Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ објавува јавен повик за ангажирање на 1 (еден) Модератор за спроведување на Консултативна работилници за креирањето програмата за скрининг и рана детекција на малигни заболувања.

Консултативната работилница се спроведува  во рамките на проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“ во рамките на програмата Цивика Мобилитас со поддршка од Швајцарската агенција за развој, кој го спроведуваат партнерските организации ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ и Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Целта на консултативната работилница е да се утврдат можностите и потребите за вклучување на избраните лекари, специјалисти по семејна медицина во спроведувањето на Програмата за скрининг и рана детекција на малигни заболувања – компонентата за скрининг на ракот на грлото на матката. Се со цел зголемен опфат на жените со скринингот на ракот на грлото на матката преку унапреден пристап до квалитетни услуги на примарно ниво. На работилницата ќе учествуваат избрани лекари, специјалисти по семејна медицина. Заклучоците и препораките кои ќе произлезат од работилницата ќе бидат доставени до Министерството за здравство и ќе бидат искористени во процесот на застапување за унапредување на програмата за скрининг на ракот на грлото на матката.

Опис на обврските на модераторот

– Да учествува во процесот на идентификување на избрани лекари, специјалисти по семејна медицина за нивно учество во работилницата.

– Да подготви нацрт агенда за консултативната работилница.

– Да ја модерира работата на самата консултативна работилница, преку која ќе овозможи утврдување на можностите за вклучување на лекарите по семејна медицина во скринингот, потребите на лекарите за активно и квалитетно вклучување во скрининг програмата, како и потреба од измени или дополнувања во законите, подзаконските акти и здравствените буџети.

– Во соработка со персоналот на ЕСЕ и партнерските организации да учествува во подготовка на документите за застапување кои ќе произлезат како резултат на консултативната работилница.

Критериуми за селекција

Заинтересираните кандидати потребно е да ги исполнуваат следните услови:

– Минимум завршени додипломски студии од областа на медицината односно стекнат стручен назив доктор на медицина. Комплетирано последипломско образование ќе се смета за предност.

– Минимум пет години искуство на полето на работа на обезбедување на квалитетна здравствена заштита на примарно ниво преку соработка и јакнење на капацитетите на избраните лекари, специјалисти по семејна медицина.

– Претходно искуство во спроведување на едукации, работилници и останати процеси со вклучување на здравствените работници на примарно ниво на здравствената заштита

Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати потребно е да достават:

– Писмо за интерес

– Кратка биографија (CV)

Наведените документи потребно е да се достават на следната е-маил адреса: esem@esem.org.mk, најдоцна до 15.05.2025 година.