Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ е партнер во спроведување на проектот поддржан од Амбасадата на Република Франција, насловен „Соработка во областа на здравството со Северна Македонија“ чија главна цел е унапредување на свесноста и застапувањето за перинаталното ментално здравје.

1. Ангажман и работни задачи

Експертот/експертката ќе биде задолжен/а за реализација на две задачи во рамки на проектот, и тоа:

Задача 1: Подготовка на теми и содржини за едукација за негата и унапредување на  здравјето на новороденчињата и доенчињата. Подготвениот материјал ќе биде дел од прирачникот за обука за жени кои се во периодот на бременоста и жени во периодот по породувањето. Прирачникот ќе послужи на едукатор, кој ќе ја спроведе здравствената едукација помеѓу жените. Едукацијата е наменета за сите жени, со посебен фокус на жени од ранливите категории, вклучително жени кои живеат во неповолно социо-економски услови, жени Ромки и жени од рурални средини. Во таа насока содржината на прирачникот е потребно да биде подготвена на начин кој е лесно разбирлив за општата популација.

Задача 2: Подготовка на два (2) едукативно информативни материјали за жените на тема нега и унапредување на здравјето на новороденчињата и доенчињата. Секој едукативен материја треба да биде подготвен на најмногу две страни, односно четири страни за двата едукативни материјали, потребно е да содржи клучни и кратки информации поврзани со негата и здравјето на новороденчињата и доенчињата.

2. Очекуван резултат

Задача 1:

  • Подготвен прирачник за обука за нега и унапредување на здравјето на новороденчињата и доенчињата.

Задача 2:

  • Подготвени два (2) едукативни материјали наменети за жените. Секој едукативен материјал да содржи две страни, со кратки и клучни информации поврзани со унапредување на мајчиното здравје за време на бременоста и по породувањето.

3. Квалификации

  • Доктор специјалист по педијатрија, предност имаат супспецијалисти по неонатологија.
  • Минимум пет години работно искуство во областа на педијатрија и неонатологијата.
  • Претходно искуство во подготовка на здравствено едукативни материјали.

4.  Буџет и времетраење

За овој ангажман е предвиден финансиски надомест како хонорар во износ од 600 евра (бруто износ).

 Ангажманот е предвиден да трае еден месец од денот на потпишување на договорот.

5. Потребна документација за аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Кратко мотивациско писмо(до 1 страница) со објаснување на интересот за ангажманот и релевантното искуство.
  • Биографија (CV)со јасно наведено образование, професионално искуство и референтни публикации.

Потребната документација да се достави по електронска пошта на адресата esem@esem.org.mk, со назнака: „Повик за ангажман на експерт/експертка од областа на унапредување на здравјето на новороденчињата и доенчињата“ најдоцна до 26 септември, 2025 година.

Повик за ангажман на експерт/експертка од областа на унапредување на здравјето на новороденчињата и доенчињата