Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ е граѓанска организација која работи на подобрување на имплементацијата на социјалните и економските права на ранливите групи граѓани во Република Северна Македонија. Организацијата ги зајакнува, мобилизира и активно ги вклучува граѓаните во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги.

Во фокусот на работата на ЕСЕ се промоцијата и унапредувањето на човековите права, со посебен акцент на здравствените права и правата на жените. Организацијата работи на решавање на итните потреби на ранливите групи, обезбедува правна и параправна помош и се залага за унапредување на законодавството и на јавните политики на национално, регионално и меѓународно ниво. Преку подготовка на анализи, препораки и „извештаи во сенка“, ЕСЕ придонесува кон поголема отчетност и одговорност на институциите и постигнување одржливи и долгорочни промени.

Извештајот е изработен во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ (проект број 25-SB6284), кој се реализира со поддршка од Expertise France, преку AFD – Agence Française de Développement.

Овој извештај е подготвен од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.

Корупција во здравството – Корупцијата одвнатре и однадвор –  Согледувања на здравствените работници  и соработници за корупцијата во услугите, вработувањето, унапредувањата и јавните набавки