• esem@esem.org.mk
  • Јавете се: +389 (0) 2 3298 295; 3298 296
  • ул. Максим Горки 20/1-4 1000, Скопје, Република Македонија

Дади свој придонес

Дади свој придонес

ЕСЕ е граѓанска организација којашто работи на подобрување на имплементацијата на социјалните и економските права на ранливите групи на граѓани преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и во оценувањето на јавните политики и услуги во РС Македонија.

Прашањата на коишто работиме вклучуваат:

  • Здравствена заштита на жените, мајките и децата и на Ромите

  • Здравствени трошоци и буџет

  • Вработливост и економско зајакнување

  • Параправна и правна помош за сиромашните и ранливите групи на граѓани

  • Собирање на податоци за пристап до правда

  • Постапување и заштита од семејно насилство

  • Фискална транспарентност и владеење.

Со донирање овозможувате:

  • пристап до квалитетна, навремена и сеопфатна здравствена заштита и јавено здравствен систем кој нуди услуги според потребите на поединецот и заедниците

  • економско јакнење на жените што претрпеле семејно насилство (вклучување на пазарот на труд, преквалификација и поддршка во основање на сопствен бизнис)

  • олеснување на пристапот до пазарот на труд за жените и ранливите групи на граѓани

  • жените што претрпеле семејно насилство да можат да ја добијат потребната правна помош за ставање крај на насилството

  • идентификување на специфичните проблеми и бариери со кои се соочуваат ранливите групи на граѓани при остварување на своите права

  • изнаоѓање на решенија за олеснување на пристапот до правда за ранливите групи на граѓани.

ДАДИ ПРИДОНЕС – ДОНИРАЈ ЗА РАБОТАТА НА ЕСЕ!

ДРУГИ НАЧИНИ КАКО МОЖЕШ ДА ДАДЕШ СВОЈ ПРИДОНЕС

Донирањето на средства не е единствениот начин со кој можеш да дадеш свој придонес.

Тоа можеш да го направиш и со:

Купување на накит или рачно изработен украс од ПОГОН (https://pogon.mk)

Донирај го својот труд и познавања за некое од прашањата на коишто работиме

Сподели идеја со нас итн.

Доколку сте заинтересирани за донирање на својот труд, познавања и идеја, Ве молиме контактирајте со нас!

Здружение ЕСЕ
ул. Максим Горки 20/1-4, Скопје
тел. 02 3298 295,  моб. 071 266 101
esem@esem.org.mk
www.esem.org.mk

 

Ви благодариме за промовирање и унапредување на социјалните и економските права на ранливите групи на граѓани!