Во рамки на проектот „Health Cooperation with North Macedonia, се распишува јавен оглас за прибирање понуди за организација на Конференција со предвиден број од 26 учесници, на 01.06.2026 година.

  1. Предмет на јавниот оглас

Организација на Конференција со предвиден број од 26 учесници, кој ќе ги содржи следните компоненти:

  • Изнајмување на сала со соодветен капацитет за 30 – 40 учесници во временски период од 9:00 до 16:00 часот на 01.06.2026 година;
  • Ручек/коктел за 26 лица;
  • Кафе пауза за 26 лица;
  • Изнајмување на ЛЦД проектор и платно или Монитори за презентација;
  • Озвучување со статични и мобилни микрофони;
  • Изнајмување на опрема со можност за онлајн вклучување на презентери и учесници на конференцијата;
  • Обезбедување вода за сите 26 учесници за време на настанот.
  • Ноќевање со појадок за 16 лица (бројот на лица кои ќе ноќеваат можно е да претрпи измени)
  1. Право на учество

Право на учество имаат правни лица кои располагаат со соодветни сали за организирање на настани, со капацитети за сместување и кои можат да ги обезбедат горенаведените услуги.

  1. Рок и начин на доставување на понудите

Понудите треба да содржат:

  • Опис на достапната сала и техничката опрема;
  • Мени за ручек со вклучена цена по лице ;
  • Кафе пауза со вклучена цена по лице;
  • Вкупна цена за изнајмување на сала;
  • Цена за изнајмување на техничката опрема;
  • Цена за вода за време на одржување на настанот;
  • Цена за ноќевање со појадок по лице;
  • Контакт информации на понудувачот.

Понудите треба да се достават најдоцна до 04.03.2026 година, на е-пошта: bpavlovski@esem.org.mk и esem@esem.org.mk.

  1. Критериуми за избор
  • Најповолна вкупна цена;
  • Квалитет на понудените услуги и простории;
  • Локација и достапност на објектот.

 

Проектот се спроведува од страна на Здружение ЕСЕ,  а е финансиран од Француската амбасада во Скопје.