Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), согласно воспоставените Правилник и процедури за набавки, објавува:

П О В И К   З А   П Р И Б И Р А Њ Е   Н А   П О Н У Д И

за креирање на илустрација за визуелен идентитет на линијата на производи на ПОГОН изработени од жени кои претрпеле семејно насилство

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ е граѓанска организација, основана во 1994 година. Работиме на локално, национално и во регионот на Централна и Југоисточна Европа во соработка со партнерски граѓански организации работиме на подобрување на имплементацијата на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги; обезбедување на еднаков пристап до правда и унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права. Овие три стратегиски приоритети ги одразуваат нашите верувања дека социјалните и економските права треба да бидат највисок приоритет на државата и дека нивното спроведување треба да се темели на интересите и потребите на граѓаните, според принципот за распределба на максимални расположливи ресурси, прогресивно остварување на правата и недискриминација.

Како дел од Здружението ЕСЕ, функционира социјалното претпријатие ПОГОН (www.pogon.mk), за чиј развој се објавува овој повик. ПОГОН е социјално претпријатие основано во август 2020 година од Здружението ЕСЕ.

Кон што се стреми?

www.pogon.mk  е платформа која овозможува изложување, пласирање и промоција на производи и услуги со цел поддршка на неформални и мали формални производители или обезбедувачи на услуги. Покрај тоа, Pogon има за цел да овозможи простор за развој на вештини на жените што претрпеле семејно насилство со цел да станат економски независни (повеќе од 2.900 невработени жени побарале поддршка од Центарот за правна помош на ЕСЕ).

Како (на кој начин) им помагаме на жените кои претрпеле семејно насилство?

  • Обука на жени кои претрпеле семејно насилство за водење на бизнис и развој на вештини за занаетчиство.
  • Обезбедување на алати и материјали за изработка на занаетчиски производи.
  • Помош при пласирање на производите под брендот на Pogon.
  • Профитот остварен преку продажбата на онлајн платформата ПОГОН, е целосно наменет за обезбедување на правна и психолошка помош и поддршка за жените кои претрпеле семејно насилство.

Со поддршка обезбедена со проектот IPA/2024/460-924 “Joint Efforts for Gender Equal Society”  поддржан од Европската Унија, ЕСЕ објавува повик за креирање на илустрација за визуелен идентитет на линијата на производи на ПОГОН изработени од жени кои претрпеле семејно насилство.

 Заинтересираните понудувачи треба да испратат понуда (најмногу 1.000 зборови) која ќе содржи:

  1. Детален опис на техниките, боите и димензиите кои ќе се користат за изработка на илустрацијата.
  2. Формат во кој ќе се испорача илустрацијата.
  3. Број на денови за изработка од денот на потпишување на договорот.
  4. Гаранција за ексклузивност (илустрацијата во случен или ист облик да не се користи за други намени)
  5. Писмена потврда дека илустрацијата нема да биде подготвена врз основа на веќе постоечки темплејти.
  6. Цена за подготовка.
  7. Скица (може и опис на идеја без визуелен приказ)

Информации кои ќе помогнат при развивање на идејата:

  • Теми: борба против насилство врз жените, солидарност, достоинство, гласност и отпор;
  • Илустрацијата ќе биде користена на производите (маици, торби, постери), промотивни материјали и во онлајн продавницата Pogon.mk;
  • Избраниот понудувач ќе има можност да разговара со жените – бизниси кои изложуваат на ПОГОН;

 Ве молиме понудите да ги доставите електронски  на е-маил адресата: esem@esem.org.mkнајдоцна до 5 јуни, 2025 година.

Критериуми за избор на најповолна понуда:

  1. Цена
  2. Гаранција за екслузивност и непостоење на плагијат
  3. Рок на испорака
  4. Опис на идејата

Во рок од три дена по завршувањето на повикот, Здружението ЕСЕ ќе формира комисија за разгледување  на добиените понуди и ќе изврши избор на најповолен понудувач.

Повик за прибирање на понуди за креирање на илустрација за визуелен идентитет на линијата на производи на ПОГОН изработени од жени кои претрпеле семејно насилство