Во рамки на проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“, се распишува јавен оглас за прибирање понуди за организација на Тематски форум со предвиден број од 80 учесници, на 15 октомври 2025 година.

  1. Предмет на јавниот оглас

Организација на тематски форум со предвиден број од 80 учесници, кој ќе ги содржи следните компоненти:

  • Изнајмување на сала со соодветен капацитет за најмалку 80 учесници во временски период од 4 часа  (од 9:00 до 13:00 часот) на 15.10.2025 година;
  • Ручек за сите учесници (80 лица);
  • Изнајмување на ЛЦД проектор и платно или Монитори за презентација;
  • Обезбедување вода за сите 80 учесници за време на настанот.
  1. Право на учество

Право на учество имаат правни лица кои располагаат со големи сали за организирање на настани и можат да ги обезбедат горенаведените услуги.

  1. Рок и начин на доставување на понудите

Понудите треба да содржат:

  • Опис на достапната сала и техничката опрема;
  • Мени за ручек со вклучена цена (без ДДВ) по лице ;
  • Вкупна цена за изнајмување на сала (без ДДВ)
  • Цена за изнајмување на техничката опрема (без ДДВ);
  • Цена за вода за време на одржување на настанот (без ДДВ);
  • Контакт информации на понудувачот.

Понудите треба да се достават најдоцна до 09.09.2025 година, на е-пошта: bpavlovski@esem.org.mk  или  esem@esem.org.mk.

  1. Критериуми за избор
  • Најповолна вкупна цена;
  • Квалитет на понудените услуги и простории;
  • Локација и достапност на објектот.

Проектот се спроведува во партнерство помеѓу Здружение ЕСЕ,  ХЕРА, Заедно посилни и Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари, а е финансиран од Швајцарската развојна агенција преку програмата Цивика Mобилитас.