Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие појави не само што ја поткопуваат довербата во институциите, туку создаваат дополнителни бариери за еднаков пристап до основното човеково право – здравје.

Корупцијата во здравството има и изразена родова димензија. Жените, особено оние кои живеат во сиромаштија, во рурални средини или кои припаѓаат на ромската заедница, се соочуваат со двојна нерамноправност: од една страна поради нивниот економски и социјален статус, а од друга поради родовите стереотипи и дискриминаторските практики во институциите. Непостоењето ефикасни и доверливи механизми за пријавување дополнително ја засилува нивната ранливост и создава чувство на беспомошност.

Постоечките механизми за пријавување корупција се недоволно функционални, со ограничена транспарентност и слаб капацитет за постапување. Институциите ретко обезбедуваат јасни информации и поддршка за граѓаните, а здравствените работници немаат соодветна обука за етичко постапување и справување со случаи на корупција. Истовремено, јавната дебата за оваа тема останува ограничена, а медиумите често известуваат на начин кој не ги препознава родовите аспекти и штетните последици за ранливите групи.

Проектот „Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“ е дизајниран да одговори токму на овие проблеми. Тој има за цел да ја зголеми отчетноста и транспарентноста во здравствениот систем преку зајакнување на жените и граѓаните да пријавуваат корупција, јакнење на капацитетите на здравствените работници за препознавање и превенција на коруптивни практики и зајакнување на институционалните механизми за постапување. Преку едукативни активности, јавни кампањи и застапувачки иницијативи, проектот ќе придонесе кон создавање систем во кој граѓаните ќе имаат доверба дека нивниот глас е слушнат, а нивните права се заштитени. Проектот е поддржан од Француската Развојна Агенција – Expertise France.

1.1. Ангажман и работни задачи

Компанијата ќе биде ангажирана за дизајн и печатење на печатени и онлајн материјали за промоција и видливост на проектот.

Табела: Продукти и рокови

Бр. Продукт Опис Рок
1 Лого Дизајн на лого на проектот 20.09.2025
2 Торби Дизајн и печатење на 1.500 торби

(лого на проектот, 6 партнери, донатор, назив на проект)

30.09.2025
3 Пенкала Дизајн и печатење на 1.500 пенкала

(лого и назив на проект)

30.09.2025
4 Нотеси Дизајн и печатење на 1.500 нотеси А5 со спирала

(логоа на проект, партнери и донатор)

30.09.2025
5 Банери Дизајн и печатење на 5 банери

(2 двојазични: македонски/албански)

30.09.2025
6 Едукативни материјали Дизајн и печатење на 2.000 примероци (1.700 МК / 300 АЛ) По договор

(мин. 20 дена однапред)

7 Policy Brief Дизајн и печатење на 100 копии

(4 страни, А4 формат)

По договор
8 Инфографици Дизајн на 48 инфографици за онлајн објава По договор
9 Постери Дизајн и печатење на 100 постери

(Б2 формат)

По договор

1.2. Очекувани резултати

  • Дизајниранo лого на проектот.
  • Дизајнирани и испечатени торби, пенкала, нотеси и банери.
  • Дизајниран и испечатен едукативен материјал (македонски и албански).
  • Дизајниран и испечатен policy brief.
  • Дизајнирани инфографици за онлајн објава.
  • Дизајнирани и испечатени постери.

1.3. Квалификации

  • Регистрирано правно лице со дејност во областа на графички дизајн, печатење или сродна област.
  • Минимум 5 години искуство во дизајн и печатење на рекламен материјал, едукативни публикации и информативни материјали.
  • Докажано портфолио на изработени материјали и реализирани кампањи.
  • Професионален графички дизајнер во тимот со релевантно искуство.
  • Способност за работа во договорени рокови и ефективна координација со проектен тим.
  • (Предност) Искуство во работа со граѓански организации и меѓународни донаторски проекти.

1.4. Времетраење

Ангажманот е предвиден да трае до завршување на проектот и да започне на 15.09.2025 година.

1.5. Потребна документација за аплицирање

Заинтересираните компании треба да достават:

  • Кратка презентација на компанијата.
  • Листа на назначени лица кои ќе работат на проектот (со краток опис на улогата и релевантното искуство).
  • Портфолио на изработени материјали/реализирани проекти (со опис и година на реализација).
  • Тековна состојба од Централен регистар.
  • Понуда во табеларна форма (назив на продукт, количина, цена по единица, вкупна цена без ДДВ).

1.6. Критериуми за селекција

  • Најмалку 5 години искуство и оперативност на компанијата.
  • Лица назначени на проектот со најмалку 5 години искуство како графички дизајнери.
  • Квалитет и релевантност на портфолиото.
  • Најповолна понуда (цена и квалитет).
  • Искуство во работа со граѓански организации и донаторски проекти.

1.7. Начин и рок за аплицирање

Потребната документација да се достави во PDF формат по електронска пошта на адресата esem@esem.org.mk, со назнака: Повик за ангажман на компанија за дизајн и печатење на материјали – проект „Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата во здравството“.

Краен рок за доставување на документите е 10 септември 2025 година.

 

Повик за ангажман на компанија за дизајн и печатење на материјали