Координаторот на програмата за јавно здравје на Здружение ЕСЕ е вклучен во имплементацијата на проектот ,,Girls’ Leadership Initiative for Community Empowerment” кој се спроведува од страна на СИГА, а е поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, како дел од регионалниот проект ,,Социјално вклучување на ранливите групи на Западен Балкан”.  Во рамките на овој проект координаторот од ЕСЕ учествуваше како обучувач на обуката која се одржа во периодот од 26 – 28 јануари, 2024. На обуката учествуваа граѓански активистки од општините Кочани, Пробиштип, Виница и Чешиново-Облешево. На обуката координаторот од ЕСЕ на учесничките им ги презентираше методологиите на социјална отчетност, како и методи за спроведување на овие активности во заедницата. Воедно на обуката обезбеди менторска поддршка на учесничките од општината Пробиштип да подготват план на активности за спроведување на активности за социјална отчетност на локално ниво со цел унапредување на услугите од патронажната служба во општина Пробиштип.