• esem@esem.org.mk
  • Јавете се: +389 (0) 2 3298 295; 3298 296
  • ул. Максим Горки 20/1-4, 1000 Скопје

Дади свој придонес

Дади свој придонес и/или донирај

ЕСЕ е граѓанска организација којашто работи на подобрување на имплементацијата на социјалните и економските права на ранливите групи на граѓани преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и во оценувањето на јавните политики и услуги во РС Македонија.

Со донирање овозможувате:

  • пристап до квалитетна, навремена и сеопфатна здравствена заштита и јавено здравствен систем кој нуди услуги според потребите на поединецот и заедниците

  • економско јакнење на жените што претрпеле семејно насилство (вклучување на пазарот на труд, преквалификација и поддршка во основање на сопствен бизнис)

  • олеснување на пристапот до пазарот на труд за жените и ранливите групи на граѓани

  • жените што претрпеле семејно насилство да можат да ја добијат потребната правна помош за ставање крај на насилството

  • идентификување на специфичните проблеми и бариери со кои се соочуваат ранливите групи на граѓани при остварување на своите права

  • изнаоѓање на решенија за олеснување на пристапот до правда за ранливите групи на граѓани.

ДАДИ ПРИДОНЕС – ДОНИРАЈ ЗА РАБОТАТА НА ЕСЕ!

Со цел да ги заштитиме вашите лични податоци и за да овозможиме усогласеност на работењето на ЕСЕ со важечките прописи за заштита на приватноста, ве молиме имајте предвид дека со продолжување се согласувате со политиката за приватност за донации на ЕСЕ, како и со политиката за приватност на Комерцијална банка АД Скопје, кој ги обработува плаќањата на донации направени за ЕСЕ.

ДРУГИ НАЧИНИ КАКО МОЖЕШ ДА ДАДЕШ СВОЈ ПРИДОНЕС

Донирањето на средства не е единствениот начин со кој можеш да дадеш свој придонес.

Тоа можеш да го направиш и со:

Купување на накит или рачно изработен украс од ПОГОН (https://pogon.mk)

Донирај го својот труд и познавања за некое од прашањата на коишто работиме

Сподели идеја со нас итн.

Доколку сте заинтересирани за донирање на својот труд, познавања и идеја, Ве молиме контактирајте со нас!

Здружение ЕСЕ
ул. Максим Горки 20/1-4, Скопје
тел. 02 3298 295,  моб. 071 266 101
esem@esem.org.mk
www.esem.org.mk

 

Ви благодариме за промовирање и унапредување на социјалните и економските права на ранливите групи на граѓани!