Во месец март им помогнавме на 19 жени кои претрпеле семејно насилство преку Центарот за правна помош (ЦПП). За решавање на наведените правни проблеми беа обезбедени правни совети во однос на начинот на иницирање и текот на граѓанските и кривичните судски постапки за заштита од семејно насилство, како и другите судски и административни постапки кои се водат пред надлежните институции. Организирани беа 41 индивидуални средби со адвокат и подготвени вкупно 21 писмен поднесок во постапките за развод на брак (6), старателство (4), издршка (3), кривични предмети (3), имотни односи (2) и остварување права од социјална заштита (3). За шест жени беше обезбедено психолошко советување од стручно лице психолог.