Повик за ангажман на надворешен/на национален/на експерт/ка за развој на методологијата за спроведување на продлабочена анализа на идентификувани постапки за јавна набавка кои имаат највисок ризик за корупција

Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и пристапноста на здравствените услуги.

Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и

дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие појави не само што ја поткопуваат довербата во институциите, туку создаваат дополнителни бариери за еднаков пристап до основното човеково право – здравје.

Корупцијата во здравството има и изразена родова димензија. Жените, особено оние кои живеат во сиромаштија, во рурални средини или кои припаѓаат на ромската заедница, се соочуваат со двојна нерамноправност: од една страна поради нивниот економски, социјален, етнички или расен статус, а од друга поради родовите стереотипи и дискриминаторските практики во институциите. Непостоењето ефикасни и доверливи механизми за пријавување дополнително ја засилува нивната ранливост и создава чувство на беспомошност.

Постоечките механизми за пријавување корупција се недоволно функционални, со ограничена транспарентност и слаб капацитет за постапување. Институциите ретко обезбедуваат јасни информации и поддршка за граѓаните, а здравствените работници немаат соодветна обука за етичко постапување и справување со случаи на корупција. Истовремено, јавната дебата за оваа тема останува ограничена, а медиумите често известуваат на начин кој не ги препознава родовите аспекти и штетните последици за ранливите групи.

Проектот „Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“ е дизајниран да одговори токму на овие проблеми. Тој има за цел да ја зголеми отчетноста и транспарентноста во здравствениот систем преку зајакнување на жените и граѓаните да пријавуваат корупција, јакнење на капацитетите на здравствените работници за препознавање и превенција на коруптивни практики и зајакнување на институционалните механизми за постапување. Преку едукативни активности, јавни кампањи и застапувачки иницијативи, проектот ќе придонесе кон создавање систем во кој граѓаните ќе имаат доверба дека нивниот глас е слушнат, а нивните права се заштитени. Проектот е поддржан од Француската Развојна Агенција – Expertise France.

  

– Ангажман и работни задачи

Експертот/експертката ќе биде задолжен/а за развој на методологија за продлабочена анализа на постапки за јавни набавки, спроведување на детална анализа на идентификувани високоризични постапки, подготовка на извештај и краток документ со препораки/мерки за унапредување.

– Очекуван резултат

  • Развиена методологија за продлабочена анализа;
  • Спроведена продлабочена анализа на најмалку 10 избрани потенцијално високоризични постапки за јавни набавки;
  • Подготовка на извештај со наоди од спроведената анализа и подготовка на краток документ со препораки/мерки за унапредување.

– Квалификации

  • Универзитетска диплома во области како економија и финансии или сродни области (магистерски и докторски студии ќе се сметаат за предност).
  • Докажано искуство во поставување на истражувачки методологии поврзани со управување со јавни финансии, како и спроведување на истражувања и подогтовка на извештаи во оваа област.
  • Минимум 5 години работно искуство во областа на јавни финансии.
  • Способност за работа во договорени рокови и координација со проектен тим.

– Вештини и компетенции: 

  • Одлични аналитички и истражувачки способности.
  • Високо развиени комуникациски и фасилитаторски вештини.
  • Способност за подготовка на методологија за истражувње и презентација на наоди.

– Буџет и времетраење

За овој ангажман е предвиден финансиски надомест како хонорар во износ од 2.474 евра (бруто износ).  Ангажманот е предвиден да трае 9 месеци (15-20 дена) и започнува на 01 април 2026 година.

– Потребна документација за аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Кратко мотивациско писмо(до 1 страница) со објаснување на интересот за ангажманот и релевантното искуство.
  • Биографија (CV)со јасно наведено образование, професионално искуство и референтни проекти/анализи поврзани со истражувања во областа на јавните финансии каде експертот развил истражувачка методологија, спровел истражување и подготвил извештај.
  • Листа на изработени документи/извештаи/аналитички трудови(со краток опис на содржината и годината на изработка).
  • Потпишана Изјава под заклетва за критериуми за исклучување, отсуство на судир на интереси (на следниов линк).

Потребната документација да се достави по електронска пошта на адресата esem@esem.org.mk, со назнака: „Повик за ангажман на експерт/експертка од област на антикорупција за проектот Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“ најдоцна до 25 март, 2026 година.