• esem@esem.org.mk
  • Јавете се: +389 (0) 2 3298 295; 3298 296
  • ул. Максим Горки 20/1-4, 1000 Скопје

Што работиме 2015

Обука за буџетско и програмско планирање и реализација на Превентивните програми на Министерството за здравство и пристап до информации од јавен карактер

Здружението ЕСЕ на 25 декември 2015 година во хотел Солун, Скопје реализираше еднодневна обука за 34 претставници од партнерските ромски организации од Шуто Оризари, Делчево, Виница и с. Црник и граѓани на овие општини. На обуката беа покриени повеќе теми и тоа: Превентивни програми на Министерството за здравство (содржина, извршител им буџет и процес на подготовка, усвојување и измени) и Право на пристап до информации од јавен карактер (правна регулираност и практично остварување на правото на пристап до информации од јавен карактер).


Health and Money: Budget advocacy and analysis for health rights, Salzburg, Austria

One week ago ESE has participated on the first Health and Money: Budget advocacy and analysis for health rights workshop in Salzburg, Austria from November 29 until December 5, 2015.

The workshop was space to dig deeper into budgets and human/health rights issues. During the workshop more than 30 practitioners and experts had the chance to discuss and share experience related to power and governance for health; economic policy and budgets; government performance monitoring; legal obligations, decision making and resource allocation etc.

The participants have reflected on their personal experiences and their vision on the evaluation of the work in the area of health.


Учество на Здружението ЕСЕ на јавната расправа во Комисијата за здравство во Собранието на Република Македонија

Претставник од Здружение ЕСЕ учествуваше на Јавната расправа на тема „Перинатална, доенечка и смртност на родилки во Република Македонија“, која беше одржана од страна на Комисијата за здравство при Собранието на Република Македонија на 20 ноември 2015 година. Комисијата за здравство ја организираше јавната расправа, бидејќи во периодот од 2011 до 2014 година се бележи пораст на перинаталната и доенечката смртност, како и смртноста на родилките во Република Македонија.

На јавната расправа од страна на претставникот на ЕСЕ беа образложени клучните наоди од работата на Здружение ЕСЕ кои се однесуваат на утврдените проблеми поврзани со здравјето и здравствената заштита на мајките и децата во Р. Македонија.

При излагањето беа потенцирани следните клучни проблеми: недоволен број на матични гинеколози во Р. Македонија; константно намалување на буџетот на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во периодот од 2011 до 2015 година; континуирана нецелосна реализација на буџетските средства наменети за Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во периодот од 2011 до 2014 година; недоволен опфат на мајките и децата од ромската заедница со активностите од Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата, особено во однос на патронажните посети и здравствената едукација. Воедно при излагањето беа дадени и препораки за унапредување на состојбите.


TALEARN workshop, Rio 2015

Two weeks ago ESE has participated on the third annual TALEARN workshop in Rio de Janeiro, Brazil.

During the workshop, a steady stream of individuals got off airplanes arriving from near and far for the start of the third TALEARN workshop.  By the end of the week they had survived three intense days of engagement around learning in the transparency and accountability sector. Everyone, had taken away something of value: new ideas, connections, resources, inspiration or something else entirely.

The workshop was a space to dig deeper into familiar issues, but also to expand our thinking in new directions.  It was also designed to meet the practical needs of individuals and organizations, giving them space to draw on the breadth and depth of knowledge and experience in the room to address specific challenges they were facing.  The TALEARN tried to maintain an environment where participants could pursue their own ideas and priorities, we sought to keep this autonomy and creativity grounded with a broader framing around the challenges and opportunities faced in this sector, and how our efforts can help strengthen accountability ecosystems.

The participants reflect on the key issues raised and insights shared, and get those out to a wider audience.


Обука за вработени и волонтери од ромските партнерските организации

Во периодот 09ти и 10ти ноември 2015 година, Здружението ЕСЕ организираше обука на тема „Организација на тим и меѓучовечки односи“ за претставниците на ромските партнерски организации од општините Шуто Оризари и Делчево: ЦДРИМ, РРЦ и КХАМ.  На обуката учествуваа сите вработени и волонтери од овие организации кои се вклучени во спроведувањето на проектите насочени кон унапредување на ромското здравје во нивните заедници.

Обуката беше спроведена од страна на Славе Младеновски од Институтот 4Р кој беше ангажиран за оваа цел од страна на ЕСЕ. Следните теми беа опфатени со обуката: основни елементи на управување со човечки ресурси, прием и селекција на нови кадри, анализа на работно место и работни задачи, процес на поставување на цели во работата, лични постапки при донесување на одлуки, избор на членови во тимот.

Оваа обука се организираше со цел јакнење на капацитетите на сите лица кои се ангажирани во спроведувањето на активностите за социјална отчетност и параправна помош и поддршка во партнерските организации.


Работилница „Заштита од вознемирување на работно место“

На 21-ви Октомври 2015 година во хотел Кичево, Здружението ЕСЕ во соработка со УНАСМ, организираше едукативна трибина за информирање на вработени и невработени лица од јавниот и приватниот сектор во однос на појавата на вознемирување на работно место. Посебен дел од работилницата беше фокусиран на елаборирање на законската регулатива и механизмите за заштита на жртвите на психичко и сексуално вознемирување на работно место, како и на давање предлози за нејзино унапредување.  На работилницата присуствуваа 25 учесници, а пак предавачи на истата беа: Дивна Змејковска и Билјана Чкламовска.

Оваа активност е продолжение на досегашните активности на ЕСЕ на полето на унапредување и заштита на жртвите на вознемирување на работно место и истата е финансиски поддржана од CNV Холандија.


Health Rights Film Festival: Award Winners

Milan, Italy, October 16th, 2015 – the Association of Schools of Public Health in the European Region (ASPHER) launched the inaugural Health Rights Video Film Festival. The online film festival highlighted video stories about accessibility, health care issues, stigma, and human rights issues. The following are award winners from the festival:

Impact Award

The impact award recognizes outstanding achievement in the use of video for advocacy. The winners were selected by a jury of international experts in public health and digital advocacy.

The nine finalists are:

1. Your health, your care, your human right! by Roma SOS

2. When 60 Denars Is A Luxury  by HERA, about their work in Roma women’s health

3. Vaccines are still unavailable for Roma people  by the Association for the Emancipation, Solidarity, and Equality of Women

4. Raluca by Ceva de Spus, on integrating people with disabilities into society

5. Mobilization and Integration of Male and Transgender Sex Workers to Improve Secondary Health Care by Star-Star

6. Judgement Overdose by Sexual and Health Rights of Marginalized Communities Coalition on insufficient access to opiate substitution therapy

7. Demanding Access to Hepatitis C Treatment in Georgia by Georgia Young Lawyers Association

8. Call of Patients of Ukraine to reduce prices for drugs! by Ukrainian Community Advisory Board Patients of Ukraine

9. Barriers in Access to Emergency Health Care by KHAM on lack of Roma access to ambulance services

The winners are:

1st Prize: Vaccines are Still Unavailable for Roma People by the Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women (ESE), Macedonia

This video demonstrates excellence in all areas of advocacy video.  The video is well-shot and well-edited, allowing footage of Roma settlements to make a silent argument about their plight.  The video furthermore creates an emotional connection with the viewer by allowing those directly affected to make their own argument in their own words, pairing this emotional content with clearly-presented and well-chosen statistics about low rates of Roma vaccination.  The video was then used in an array of advocacy tactics from public screenings to sharing on social media platforms to online sharing with public health officials.

As a result of their advocacy, the Roma settlements featured in the video received vehicles for outreach nurses and the immunization ward was refurbished for the first time in many years. ESE furthermore witnessed an increase in immunization coverage of Roma children from 2012 to 2014 as a result of their advocacy.

For excellence in all these aspects, we are pleased to present ESE first prize in the Health Rights Online Film Festival.

2nd Prize: Raluca by Ceva de Spus Association, Romania

This video highlights the effectiveness of a well-filmed and targeted advocacy film, with a clear and focused interview and message. Instead of creating a general advocacy video, Ceva de Spus use the story of Raluca Popescu to specifically ask for improved accessibility at universities for people with disabilities.

Raluca is the co-president of Ceva de Spus Association. She has a severe physical disability and she graduated the West University of Timisoara. She tells us about the difficulties she and her mother had to face in order to be able to finish her studies. The “hero” is a fantastic advocate.

Ceva De Spus has made effective use of video in direct advocacy presentations. They used this movie to emphasize the need of accessible and inclusive education, showing the video at events and in presentations to the university. As a result, the West University started an accessibility project. Ceva du Spus intends to extend the use of the video in advocacy for improving accessibility in three additional universities of Timisoara.

For excellence in all these aspects, we are pleased to present Ceva de Spus second prize in the Health Rights Online Film Festival.

3rd Prize: Call of Patients of Ukraine to reduce prices for drugs! by the Ukrainian Community Advisory Board (UCAB) Patients of Ukraine, Ukrain

Video advocacy is a tool we can all use.  Even without fancy editing and high production values, video allows those directly affected by injustice to speak to a broad audience.  This video proves that even something simple can be effective.  It combines the personal stories of those affected by price increases on essential medicines with statistics about the price increase and a clear call to action using simple editing and filmmaking methods.  Because patients could not meet directly with drug company executives, UCAB emailed the video to them.  As a result of their advocacy, prices of medicines were decreased, allowing the government to provide the patients with treatment, and saving their lives in the process.

For excellence in all these aspects, we are pleased to present the Ukrainian Community Advisory Board third prize in the Health Rights Online Film Festival.

Audience Award:

The Heath Rights Film Festival Audience Award recognizes the most shared video in the Health Rights Online Film Festival as calculated by public votes on the festival website. And the winners are…

Honorable Mention:

Stop Sending TB Patients to Prison  by  Kenya Legal and Ethical Issues Network on HIV and AIDS.

3rd Prize:

Everyday Questions Deserve An Answer  by Health Education and Research Association (HERA) of Macedonia.

2nd Prize: Giving Hope: The Andrey Rylkov Foundation  by Hungarian Civil Liberties Union .

1st Prize:  Barriers in Access to Emergency Health Care  by KHAM.

All of these videos are available for viewing on the Health Rights Film Festival website http://filmfest.health-rights.org/. We encourage all to view and continue sharing with others in your network.


Работилница за внесување, обработка и анализа на буџети и буџетски документи

На 01 октомври 2015 година во просториите на Здружението ЕСЕ беше одржана еднодневна работилница за јакнење на капацитети на граѓани за буџет, буџетски процес на национално ниво, буџетски документи, анализа на буџетски податоци и користење на буџетски податоци. На работилницата беа обучени три лица кои во наредниот период ќе ги внесат и обработат податоците содржани во буџетските документи кои се однесуваат на периодот од 2011 до 2015 година. Подготвените анализи и податоци во текот на месец ноември ќе бидат објавени на интернет страницата www.fiskalnatransparentnost.org.mk во делот база на фискални податоци и истите ќе бидат достапни за користење од пошироката јавност.

Со оваа активност ЕСЕ има за цел да ја промовира важноста од буџетите и буџетските податоци, важноста од следење на имплементацијата на јавните политики од аспект на буџетска реализација и важноста од учество на граѓаните во процесот на донесување на одлуки со користење на конкретни факти и податоци.


Работилница за планирање на активности за застапување со примена на алатки за креативен активизам

Здружението ЕСЕ на 28 и 29 септември 2015 година во ГЕМ Клубот во Скопје  во соработка со Младинскиот Образовен Форум спроведува дводневна работилница за развивање на кампањи и план за застапување за унапредување на пристапот на децата Роми до превентивни здравствени услуги и вакцинација и жените Ромки до превентивни гинеколошки услуги преку примена на креативен активизам.

На работилницата учествуваат и трите ромски партнерски организации (КХАМ, РРЦ и ЦДРИМ). Покрај активностите за планирање, на работилницата  организациите се запознаа и со искуствата  од примена на алатки на креативен активизам во процесот за застапување од земјата и светот.


Почетна обука за социјална отчетност

Здружението ЕСЕ на 27 септември 2015 година во хотел Арка, Скопје, одржа почетна обука за примена на методологиите за социјална отчетност наменета за три партнерски организации (РРЦ, ЦДРИМ и КХАМ) кои работат на унапредување на здравјето на Ромите и унапредување на пристапот на Ромите до здравствени услуги. На обуката беа презентирани методологиите за мониотринг во заедницата и социјална ревизија. Воедно, на обуката организациите го презевтираа своето досегашно искуство и успеци од примената на овие методологии.


Почетна обука програми за параправна помош и поддршка

Во периодот 25ти и 26ти септември во хотел Арка, Скопје, Здружението ЕСЕ оргтанизираше почетна обука на програмите за параправна помош за системот на здравствена заштита, здравствено осигурување и заштита на права на пациенти во државата. На обуката присуствуваа претставници од ромските партнерски организации кои обезбедуваат параправна помош и поддршка во нивните заедници: Центар за демократски развој и иницијативи – ЦДРИМ и Ромскиот Ресурсен Центар (РРЦ) од Шуто Оризари, како и КХАМ од Делчево.

На обуката се обратија претставници од институциите кои се вклучени во системот на здравствена заштита во Р.Македонија, Ангелина Бачановиќ, Министерство за здравство, Михајло Костовски, Фонд за здравствено осигурување на Македонија – ФЗОМ и Вера Менковска од Државен здравствен и санитарен инспекторат. Координаторите и параправниците беа детално информирани за механизмите за заштита на здравствено осигураните лица и правата на пациентите и начинот на нивно спроведување.

Обуката опфати теоретски и практичен дел, при што истата беше структурирана да одговори на потребите на новите параправници во однос на стекнување на основно знаење за системот на здравствена заштита, како и продлабочување на постоечкото знаење на постоечките параправници. Учесниците имаа можност практично да подготвуваат писмени поднесоци (барања и жалби) за остварување на конкретни здравствени права, како што се: право на лекување во странство, право на рефундирање на трошоци за лекови и ортопедски помагала, право на информирање на пациентот и др.


Работна средба за унапредување на фискалната транспарентност во јавниот здравствен сектор и олеснување на постапката за слободен пристап до информации од јавен карактер

На 25 септември 2015 година, во ГЕМ Клубот во Скопје, Здружението ЕСЕ спроведе работна средба за унапредување на фискалната транспарентност во јавниот здравствен сектор и олеснување на постапката за слободен пристап до информации од јавен карактер. На работната средба учествуваа 15 претставници на ЈЗУ од Р. Македонија. Односно, учество земаа ЈЗУ ЗД Македонски Брод, ЈЗУ ЦЈЗ Велес, ЈЗУ Институт за јавно здравје, ЦЈЗ Тетово, ЦЈЗ Скопје, ЦЈЗ Охрид, ЈЗУ ЗД Скопје, ЈЗУ ЗД Струга, ЈЗУ ЗД Кавадарци, ЈЗУ ЗД Дебар и ЈЗУ ЗД Ресен.

На работната средба ЕСЕ и претставниците од јавните здравствени установи дискутира за: можните начини за унапредување на сегашното ниво на транспарентност во јавниот здравствен сектор;  начинот на кој досега се спроведува Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и потешкотиите со кои се соочуваат јавните здравствени установи за целосно исполнување на законските обврски; можни чекори за унапредување на постапката за слободен пристап до информации од јавен карактер; предлози за заедничка соработка и иницијативи на јавните здравствени установи и Здружението ЕСЕ итн.

На работната средба Здружението ЕСЕ ја претстави  и ново креираната интернет платформа Фискална Транспарентност Македонија (ФТМ – www.fiskalnatransparentnost.org.mk) и ја презентираше и образложи методологијата за оценување на нивото на реактивна и проактивна транспарентност помеѓу јавните институции во РМ која ЕСЕ ја спроведува во изминатите две фискални години.

На работната средба присутните предложија конкретни заеднички чекори за натамошно делување со цел зголемување на обемот на јавно достапни финансиски и програмски информации и документи и олеснување на постапката за слободен пристап до информации од јавен карактер.


Обука за судии: Јакнење на примената на Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените на ОН

Во рамките на Проектот на УСАИД за правна заштита на жените во периодот 21ви до 23ти септември, Здружението ЕСЕ организираше обука за судии на тема „Јакнење на примената на Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените на ОН“. На обуката присуствуваа 20 судии од 10 основни судови во кои се спроведува набљудување на тековни судски предмети поврзани со насилство врз жените, како и претставници на граѓанските организации кои се вклучени во спроведувањето на оваа иницијатива.

Обуката се организираше со цел подигнување на степенот на судска заштита на жените жртви на насилство и дискриминација и истата беше спроведена од претставници на организација од Малезија која има долгогодишно искуство и кредибилитет за работа на ова поле, IWRAW Asia Pacific, Ayesha Sen Choudhury и Jane Connors. Учесниците беа запознаени со содржината на Конвенцијата, вклучувајќи ги и останатите релевантни документи како што се Генералните препораки на Комитетот за елиминирање на дискриминацијата врз жените при ОН и Заклучните согледувања во однос на спроведувањето на одредбите од конвенцијата во Р. Македонија. Фокусот беше ставен на меѓународните стандарди и државните обврски во однос на насилството врз жените.

Составен дел на обуката беше и анализата на националната законска рамка и нејзиното спроведување согласно меѓународните стандарди за заштита на жените жртви на насилство и дискриминација. Во оваа насока, судиите од основните судови подготвија конкретни препораки за унапредување на граѓанските и кривичните судски постапки, како и пристапот до правдата за жените жртви на насилство.

Во периодот кој следи ќе бидат организирани форуми за судиите за дискутирање на можностите за унапредување на судската заштита и подготовка на законски измени и дополнувања во оваа насока.


Здружението ЕСЕ го поднесе Заедничкиот извештај за здравје кон Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права при ООН (МПЕСКП)

Здружението ЕСЕ во соработка со 9 здруженија на граѓани и со поддршка на Фондациите отворено општество Њујорк и  Македонија, подготви и поднесе Заеднички извештај за здравје кон МПЕСКП. Со овој поднесок ги истакнуваме проблемите поврзани со неостварувањето на Правото на  здравје (член 12 од МПЕСКП и Генералниот коментар бр.14) на повеќе ранливи групи: Роми, лица кои живеаат со ХИВ/СИДА, лица кои користат дроги, жени, лица со ретки болести, лица со интелектуална попреченост и жртви на трговија со луѓе. Воедно, остварувањето на правото на здравје на жените и Ромите  во овој поднесок е анализиран и од аспект на примената на член 2.1 од пактот – Максимум користење на расположиви средства Поднесокот има за цел да придонесе во разгледувањето и формулирањето на Листата на прашања на предстојната Пред сесија на Комитетот во Октомври, како и да адресира прашања до Р. Македонија за степенот на оставрување на правото на здравје соодветно на МПЕСКП.

Во прилог:

Заеднички Извештај за здравје кон МПЕСКП


Здружението ЕСЕ и Министерството за здравство одржаа втора по ред работна средба во рамки на процесот за унапредување на фискалната транспарентност на Владата на РМ

На 23 септември, 2015 година во просториите на Министерството за здравство се одржа втората по ред работна средба на претставници на Здружението ЕСЕ  и Министерството за здравство на РМ одговорни за координирање на превентивните и куративните програми од буџетот на министерството. Имено, Владата на РМ  по разгледување на прогресот за имплементацијата на Акцискиот план за Отворено владино партнерство за 2014 – 2016 година, го задолжи Министерството за здравство најдоцна до 31 декември 2015 година да усвои и објави годишен финансиски и програмски извештај за секоја од превентивните и куративните програми финансирани од буџетот на Министерството за здравство на интернет страницата на министерството. Објавувањето на извештаите понатаму треба да се одвива во континуитет, односно министерството ваквите извештаи треба да ги објавува на полугодишно и годишно ниво.

Во таа насока на втората средбата беа презентирани одготвените предлози на извештаите подготвени од Здружението ЕСЕ, беа договорени индивидиални состаноци на Здружението ЕСЕ со претставници на Министерството за здравство со цел финализирање на форматот за подготовка на извештаите и беше заклучено дека најдоцна до крајот на месец октомври Здружението ЕСЕ и Министерството за здравство да ги финализираат форматите на програмско и финансиско известување кои понатаму министерството ќе ги користи и објавува со своето работење.


Здружението ЕСЕ и Министерството за здравство одржаа работна средба во рамки на процесот за унапредување на фискалната транспарентност на Владата на РМ

На 07 јули, 2015 година во просториите на Министерството за здравство се одржа работна средба на претставници на Здружението ЕСЕ  и Министерството за здравство на РМ одговорни за координирање на превентивните и куративните програми од буџетот на министерството. Имено, Владата на РМ  на својата 79-та седница  одржана на 15.06.2015 година по разгледување на прогресот за имплементацијата на Акцискиот план за Отворено владино партнерство за 2014 година, го задолжила Министерството за здравство да организира и спроведе работна средба на која претставниците на ЕСЕ и координаторите на превентивните и куративните програми од ова ресорно министерство при што ќе утврдат обрасци на финансиски и програмски извештај за секоја од програмите кои на полугодишно ниво ќе биде објавувани на интернет страницата на Министерството за здравство.

Во таа насока на средбата беа разгледани предлози на обрасци на извештаите подготвени од министерството и беше заклучено дека најдоцна до почетокот на септември, 2015 година Здружението ЕСЕ детално ќе ги разгледа и предложи сугестии на предложените обрасци од страна на министерството, а во текот на месец септември 2015 година овие обрасци ќе се финализираат заедно со претставниците од министерството. Министерството за здравство ќе започне да ги објавува извештаите за финансиско и програмско известување по ново усвоените обрасци од 2016 година.


Работни средби за подготовка на методологија за анализа на правната рамка за заштита на жените жртви на насилство

Во рамките на Проектот на УСАИД за правна заштита на жените во текот на јуни и јули 2015 година Здружението ЕСЕ организираше две работни средби за подготовка на методологија за спроведување на истражување и подготовка на анализа за националната законска рамка постапувањето на институциите во системот на правна заштита а заштита на жените жртви на насилство и дискриминација.

Овие работни средби беа организирани во соработка со проектните партнери, Здружението на граѓани Отворена Порта и Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“. Како резултат на работните средби  беа подготвени прашалници за спроведување на интервјуа со претставници на надлежните институции, како и сценарија (насоки) за спроведување на фокус групи со жени жртви на насилство и дискриминација: жртви на семејно насилство, жртви на трговија со жени и сексуални работнички.

По спроведувањето на интервјуата и фокус групите ќе биде подготвена анализа со конкретни препораки за изменување и дополнување, односно унапредување на постојните закони и политики согласно меѓународните стандарди за заштита на човековите права жените жртви на насилство.


Фокус групи со жени жртви на семејно насилство

Во рамките на Проектот на УСАИД за правна заштита на жените на ден 21.07.2015 година Здружението ЕСЕ организираше фокус група (група за дискусија) со жени жртви на семејно насилство, кориснички на услугите на Центарот за правна помош при ЕСЕ. Фокус групата е составен дел на активностите кои ЕСЕ ги презема со цел анализа постапувањето на институциите при пружање заштита на жените жртви на насилство и дискриминација.

Овие директни консултации со жените жртви на семејно насилство се од суштинско значење за соодветно идентификување на проблемите и недостатоците во секоја надлежна институција во системот на правна заштита за жените жртви на насилство и дискриминација. Податоците од спроведените фокус групи ќе бидат искористени за подготовка на конкретни препораки за унапредување на законите и политиките за заштита на жените жртви на насилство.


Работна посета на колегите од Универзитетот Johns Hopkins, 07 -11, јули, 2015 година

Оваа година ЕСЕ  во соработка со колегите од Универзитетот Johns Hopkins работи на спроведување на оценка на влијанија на проектните активности за “Пристап до правдата”, финансиски подржани од Фондациите отворено општество врз здравјето на корисниците на овие проектни активности.

Имено, правното описменување и зајакнување , како стратегија за подобрување на здравствените права и резултати во областа на јавното здравство се во зародиш, при што постои недостаток на критички методи за оценување на ваквиот вид на проектите преку здравствена перспектива. Да се обезбеди поголема строгост и јасност во евалуација на влијанието на интервенциите од областа на правното описменување и зајакнување врз здравјето постои потреба од дефинирање на сеопфатната рамка која ќе ги постави односите меѓу правното описменување и и зајакнување и утврди потенцијалните индикатори за влијание. За да се дефинира ваква рамка, потребно е да се разгледа постојната релевантна литература за оценување на активностите за правно описменување и зајакнување, како и литература која содржи пошироко толкување и разбирање на разновидноста на целите и терминологијата која се користи за ова прашање.

Во рамки на оваа иницијатива во периодот од 7-11 јули, 2015 година во посета на ЕСЕ беше Katherine Footer, научен соработник при Центарот за истражување на јавно здавје и човекови права на Одделот за епидемиологија, Школа за јавно здравје на Универзитетот Johns Hopkins. Најголем дел од посетата беше посветен на запознавање на работата на ЕСЕ и ГО КХАМ од Делчево која на локалното Ромско население обезбедува параправна помош и поддршка од областа на заштита на здравствените права. За таа цел остваривме посета на заедницата во Делчево со која ГО КХАМ соработува по однос на ова прашање.

Како резултат на средбата беше подготвен нацрт на план за оценка на влијанието на активностите на ЕСЕ за социјална отчетност и правно описменување и зајакнување, која дополнително ќе се финализира до крајот на годината.


Одржан координативен состанок на организациите кои ги спроведуваат методологиите на социјална отчетност и правно зајакнување и описменување во ромските заедници

На 24 јули, 2015 година во ГЕМ Клубот во Скопје се одржа првиот координативен состанок на организациите кои ги спроведуваат методологиите на социјална отчетност и правно зајакнување и описменување во ромските заедници за програмската 2015/2016 година во соработка со ЕСЕ, а финансиски поддржани од Фондациите отворено општество Њујорк и  ФОО Македонија. Предмет на дискусија на состанокот беше запознавање и информирање со активностите за спојување на методологиите за социјална отчетност и обезбедување на параправна помош и поддршка на полето на здравствени права  и идните чекори во однос на начинот на работа на ЕСЕ и организациите кои овие активности ги спроведуваат на локално ниво. На состанокот беа присутни 31 лице од Здружението ЕСЕ; ГО КХАМ од Делчево, Виница и с. Црник; ГО ЦДРИМ од Шуто Оризари; ГО РРЦ од Шуто Оризари и ФОО Македонија.


Работилница за унапредување на работата на полето на социјална ревизија и застапување

Изминатиот викенд Здружението ЕСЕ, заедно со трите партнерски Ромски организации (КХАМ, ЦДРИМ И РРЦ) учествуваше на дводневна работилница за унапредување на работата на полето на социјална ревизија. За време на работилницата беа опфатени повеќе теми, како: претходни искуства на организациите во спроведување на концептот на социјална ревизија, социјалната ревизија и нејзината поврзаност со останатите концепти за социјална отчетност и подготовка на план и активности за застапување базирано на резултати од социјална ревизија и останати алатки за социјална отчетност, вклучително и мониторинг на буџети. Работилницата беше модерирана од страна на меѓународен експерт во оваа област, Абиџит Дас од Индија.


Работилница за стратешко планирање за вклучување на концептите за социјална отчетност во работењето на граѓанските организации од РМ

Здружението ЕСЕ, со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија и Фондациите Отворено Општество, Њујорк, во втората половина на јуни 2015 година спроведе дводневна работилница за стратешко планирање за вклучување на концептите за социјална отчетност (мониторинг и анализа на буџети, мониторинг во заедницата и социјална ревизија) во работењето на граѓанските организации од РМ.

На работилницата присуствуваа вкупно 21 претставник од  девет граѓански организации од РМ, а кои работат во областа на здравството.

Работилницата беше модерирана од м-р. Дарко Антиќ, координатор на програмата за мониторинг и анализа на буџети од ЕСЕ и Зоран Стојковски, експерт во стратешко планирање за граѓански организации.


Обука за вербална и невербална комуникација за програмите за параправна помош

Во периодот 26-27ми мај во Скопје Здружението ЕСЕ организираше обука за вербална и невербална комуникација за програмите за параправна помош при ромските партнерски организации од Делчево и Шуто Оризари. Обуката беше спроведена од страна на надворешен консултат Славе Младеновски од Институтот 4Р и истата е дел од активностите кои ЕСЕ ги организира во насока на јакнење на капацитетите на локалните партнерски организации.

Заради проширување на обемот на работа пред организирањето на обуката, трите партнерски организации идентификуваа лица кои дополнително би се вклучиле во обезбедувањето на параправна помош и во останатите активности кои ги преземаат во локалните заедници на полето на унапредување на ромското здравје. На самата обука покрај постојните координатори и параправници присуствуваа сите лица кои беа идентификувани од страна на партнерките организации, вкупно 18.

Во однос на содржината со обуката беа опфатени принципите за комуникација, методите, вербална и невербална комуникација, како и практични вежби за комуникација со клиентите од локалните ромски заедници.


Работилница за родово одговорно буџетирање – 2015

На почетокот од месец јуни, пет лица од Здружението ЕСЕ го посетија Cape Town и учествуваа на тридневна работилница за унапредување на работата на ЕСЕ во областа на родовото буџетирање. Оваа работилница е трета од низата на работилници кои ЕСЕ ги реализираше во соработка со меѓународен експерт за родово одговорно буџетирање, Деби Бадлендер. За време на  работилницата беа опфатени следните теми: трошоци за спроведување на различни пристапи за обезбедување на бесплатни ПАП тестови за жените од руралните и оддалечени средини; неплатена грижа за тешко болно лице; имплементација на ОРИО грантот; финансирање на стратегијата за семејно насилство; буџетска анализа од аспект на исполнување на економските, културните и социјалните права; бесплатна правна помош за жени жртви на семејно насилство и планирање на работата на ЕСЕ во областа на родово одговорно буџетирање за периодот 2015/2016 година.


Прилог за нетранспарентност на јавните институции

Пристапот до информациите од јавен карактер е право на секој граѓанин и претставува услов за одговорно и транспарентно работење на владините институции.

Транспарентното работење на јавните институции овозможува остварување на двонасочна комуникација (дебата) помеѓу отворена влада и информирана јавност во процесот на донесување на одлуки и имплементирање на јавните политики. Транспарентноста, меѓу другото, треба да овозможи јакнење на капацитетите на јавноста за разбирање на јавните политики и избори на владата и зголемување на кредибилитетот на одлуките на властите.

Транспарентноста не се стекнува, туку се создава. Една држава ќе постигне високо ниво на демократско владеење тогаш кога вистински ќе ја оствари транзицијата од конзервативна кон отворена власт при што граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со податоците во однос на тоа што прави државата со парите што тие ги инвестираат во неа. На тој начин граѓаните ќе бидат информирани како работат и што всушност работат нивните политички избраници и ќе можат да ги разберат одлуките што тие ги донесуваат, ќе можат да влијаат при нивното донесување, ќе учествуваат во нивното креирање и особено ќе стекнат доверба во власта  и ќе имаат чувство дека се рамноправни членови на општеството во кое живеат.

Голем број на истражувања кои го оценуваат квалитет на законската рамка за уредување на правото на пристап до информации од јавен карактер, покажуваат дека РМ се вбројува меѓу земјите кои имаат значително квалитетен Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Значаен пропуст кај овие истражувања е тоа што не го мерат квалитетот на имплементирање на Законот за слободен пристап до информации во самите земји.  Односно, поседувањето на квалитетен закон не гарантира и квалитетна имплементација на одредбите утврдени со истиот.

Во РМ Законот за слободен пристап до информации се имплементира веќе 9 години и претставува единствен начин за пошироката јавноста да добие некакви податоци и информации за работењето на јавните институции во РМ. И после 9 години од донесувањето на законот, јавноста сеуште не е информирана за правата кои и следуваат по овој закон, што потврдуваат наодите од истражувањата кои Здружението ЕСЕ ги спроведе во неколку општини од РМ. И понатаму најголеми корисници на можноста за барање на информации од имателите на јавни информации се граѓанските организации, што покажуваат и самите извештаи за работењето на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер коja треба да се грижи за промоцијата на правото на информираност.

Наодите од истражувањата на Здружението ЕСЕ покажуваат дека голем дел од имателите на информации од јавен карактер немаат назначено лице за посредување со информации од јавен карактер или пак само формално го направиле истотот, како и голем дел од нив немаат објавено на своите интернет страници информации за лицетот одговорно за посредување со информации од јавен карактер, јавните службеници и понатаму и не се информирани за постењето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и за обврската за споделување на информации со јавноста итн.

Здружението ЕСЕ почнувајќи од 2011 година започна со имплементација на нова методологија во својата работа, а тоа е методологијата за мониторинг и анализа на буџети. Под мониторинг на буџети се подразбира следење на финансиското и програмското работење на одделни државни институции, додека, пак, под анализа на буџети се подразбира користење на различни методи и техники за пресметување и оценка на ефикасноста, ефективноста и успешноста во спроведување на буџетските постапки и политики, односно при планирањето, обезбедувањето и трошењето на јавните пари. Па оттука, клучно за успешно спроведување на истата е располагање со податоци за програмското и буџетското работење на јавните институции. Бидејќи не постојат јавно достапни податоци за буџетското и програмското работење на јавните институции, ЕСЕ во голем дел своите анализи ги базира на податоци добиени преку спроведување на постапката за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Како генерален заклучок кој може донесе од досегашното искуство на ЕСЕ од примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, е тоа дека јавните институции на национално ниво се помалку реактивно транспарентни во однос на оние на локално ниво, а пак нивото на реактивност од година во година континуирано опаѓа.

Во текот на 2012 година поднесовме 433 барања до 37 јавни институции; 2013 година, поднесовме вкупно 445 барања до 40 јавни институции; а пак во 2014 година 891 барање до вкупно 74 јавни институции.

Нашето искуство покажува дека Министерството за финансии, Владата на РМ и Генералниот секретаријат на Владата се институции кои најмалку споделуваат информации во постапка за слободен пристап до информации од јавен карактер. Министерството за финансии на пример речиси на сите наши барања во изминатите 4 години кои се однесуваат за реализација на буџетот во здравството донесуваше заклучок за одбивање на барањата со образложение дека бараните информации претставуваат деловна тајна и се повикуваа на Упатството за трезорско работење во кое се вели дека трезорскиот систем ја обезбедува тајноста на податоците на трезорскиот систем. Институциите на национално ниво во голем број на случаи највешто знаат како да го избегнат обврската за споделување на информации и да го одбијат барањето.

Значајно уназадување во нивото на проактивна транспарентност се бележи кај Министерството за здравство кое во текот на 2014 година, од вкупно 146 барања одговор даде само на 30.

Голем дел од институциите ги пробиваат роковите за одговор по барање и решение по жалба утврдени со законот.

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, која се грижи за спроведувањето на Законот и одлучува по жалби за прекршено право на пристап до информации, во голем дел го поддржува сегашниот начин на работење на јавните институции. Односно, кога одлучува по жалби против значајни јавни институции како Министерство за финансии, министерство за здравство, Влада итн. секогаш ги потврдува одлуките на имаелите и не ги зема во предвид образложенијата на жалителот. Комисијата има најголемо влијание врз институции од понизок ранг и во тие случаи има моќ и го спроведува законот.

Управниот суд пак, според искуствата на граѓанските организации, речиси секогаш ја потврдува одлуката на Комисијата. Но за да се поднесе тужба пред управниот суд граѓаните треба да платат 484 денари по тужба. А бидејќи практиките покажуваат дека оваа инстанца бавно ги процесира поднесените тужби и речиси секогаш одлучува негативно, граѓаните и граѓанските организации се демотивирани да го користат овој механизам.

Погледни го прилогот..

Извор: ТВ Телма, http://telma.mk/vesti/netransparentnost-na-javnite-institucii

Автор: Мирко Трајановски


Работилница за стратешко планирање и комбинирање на методологиите за социјална отчетност и правно описменување и оспособување (втор дел)

Работилницата за стратешко планирање и комбинирање на методологиите за социјална отчетност и правно описменување и оспособување се одржа во периодот од 23 до 25 март 2015 година, во просториите на Здружението ЕСЕ. Оваа работилница е втора по ред работилница за планирање на процесот на спојување на активностите кои ЕСЕ во соработка со партнерските организации ги спроведува на полето на мониторинг во заедницата, социјална ревизија, буџетски мониторинг и параправна помош. Целиот процес на планирање се спроведува со помош на меѓународен експерт во оваа област, Волтер Флорес извршен директор на CEGSS (Center for Study of Equity and Governance in Health System), Гватемала и долгогодишен соработник на ЕСЕ. На работилницата присуствуваа претставници на ЕСЕ, НВО КХАМ и ФООМ. За време на работилницата беа разгледани активностите кои ЕСЕ и партнерските организации  ги спроведуваат во оваа област на работа, а воедно беа разгледани  и можностите за нивно спојување.


Ромската заедница се уште се соочува со проблеми при обезбедување на квалитетна, достапна и навремена здравствена заштита за жените и децата

Денес (07.04.2015) во Скопје ромската заедница во соработка со граѓанските организации Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Центарот за демократски развој и иницијативи – ЦДРИМ и НВО КХАМ,[1] побараа од Владата на РМ и Министерството за здравство да ги прифатат предложените мерки за зголемување на опфатот на децата од ромските заедници со имунизацијаи превентивни здравствени услуги, како и предложените мерки за зголемување на опфатот на жените Ромки со превентивни гинеколошки услуги.

Предложените мерки од страна на заедницата и граѓанските организации се базираат врз наодите од нивната долгогодишна работа во периодот 2011-2015 година во ромските заедници воопштините Шуто Оризари, Пехчево – с. Црник,  Делчево и Виница, која има за задача да го унапреди опфатот на децата Роми со вакцинација и превентивни здравствени услуги (посети од патронажна сестра, здравствено-едукативни работилници, дистрибуција на здравствено едукативен материјал и систематски прегледи за ученици и студенти), како и да ги унапреди опфатот на жените Ромки со превентивните гинеколошки услуги (скрининг за рано откривање на карцином на грло на матка). Податоците добиени преку теренската работа во заедницата и спроведените истражувања укажуваат дека и по 10 години од потпишувањето на Декадата за инклузија на Ромите од страна на Р. Македонија и усвојувањето на првиот Национален акционен план за здравство, Ромите се уште се соочуваат со низа на проблеми по однос на пристапот до здравствените услуги и остварување на правото на здравје.

Во однос на опфатот на децата Роми со вакцинација и превентивни здравствени услуги, кај децата на возраст од 0 – 6 години, опфатот со вакцини иако бележи пораст за разлика од 2012 година, се уште е понизок од националниот просек и се движи од 63% до 100% во горенаведените општини. Опфатот со вакцини на децата Роми на возраст од 7 – 15 години е на загрижувачки ниско ниво и се движи од 55% до 95%, што е далеку понизок од националниот просек. Жените Ромки во просек се посетени 2,6 пати од патронажна сестра, што е многу пониско од предвидените 9 (девет) посети за време на бременоста и една година по породувањето. Овие состојби се должат на: непосетување на училиште од страна на дел од децата Роми; недоволен број на патронажни сестри и возила за нормално функционирање на овие служби; неспроведување на здравствените едукативни настани на оваа тема во ромските заедници; недоставување на покани за вакцинација до ромските семејства; и несоодветни услови за нормално и непречено работење на здравствените домови и поликлиники.

Во однос на опфатот на жените Ромки со превентивни гинеколошки услуги, во периодот од 2012 – 2014 година со Програмата за скрининг за рано откривање на карцином на грло на матка опфатени се само 36% од жените Ромки од општините Шуто Оризари, Делчево, Виница и с. Црник – Пехчево. Овие состојби се должат на тоа што во одредени општини, како што е општината Шуто Оризари нема матичен гинеколог поради што жените мора да одат 5-8 километри за да одат на гинеколог, како и на постоење на практиката на наплаќање на услуги кои се бесплатни за жените од страна на некои од матичните гинеколози.

Исто така, треба да се нагласи дека ваквите состојби во однос на здравјето на Ромите делумно се должат на ниското ниво на искористеност на буџетски средства наменети за унапредување на здравјето на Ромите, имено во периодот од 2005 до 2011 година за унапредување на здравјето на Ромите Владата на РМ потрошила само 59.786,00 евра, што претставува само 1,4% од вкупно потребните и планирани 4.270.456,00 евра.

За дополнителни информации контактирајте ги

Здружение ЕСЕ – Борјан Павловски

  тел. 02/ 3292 – 295 лок. 102, e-mail: bpavlovski@esem.org.mk

ЦДРИМ – Кемал Исмаил

  тел. 02/2656 – 680, e-mail: cdrim_mk@live.com

НВО КХАМ – Зоран Биковски

  тел. 072/256-869, e-mail: z_bikovski@yahoo.com



[1] Работата на организациите е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија


Промоција на Проектот на УСАИД за правна заштита на жените

На ден 31ви март во хотел Холидеј Ин во Скопје се организираше прес конференција за промоција на Проектот на УСАИД за правна заштита на жените. Основна цел на проектот е обезбедување на соодветна правна заштита на жените-жртви на насилство и дискриминација: семејно насилство, трговија со жени, сексуално насилство и сексуални работнички. Проекот на УСАИД за правна заштита на жените е тригодишен проект имплементиран од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) во партнерство со Отворена Порта – Ла Страда и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.  Проектот е во согласност со меѓународните стандарди за заштита на човековите права и придонесува за унапредување на судските постапки за заштита на жените жртви и подигнување на јавната свест за последиците од злоупотребата на женските човекови права.

„Сите ние сме агенти на промените без разлика дали работиме на локално ниво во заедниците или како дел од поголема владина институција. Со заеднички напори можеме да ја подигнеме свеста, промениме ставовите и да ги заштитиме жртвите од секаков вид на насилство: физичко, емотивно, психолошко или финансиско“, изјави Мајкл Стивејтер, Директор на канцеларијата за развој на УСАИД.

Проектот ќе опфати: набљудување на тековни судски предмети поврзани со насилство и дискриминација врз жените;проценка на степенот на судска заштита на ранливите категории на жените жртви; јакнење на капацитетите на судиите за примена на меѓународните стандарди за заштита на женкиоте човекови правасодржани во Конвенцијата за елиминирање на сите формина дискриминација врз жените на Обединети Нации (КЕДЖ); зголемување на нивото на информираност на жртвите за судските постапки за заштита од насилство и дискриминација; подготовка на препораки за унапредување на релевантната законска рамка (во согласност со специфичните потреби на различните категории на жртви); јакнење на капацитетите на граѓанските организации за примена на меѓународните и регионалните механизми за заштита на женските човекови права (опциониот протокол кон КЕДЖ и Европскиот суд за човекови права); иницирање на индивидуални случаи за стратешко застапување; и обезбедување на бесплатни правни совети и поддршка за жените жртви на насилство и дискриминација.


Втора работна средба за унапредување на активностите за скрининг на карцином на грло на матка од Програмата за рана детекција на малигни заболувања

Здружението ЕСЕ на 11 март 2015 година ја организираше втората по ред работна средба која има за цел унапредување на активностите за скрининг на карцином на грло на матка од Програмата за рана детекција на малигни заболувања. На средбата беа присутни Проф. Д-р Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје на РМ, Д-р Стефанка Перева од Институтот за јавно здравје на РМ, Д-р Снежана Георгиева Јаневска од Универзитетска Клиника за Гинекологија и акушерство, Д-р Емилија Трајковска гинеколог во примарна здравствена заштита, Прим. Д-р Весна Спирова од Центарот за јавно здравје на РМ, Д-р Душко Филиповски претседател на Здружението на приватни гинеколози и акушери на РМ, Борјан Павловски и Дарко Антиќ од Здружението ЕСЕ. На средбата беа идентификувани проблемите во имплементацијата на програмата и беа подготвени предлог решенија со цел за надминување на истите.


Заштита на повредите на правото на здравје пред Европскиот суд за човекови права

Здружение ЕСЕ на 05 Март  организираше еднодневна работилница на тема: „Заштита на повредите на правото на здравје пред Европскиот суд за човекови права“. Истата беше наменета за претставници на здруженија на граѓани кои се инволвирани и работат на пристапите на социјална отчетност и правно описменување со цел подобрување на здравствената заштита на Ромите. Работилницата имаше за цел зголемување на степенот на разбирање во однос на случаите кои се водат пред Европскиот суд за човекови права а се однесуваат на правото на здравје, како и поттикнување за користење на регионалните механизми за заштита на човекови права, со фокус на правото на здравје. На работилницата присуствуваа претставници на организациите: КХАМ, РРЦ, ЦДРИМ и Рома СОС.


Обуки за набљудувачи на судски предмети за насилство и дискриминација врз жените

Во текот на месец февруари Здружението ЕСЕ организираше циклус од две обуки за набљудувачи на судски предмети за насилство и дискриминација врз жените. Обуките се дел од проектот на УСАИД за правна заштита на жените, кој Здружението ЕСЕ го спроведува во партнерство со Ла Страда и Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници. Првата обука се организираше во периодот 11ти и 12ти февруари, додека втората обука беше организирана на 18ти и 19ти февруари.

На обуките присуствуваа 30 правници од Коалицијата Сите за правично судење кои во наредниот период од две години ќе бидат вклучени во набљудување на тековни судски предмети поврзани со семејно насилство, трговија со жени, сексуално насилство и предмети на сексуални работнички.

На присутните им се обратија Катина Павловска, психолог во Психолошкото советувалиште во ЕСЕ, Стојан Михов – судија од Основен суд Штип, Андон Атанасов – судија од Основен суд Радовиш, Даниел Митковски од Коалиција Сите за правично судење, Маја Варошлија од Државниот Центар за трговија со луѓе, Анета Трајковска – адвокат, Хајди Штерјова Симоновиќ – адвокат, Силвана Наумова и Воскре Наумоска Илиева од ХОПС. За време на обуките учесниците беа запознаени со природата и карактеристиките на семејното насилство, трговијата со жени, состојбата со сексуалните работнички,  како и со законските одредби, односно со кривичните и граѓанските судски постапки за заштита на жртвите на дискриминација и насилство. Исто така, беа запознаени со претходно подготвените прашалници кои ќе ги користат при следењето на тековни прекршочни, граѓански и кривични судски рочишта во основните судови.

Основна цел на проектот е подигнување на степенот на правна заштита на жените жртви на насилство и дискриминација. По собирањето на податоците од судските постапки ќе биде подготвена анализа со препораки за унапредување на постапувањето на судиите во постапките за насилство и дискриминација врз жените.


Почетна обука за мониторинг во заедницата и средба за размена на искуства од имплементирање на методологијата за мониторинг во заедницата

Здружението ЕСЕ во периодот од 10 до 12 февруари 2015 година во соработка со Програмата за јавно здравство при Фондациите Отворено Општество, Њујорк, Будимпешта и Македонија; Анурада Јоши, од Институтот за развојни студии во Лондон; Абиџит Дас, од Центарот за здравствени и социјални права во Индија; Зоран Биковски од НВО КХАМ, Делчево,  спроведе почетна обука за примена на методологијата на мониторинг во заедницата, наменета за три граѓански организации од Романија. На почетната обука, организациите се запознаа со значењето на оваа методологија, начинот на нејзино применување, алатките кои се користат при спроведување на истата, начинот на примена на методологијата во Р. Македонија, како и клучните придобивки од применета на истата.

По завршување на почетна обука, во периодот од 13 до 14 февруари 2015 година, Здружението ЕСЕ учествуваше на првата регионална конференција на организации од Македонија, Бугарија и Романија кои работат на полето на мониторинг во заедницата. Конференцијата имаше за цел на едно место да ги собере сите организации од Југоисточна Европа кои работат на полето на мониторинг во заедницата и да овозможи размена на искуства од досегашната примена на оваа методологија. На конференцијата присуствуваа преставници на вкупно 14 организации од регионот.


Државата троши повеќе за лекување наместо за превенција од рак

Во здравството најмногу пари се трошат за реконструкција и изградба на објекти, за администрација и лекување, а најмалку за превенција на најтешките заболувања. Програмите за превенција од малигни заболувања или не се применуваат или континуирано се намалуваат средствата предвидени за оваа намена.

Сето ова се одразува на штета на пациентите, на нивното здравје, се кратат нивните права, а државата троши повеќе средства за лекување наместо навреме да се откријат заболувањата. Во ПРОЦЕС на оваа тема разговараме со Борјан Павловски и Дарко Антиќ од Здружението ЕСЕ.

  Извор: Нова ТВ – 05.02.2015


Информација за медиуми по повод Светскиот ден за борба против карциномот, 04 февруари 2015 година

Светскиот ден за борба против карциномот оваа година се спроведува под слоганoт Сите не засега и има за цел да промовира позитивен и проактивен пристап во борбата против карциномот, притоа потенцирајќи дека карциномот може да се надмине. Светскиот ден за борба против карциномот претставува можност за зголемување на свесноста на индивидуално ниво, на ниво на заедница, како и на владино ниво, со цел да се мобилизираат потребните ресурси и да се поттикне позитивна промена.

Овогодинешната кампања се фокусира на: избор на здрави животни стилови, обезбедување на можности за рано откривање, пристап до лекување за сите и унапредување на квалитетот на живот.

Една од областите во кампањата за 2015 година е промовирање на раната детекција како клучна мерка во борбата против карциномот. Според Светската декларација за карцином и Глобалниот акциски план за превенција и контрола на хроничните незаразни заболувања 2013 – 2020, секоја земја треба да обезбеди скрининг на населението за рана детекција на карциномите за кои постојат скрининг методи, вклучувајќи ги и карциномот на ракот на грлото на матката и карциномот на дојката. Со воведување на овие методи значително ќе се намали стапката на смртност предизвикана од овие карциноми.

Владата на РМ секоја година усвојува Програма за рана детекција на малигни заболувања која е сочинета од следните  компоненти: скрининг за карцином на грлото на матката, скрининг за карцином на дебелото црево, скрининг за карцином на простата и скрининг за карцином на дојка. И покрај тоа предвидените активности за рано откривање на карцином на дојка не се спроведуваат, а во последната година (2014) активностите не се соодветно планирани, во смисла дека не се наведени: целната популација на жени, периодот на поканување на жените и извршителите на програмата.

Во однос на скринингот за рано откривање на карцином на грлото на матката и покрај тоа што постои организиран скрининг, евидентирани се повеќе недостатоци. Не постои координацијата помеѓу различните институции извршители на скрининг на програмата и не се води соодветна здравствена статистика преку која можат да се следат состојбите поврзани со малигните неоплазми во РМ и да се процени успешноста на самите скрининг методи. Исто така, програмата за скрининг е предмет на чести измени (најмалку два пати годишно) со што се губи континуитет во спроведување на планираните активности.   

Ваквите состојби во однос на скринингот на двата карциноми делумно се резултат на фактот што не се одвојуваат доволно финансиски средства за имплементацијата на планираните активности.

Во Р. Македонија годишно во просек од карцином на дојка умираат 277 жени, а од карцином на грло на матка умираат 30 жени, иако и двата вида на карцином можат навремено да се откријат и да се излекуваат.

Поради тоа ги повикуваме надлежните институции во Р. Македонија да одвојат доволно средства и да подготват и усвојат програми за скрининг на карцином на дојка и на карцином на грло на матка соодветна на потребите во Р. Македонија со што би се намалила стапката на смртност од овие карциноми и би се унапредило здравјето и квалитетот на животот на жените во Р. Македонија.


Работилница за стратешко планирање и комбинирање на методологиите за социјална отчетност и правно описменување и оспособување

Работилницата за стратешко планирање и комбинирање на методологиите за социјална отчетност и правно описменување и оспособување се одржа во периодот од 19 до 21 јануари 2015 година, во просториите на Здружението ЕСЕ. Оваа работилница е прва од низата работилници предвидени за планирање на процесот на спојување на активностите кои ЕСЕ во соработка со партнерските организации ги спроведува на полето на мониторинг во заедницата, социјална ревизија, буџетски мониторинг и параправна помош. Целиот процес на планирање се спроведува со помош на меѓународен експерт во оваа област, Волтер Флорес извршен директор на CEGSS (Center for Study of Equity and Governance in Health System), Гватемала и долгогодишен соработник на ЕСЕ. На работилницата присуствуваа претставници на ЕСЕ, НВО КХАМ и ФООМ. За време на работилницата беа разгледани активностите кои ЕСЕ и партнерските организации  ги спроведуваат во оваа област на работа, а воедно беа разгледани  и можностите за нивно спојување.


Последна работна средба за подготовка на прашалници за судско набљудување

Како дел од проектот на УСАИД за правна заштита на жените, Здружение ЕСЕ на ден 27.01.2015 година ја организира последната шеста работна средба за подготовка на прашалници за обезбедување на податоци за судски предмети поврзани со насилство и дискриминација врз жените.  Претходно, во текот на месец декември 2014 и јануари 2015 година беа организирани пет работни средби на кои беа подготвени прашалници за обезбедување на основни податоци од основните судови и основните јавни обвинителства, како и посебни прашалници за тековно набљудување на судски предмети од ваков вид. Прашалниците за набљудување на судски предмети ќе бидат искористени за обезбедување на податоци за тековните судски предмети поврзани со насилство и дискриминација врз жените во текот на наредните две години.

Во процесот на подготовка на прашалниците се вклучија претставници од ранливите групи, граѓански, кривични и прекршочни судии, обвинител, адвокати, како и претставници на партнерските организации вклучени во проектот, Ла Страда и Коалиција за сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници. Набљудувањето на судските предмети ќе го вршат набљудувачи на Коалиција Сите за правично судење.

Основна цел на овој тригодишен проект е подигнување на степенот на правна заштита на жените жртви на дискриминација и насилство во нашата држава. Собирањето на податоците за постапувањето на судиите во овие случаи ќе биде искористено за подготовка на анализа со препораки за унапредување на заштитата која се обезбедува од страна на судството и останатите релевантни институции на ова поле.


ESE in collaboration with more than 70 civil society organizations has submitted OPEN STATEMENT: WHY STRONG, ACCOUNTABLE INSTITUTIONS MATTER BEYOND 2015 to the United Nations

We, the under-signed, believe transparent, accountable and inclusive institutions are vital if we are to end poverty and protect the planet.

We are convinced that a specific goal addressing this urgent call is an essential component of the Post-2015 Development Framework. The reasons are overwhelming.

Millions of citizens around the world, particularly youth, are demanding more open and accountable governance. In a public opinion poll, over seven million people identified “honest and responsive government” as one of their top four development priorities. The Post-2015 Development Framework must respond to this overwhelming call by enabling people, especially those experiencing poverty and marginalization, to participate in governance at all levels.

In order to eradicate poverty and ensure sustainable development, governments, companies and civil society must collaborate to strengthen transparency, participation and accountability. We should promote open societies, a free media and freedom of expression, association and peaceful assembly, legal empowerment and the rule of law. We should also join forces to implement anti-corruption measures that enable effective and inclusive economic, social and political institutions at all levels of society.

Corruption thrives in every corner of the world and in countries of every income level. Developed countries have a particular responsibility to ensure there is no safe-haven for corruption. Given the strong correlation between the rate of bribery and several key development indicators, governance and anti-corruption must be top priorities when new development goals and targets are set in September 2015.

This has already been recognized. In 2013, the United Nations High-Level Panel on the Post-2015 Development Agenda recommended a dedicated goal on good governance. In 2014, the Open Working Group on Sustainable Development Goals called for a goal on effective, accountable and inclusive institutions. We encourage the Secretary-General and members of the UN General Assembly to heed these calls.

In 2030, we want a world where transparent, accountable, effective and inclusive institutions help eradicate poverty and protect our planet for future generations. Now more than ever we must act to enshrine good governance within the sustainable development goals. Please join us.

Read the statement