Во рамки на проектот „ Health Cooperation with North Macedonia “, се распишува јавен оглас за прибирање понуди за подготовка на три креативи за постови за објава на социјални медиуми.

  1. Предмет на јавниот оглас

Дизајн и подготовка на три креативи за постови за објава на социјални медиуми:

  • Една креатива наменета за унапредување на мајчиното ментално здравје.
  • Една креатива наменета за унапредување на здравјето на жените за време на бременоста и по породувањето.
  • Една креатива наменета за здравје и правилен раст и развој на доенчињата и малите деца.

Напомена: секоја подготвена креатива ќе се користи како основа за поставување на повеќе различни текстови. Обврска на изведувачот е да ги постави подготвените текстови на креативите.

  1. Право на учество

Право на учество имаат физички и правни лица кои:

– имаат најмалку две години искуство во дизајн и подготовка на креативи за постови за социјални медиуми;

  1. Рок и начин на доставување на понудите

Понудите треба да содржат:

  • CV на лицето или лицата кои ќе ги подготвуваат креативите за постовите;
  • Извод од Централен регистар (само доколку аплицира правно лице);
  • Портфолио на претходно подготвени креативи за социјални медиуми;
  • Цена во МКД денари за дизајнот и подготовката на трите креативи;
  • Контакт информации на понудувачот – телефон и е-маил.

Понудите треба да се достават најдоцна до 23.12.2025 година, на е-пошта: esem@esem.org.mk.

  1. Критериуми за избор
  • Најповолна вкупна цена;
  • Квалитет на портфолиото од изработени креативи за социјални медиуми.

Проектот се спроведува од страна на Здружение ЕСЕ, а е финансиран од Амбасадата на Република Франција.