• esem@esem.org.mk
  • Јавете се: +389 (0) 2 3298 295; 3298 296
  • ул. Максим Горки 20/1-4 1000, Скопје, Република Македонија

Фискална транспарентност и владеење

ФИСКАЛНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ВЛАДЕЕЊЕ

Фискалната транспарентност придонесува за подобрување на работењето со јавниот сектор, го зајакнува гласот на граѓаните при донесување одлуки значајни за нив и овозможува непречен пристап и уживање на социјалните и економските права на граѓаните

Секоја година преку кампањата „Фискална транспарентност Македонија и ЕСЕ“ обезбедуваме повеќе од 1 000 информации, едукативни материјали, видеа и дебати за подигнување на свесноста на пошироката јавност за важноста и придобивките од фискалната транспарентност и потребата од зголемување на сегашното ниво на транспарентност на јавните институции и со нив допираме до повеќе од 500 000 граѓани.

Од 2020 година ги градиме капацитетите на повеќе од 20 ГО од регионот на Југоисточна Европа за примена на методологии за оцена на нивото на транспарентност и отчетност, вклучување на граѓани, буџетска анализа и застапување итн.

Основавме Мрежа на граѓански организации што ќе работи на Партнерството за oтворена власт (ПОВ), односно нивно вклучување во процесот на консултации при подготовка на акциските планови. Напоредно обучивме повеќе од 40 претставници на јавните институции и ГО и како резултат на нашата исклучителна заложба сме дел од Европската група на лидери што работат на унапредување на граѓанското учество.

ЗА ПРАШАЊЕТО

Ниското ниво и назадувањето на фискалната транспарентност претставува глобален проблем што не ја одмина ниту Република Северна Македонија. Фискалната транспарентност во последните пет години сè повеќе се истакнува како клучен приоритет и потреба на државата.

Постојат голем број бариери што ги спречуваат граѓаните да ја следат работата на институциите. Не постојат ефикасни и ефективни механизми за следење на извршувањето на буџетот и механизми за оцена на ефикасноста и ефективноста на владините политики. Дополнително, начинот на кој се спроведуваат јавните набавки не е доволно  транспарентен, ефективен и ефикасен и не секогаш овозможува еднаков пристап и еднаков третман на учесниците во нив.

Во изминатите седум години се бележи зголемување на бројот на информации и документи што ги објавуваат институциите на своите интернет-страници. Но, зголемувањето не значи и континуитет во нивното објавување или пак континуиран напредок. Генерално, институциите обезбедуваат податоци само за 30 % од основните програмски и буџетски документи. Во однос на реактивната транспарентност, институциите обезбедуваат повеќе информации по поднесени барања за пристап до информации од јавен карактер отколку самоиницијативно да ги направат овие информации достапни за јавноста. Делумно се почитува Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

ШТО ПРАВИМЕ НА ОВА ПРАШАЊЕ

Работиме на зголемување на јавната свесност за значењето на фискалната транспарентност и потребата од буџетирање засновано на приоритети

Работиме на зголемување на јавната свесност за значењето на фискалната транспарентност и потребата од буџетирање засновано на приоритети. Поточно, им помагаме на граѓаните да ги остварат своите права за информираност и пристап до информации од јавен карактер и помагаме да се олесни комуникацијата помеѓу граѓаните и јавните институции во РСМ. За оваа потреба во 2014 година подготвивме тематска интернет-страница – www.fiskalnatransparentnost.org.mk, вклучувајќи и електронска платформа за поднесување барања за пристап до информации од јавен карактер до сите јавни институции во РСМ и жалби поради прекршување на ова право. Електронската форма има за цел да им помогне на заинтересираните граѓани поедноставно да поднесат барање и побрзо да добијат одговор од јавните институции и со тоа да ја тестираат реактивноста на институциите, односно нивната подготвеност за споделување информации со пошироката јавност. Поконкретно, ги едуцираме граѓаните за постапката за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер преку овозможување на електронско пополнување на формата за поднесување на барања за пристап до информации од јавен карактер и формата за жалби за повредено право за пристап до информации од јавен карактер. Исто така се трудиме сите заинтересирани да можат да го следат фискалното работење на Владата на Република Северна Македонија и активно да се вклучат во дискусиите за спроведување на политиките во насока на нивно унапредување. За таа цел е развиена база на отворени фискални податоци што овозможува поедноставен, систематизиран и аналитички приказ на фискалните и буџетските податоци. Во оваа база редовно ги објавуваме информациите до кои доаѓаме преку следење на имплементацијата на превентивните програми на Министерството за здравство. Преку www.fiskalnatransparentnost.org.mk граѓаните можат да се информираат за обврските на јавните институции и за нивните права што произлегуваат од законите преку достапност на важечката правна регулатива. Оваа интернет-страница на граѓаните им овозможува пристап до најнова релевантна литература и материјали од областа на фискалната транспарентност, пристап до информации и партиципација во донесувањето на одлуки (на македонски и на англиски јазик), како и информации за тековните случувања во Северна Македонија и во светот.

Зголемување на свесноста на граѓаните за нивните права и можности за пристап до информации

Дел од активностите за зголемување на свесноста на граѓаните за нивните права и можности за пристап до информации и учество во креирањето, донесувањето и спроведувањето на фискалните политики и создавањето на притисок врз јавните институции да си ги почитуваат своите обврските за транспарентност и отчетност во работењето е кампањата за унапредување на фискалната транспарентност под наслов „Фискална транспарентност Македонија“ што ја започнавме во 2015 година. Како дел од кампањата подготвуваме едукативни видеа, материјали, модули за електронско учење наменети за ГО од земјата и регионот, организирање на онлајн дебати итн.

Го оценуваме степенот на фискална транспарентност и отчетност на јавните институции

Го оценуваме степенот на фискална транспарентност и отчетност на јавните институции. Во континуитет, почнувајќи од 2013 година, работиме во насока на оценување на нивото на реактивност и проактивност на јавните институции во споделување и објавување на информации за своето буџетско и програмско работење, а тоа пак го правиме преку спроведување на воспоставена методологија за мерење и оценување. Проактивната транспарентност ја оценуваме преку утврдување на достапноста и обликот на објавување на 16 клучни програмски и буџетски документи на интернет-страниците на 25 јавни институции, односно стратешките планови, годишните програми за работа на институциите, предлог-буџетите, усвоените буџети, предлог-измените или усвоените измени и дополнувања на буџетите, завршните сметки, ревизорските извештаи, граѓанскиот буџет, односно поедноставена верзија на буџетот, лицата за контакт и посредување со информации од јавен карактер и листата на информации од јавен карактер. Додека, пак, реактивната транспарентност на 68 јавни институции ја оценуваме од аспект на пет параметри и тоа: број на добиени одговори во редовна постапка, број на добиени нецелосни одговори во редовна постапка, број на одбиени барања или пак запрени постапки од страна на имателите на информации од јавен карактер, број на барања по кои имателите молчеле и просечен период на добивање на одговор на доставени барања за пристап до информации од јавен карактер во редовна и во жалбена постапка.

Го следиме работењето само на оние институции што се опфатени со нашите редовни активности од програмата за мониторинг и анализа на буџети

Важно е да се напомене дека го следиме работењето само на оние институции што се опфатени со нашите редовни активности од програмата за мониторинг и анализа на буџети, како на пример оние што ја спроведуваат Програмата за активна заштита на мајки и деца, Програмата за рана детекција на малигни заболувања, Програмата за систематски прегледи на студенти и ученици, Програмата за ретки болести или пак институции што се одговорни за донесување на одлуки што се насочени кон унапредување на здравјето на жените и децата во РСМ. Па така, се мониторира и оценува спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер на сите здравствени домови во Северна Македонија (32), сите центри за јавно здравје (10), дел од клиниките, како што се клиничките болници во Битола, Штип и Тетово, општата болница во Струмица, Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, како и на национални институции, како што се Министерството за здравство, Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика итн.

Наодите и доказите обезбедени од јавните институции, граѓанските организации и медиумите на национално ниво се користат како релевантен извор на информации

Наодите и доказите обезбедени од јавните институции, граѓанските организации и медиумите на национално ниво се користат како релевантен извор на информации за презентирање на состојбите и напредокот во постапувањето на јавните институции по Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, иницирање и спроведување на реформите во јавниот систем во РСМ. Застапуваме за унапредување на нивото на фискалната транспарентност преку воспоставените механизми за следење на исполнувањето на обврските преземени со меѓународни иницијативи и меѓународни стандарди од областа на фискалното работење преку подготовка на „извештаи во сенка“.

Работиме на идентификуваните пречки во функционирањето на јавниот систем

Од 2014 година преку учество во процесот на Партнерство за отворена власт на национално и меѓународно ниво работиме на идентификуваните пречки во функционирањето на јавниот систем што не биле препознаени како потребни и приоритетни. Преку активно учество во овој процес настојуваме Владата да усвои повеќе предлози за унапредување на пристапот до информации, граѓанското учество и пристапот до јавни услуги. Исто така земаме учество во процесот на кокреирање, следење на имплементацијата на дел од активностите усвоени од Владата во рамки на оваа иницијатива. Од 2020 година работиме на уредување на процесот на креирање на акциски планови за ПОВ и консултации со граѓани и ГО, уредување на работата на телата формирани во рамки на процесот, поставување на индикатори и механизми за мерење на напредокот итн. Од 2020 година работиме на формирање и работа на Мрежа на ГО што ќе работат на ПОВ, а од 2023 година копретседаваме со Советот за ПОВ. На меѓународно ниво настојуваме да бидеме клучна организација во процесот и да учествуваме во обезбедување на информации за напредокот на земјата, развивање на методите за учество на граѓаните, за градење на капацитети на други ГО итн.

градење на коалиции и јакнење на капацитети

Дополнително, преку градење на коалиции и јакнење на капацитетите на други национални и регионални граѓански организации од оваа област спроведуваме заеднички акции за иницирање на промени.

Нашето присуство во медиумите

Акциските планови за Отворено владино партнерство треба да се насочени кон подобрување на животот на граѓаните преку користење на различни алатки и дигитализација

На 15 декември 2022 година во Приштина, Косово, се одржа панел-дискусија насловена како „Граѓанските политики во центарот – Улогата на граѓанскиот сектор во процесот на креирање на националните акциски планови за Отвореното владино партнерство (ОВП)“. Како една од клучните организации во процесот на ОВП во РСМ, на оваа панел-дискусија зборувавме за клучните предизвици со кои се соочуваме при поставувањето на националната агенда за ОВП и вклучувањето на различни страни во процесот на креирање и спроведување на ОВП. Особено се задржавме на неефикасноста во имплементацијата на ОВП во земјата, што се должи, пред сè, на недоволната соработка помеѓу граѓанските организации, како и нивната соработка со Владата. Исто така истакнавме дека преголем фокус при креирањето на плановите за ОВП се дава на развивање на дигитални продукти наместо на користење на дигитализацијата како алатка за подобрување на нечиј живот. И на крајот заклучивме дека сè уште не сме во фаза кога иницијативата ќе биде самоодржлива и нема да зависи од ангажманот на неколку клучни граѓански организации, односно во текот на консултациите ќе се вклучат граѓани наместо граѓански организации.

 

Линк до нашата изјава: https://meta.mk/debata-gragjanite-da-bidat-vo-fokusot-na-akciskite-planovi-preku-digitalizacijata/, објавено на 15.12.2022.

Законот за буџети треба да биде водилка за спроведување на буџетскиот процес што ќе тргнува и завршува со потребите на граѓаните наместо политиката

Во декември 2020 година Владата до Собранието на РСМ достави предлог за изменување и дополнување на Законот за буџети, кој пак беше поставен на јавна консултација. Како организација што го следи и е вклучена во буџетскиот процес на национално ниво, ги следиме промените во буџетските политики со цел да спречиме промени што ќе значат уназадување и ќе дадеме предлози што ќе значат унапредување на процесот и надминување на воочените предизвици.

Предлог-законот за буџети се задржува на стариот начин на буџетско планирање при што начинот на донесување на одлуки е од врвот надолу. Министерството за финансии и понатаму ги одредува буџетските лимити за секој буџетски корисник пред да ги слушне потребите и нема можност за поставување индикатори за мерење на фискалниот импакт на буџетските расходи врз граѓаните. Буџетското планирање дава можност за учество на граѓаните, меѓутоа не е јасно образложен механизмот и начинот за давање предлози и нивно вклучување. Овој процес ја ограничува дискусијата во рамки на Собранието и воопшто јавната дискусија во поглед на буџетот не овозможува унапредување на сегашното ниво на транспарентност.

Во таа насока, ЕСЕ во соработка со три граѓански организации предложи промени, меѓу кои: важноста од подготовка на буџетот врз основа на потреби, односно приоритети засновано на потребите на граѓаните, расходните лимити што ги дава Министерството за финансии и со кои се ограничува износот на средства на располагање на различните буџетски корисници да се одредува врз основа на потребите на различните сектори, да се подобри програмското буџетирање, да се воведе можност за поставување на индикатори за мерење на фискалниот импакт на расходите врз граѓаните, да се образложи што сè вклучува економската и функционалната класификација, да се образложи подетално кој е механизмот за вклучување на граѓаните, односно како тие можат да дадат предлози и да се вклучат во буџетското планирање, да се зголеми можноста за дискусија во Собранието/советите на општините и воопшто можност за јавна дискусија во врска со буџетот, на Фискалниот совет да му се даде одлучувачка, а не само советодавна функција, да се води сметка за воведување на нови методологии и механизми и да се образложат оние податоци што ќе значат дополнување на претходно предвиденото, да се води сметка за улогата на Државниот завод за ревизија, односно, препораките и наодите на оваа институција да ги земат предвид јавните институции.

 

Линк до нашата изјавата: https://www.youtube.com/watch?v=KmHiCaLHTcE, објавено на 12.12.2020.

Транспарентноста за јавните набавки во здравството се намалува од година во година

Во ноември 2020 година го објавивме третиот извештај од низата извештаи од мониторингот на постапките за јавни набавки во јавниот здравствен сектор во земјата. Наодите и препораките содржани во извештајот ги споделивме и со надлежните институции и со новинари што работат во областа на здравството и социјалната заштита.

Наодите од мониторингот покажуваат дека јавните здравствени институции немаат план за набавки со чие спроведување ќе се овозможи континуитет во нивното работење. Јавните здравствени институции главно склучуваат договори за јавни набавки и трошат средства за набавка на стоки, услуги и работи во првиот и четвртиот квартал од годината, односно набавките се спроведуваат на принципот на расположливост на средствата, а не на принципот на потреби. Идентификувавме значителни отстапувања на вредноста на склучените договори од вредноста планирана за нивно спроведување. Исто така откривме дека нивото на транспарентност во објавувањето на информации за спроведените постапки за јавни набавки значително се намалува низ годините. Од година во година се намалува и конкурентноста и достапноста на постапките за јавни набавки за различни компании, а се зголемува концентрацијата на мал број компании со кои се склучуваат договори за јавни набавки и на кои се префрлаат буџетски средства.

Според нас значајно е да се воспостави практика на креирање на годишни планови за набавки што ќе се базираат на претходна анализа на потребите на институцијата и пациентите и мошне е важно да се осигури дека плановите за набавки што ги одразуваат реалните потреби на институциите и граѓаните ќе се спроведат континуирано во текот на годината и нема да влијаат врз пристапот до одредени здравствени услуги, односно нема да го ограничат нивното обезбедување. Важно е да се зајакнат капацитетите на лицата одговорни за спроведување на јавните набавки и да се овозможи јавноста да има пристап до детални и навремени информации, што ќе бидат приемчиви и разбирливи за јавноста и ќе бидат во отворен формат (ексел). Дополнително е важно институциите од јавниот здравствен сектор да ги објавуваат сите информации за спроведените постапки за јавни набавки. Препорачливо е да се воведе систем на избор на компании за обезбедување на јавни набавки во здравството што ќе се базира на критериуми за максимизирање на резултатите и ефектите од јавните набавки и да се воведат индикатори за мерење на ефикасноста и резултатите од спроведувањето на јавните набавки што понатаму ќе служат како основа за планирање и спроведување на идните постапки за јавни набавки. Исто така, препорачливо е да се воведе листа на критериуми за евалуација и селекција што ќе се осигури дека јавните набавки нема да бидат претходно дефинирани согласно со можниот понудувач, туку ќе овозможат учество на поголем број компании од земјата и надвор од неа.

Линк до нашата изјавата: https://www.youtube.com/watch?v=i_2v0wQGRbU, објавено на 29.11.2020.

Три четвртини од јавните институции не објавуваат податоци за своето буџетско и програмско работење, а повеќе од половина го прекршуваат Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

По повод светскиот ден на правото на пристап до информации – „Имам право да знам“, ги објавуваме и промовираме резултатите од процесот на оценување на нивото на реактивна и проактивна транспарентност на јавните институции, чие работење е предмет на следење на ЕСЕ.

Резултатите од мониторингот покажуваат дека јавните институции обезбедуваат повеќе информации за своето финансиско работење доколку некој ги бара преку постапка за слободен пристап до информации од јавен карактер, а многу малку самоиницијативно ги објавуваат преку своите канали за комуникација со јавноста. Во 2019 година само Владата на РСМ и Министерството за финансии од вкупно дваесет и пет (25) мониторирани институции објавиле повеќе од 40 % од задолжителните информации/документи за програмското и буџетското работење и со тоа добиваат статус на делумно транспарентни институции. Останатите 23 институции не објавиле информации или пак објавиле само неколку. Оваа година, 54 од 89 институции не работеле во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно реактивно се нетранспарентни или делумно транспарентни институции.

Според нас, Агенцијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, потребно е да работат на спроведување на детална проценка на причините поради кои институциите не постапуваат според Законот и не објавуваат податоци и врз основа на наодите да подготват план на акции кои е потребно да се спроведат. Дополнително, бараме да се испита причината зошто институциите објавуваат повеќе информации за своите планови наместо за постигнатите резултати. А како краткорочна мерка институциите да го објават буџетскиот календар, претбуџетската изјава, граѓанскиот буџет, предлог-буџетот, усвоениот буџет во отворен формат, предлог-измените и дополнувања на буџетот, полугодишниот извештај за извршување на буџетот и ревизорските извештаи.

Линк до нашата изјава: https://www.youtube.com/watch?v=ySMuFreOYqM, објавено на 22.10.2022.

Планирањето и трошењето на економските мерки и по шест месеци остануваат мистерија за јавноста

Во период од девет месеци од 2020 година, како одговор на економската криза предизвикана од КОВИД-19, Владата донесе четири пакети на економски мерки наменети за бизнисите и граѓаните и потроши голем износ на средства без отчет. Со цел да видиме како овие пакети на економски мерки се планирани и реализирани, спроведовме анализа на процесот на подготовка, усвојување и на реализација на мерките и подготвивме извештај кој нам ни послужи во процесот на застапување пред надлежните институции за поголема транспарентност во трошењето на буџетските средства, поголемо вклучување на граѓаните во подготовка на мерките и намалување на можноста за кратење на други права на граѓаните како резултат на реализација на средствата за економските мерки.

Во изминатите шест месеци сведоци сме за промоција на широки консултации за подготовка на четирите пакети на економски мерки во кои била вклучена стручната јавност. Но кој учествуваше во нив, што е дискутирано, кои се предлозите, на што се темелат одлуките, кој ги праша граѓаните итн. се низа прашања на кои сè уште нема одговор. Во изминатите шест месеци (заклучно со 5.10.2020 година) за спроведување на трите пакети на економски мерки Владата, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Агенцијата за млади и спорт, Агенцијата за вработување и финансирање на дејности од областа на културата, потрошија 163,4 милиони евра што претставува 14 % од одобрените расходи или 11 % повеќе од приходите што ги остваруваат. Најмногу средства потрошила Владата (141 милион евра) за извршување на 104 илјади исплати што се однесуваат на помош на компании за исплата на плата и платежни картички за купување на домашни производи. По Владата најмногу средства исплатил „Непознат плаќач – НН“ за 129 исплати кон компании и физички лица од буџетската ставка „Купување на друга опрема“ во износ од 17,1 милион евра. Најмалку средства се исплатени за поддршка на уметници и издавање на ваучери за туризам (413 илјади евра). Како и да е, нивото на реализација на сетот економски мерки, особено од аспект на износот на потрошени средства и опфатени лица/субјекти за секоја од мерките, не може да се утврди од информациите што се јавно достапни.

И на крајот се поставува прашањето: Со потрошени големи износи на средства, континуиран пад на економијата и висока задолженост, кои се реалните бенефити за граѓаните? Па така, на крајот на јули 7 % од испитаните домаќинства немале средства да купат храна и гладувале, што е за три процентни поени повеќе од февруари годинава. Намален е бројот на лица што заработуваат за 6 процентни поени во јули во однос на февруари, и тоа најмногу од оние што се вработени на договор на определено време. Покрај губењето на приход, граѓаните особено оние што работеле во салони за убавина, училишта и одржувале хигиена, се соочиле со драстично намалување на платите. И покрај тешката состојба, вработените во здравствениот сектор, правосудството, градежништвото и информатичките технологии не пријавиле губење на заработувачката.

Економските пакет-мерки онака како што досега се креирааат и имплементираат нема да вродат со плод или пак да придонесат кон унапредување на положбата на граѓаните. Важно е да се направи длабинска анализа помеѓу населението во насока на утврдување на нивните лични потреби и проблеми, па потоа врз основа на наодите да се подготват таргетирани пакети што ќе се спроведуваат сукцесивно. Најважно е обезбедувањето на економските мерки и континуираното задолжување да не го ограничат уживањето на останатите човекови права и пристапот до основни јавни услуги.

Линк до нашата изјава: https://www.youtube.com/watch?v=jNkKmGfHWvA, објавено на 21.10.2020.

Најмалку 100 илјади граѓани немаат пристап до една или повеќе основни здравствени услуги, а пак најмалку 403 илјади граѓани се соочуваат со значителни финансиски тешкотии при добивање на здравствена заштита

Во април 2020 година по повод Светскиот ден на здравјето ги промовираме наодите од анализата на влијанието на промените во макроекономските политики врз пристапот до здравствени услуги на граѓаните.

Здравствените индикатори што претставуваат стандард за мерење на развојот на една земја укажуваат на податокот дека во РСМ најмалку 100 илјади граѓани немаат пристап до една или до повеќе основни здравствени услуги, а пак најмалку 403 илјади граѓани се соочуваат со значителни финансиски тешкотии заради лични трошоци при добивање на здравствена заштита. Односно, здравјето на граѓаните зависи од низа фактори врз кои тие самите немаат директна контрола. Во изминатиот период државата спроведе низа реформи во насока на проширување на фискалната основа која треба да овозможи поголем прилив на средства во буџетот на државата, фискалната консолидација, популистичките мерки што влијаат врз промена на расположливите средства во јавниот систем со фокус на јавниот здравствен систем и реформите што се спроведуваат во однос на јавните расходи. Дополнително, Владата презема чекори за економска либерализација, привлекување на странски директни инвестиции и стимулирање на домашни компании за зголемување на платите на вработените, што директно влијаат врз оптоварување на државниот буџет заради обезбедување на државни субвенции и ослободување од плаќање на јавни давачки на компании, а очекувањата се дека треба да придонесат кон поголем и одржлив економски раст и развој на земјата. Низата економски реформи резултираат со евидентно забавен раст на расходите за финансирање на јавните здравствени услуги, висок диспаритет во алоцирањето на средствата од државниот буџет помеѓу јавното здравство и останатите државни функции, високи приватни трошоци на граѓаните за здравство и недоволно давање на здравствени услуги од јавните здравствени установи во државата.

Владата на РСМ потребно е да покаже силна политичка волја за преземање на конкретни чекори за унапредување на начинот на планирање и водење на макроекономската политика која во голема мера влијае врз ограничување на уживањето на граѓаните на социјалните и економските права, со посебен фокус на правото на здравје и здравствена заштита. Особено е важно Владата да спроведе сериозни реформи што ќе овозможат економски напредок и напредок во пристапот до здравствена заштита на долг рок, наместо да се планираат и преземаат популистички и краткорочни решенија што имаат само еднократно влијание и не резултираат со промена во функционирањето на јавниот систем.

Линк до нашата изјава: https://www.youtube.com/watch?v=u8TmHUt5GiM, објавено на 7.4.2020.

Приватните истражувања и фармацевтската индустрија во моментот се далеку од промовирање на иновации, бидејќи се во потрага по профит

По повод Светскиот ден на здравјето, ЕСЕ, заедно со Европската мрежа против приватизација и комерцијализација на здравството и социјалната заштита и Граѓанското движење за здравје од Европа (ПХМ), во март 2020 година спроведе национална кампања под наслов „Солидаризирајте се за универзални јавни здравствени политики во Европа“ со цел да се повика јавноста за обединување против комерцијализација на здравството.

Во рамки на кампањата потенциравме дека ефективни и безбедни лекови, вклучително и евентуалната вакцина против новиот корона-вирус и третманот на болеста што ја предизвикува, КОВИД-19, мора да бидат достапни бесплатно за сите граѓани, без никакви трошоци за нив. Воедно националните здравствени системи треба да плаќаат фер цени за овие лекови. Досегашното искуство ни покажува дека фармацевтските компании се заинтересирани само да остварат профит. Всушност, граѓаните плаќаат за своите лекови двапати: еднаш со финансирање на јавните истражувања во болниците и универзитетските истражувачки центри и втор пат кога ги купуваат лековите од лабораториите што се стекнале со патенти врз основа на резултатите од јавните истражувања.

За таа цел заедно со Европската мрежа и ПХМ ги повикуваме европските институции и земјите членки на Европската Унија, како и останатите земји во Европа, да ги изменат правилата за регулирање на Европската агенција за лекови и надлежните агенции во земјите членки во однос на следното:

а) Податоците што се приложуваат за поддршка на апликациите за одобрување на лекови треба да бидат јавно објавени и не може да се чуваат како доверливи податоци. Целиот процес што доведува до одлука за продажба на лекови мора да биде достапен за независен увид. Трговската тајност не може да се корсти за да се оправда доверливоста кога се работи за јавното здравје на населението.

б) Клиничките испитувања побарани од Европската агенција за лекови за проценка на ефикасноста и безбедноста мора да надминат одредени состојби, како што е концептот на неинфериорност во клиничките истражувања, што е правило денес. Со ова ќе се избегне пласирање на производи на пазарот што не претставуваат вистински иновации во споредба со веќе достапните производи, а кои можат да ги зголемат трошоците за набавка на лекови, како и профитот на фармацевтските компании.

в) Студиите поднесени во прилог на барањата за одобрување на продажбата на лековите во моментот ги спроведува индустријата, што создава конфликт на интереси. Ни требаат студии спроведени од страна на независни, непрофитни агенции, јавно финансирани, неповрзани со компаниите што аплицираат за одобрување на лекот.

Понатаму, ги повикуваме земјите членки на ЕУ и останатите земји од Европа да усвојат агресивна стратегија за преговарање за цените на новите лекови. Доколку компаниите инсистираат на поставување непотребно високи цени, правата од патенти мора да бидат одземени. Исто така, бараме потребни ресурси за јавни истражувања. Мора да се создаде координирана, општествена реакција за истражување и производство на лекови.

 

Линк до нашата изјава: https://www.youtube.com/watch?v=K4xkrJidFQw, објавено на 26.3.2020.

И по 10 години од донесувањето на Законот за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, граѓаните сè уште се соочуваат со проблем да го остварат своето право на информација

По повод Светскиот ден на правото на пристап до информации од јавен карактер – „Имам право да знам“, ЕСЕ како организација која бара најголем број на информации од јавните институции преку постапки предвидени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го сподели своето искуство од примената на Законот и направи споредба на предизвиците и можностите во 2016 наспрема 2006 година.

По 10 години од донесувањето на Законот за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, бројот на баратели на информации е зголемен повеќекратно во споредба со 2006 година. Но, сепак може да се заклучи дека единствени баратели на информации се граѓанските организации. Бројот на физички лица што поднеле барање за слободен пристап до информации од јавен карактер е под 10 на годишно ниво. Законот во голем број случаи сè уште претставува единствена алатка за да се добие некаква информација за работењето на јавните институции иако станува збор за постапка која е долга и изискува инвестирање на финансиски средства. Дополнително, податоците што се обезбедуваат преку овие постапки се со низок квалитет и во некои случаи неупотребливи за граѓанските организации и јавноста. Молчењето на јавната администрација и понатаму е клучен проблем. Заштитата на правото на пристап до информации и по 10 години не функционира задоволително и не гарантира добивање на бараната информација.

Линк до нашата изјава: https://www.youtube.com/watch?v=bph2ILs9qvE, објавено на 20.9.2016.

ПУБЛИКАЦИИ

Влијанието на јавните набавки направени од јавните здравствени установи врз подобрување на здравствените индикатори на граѓаните во РСМ

2020 година

Мерење на нивото на реактивна и проактивна транспарентност на јавните институции

2021 година

Прирачник за буџетска анализа и толкување на буџетските податоци наменети за граѓански организации од РСМ

2020 година

Прирачник за буџетски мониторинг и застапување за програми за намалување на штети од употреба на дроги

2018 година

Вклученост на граѓаните на општина Тетово во процесите на одлучување и буџетирање: реалност и предизвици

2013 година

ОСТАНАТИ ПУБЛИКАЦИИ

Пристапот на ЕСЕ за прашањето „Фискална транспарентност и владеење“

Здружението ЕСЕ ја препозна фискалната транспарентност како предуслов за уживање на основното право на здравје и од 2012 година започна да ја користи алатката за мониторинг и анализа на буџети преку која може да се утврдат реалните трошоци и придобивки од владините активности. ЕСЕ преку мониторинг и извештаи во сенка ја контролира работата на јавните институции од областа на здравството што се одговорни за обезбедување на правото на здравје. Здружението ЕСЕ соработува со граѓански организации на национално и на локално ниво и ги јакне нивните капацитети на полето на мониторинг и анализа на буџети и фискална транспарентност.

Работењето на полето на унапредување на фискалната транспарентност вклучува низа акции, меѓу кои: оценување на степенот на почитување на широкоприфатените принципи на транспарентно работење и објавување документи што се создаваат при спроведување на основните фискални политики, поттикнување на транспарентното работење на државните институции преку редовно практикување на механизмот за пристап до информации од јавен карактер, следење на активностите што ги преземаат другите држави во насока на зголемување на нивната транспарентност во фискалното работење, следење на развојот на политиката на Република Македонија за транспарентност во работењето и оценување на степенот на исполнување на преземените обврски за транспарентност во работењето. Освен наведените акции, Здружението ЕСЕ презема и други конкретни акции за да ја информира јавноста за состојбите од оваа област во Република Македонија и нејзините права од овој домен, потоа го оценува степенот на учество на граѓаните во работењето на јавните институции и ги поттикнува самостојно да бараат вклучување и да иницираат промени во досегашното работење на јавните институции. ЕСЕ, исто така, е член на меѓународните движења за унапредување на транспарентноста и отчетноста во процесите што ги водат владите и се залага за зголемување на обемот на информации за нивното работење во јавноста. Заради постигнување на поставените цели, ЕСЕ континуирано ги гради сопствените капацитети и капацитетите на другите граѓански организации.

Оваа публикација го опишува нашиот пристап на работење и унапредување на фискалната транспарентност и владеење.

Линк до публикацијата: https://esem.mk/pdf/Publikacii/2018/ESE%20vesnik%20052018%20web.pdf, објавено 2018.

Годишни извештаи за оцена на нивото на реактивна транспарентност на јавните институции во РСМ

Реактивната транспарентност претставува обезбедување на информации за работењето на некоја јавна институција по претходно поднесено барање за пристап до информации од јавен карактер. Односно, станува збор за транспарентност преку примена на постапки пропишани со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

 

Секоја година подготвуваме анализа за начинот на постапување на дел од јавните институции при спроведување на постапки иницирани преку Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и даваме приказ на промените/напредокот во постапувањето на институциите во однос на претходниот период.

Извештаите од годишните постапки за мониторинг на проактивната транспарентност на повеќе од 80 јавни институции во РСМ што се предмет на следење на ЕСЕ се спроведуваат врз основа на методологија за оцена развиена и применувана од ЕСЕ од 2013 година.

2021 Колкаво е нивото на реактивна транспарентност во 2021 година?
2020 Колкаво е нивото на реактивна транспарентност кај јавните институции во 2020 година?
2019 Анализа на нивото на реактивна транспарентност кај јавните институции во 2019 година
2018 

  

Анализа на нивото на реактивна транспарентност кај јавните институции во 2018 година
2017 Реактивна транспарентност
2016 Во 2016 кај јавните институции полека се буди свеста за транспарентност, но сè уште не е на задоволително ниво
2015 Нема поспецифични податоци за начинот на трошење на буџетските средства сè додека не се промени точката 23 во делот IV од упатството за начинот на трезорско работење
2014      Во 2014 година Министерството за финансии и ФЗОМ беа потранспарентни во однос на другите институции
2013 Владата на РМ, ГС на Владата, Министерството за финансии и ЦЗЈ се најзатворени институции за јавноста за 2013 година

Годишни извештаи за оцена на нивото на проактивна транспарентност на јавните институции во РСМ

Проактивната транспарентност претставува објавување/пристапност на документи и информации за работењето на јавните институции без тие да бидат побарани од страна на граѓаните. Проактивното објавување на документи што во себе содржат податоци за работењето на јавните институции, со фокус на информациите за нивното финансиско работење, претставува основа која на граѓаните им овозможува информирано да се вклучат во процесите на донесување на одлуки, самостојно да бараат промени или пак да ги повикаат политичките избраници на одговорност.

Секоја година подготвуваме анализа за да го прикажеме нивото на проактивна транспарентност на дел од јавните институции и да прикажеме како да се идентификуваат промените во оваа област настанати низ годините. Освен тоа, оваа анализа има за цел да им посочи на опфатените институции насоки за постигнување на повисоко ниво на проактивност преку објавување на клучните буџетски и програмски документи и информации за своето работење. Оваа анализа нема за цел да го толкува квалитетот на објавените документи или пак информации, едноставно само дава приказ на нивната достапност во моментот кога е спроведен мониторингот.

Извештаите од годишните постапки за мониторинг на проактивната транспарентност на 25 јавни институции во РСМ што се предмет на следење на ЕСЕ се спроведуваат врз основа на методологија за оцена развиена и применувана од ЕСЕ од 2013 година.

2022 Оцена на нивото на јавна достапност на информациите со кои располагаат 25 јавни институции во 2022 година
2021 Колкаво е нивото на проактивна транспарентност кај јавните институции во РСМ во 2021 година
2020 Колкаво е нивото на проактивна транспарентност кај јавните институции во РСМ во 2020 година
2019 Анализа на нивото на проактивна транспарентност кај јавните институции во 2019 година
2018     Приказ на реактивната и проактивната транспарентност кај јавните институции во 2018 година
2017 Проактивна транспарентност
2016 Во 2016 кај јавните институции полека се буди свеста за транспарентност, но сè уште не е на задоволително ниво
2015 Во 2015 година нема напредок на нивото на транспартеност на јавните институции во РМ
2014 Во 2014 година Министерството за финансии и ФЗОМ беа потранспарентни во однос на другите јавни институции
2013 Министерството за финансии, Министерството за здравство, ЗД Скопје и општините Кочани и Тетово во 2013 година не се проактивно транспаренти институции

 

Годишни извештаи за оцена на нивото на реактивна и проактивна транспарентност на јавните институции во РСМ

Фискалната транспарентност и воопшто транспарентноста во работењето на јавните институции треба да претставува основен принцип и вредност на секоја земја/влада во светот со кој ќе се осигури поголема доверба во стабилноста на земјата и поголеми инвестиции и развој.

Реактивната транспарентност претставува обезбедување на информации на барање на јавноста и таа се мери преку анализа на постапките за пристап до информации од јавен карактер за секоја институција поодделно. Работењето на секоја институција се мери според осум параметри и тоа: број на добиени одговори во редовна постапка, број на добиени нецелосни одговори во редовна постапка, број на одбиени или пак запрени постапки од страна на имателите на информации од јавен карактер, број на барања по кои имателите молчеле, број на доставени жалби до имателите на информации од јавен карактер, број на жалби по кои е добиен одговор, просечен период на добивање на одговор на доставени барања за пристап до информации од јавен карактер во редовна и жалбена постапка, просечен период на добивање на одговор во жалбена постапка поради незадоволство од добиениот одговор.

Проактивната транспарентност претставува доброволно објавување на информации и документи од страна на институциите и таа се мери преку мониторинг на објавувањето или необјавувањето на клучни документи и информации, како: стратегија за работа, годишни програми, буџетски календар, претбуџетска изјава, граѓански буџет, предлог-буџет и усвоен буџет, предлог-измени и усвоени измени и дополнувања на буџетот, буџетски документи во отворен формат (xml и excel), месечни извештаи за извршување на буџетот, полугодишен извештај за извршување на буџетот, завршна сметка на буџетот, ревизорски извештај, податоци за лицето назначено за посредување со информации од јавен карактер и листа на информации од јавен карактер.

Секоја година подготвуваме заеднички приказ на двата вида на транспарентност на јавните институции и покрај поединечните анализи за двата вида на транспарентност. Заедничкиот приказ го правиме со цел да дадеме целосен осврт на транспарентноста на јавните институции, без оглед дали е релативна или проактивна.

Извештаите од годишните постапки за мониторинг на реактивната и проактивната транспарентност на јавните институции во РСМ се подготвуваат врз основа на методологија за оцена развиена и применувана од ЕСЕ од 2013 година.

2021 Колкаво е нивото на реактивност и проактивност кај јавните институции во РСМ во 2021 година?
2020 Колкаво е нивото на реактивност и проактивност кај јавните институции во РСМ во 2020 година?
2019 Приказ на реактивната и проактивната транспарентност кај јавните институции за 2019 година
2018 Приказ на реактивната и проактивната транспарентност кај јавните институции во 2018 година
2017 Компаративна анализа, Министерството за здравство е водечка институција за 2017 година во праксата на реактивно и проактивно необјавување на информации од јавен карактер
2016 И во 2016 година, како и во изминатите години, институциите даваат повеќе информации по поднесени барања за информации од јавен карактер наместо тие самоиницијативно да ги стават на располагање на јавноста
2015 Јавните институции во РМ повеќе сакаат да спроведуваат бирократски процедури и да одговараат на барања за слободен пристап до информации отколку тие информации да ги објават и да ги стават на располагање на јавноста
2014 Во 2014 година Министерството за финансии и ФЗОМ беа потранспарентни во однос на другите јавни институции во РМ
2013 Министерството за финансии убедливо е најнетранспарентна институција во РМ за 2013 година

 

Годишни извештаи од мониторингот на постапките за јавни набавки во јавниот здравствен сектор

Начинот на кој јавните здравствени установи и генерално другите јавни институции ги трошат буџетските средства е исклучително важен бидејќи тие трошат средства што се собираат од граѓаните и од компаниите во форма на јавни давачки (задолжително здравствено осигурување, даноци и надоместоци).

 

Необезбедувањето на информации или обезбедувањето на парцијални информации за постапките за јавни набавки што ги спроведуваат јавните здравствени установи ја наведува јавноста да се сомнева во работата на овие институции и укажува на можно нерационално и неефикасно трошење на парите на граѓаните. Затоа од посебно значење е граѓаните да имаат информации за тоа како јавните здравствени установи управуваат и ги трошат нивните пари, што ќе им овозможи да бараат отчетност од институциите за нивната работа.

 

Во 2016 година Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) почна да спроведува континуиран годишен мониторинг на постапките за јавни набавки што ги спроведуваат јавните здравствени установи за да ги идентификува проблемите во системот на јавни набавки и да даде препораки за подобрување на нивото на транспарентност за јавните набавки во јавното здравство. Целта е да се максимизира ефикасноста и ефективноста при реализацијата на јавните набавки, да се максимизира квалитетот на услугите што ги обезбедуваат јавните здравствени установи, да се максимизираат ефектите од користењето на парите на граѓаните за обезбедување јавни здравствени услуги и да им се помогне на граѓаните да добијат пристап до здравствена заштита.

 

Овие анализи даваат приказ на: вкупните трошоци што ги прават 62 јавни институции од јавниот здравствен сектор при набавка на стоки, услуги и работи (преку анализа на проценетата вредност на соодветната јавна набавка и вредноста на избраната понуда), портфолиото на трошоци направени преку постапки за јавни набавки, нивото на економичност при избор на понуди, како и нивото на транспарентност на институциите од овој сектор при спроведување на постапките за јавни набавки. Овие анализи се дел од редовните активности на ЕСЕ за мониторинг на постапките на јавни набавки во јавниот здравствен сектор што го започнавме во 2016 година. Анализите се засноваат на податоци објавени на ЕСЈН и се подготвуваат врз основа на методологија развиена од ЕСЕ.

2016–2017 Дали граѓаните ги чувствуваат придобивките од постапките за јавни набавки во јавното здравство?
2011–2015 Јавните набавки, сива зона во работењето на јавниот здравствен сектор

 

Материјали поврзани со процесот на Партнерство за отворена власт во РСМ

 

Партнерство за отворена власт е доброволна меѓународна инцијатива која во 2011 година започна на предлог на осум земји, меѓу кои: Бразил, Индонезија, Мексико, Норвешка, Филипини, Јужна Африка, Велика Британија и САД. Во оваа инцијатива учествуваат 78 земји и голем број граѓански организации. Со приклучувањето кон оваа иницијатива нашата земја има обврска заедно со граѓанските организации и граѓаните најмалку на две години да подготвува и спроведува заложби за промовирање на транспартеноста, поддршката на граѓанското учество, борбата против корупцијата и искористувањето на нови технологии итн.

ЕСЕ активно учество во овој процес уште од неговиот почеток. Како резултат на активната вклученост ЕСЕ учествуваше во подготовка на повеќе материјали што имаат различна намена. За сите оние што се вклучени или пак сакаат да се вклучат во процесот на кокреирање на акциските планови за ПОВ треба да ја преземат едукативната брошура која содржи информации за целите на процесот, начинот на неговото спроведување и можностите за вклучување итн.

ГО што имаат информации и се во тек со спроведувањето на акциските планови подготвени во овој процес можат да подготват независни извештаи во сенка. За оваа цел им препорачуваме да ги преземат двата извештаи во сенка подготвени од наша страна.

За сите оние што сакаат да дознаат повеќе за тоа како се спроведени одредени мерки во овој процес, преземете ги двете студии на случај.

2022 Општина по мерка на граѓаните : Иновативен пристап за транспарентни, отчетни и инклузивни општини – студија на случај
2022 Отворен трезор – студија на случај
2020 Едукативен материјал за Отворено владино партнерство
2017 Дали и колку Акцискиот план за Отворено владино партнерство за 2016–2018 година придонесе за олеснување на пристапот до информации од јавен карактер и унапредување на нивото на фискална транспарентност? – извештај во сенка
2016 Дали вклучувањето во инцијативата за Отворено владино партнерство за Владата на РМ претставува приоритет или пак само следење на глобалните трендови? – извештај во сенка

 

Извештаи од мониторингот на спроведување на договори за кредити, донации и билатерални договори за финансиска поддршка

Залагајќи се за транспарентност и отчетност ЕСЕ, покрај мониторингот на буџетските средства, го мониторира и трошењето на средства добиени од кредити, донации и по основ на билатерални договори за финансиска поддршка. Средствата по овие основи и од овие извори честопати во потполност или делумно поддржуваат проекти од јавен интерес. За ЕСЕ посебен предмет на интерес се средствата наменети за проекти што имаат за цел инвестирање и модернизирање на системот на здравствена заштита.

ЕСЕ подготви извештај за спроведување на проектот „Рехабилитација на 52 ЈЗУ“, кој го спроведува владата на РСМ со буџетски средства и средства добиени од Банката за развој на Советот на Европа и Инвестициската рамка за Западен Балкан и проектот „Поставување на интегриран систем за здравствена заштита на мајките и децата за подобрување на здравствените исходи во Р Македонија“ финансиран преку грантот ОРИО до Единицата одговорна за менаџирање со програмата ОРИО на Кралството Холандија (NL EVD International).

Од овие извештаи може да се увиди не само трошењето на позајмените/добиените средства, туку и начинот на менаџирање на проектите од јавен интерес од страна на нашата земја.

2014 What happens to the money from the state budget, Council of Europe Development bank loans and grants, and Western Balkans investment fund grants for the improvement of the health status of citizens?
2019 Што се случува со парите од холандскиот грант ОРИО наменети за унапредување на здравствената заштита на мајките и децата?

 

Учество на граѓаните во процесите на донесување на одлуки и буџетирање

Вклученоста на граѓаните во планирање, спроведување и следење на локалните политики и буџети е уредено со повеќе меѓународни и регионални документи. РМ има ратификувано поголем дел од овие документи и следствено на преземените обврски има задача да ги почитува, спроведува и да ги штити правата на граѓаните по однос на овие прашања.

 

Партиципативното буџетирање претставува иновативен процес за директно вклучување на граѓаните во процесот на донесување на одлуки, односно при креирање на јавни политики и распределба на буџетските средства. Концептот на партиципативно буџетирање во светот се применува од 1985 година. Партиципативното буџетирање се спроведува со користење на различни постапки за континуирано вклучување на граѓаните, како што се: собири на граѓани на ниво на општина или месна заедница, прибирање на мислење на граѓани, спроведување на анкета и други. Овој процес овозможува граѓаните да поставуваат приоритети значајни за нив, а различни од оние на власта и да вршат мониторинг над трошењето на јавните средства. Поставувањето на приоритети од страна на граѓаните не подразбира дека буџетот на општината треба да ги задоволи сите барања на граѓаните во времетраење од една или две години. Напротив, тоа подразбира континуиран процес на заедничко утврдување и поставување на приоритети од страна на граѓаните, при што не се исклучуваат средствата за извршување на основните функции на општината за секоја буџетска година.

Оваа публикација дава приказ на наодите од спроведеното анкетно истражување за нивото на вклученост на граѓаните од општина Кочани во процесите на донесување на одлуки и буџетирање на локално ниво и степен на запознаеност на локалното население во оваа општина со можностите и правата за вклучување.

2013 Вклученост на граѓаните од општина Кочани во процесите на одлучување и буџетирање – реалност и предизвици

 

Одржливост на програмите за намалување на штети – публикации подготвени од ЕСЕ

Во насока на промовирање на користењето на буџетските анализи како начин за идентификување на можни средства за поддршка на активности на ГО, ЕСЕ подготви повеќе публикации за потребите на здружението ХОПС и мрежата ЕХРА (Евроазиската мрежа за намалување на штети).

Една од публикациите е подготвена за потребите на мрежата ЕХРА со цел да се презентираат состојбите со ХИВ во РСМ и искуствата на граѓанските организации за застапување за одржливост на програмите за намалување на штети од употреба на дроги и ХИВ по завршувањето на финансиската поддршка од Глобалниот фонд. За да се утврдат можните извори на средства за финансирање на програмите за намалување на штети од употреба на дроги од Буџетот на РСМ, посебно средствата прибрани преку дел од акцизите за пиво, за етил алкохол и за цигари утврдени со Законот за здравствена заштита, ЕСЕ подготви анализа.

Во потрага по можни извори на финансирање за потребите на здружението ХОПС подготвивме и анализа за вклученоста на граѓанските организации во обезбедување на услуги за социјална и здравствена заштита на локално ниво.

2021 Taking stock of budget advocacy efforts in eastern Europe, South-Eastern Europe and Central Asia – North Macedonia Country case
2021 Граѓанските организации во обезбедување на социјална и здравствена заштита на локално ниво
2018 Обезбедување одржливост на програмите за намалување на штети преку буџетот на Република Македонија