за конференциски услуги за организирање на настани во рамки на Проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“.

Повикот се однесува на организирање на настани во рамки на Проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“ во рамките на програмата Цивика Мобилитас со поддршка од Швајцарската агенција за развој.

Заинтересираните понудувачи треба да обезбедат услуги за изнајмување на простор, храна и освежување за следните настани:

  • Консултативни работилници 2 (две) за креирањето на четири програми со ручек , изнајмување на сала, безалкохолни пијалоци за учесниците, кафе за учесниците и 1 коктел, за 15 до 20 учесници.

Понудувачите треба да достават:

  1. Мени со цени на пијалоци и храна,
  2. Цена за изнајмување на простор
  3. Цена за изнајмување на опрема
  4. Фотографија од просторот

Ве молиме понудите да ги доставите електронски  на е-маил адресата: bpavlovski@esem.org.mk, најдоцна до 07, март 2025 година.

Критериуми за избор на најповолна понуда:

  1. Цена
  2. Опременост и уредување на простор

Во рок од три дена по добивањето на понудите, Здружението ЕСЕ ќе формира комисија за разгледување  на добиените понуди и ќе изврши избор на најповолен понудувач.