Во рамки на проектот „ Health Cooperation with North Macedonia, се распишува јавен оглас за прибирање понуди за подготовка, спроведување и промоција на три интерактивни поткасти на тема „Мајчино ментално здравје“, кои ќе се спроведат во општините Прилеп, Куманово и Свети Николе во периодот од 20 ноември 2025 до 31 мај 2026 година.

1. Предмет на јавниот оглас

Подготовка, спроведување и промоција на три интерактвни поткасти (поткасти со публика):

  • Водител/водителка на поткастот, одговорен/одговорна за подготовка на прашања за поткастот во соработка со релевантни експерти на темата, водење/интервјуирање на самиот поткаст.
  • Продукција на поткастот;
  • Пост-продукција на поткастот;
  • Снимање на кратки видеа (reels) поврзани со темата на поткастот;
  • Промоција на поткастот на социјални медиуми и останати платформи во соработка со Здружение ЕСЕ.Право на учество

Право на учество имаат физички и правни лица кои:

– располагаат со  соодветна опрема за водење, продукција и пост-продукција на поткаст;

– имаат најмалку две години искуство во подготовка и водење на поткасти;

– претходно работно искуство во областа на новинарството ќе се смета како предност.

2. Рок и начин на доставување на понудите

Понудите треба да содржат:

  • CV на водителот/водителката на поткастот;
  • Извод од Централен регистар (само доколку аплицира правно лице);
  • Портфолио на претходно подготвени поткасти, со линк до електронските платформи каде се објавени поткастите;
  • Цена за следните услуги во МКД денари за еден поткаст: 1. Бруто износ за хонорар за водител/водителка на поткастот; 2 Цена за продукција; 3. Цена за постпродукција; 4. Износ за платена промоција на поткастот и поврзаните визуелни материјали.
  • Контакт информации на понудувачот – телефон и е-маил.

Понудите треба да се достават најдоцна до 14.10.2025 година, на е-пошта: esem@esem.org.mk.

3. Критериуми за избор

  • Најповолна вкупна цена;
  • Квалитет на портфолиото од изработени поткасти.

Проектот се спроведува од страна на Здружение ЕСЕ, а е финансиран од Амбасадата на Република Франција.

Повик за прибирање понуди за подготовка и спроведување на интерактивен поткаст на тема „Мајчино ментално здравје“