функционирањето на организациите. Недоволната финансиска поддршка од страна на државата, законската непрепознаеност на концептот на обезбедување на параправна помош и поддршка, како и недостигот на континуирана едукација на параправниците се основните проблеми со кои се соочуваат ГО што работат со различните маргинализирани и ранливи групи на граѓани.

ШТО ПРАВИМЕ НА ОВА ПРАШАЊЕ

Го промовираме правното зајакнување и обезбедување на параправна помош и поддршка

Го промовираме правното зајакнување и обезбедување на параправна помош и поддршка како ефикасен модел за решавање на правните потреби на ранливите групи на граѓани. Работиме на зголемување на капацитетите на граѓанските организации за обезбедување на параправна помош во нивните заедници. Организираме континуирана едукација на параправниците и обезбедуваме советодавна поддршка за остварување на индивидуалните права на нивните корисници во областа на здравствената и социјалната заштита, пазарот на труд и другите области од општественото живеење. Обезбедуваме поддршка во воспоставувањето и надоградувањето на системот за собирање на податоци и предмети и вршиме супервизија на работата на параправниците со цел да се унапредат одделни аспекти од нивната работа. Ја промовираме едукацијата на локалните заедници  за законски гарантираните права и воспоставувањето  на соработка со институциите што се вклучени во остварувањето на овие права. Со другите ГО континуирано застапуваме на локално, национално и на меѓународно ниво за подобрување на пристапот до правда и решавање на специфичните потреби на ранливите групи на граѓани.

Нашето присуство во медиумите

Транспарентен избор и ефективно функционирање на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација – основни предуслови

ЕСЕ, во соработка со Мрежата за заштита од дискриминација, организираше јавна дебата на тема „Транспарентен избор и ефективно функционирање на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација“ на која ја нагласи потребата за спроведување на транспарентна постапка за избор на стручни, независни и непартиски членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

 

Врски (линкови) до објавите на медиумите за  јавната дебата „Транспарентен избор и ефективно функционирање на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација“, https://telma.com.mk/2020/12/14/граѓанскиот-сектор-бара-избор-на-стру/; https://mms.mk/187874/дебата-транспарентен-избор-и-ефекти/; https://opserver.mk/politika/debata-transparenten-izbor-i-efektivno-funkcioniranje-na-komisijata-za-sprechuvanje-i-zashtita-od-diskriminacija/; https://mia.mk/debata-transparenten-izbor-i-efektivno-funkcionira-e-na-komisi-ata-za-sprechuva-e-i-zashtita-od-diskriminaci-a/, објавено на 14.12.2020.

Потребно е итно формирање на Комисија за спречување и заштита од дискриминација од страна на Собранието на РСМ

Во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма што се организираше по повод одложениот избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), претставникот на ЕСЕ ја информираше јавноста за нефункционалноста на Комисијата во последните 18 месеци и ја нагласи потребата за организирање јавна расправа со учество на сите засегнати страни на која јавноста ќе биде информирана за пријавените кандидати и нивните биографии, а потоа ќе биде утврдена предлог-листа за усвојување од страна на Собранието на РС Македонија. Баравме избор на членови во КСЗД врз основа на законските критериуми и почитување на принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово балансирано учество.

Линк до гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма за изборот на новите членови на КСЗД, https://telma.com.mk/2020/12/22/топ-тема-дали-партиски-кадри-ќе-се-вдо/, објавено на 22.12.2020.

Независна и стручна КСЗД и Народен правобранител ослободени од политички влијанија

Во 2020 година медиумите ја пренесоа изјавата на висок претставник на една од владејачките партии во која беше наведено името на идниот Народен правобранител. Препознавајќи ја потребата за избор на независно лице кое професионално ќе ја извршува функцијата Народен правобранител, ЕСЕ се залагаше за транспарентен избор и елиминирање на политичкото влијание во овој процес, а истовремено зборуваше и за потребата за избор на независни и стручни членови на КСЗД.

Линк до гостувањето на Слободна ТВ, https://slobodna.tv/utrinskibrifing/мишев-од-есе-постои-недостаток-на-поли/, објавено на 30.10.2020.

Кои се предусловите за транспарентно, отчетно и ефективно работење на КСЗД?

Беше подготвено и промовирано анимирано видео со цел да се нагласат предусловите што треба да бидат исполнети за имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација и зголемување на транспарентноста, отчетноста и ефективноста во работата на КСЗД.

Линк до анимираното видео за нагласување на предусловите за транспарентно, отчетно и ефективно работење на КСЗД, https://www.youtube.com/watch?v=ovdxJLM3AiE&t=168s, објавено на 20.1.2020.

Граѓаните сведочат за претрпената дискриминација и зошто е потребно формирањето на КСЗД

Беше подготвено документарно видео со три изјави од граѓани кои биле жртви на дискриминација по основ на сексуална определба, етничка припадност и здравствена состојба. Видеото беше промовирано на социјалните медиуми со цел да се сензитивизира јавноста за прашањето на дискриминација и актуализирање зошто е потребно итно  формирање на КСЗД.

Линк до документарното видео со изјави од дискриминираните граѓани,  https://www.youtube.com/watch?v=CRSC0djI9GY&t=23s, објавено на 27.12.2019.

ПУБЛИКАЦИИ

Пристапот на ЕСЕ –
Параправна помош и поддршка

2018 година

Параправната помош го скрши мразот помеѓу институциите и ромската заедница

2018 година