Во месец февруари им помогнавме на 18 лица, воглавно жени што претрпеле семејно насилство преку Центарот за правна помош (ЦПП). За решавање на наведените правни проблеми беа обезбедени правни совети во однос на начинот на иницирање и текот на граѓанските и кривичните судски постапки за заштита од семејно насилство, како и другите судски и административни постапки кои се водат пред надлежните институции. Организирани беа 38 индивидуални средби со адвокат и три телефонски разговори со жени кои живеат надвор од Скопје. Подготвивме вкупно 18 писмени поднесоци во постапките пред ЦСР за уредување или промена на видувањата на децата со таткото (9), развод на брак (4), и остварување права од социјална заштита (5). За една од корисничките обезбедивме судско застапување во постапките пред основните судови. На осум жени беше обезбедено психолошко советување од стручно лице психолог.