Национална конференција: Дали и колку граѓаните чувствуваат бенефит од спроведувањето на активните мерки, програми и услуги за вработување?
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените одржа национална конференција „Дали и колку граѓаните чувствуваат бенефит од спроведувањето на активните мерки, програми и услуги за вработување“.
На конференцијата се дискутираше за тоа дали и колку граѓаните чувствуваат бенефит од спроведувањето на активните мерки, програми и услуги за вработување, како и за тоа кои мерки и активности ги или ќе ги преземат владините институции за надминување на пречките со кои се соочуваат граѓаните во пристапот до активните мерки, програми и услуги за вработување.
Преку анализата ги оцени ефектите кои ги имаат средствата потрошени за спроведување на активните мерки, програми и услуги за вработување од страна на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Агенцијата за вработување (АВРМ), врз нивните крајните корисници, со посебен фокус на три програми и услуги, и тоа: Програма за самовработување, Програма за субвенционирано вработување и Услугите за врбаотување. Дополнително, целта на оваа анализа е да го оцени нивото на квалитет, запознаеноста, корисноста и пристапноста до програмите, мерките и услугите за вработување од страна на граѓаните, а во насока на обезбедување на факти кои ќе им послужат при креирирањето на политики за вработување.
Овие три програми и услуги се фокус на оваа анализа поради фактот што во изминатите пет години (2014 – 2018 година) Агенцијата за вработување најголем дел од средствата наменети за спроведување на активните политики за вработување ги издвојува за овие три програми и услуги. Во исто време две од нив (самовработување и субвенционирано вработување), од Меѓународната организација на трудот се оценети како програми кои или делумно или пак воопшто не ги исполнуваат целите за кои се формирани. Во изминатите четири години направена е само една евалуација на влијанието на активните програми и и мерки за вработување преку која е утврдено дека само две од нив (практикантство и обука кај познат работодавач) ги даваат посакуваните ефекти и треба да понатаму да се спроведуваат од Агенцијата; а пак останатите четири не во целост ја исполнуваат целта на нивното постоење и потребно е да се изменат и унапредат (програма за самовработување и обука за напредни ИТ вештни) или треба во целост да се избришат од Оперативниот план за активни програми и мерки за врбаотување и услуги на пазарот на трудот(Пркатиканство кај познат работодавач, програма за субвенционирано вработување преку ослободување од плаќање на придонеси и обуки за дефицитарни занимања). Наодите од оваа евалуација, не се земени во предвид при подготовка на програмите, мерките и услугите за вработување во наредните три години.
Наодите презентирани во анализата кои се однесуваат на буџетското работење на Агенцијата за вработување, се добиени преку анализа на податоците содржани во годишните Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за периодот од 2014 до 2018 година; Годишните извештаи за работењето на Агенцијата за периодот од 2014 до 2017 година и податоците содржани во одговорите добиени од оваа институција во постапка за слободен пристап до информации од јавен карактер кои се однесуваат за периодот од 2014 до 2017 година.
Наодите пак за оценката на квалитетот, запознаеноста, корисноста и пристапноста до мерките, програмите и услугите за вработување се добиени преку спроведување на теренското истражување чија одновна цел е да го прикаже бенефитот кој го почувствувале граѓаните од потрошените средства за спроведување на активните програми, мерки и услуги за вработување, со посебен приказ на: пристапот на невработените граѓани до мерките, програмите и услугите за вработување преку регистрација во евиденцијата на АВРМ; запознаеност на невработените граѓани со мерките, програмите и услугите за вработување; степен на користење на мерките, програмите и услугите за вработување од страна на невработените граѓани; степен на задоволство на невработените граѓани од мерките, програмите и услугите за вработување; степен на корисност на мерките, програмите и услугите за вработување на невработените граѓани; степен на користење, квалитет, информираност и корисност на програмата за самовработување, Македонија вработува и услугите за вработување на невработените граѓани; и на тоа што според граѓаните треба да се унапреди во планирањето и спроведувањето на мерките и програмите за вработување. Преку теренското истражување беа опфатени 826[1] невработени лица, од кои 407 мажи и 419 жени, како и вкупно 56 вработени лица како резултат на користење на активните програми и мерки за вработување од кои 33 мажи и 23 жени.
Клучните наоди што произлегоа од оваа анализа се следните:
1. Наоди за унапредување на процесот на планирање и спроведување на програмите за вработување и буџетот за вработување на АВРМ
– АВРМ, на годишно ниво, прибира во просек 13.6% повеќе приходи од планираниот износ, а пак троши 25.6% помалку од вкупниот износ на остварени приходи.
– Расходите во буџетот на АВРМ се намалуваат во просек за 5% на годишно ниво, а секоја година се оствауваат 10% повеќе приходи.
– Во периодот од 2014 до 2018 година има значителен пораст на средствата кои АВРМ од буџетот на РМ ги префрла на УНДП за спроведување на програмите, мерките и активностите за вработување (во 2014 година од буџетот на РМ на УНДП не било планирано да се префрлат средства, во 2016 година било планирано да се префрлат 49.400.000 денари, во 2017 година 541.247.050 денари, а пак во 2018 година 405.881.283 денари).
– Секоја година Агенцијата има неисплатени обврски, кон извршителите вклучени во реализација на Оперативниот план, во просек од 24.412.370 денари. Па така, во 2018 година износот на неисплатени обврски е за 16% повисок во однос на 2017 година, од кои во просек 46% се неизмирени обврски кон УНДП.
2. Наоди за унапредување на процесот на планирање и спроведување на програмата за самовработување, субвенционирано вработување и услугите за вработување
– Во периодот на 2016 и 2017 година, преку проектот Македонија вработува 1 и 2, Владата на РМ, преку буџетот на Агенцијата за вработување на РМ го оштети буџетот за 1.401.109.591 денари преку ослободување од плаќање на плаќање на придонеси за вработување на 31.019 лица.
– За спроведување на оваа програма во изминатите четири години (во периодот од 2014 до 2017 година), од буџетот на РМ се исплатени 998.710.697 денари или за 7% повеќе од проектираните трошоци за оваа намена, од кои 79% претставуваат средства кои се одлеале од буџетот на државата во буџетот на УНДП и врз кои државата нема никаква контрола.
– Услугите за вработување се слабост на АВРМ, особено во делот на стратешко планирање на видот и обемот на услуги кои ги нуди на своите корисници (секоја година се предвидува идентичен број на невработени граѓани и работодавачи кои ќе бидат потенцијални корисници на услугите и се издвојува ист износ на средства за нивна реализација без да се земат во предвид промените на пазарот на трудот), начинот на нивно обезбедување, евидентирање и нивна евалуација.
3. Наоди за унапредување на квалитетот, запознаеноста, корисноста и пристапноста до мерките, програмите и услугите за вработување
– Повеќе од половина од невработените граѓани опфатени со истражувањето (63%), во сите четири општини, се лица кои се долгорочно невработени, односно не се вработени повеќе од четири години.
– Пристапот до активните мерки, програми и услуги за вработување е значително ограничен за граѓаните на општините Битола, Тетово, Струмица и Св. Николе, заради малиот процент на граѓани (54%) кои се регистрираат во евиденцијата на АВРМ, од кои 50% се жени.
– Повеќе од половина од лицата опфатени со истражувањето, кои се регистрирани во евиденцијата на АВРМ се лица кои се регистрираат на секои 30 дена, заради тоа што се евидентирани како активни баратели на работа. Додека пак, приближно една четвртина од лицата кои се регистрирани во евиденцијата на невработени на АВРМ се соочиле со некаков проблем при регистрација.
– Дури, 74% од регистрираните невработени лица или 71% од бројот на невработени регистрирани жени незнаат дека имаат право на пристап до мерките, програмите и услугите за вработување утврдени со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд.
– Само 4 лица(од вкупно 112 лица), од кои три се жени, од сите четири општини, кои знаат дека имаат право на пристап до мерките, програмите и услугите за вработување, користеле некоја од нив и се потполно задоволни од програма за условен паричен надоместок за субвенционирано вработување на лица во социјалан ризик и сметаат дека истата е потполно корисна.
– Идентификувани се само 56 лица вработени како резултат на користење на мерките, програмите и услугите за вработување во Струмица и Свети Николе.
– Бројот на вработени жени во Свети Николе е за половина понизок од оној во Струмица, иако бројот на вкупно анкетирани жени е приближен.
– Жените најмногу ја користат Програмата за самовработување. Значително помалку ја користат Македонија вработува 2 и останатите мерки за вработување. Најголем број на корисници сметаат дека АВРМ пред се треба да ги информира невработените за мерките и услугите (26 лица), па потоа да работи повеќе со невработените (24 лица), по што треба да воведе нови мерки и/или услуги (23 лица) и на крај да го подобри квалитетот на веќе понудените мерки и услуги (21 лице).
– Евидентно е користење на еден ист вид на услуги и обуки кои ги нуди АВРМ. Во двете општини биле користени само четири од вкупно 11 услуги и обуки кои ги нуди АВРМ. Од друга страна мал е бројот на лица кои ги користат услугите и обуките на АВРМ. Па така, во Свети Николе помалку од една третина од вработените лица (вкупно 30 лица) користеле некоја услуга/обука, а во Струмица една петтина.
Националната конференција е дел од активностите на Здружението ЕСЕ во рамки на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ кој го спроведува во партнерство со Акција Здруженска и четири локални граѓански организации (Организација на жени на Струмица, Младински културен центар од Битола, Граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе, Женски форум од Тетово) со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на ИПА-програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2015.
16 дена активизам – Жртвата има женско лице
Дека за насилството многу се зборува и малку се знае укажуваат секојдневните пресуди од опкружувањето кои се однесуваат на жртвата на семејно насилство, како: „подобро не ни заслужила кога трпи“, „кој и е крив кога не сака да си оди“, па и такви:„Јас не разбирам зошто страдаат“…
Дали воопшто некогаш сте пробале да ги разберете? Дали сте се прашале како им е секој ден да го поминуваат во страв молејќи се да ја преживеат ноќта? Дали некогаш ќе престанете да осудувате за туѓата болка?! Зарем детството нè учи дека насилството е нормално?!
Знаете ли дека во период од 8 години убиени се 70 жени во земјава, 51 од нив се жртви на фемицит, а 80% од истите се убиени од својот парнер?!
Која е цената на животот? Овие девојки и жени животот го живеат во страв. Страв за сопствениот живот, страв за животот на нивните деца, нивните блиски. Страв од тоа што нема каде да отидат и кому да се обратат. Страв од вашата осуда. Знаете ли како е кога некој ви го загрозва вашиот телесен интегритет, душевното здравје и спокојството?
Но и покрај се храбри, во нивното трошно тело се собрала сета сила на светот. Сила да прават „пируети“ низ домот за да не се повтори насилството. Сила секојдневно да се потчинуваат за агонијата да престане.
Зошто ова го пишувам и зошто сакам да биде прочитано? Затоа што наша обврска не е да судиме, туку да ги разбереме, да ги заштитиме жртвите и да им помогнеме да си изградат побезбедна иднина, да ги повикаме извршителите на одговорност на начин што ќе го измени нивното однесување, и да работиме пред сè на тоа да спречиме семејното насилство воопшто да се случи.
Затоа алармираме да одбереме крај, крај за секоја една. Доста е од удари.
Едукативна работилница за спроведување на мерките и програмите за вработување на АВРМ во с. Шипковица, Тетово
Граѓаните од с. Шипковица ги разгледаа можностите кои ги нудат програмата за самовработување, програмата за субвенционирано вработување и услугите кои ги нуди АВРМ.
Едукативна работилница за активни мерки и програми за вработување на АВРМ на 26.11.2018 ја оддржаа здружението Женски Форум и подрачната единица на АВРМ во Тетово.
Преку истата граѓаните на с. Шипковица се информираа за нивните права кои произлегуваат од Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување на АВРМ.
Едукативни работилници за запознавање со активните мерки и програми за вработување на граѓаните во Свети Николе
Граѓанска иницијатива на жените на Свети Николе, во рамки на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост” поддржан од Европската Унија, одржа едукативни работилници (04 и 07.12.2018) и валидации (09 и 12.12.2018) со невработените жени од општината.
Работилниците се дел од активностите за мониторинг и оценување на ефикасноста, ефективноста, квалитетот и задоволството од спроведувањето на активните мерки и програми за вработување на АВРМ.
Преку истите граѓаните беа информирани за нивните права кои произлегуваат од оперативните планови од агенцијата за вработување и детално им беа образложени можностите за секоја од активните мерки, програми и услуги за вработување.
Дали и колку ги користат активните мерки и програми за вработување граѓаните на општина Струмица?
Организацијата на жени од Струмица, во рамки на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост” поддржан од Европската Унија, оддржа две едукативни обуки (03.12.2018 и 05.12.2018) и валидација (05.11.2018) со невработени жени од општина Струмица. Истите се дел од активностите за мониторинг и оценување на ефикасноста, ефективноста, квалитетот и задоволството од спроведувањето на активните мерки и програми за вработување на АВРМ.
На обуките граѓаните беа информирани за нивните права кои произлегуваат од оперативните планови од агенцијата за вработување и детално им беа образложени можностите за секоја од активните мерки, програми и услуги за вработување.
Едукативните обуки се дел од активностите за мониторинг и оценување на ефикасноста, ефективноста, квалитетот и задоволството од спроведувањето на активните мерки и програми за вработување на АВРМ.
Дали и колку се запознаени граѓаните на општина Битола со активните мерки и програми за вработување на АВРМ?
Организацијата на жени од Битола-МКЦ во рамки на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост” поддржан од Европската Унија, оддржа две едукативни обуки (19.11.2018) и валидација (08.11.2018) со невработени жени од општината. Истите се дел од активностите за мониторинг и оценување на ефикасноста, ефективноста, квалитетот и задоволството од спроведувањето на активните мерки и програми за вработување на АВРМ.
На обуките граѓаните беа информирани за нивните права кои произлегуваат од оперативните планови од агенцијата за вработување и детално им беа образложени можностите за секоја од активните мерки, програми и услуги за вработување.
Едукативните обуки се дел од активностите за мониторинг и оценување на ефикасноста, ефективноста, квалитетот и задоволството од спроведувањето на активните мерки и програми за вработување на АВРМ.
Јавна дебата: Дали и колку ги користат активните мерки и програми за вработување граѓаните на Свети Николе?
Граѓанска иницијатива на жените на Свети Николе на 02.12.2018, во рамки на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост” поддржан од Европската Унија, одржа јавна дебата со лица вработени како резултат на активните мерки и програми за вработување од општина Свети Николе.
На дебатата беа презентирани и дискутирани наодите од оценката на спроведувањето на активните мерки, програми и услуги за вработување. Имаше претставници од локалните јавни институции одговорни за планирање и спроведување на активните, мерки, програми и услуги за вработување, локални граѓански организации и граѓани.
Истата е дел од активностите за мониторинг и оценување на ефикасноста, ефективноста, квалитетот и задоволството од спроведувањето на активните мерки и програми за вработување на АВРМ.
Европска конференција за јавно здравје 2018
Координаторот на Програмата за јавно здравје и здравје на жените учествуваше на 11-та Европска конференција за јавно здравје, која се одржа во периодот од 28 ноември до 01 декември 2018 година во Љубљана, Словенија. Во рамки на конференцијата, координаторот имаше презентација насловена Пристапи базирани во заедницата со цел унапредување на здравјето на Ромите во Р. Македонија. Во рамки на презентацијата беа образложени методологиите кои ги спроведуваат ЕСЕ и партнерските ромски организации, односно методологиите на социјална отчетност и правно зајакнување. При тоа особен акцент беше ставен на корисност од овие методологии во процесот на вклучување на ромската заедница во процесите на мониторинг на здравствените политики, остварувањето на нивните права од областа на здравствената и социјалната заштита, како и на нивното активно вклучување во процесот на застапување за унапредување на пристапот до здравствените услуги.
Секој граѓанин има право на вработување и пристап до пазарот на трудот
МКЦ – Битола во рамките на иницијативата „Активни заедници за социјални промени” користејќи ја методологијата за социјална отчетност направи мониторинг и оценка од заедницата на планирањето и имплементацијата на три селектирани активни мерки за вработување (Самовработување, Македонија вработува – субвенционирано вработување и Услуги за вработување на АВРМ) за 2017 и 2018 година.
Согласно меѓународните и националните стандарди со кои се уредува полето на вработување, секој граѓанин има право на вработување и на пристап до пазарот на трудот. Правото на вработување на секој граѓанин го гарантира државата во која тој живее преку спроведување на активности и воведување на политики и мерки што ќе им овозможат на сите граѓани да имаат пристап до пазарот на трудот и да бидат вработени, особено на граѓаните од маргинализираните заедници.
На панел дискусија освен презентирањето на резултатите од мониторингот се дискутираше и на темата „Политики и иновација: Младите на пазарот на трудот“ преку која учесниците се запознаа со претстојните политики за вработување, со посебен акцент на младинската гаранција, а беа отворени и други значајни теми како важноста на средното стручно образование, практичната работа, претприемништвото и социјалните иновации.
На настанот учествуваа 33 претставници на граѓански организации со искуство и интерес за работа во полето на младинската невработеност, креатори и спроведувачи на политики за вработување на национално и локално ниво, образовни институции и бизнис сектор.
Едукативна работилница за спроведување на мерките и програмите за вработување на АВРМ во општина Тетово
Граѓаните од општина Тетово ги разгледаа можностите кои ги нудат програмата за самовработување, програмата за субвенционирано вработување и услугите кои ги нуди АВРМ.
Преку овие едукативни работилници граѓаните на општина Тетово се информираа за нивните права кои произлегуваат од Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување на АВРМ.
Обуките се реализираат во соработка со подрачната единица на Агенцијата за вработување на РМ во Тетово и истите се дел од проектот „Социјална отчетност“ поддржан од Европската Унија и преку неговата имплементација Здружението ЕСЕ и „Акција Здруженска“ спроведуваат низа на активности во насока на оценување на начинот на имплементација на политиките и мерките за вработување во РМ.
Граѓаните на општина Тетово и с. Шипковица дискутираа и ги оценуваа активните мерки и програми за вработување, како и услугите за вработување кои ги нуди АВРМ
Оваа дискусија е дел од активностите за мониторинг на ефикасноста, ефективноста, квалитетот и задоволството од спроведувањето на активните мерки и програми за вработување на АВРМ.
Проектот е поддржан од Европската Унија и преку неговата имплментација Здружението ЕСЕ и „Акција Здруженска“ спроведоа низа на активности во насока на оценување на начинот на имплементација на политиките и мерките за вработување во РМ.
Соопштениe за медиуми – Граѓанскиот сектор пред Комитетот на Обединети нации задолжен за следење на имплементацијата на Конвенцијата на Елиминација за сите форми на дискриминација кон жените
Женева, 30 октомври 2018
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ
Жените, сексуалните и родовите малцинства во Македонија се дискриминирани во сите сфери на живеење и нивните права не се почитуваат
Жените, сексуалните и родовите малцинства во Македонија се дискриминирани во сите сфери на живеење и нивните права не се почитуваат. Ова е главната порака која македонските невладини организации ја изјавија во Женева пред Комитетот на Обединети нации задолжен за следење на имплементацијата на Конвенцијата на Елиминација за сите форми на дискриминација кон жените од страна на Република Македонија.
Претставничките од невладините организации во Македонија, изјавија пред Комитетот, дека во периодот од 2008 до 2016 година, 70 жени се убиени во земјава, од кои што 51 е жртва на фемицид односно е убиена само затоа што е жена. А, 80% од нив, се убиени од интимен партнер. Тие потенцираа дека државата потфрли да обезбеди заштита на жртвите на родово базирано насилство.
Загрижува високата застапеност на семејното насилство во државата и отсуството на соодветна реакција од страна на надлежните институции. Државата не алоцира доволно финансиски средства за превенирање на насилството и не обезбедува ефективна правна заштита за жените кои претрпеле семејно насилство. Постои недостаток на размена на информации и несоодветна координација помеѓу релевантните институции во случаите на семејно насилство, особено во итни случаи, кога станува збор за изрекување, следење и спроведување на привремените мерки на заштита. За кривичните дела кои се сторени како резултат на семејно насилство најчесто се изрекуваат условни осуди кои не соодветствуваат со тежината на делото и отежнителните околности во кои се случило насилството.
Пристапот до здравствена заштита и услуги за жените останува ограничен, особено пристапот до безбеден и законски абортус и контрацепција. Позицијата на жените на пазарот на трудот е повеќе од алармантна. „Во Македонија 65% од неактивната популација на пазарот на труд се жени што во најголема мера се должи на неплатената домашна работа на жените. Особено загрижувачка е состојбата со текстилните работнички кои се соочуваат со континиурано прекршување на нивните работнички права и погазување на достоинството“ – истакнаа невладините организации.
Пред Комитетот исто така имаше претставничка од организацијата на сексуални работнички која истакна дека 68% од нив преживуваат насилство заради нивната работа и се соочуваат со ограничен пристап до здравство, социјални услуги и правна заштита. По заминувањето на Глобалниот Фонд од Македонија и преземањето на финансирањето на програмите за превенција од ХИВ помеѓу сексуалните работници, државата нè обезбедува средства за правна помош на сексуалните работници и бесплатни гинеколошки услуги, што влијае врз нивното сексуално и репродуктивно здравје и права.
Лезбејките, бисексуалките и трансродовите (ЛБТ) луѓе сè уште се на маргините во нашето општество. Претставниците изјавија: „Државата потфрли во истрагата на кривичните делата од омраза и говорот на омраза насочени кон ЛБТ луѓето и тоа придонесе за зголемување на насилството. ЛБТ луѓето во Македонија немаат доверба во институциите и многу ретко го пријавуваат насилство или дискриминација, а тие кои пријавиле биле дополнително дискриминирани од страна на службениците.“ Исто така беше потенцирано дека младите ЛБТ луѓе секојдневно преживуваат врсничко насилство заради нивната сексуална ориентација или родов идентитет.
Ромките се соочени со повеќекратна дискриминација, и како жени и како Ромки, со ограничен пристап до правата загарантирани со Конвенцијата. Загрижува фактот дека сè уште има Ромки незапишани во матична книга на родени, без регулиран граѓански статус и престој, кои не поседуваат важечка лична документација. „Особено сме засегнати од ограничениот пристап до образование, вработување и самовработување, адекватно домување и квалитетна здравствена заштита, посебно во делот на репродуктивно здравје.“– изјавија претставничките присутни на сесијата на Комитетот.
Жените од руралните средини се невидливи и заборавени од страна на државата. Социјалната исклученост, невработеноста, родовата дискриминација, нееднаквата распределба на ресурси, доминација на традиционалните норми, неостварување на правото за сопственост на земјоделски имот и породилно отсуство, ограничен пристап до едукација, информација, здравствени и социјални услуги, беше истакнато пред Комитетот.
~~~
Комитетот за елиминација на дискриминацијата врз жените на Обединетите нации се состанува на секои 4 години каде што се разгледува имплементација на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација кон жените. Конвенцијата е ратификувана од Република Македонија во 1994 година. Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените е усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации во 1979 година. Често опишувана како меѓународен закон за правата на жените, оваа Конвенција го дефинира значењето на дискриминацијата врз жените и утврдува правни обврски за земјите членки да стават крај на таа дискриминација.
Невладините организации се обратија со изјави пред Комитетот во понеделникот, 29 октомври, а претставниците од Владата на Република Македонија ќе се обратат во четврток, 1 ноември, на сесијата за преглед на спроведувањето на Конвенцијата од страна на Република Македонија со почеток од 10 часот. Целата Сесија може да се следи во живо на webtv.un.org
~~~
Невладини организации: Коалиција Маргини, ХОПС, СТАР-СТАР, Здружение ЕСЕ, Акција Здруженска,Отворена порта Македонија, Европски центар за права на Ромите, Хелсиншки комитет за човекови права во Република Македонија – ЛГБТИ Центар за поддршка, Здружение ХЕРА, Здружение Реактор – Истражување во акција, Иницијатива на Ромки од Шуто Оризари, Центар за интеграција – Амбрела, Центар за развој на демократија и иницијативи – ЦДРИМ, Центар за социјални иницијативи Надеж, Здружение Сумнал, Национална федерација на фармери, Национален ромски центар, Мрежа за застапување на Роми.
Четврта обука за параправници
Здружението ЕСЕ одржа тродневна обука за параправници, со цел континуирано јакнење на капацитетите, односно зајакнување на знаењето и вештините на параправниците кои обезбедуваат помош и поддршка на ранливи групи на граѓани, како што се Ромите, текстилните работнички, сексуалните работнички, корисници на дроги и др.
Теми на дискусија се: Извори на правото и системот на државно уредување; Семејно и наследно право; Постапување со полиција, ОЈО и кривичен суд; Семејно насилство, феноменологија и законска рамка. Станува збор за четвртата последователна обука која се организира на наведените теми, со цел совладување на знаењето од страна на параправниците. Од методолошки аспект обуката вклучи предавања од страна на обучувачите, како и пополнување на прашалници за проверка на знаењето од страна на присутните претставници на граѓанските организации.
На обуката учествуваа претставници од граѓанските организации: ИРИЗ; Романо Чачипе; КХАМ; Гласен текстилец; Хелсиншки Комитет; ХЕРА и ХОПС.
Истата е дел од активностите кои Здружението ЕСЕ ги имплементира во рамките на Проектот „Заедничка рамка за правно описменување и зајакнување“ финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Трет ден: Обука за социјална отчетност и правно застапување
На третиот ден од регионалната обука на учесниците им беа презентиран процесот на спојување на методите за работа на социјалната отчетност и правното зајакнување со цел соодветно препознавање и адресирање на проблемите на ромската заедница.
Дополнително се отвори дебата на кој начин да се решат проблемите на Ромската заедница и како да се имплементираат методологиите за социјална отчетност и правно застапување во иднина, со цел да се постигнат позитивни промени и подобрување на пристапот до здравствена заштита и степенот на користење на здравствените права на Ромите во регионот.
Исто така беше дискутирано по однос на можностите за заедничко делување и вмрежување на граѓанските организации од регионот кои работат на полето на унапредување на здравјето на Ромите.
Втор ден: Обука за социјална отчетност и правно застапување
Зошто е потребно граѓаните да се вклучени во планирањето, спроведувањето и евалуацијата на законската регулатива и буџетот? Како се трошат народните пари? И дали сите граѓани имаат еднаков пристап до здравствените услуги?
На вториот ден од регионалната обука се дискутираше за горенаведените прашања и се отвори темата како да се превземат акции и стратегии за да се минимизира дискриминацијата на Ромите во здравствениот сектор и за правно зајакнување на оваа ранлива група како на локално, така и на национално ниво.
На учесниците им беа дадени примери како граѓанските организации кои работат во ромските заедници, како и самите Ромски заедници можат да имаат бенефит од вклучување во буџетскиот процес и буџетското застапување. Дополнително се разговараше за проблемите со кои се соочуваат преставниците/организациите и на кој начин да се решат истите со цел да се постигнат позитивни промени и подобрување на пристапот до здравствена заштита и степенот на користење на здравствените права на Ромите во регионот.
Конкретно, во Македонија, граѓаните не се информирани како правилно да ги читаат буџетските документи, и не се осмелуваат да бараат одговорност трошењето на буџетските средства од страна на институциите. ЕСЕ ги презентираше главните чекори за процесот на мониторинг и анализа на буџети и буџетско застапување. И тоа: Идентификување на проблемот; истражувањa и анализи; засегнатите страни и целни групи; планирање; превземање акција и мониторинг; евалуација и едукација.
Се со цел да можеме да влијаеме врз Владата за спроведување на еднакво респределување на буџетот во текот на целата година и еднакво остварување на правото на здравје, мора постојано да се следи работата на институциите, да се следи трошењето на јавните пари и да се реагира за одговорност доколку истите не работат во интерес на граѓаните и доколку средствата не се трошат во насока на остварување на правата на граѓаните.
Обука за социјална отчетност и правно зајакнување
Здружението ЕСЕ одржува обука за социјална отчетност и правно зајакнување. Цел на обуката е унапредување на правата на здравје и пристап на здравствена заштита на Ромите во регионот.
На обуката присуствуваат претставници од пет земји: Македонија, Словачка, Унгарија, Бугарија и Романија, кои преку размена на искуства за социјална отчетност и правно зајакнување ќе придонесат за подобрување на правата на оваа маргинализирана група на национално ниво.
Обуката ќе трае три дена и истата е поддржана од Фондациите отворено општество и Фондацијата отворено општество Македонија.
ЕСЕ е дел од работилницата „Развивање на бизнис план за економски активности/социјално претприемништво“
Претставници на ЕСЕ се дел од работилницата за социјалното претприемништо и бизнис планирање.
На работилницата се дискутираше за моделите на социјалното претприемништво, бизнис идеи и можностите за економско јакнење и работно ангажирање на жените кои претрпеле семејно насилство, кориснички на услугите на Центарот за правна помош и психолошко советувалиште на ЕСЕ.
Обуката ја одржа Бранко Докузовски од Здружението ХОРУС во просториите на ЕСЕ.
Работилницата се организира во насока на развивање на бизнис план за вработување на ранливите категории и унапредување на социјалното претприемништво за отварање на социјални претпријатија.
ЕСЕ едуцира за подобрување на постапувањата на институциите во случаи на семејно насилство
Во тек е спроведувањето на обуката за ,,Јакнење на капацитетите на надлежните институции за обезбедување на ефективна заштита на жртвите на родово засновано насилство и семејно насилство, согласно Истанбулската Конвенција”, од страна на претставници на ЕСЕ.
Цел на обуката е едукација за правната заштита, превенција и справување со насилството врз жените, , со посебен фокус за подобрување на постапувањето на институциите во случаи на семејно насилство.
Истата е дел од проектот ,,Жените имаат права” на Хелсиншки Комитет за човекови права и е втора од вкупно три предвидени во рамките на проектот. Истата беше одржана во Велес, а следната ќе биде во Гостивар.
Фокус група со невработени жени од општина Струмица во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”
На 28 септември 2018 година партнерската организација Организацијата на жени од Струмица, во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” поддржан од Европската Унија, одржа фокус група со невработени жени од општина Струмица. Фокус групата е дел од активностите за мониторинг и оценување на ефикасноста, ефективноста, квалитетот и задоволството од спроведувањето на активните мерки и програми за вработување на АВРМ.
За содржината на оваа објава целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија.
Фокус група со лица вработени како резултат на активните мерки и програми за вработување од општина Струмица во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”
На 28 септември 2018 година партнерската организација Организацијата на жени од Струмица, во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” поддржан од Европската Унија, одржа фокус група со лица вработени како резултат на активните мерки и програми за вработување од општина Струмица. Фокус групата е дел од активностите за мониторинг и оценување на ефикасноста, ефективноста, квалитетот и задоволството од спроведувањето на активните мерки и програми за вработување на АВРМ.
За содржината на оваа објава целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија.
Фокус група со лица вработени како резултат на активните мерки и програми за вработување од општина Свети Николе во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”
На 25 септември 2018 година партнерската организација Граѓанска иницијатива на жените на Св. Николе, во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” поддржан од Европската Унија, одржа фокус група со лица вработени како резултат на активните мерки и програми за вработување од општина Св. Николе. Фокус групата е дел од активностите за мониторинг и оценување на ефикасноста, ефективноста, квалитетот и задоволството од спроведувањето на активните мерки и програми за вработување на АВРМ.
За содржината на оваа објава целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија.
Фокус група со невработени жени од општина Свети Николе во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”
На 24 септември 2018 година партнерската организација Граѓанска иницијатива на жените на Св. Николе, во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” поддржан од Европската Унија, одржа фокус група со невработени жени од општина Св. Николе. Фокус групата е дел од активностите за мониторинг и оценување на ефикасноста, ефективноста, квалитетот и задоволството од спроведувањето на активните мерки и програми за вработување на АВРМ.
За содржината на оваа објава целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија.
Фокус група со невработени жени од општина Битола во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”
На 19 септември 2018 година партнерската организација МКЦ од Битола, во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” поддржан од Европската Унија, одржа фокус група со невработени жени од општина Битола. Фокус групата е дел од активностите за мониторинг и оценување на ефикасноста, ефективноста, квалитетот и задоволството од спроведувањето на активните мерки и програми за вработување на АВРМ.
За содржината на оваа објава целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија.
Фокус група со невработени жени од општина Тетово и с. Шипковица во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”
На 18 септември 2018 година партнерската организација Женски Форум – Тетово, во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” поддржан од Европската Унија, одржа фокус група со невработени жени од општина Тетово и с. Шипковица. Фокус групата е дел од активностите за мониторинг и оценување на ефикасноста, ефективноста, квалитетот и задоволството од спроведувањето на активните мерки и програми за вработување на АВРМ.
За содржината на оваа објава целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија.
Почеток на граѓанската кампања „Зачекори напред! Изборот е твој“
Скопје, 10.09.2018 година
Почеток на граѓанската кампања
„Зачекори напред! Изборот е твој“
Граѓанската иницијатива „Зачекори напред“, започнува информативна кампања преку која, во наредните три недели, на граѓаните ќе им овозможи подобар пристап до релевантни информации поврзани со придобивките и предизвиците од зачленувањето во Европската Унија и НАТО.
Под слоганот „Зачекори напред! Изборот е твој“, граѓанските организации носители на иницијативата, преку серија јавни и медиумски активности, ќе се обидат на граѓаните, да им ја доближат Европската Унија и нејзините политики, како и да одговорат на бројните прашања поврзани со тоа што треба да направи Македонија на патот кон ЕУ и НАТО и што ќе добие со евроатланската интеграција.
Кампањата ќе се одвива на национално ниво и ќе содржи различни аудио-визуелни материјали (ТВ спотови, анимации, фото факти и др.) кои ќе се објавуваат на телевизиите, радио станиците, социјалните мрежи, а ќе бидат поставени и билборди. Истовремено ќе се организираат низа медиумски и јавни дебати, директни средби со граѓаните, промоции на книги и др.
Во рамки на кампањата ќе бидат објавени и две изданија на весникот „ЕУрека“, кој ќе биде бесплатен и ќе биде достапен на најфреквентните места низ државава. Редакцијата на весникот ја сочинуваат познати новинарски имиња (Сашо Кокаланов, Ида Протуѓер, Среќко Поповски, Владимир Мирчески, Горан Наумовски и Јован Постолоски). Првиот број на „ЕУрека“ е објавен денеска, а вториот број ќе биде објавен после 22 септември. Весникот има македонска и албанска верзија, со вкупен тираж од 55.000 примероци. Електронската верзија на „ЕУрека“, како и сите информации и материјали поврзани со кампањата се достапни на интернет страницата: www.zacekorinapred.mk.
Носители на граѓанската иницијатива се: Фондација Отворено општество – Македонија, Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Младински образовен форум (МОФ), Цивил – Центар за слобода, ЕСЕ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, Рурална коалиција, Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА и Центар за современи уметности.
Лице за контакт: Ана Андреева, ana.andreeva@fosm.mk
СООПШТЕНИЕ – Почеток на граѓанската кампања „Зачекори напред! Изборот е твој“
The first national training held for organisations in Bosnia Herzegovina
Sarajevo, 08.09.2018
Just after the Training for national consultancy teams, Grand hotel in Sarajevo hosted the Training for civil society organisations in Bosnia Herzegovina. This was the first of three national trainings for civil society organisations as part of the Budget Advocacy and Monitoring in countries of South East Europe project.
The training included general information and practical steps in the advocacy process: identifying the issue and causes of the problem, research and budget analysis, stakeholders and advocacy targets, influencing budgets at national and municipal levels, mapping budget information and documents, planning, taking actions, monitoring, anti-corruption, reviewing, evaluation and learning.
Participants will come from organisations working in both entities of the country – The Federation of Bosnia Herzegovina and Republic of Srpska: Margina from Tuzla and Zenica, Viktorija from Banja Luka, Proi, Partnership for Health and Asocijacija XY from Sarajevo.
The training will be delivered by Darko Antikj from ESE and Vlatko Dekov from HOPS who have developed the model and successfully implemented it in Macedonia.
The training resulted in producing a national plan of action to be implemented by the end of 2019. It includes creating a platform of NGOs for sustainability of harm reduction services, ensuring political support, creation of a budget line in the health budget of the entities of the country, establishing a social contracting mechanism and agreeing on criteria and standards for the services.
http://www.dpnsee.org/the-first-national-training-held-for-organisations-in-bosnia-herzegovina/
Training for national consultancy teams
Sarajevo, 05.09.2018
The training for national consultancy teams was organised from 3 to 5 September 2018 in Sarajevo, Bosnia Herzegovina. It was the first in a serial of training opportunities offered by the Budget Advocacy and Monitoring in countries of South East Europe project.
The aim of the training is to gain mutual understanding of the project, the budget advocacy and monitoring model and role of the consultancy teams in implementing the national plans of actions. 15 participants came from the three involved countries.
The training will be delivered by Darko Antikj from ESE and Vlatko Dekov from HOPS who have developed the model and successfully implemented it in Macedonia.
The agenda included issues of:
- Introduction to Budget cycle on national and local level
- Budget research and analysis
- Stakeholders and advocacy models
- Planning and implementation of the budget advocacy process and
- Country group work on national budget advocacy plan
The training have helped to clarify various issues related to the topic and the way the project will be implemented and agree on basis for designing the national plans. Also, it was specific team building exercise for the national consultancy teams.
http://www.dpnsee.org/training-for-national-consultancy-teams/
ЕСЕ е дел од работилницата насловена како “Innovative Financing for Global Health, Preparing Communities for Engagement in the Response”
Во периодот од 21 до 22 јуни 2018 година двајца претставници на ЕСЕ беа дел од работилницата за иновативно финансирање на здравствениот сектор на глобално ниво. Работилницата се одржа во Бангкок, Тајланд во организација на Civil Society Sustainability Network, APCASO и Global Network of People Living with HIV, а на истата присуствуваа повеќе од 20 претставници на граѓански и меѓународни организации.
За време на работилницата беше дискутирано на повеќе теми од оваа област, меѓу кои: методи на иновативно финансирање, одржливо финансирање за обезбедување на универзална покриеност со здравствена заштита, развојна помош, такси за финансиски трансакции, социјално партнерство на јавни здравствени установи и граѓански организации, обврзници со социјален и развоен импакт итн.
Недела на граѓански организации: Пристап до правда за жени кои претрпеле семејно насилство
На ден 20ти јуни во Скопје, Здружението ЕСЕ организираше панел дискусија на тема “Пристап до правда за жени кои претрпеле од семејно насилство” како дел од „Неделата на граѓанските организации“ која се организира во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
На средбата присуствуваа претставници од ЈУ МЦСР, МВР, судии како и претставници на голем број граѓански организации. Оваа панел дискусија се организираше со цел дискутирање на постоечките проблеми во системот на правна заштита од семејно насилство, како и утврдување на препораки за нивно надминување и унапредување на постапувањето на судовите и останатите институции вклучени во обезбедувањето на помош и заштита на жените кои претрпеле семејно насилство. За таа цел, за време на настанот беа детално елаборирани и дискутирани главните проблеми со кои се соочуваат институциите, како и главните пречки кои ги оневозможуваат жртвите да добијат ефектива правна заштита од семејно насилство, при што беа предложени и соодветни решенија за подобрување на сегашната ситуација.
На присутните им се обратија Стојан Михов, судија кривичар во пензија, Зора Треневска, судија од Апелационен суд во пензија, Радмила Карановиќ, судија од Основен суд Скопје 2 и Наташа Бошкова, адвокат од Центарот за правна помош на ЕСЕ. Од страна на ЕСЕ беа презентирани и наодите од спроведеното судско набљудување за периодот од март до мај 2018 година.
Во рамките на отворената дискусија, активно се вклучија повеќе учесници од ЈУ МЦСР, МВР и граѓанските организациии и дадоа конструктивни предлози за надминување на проблемите. Генерален е заклучокот дека за систематска и долгорочна превенција и заштита на жените кои претрпеле семејното насилство неопходна е соработката и координацијата помеѓу сите засегнати чинители на ова поле.
Трета редовна средба на организациите вклучени во реализација на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”
На 18 мај 2018 година се одржа третата редовна средба на организациите вклучени во реализација на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”. Средбата се одржа во просториите на ЕСЕ, а на истата присуствуваа претставници на Здружението ЕСЕ, Акција Здруженска, Младински Културен Центар – Битола, Женски Форум – Тетово, Организација на жени на градот Струмица и ГИЖ Св. Николе. На средбата организациите дискутираа по однос начинот на внесување на податоците прибрани преку анкетните прашалници спроведени во домаќинствата во развиената електронска база за внесување и обработка на податоци.
Обука за социјална отчетност за граѓански организации од Бугарија и Романија
Координаторот на Програмата за јавно здравје и здравје на жените учествуваше во спроведување на обука за методологиите за социјална отчетност за две граѓански организации од Бугарија и од Романија кои работат на полето на унапредување на здравјето на Ромите. На обуката учествуваа претставници од граѓанската организација „Thirst for life” од Сливен, Бугарија и од организацијата “O del Amenca” од Фетешти, Романија. На обуката на претставниците од граѓанските организации им беше презентиран методолошкиот пристап на работа на полето на социјална отчетност, како и методологиите кои се дел од овој концепт, како што се мониторинг во заедницата, социјална ревизија и мониторинг и анализа на буџети. Исто така на граѓанските организации им беа пренесени искуства од работата на ЕСЕ и партнерските ромски организации во Македонија. Двете граѓански организации во наредната година ќе работата на полето на унапредување на здравјето и пристапот до здравствената заштита на Ромите во општините каде што делуваат преку примена на методологиите на социјална отчетност и правно зајакнување. Работата на организациите и спроведувањето на обуката е финансиски поддржано од Фондациите Отворено општество. Обуката беше спроведена во периодот од 11 до 12 јуни 2018 година во Сливен, Р. Бугарија.
Учество на студиска посета за социјално претприемништво во Познан, Полска
Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, во периодот од 22ри до 27ми април се организираше студиска посета за социјално претприемништво во Понзан, Полска, на која присуствуваа претставници од дел од граѓанските организации кои се поддржани во рамките на овој проект. Здружение ЕСЕ со својот претставник Стојан Мишев учествуваше на студиската посета која беше организирана од страна на Фондација Отворено Општество Македонија – ФООМ и Фондацијата Барка од Полска. Целта поради која се организираше оваа студиска посета е да се истражат можностите за поголемо вклучување на ранливите групи на граѓани од нашата држава во економски активности кои ќе придонесат за нивно зајакнување и осамостојување.
За време на посетата претставниците на граѓанските организации имаа можност да се запознаат со моделот на социјална економија кој се имплементира во Полска, како и да ги посетат релевантните институции, граѓански организации и социјални претпријатија кои се вклучени во системот на социјална претприемништво. Учесниците беа запознаени со законската регулираност на социјалната економија во Полска, но и со практичното имплементирање на овој модел од страна на сите надлежни чинители. Притоа, позитивно беше оценета улогата на сите институции кои се вклучени во системот на социјално прептриемништво, како што се центрите за социјална работа, Центрите за професионална и социјална интеграција, социјалните претпријатија, општините и др.
Претставниците од Македонија имаа можност да посетат разни социјални претпријатија кои беа организирани од страна на ранливите групи на граѓани во различни видови на економски активности: изработка на светилки за градина, оддржување на паркови и зеленило, оддржување на јавни патишта, подготовка на храна и кетеринг, изнајмување на коли, раководење со детска градинка итн.
Прва работна средба за подготовка на правила за постапување на судиите во предметите за семејно насилство
На ден 17ти мај во Скопје се организираше првата работна средба за подготовка на правила за постапување на судиите во граѓанските судски постапки за изрекување на привремени мерки за заштита (ПМЗ) од семејно насилство. Во процесот учествуваат претставници на Здружение ЕСЕ, граѓански судии од основните судови во Скопје, Тетово и Радовиш, како и поранешен судија од Апелационен суд Скопје. За време на првата средба детално беа дискутирани утврдените недостатоци во судските постапки од ваков вид, односно проблемите со кои се соочуваат жртвите при иницирањето на постапката во судот и решенијата за надминување на овие проблеми. Во периодот кој следи ќе бидат организирани уште две работни средби, по што подготвените правила за постапување ќе бидат предмет на пошироко разгледување и усвојување во рамките на основните судови.
Оваа активност е дел од проектот „Пат до правда за жени кои претрпеле семејно насилство“ кој Здружение ЕСЕ го спроведува со финансиска поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Обука за аниматори и фацилитатори од Ромската заедница кои ќе работат на интегрираниот пристап (Социјална отчетност и Правно зајакнување)
Во периодот од 10 до 13 април беше спроведена обука за аниматори и фацилитатори од ромската заедница кои ќе работат на интегрираниот пристап (социјална отчетност и правно зајакнување) со цел унапредување на здравјето и пристапот до здравствена заштита за ромското население од општината Шуто Оризари. Учесници на обуката беа претставници на неформална група на граѓански активисти од општината Шуто Оризари. На обуката беа опфатени следните теми: Здравје и право на здравје, Здравствен систем и финансирање на здравствениот систем, Здравје и здравствена заштита на мајките и децата, Женско и репродуктивно здравје и здравствена заштита поврзана со истото, Права од здравственото осигурување, Заштита на здравствените права и Остварување на право за пристап до информации од јавен карактер. Дополнително на учесниците им беа презентирани методологиите на социјална отчетност, вклучувајќи ги мониторингот во заедницата, мониторинг на буџети и социјалната ревизија, како и методологијата на правно зајакнување, односно обезбедување на параправна помош. По спроведената обука претставниците од неформалната група на граѓански активисти ќе започнат со работа во ромските населби во Шуто Оризари, применувајќи ги методологиите на социјална отчетност и правно зајакнување, со цел унапредување на пристапот до здравствените услуги за Ромите, со посебен фокус на жените, мајките и децата од ромските заедници.
Работилница за јакнење на капацитетите на ЕСЕ на полето на родово буџетирање
Во текот на март, 2018 година беше одржана работилница за родово буџетирање на која учествуваше персоналот на ЕСЕ Работилницата беше фацилитирана од страна на меѓународниот експерт Debbie Budlender се одржа во Кејптаун, Јужно Африканска Република.
На работилницата беа дефинирани целите и приодите за застапување и натамошните чекори на четирите полиња на кои работи ЕСЕ во областа на родово буџетирање: неплатена нега на тешко болни лица; бесплатна правна помош на жените жртви на семејно насилство; мониторинг и анализа на спроведувањето на кредитната линија одобрена од Банката за Развој на Советот на европа; и мониторинг и анализа на постапките за јавни набавки водени во РМ за период 2016 – 2017 година.
Трета обука за параправници 11-13 мај, 2018 год.
Во периодот 11-13 мај, 2018 година Здружението ЕСЕ ја спроведе третата обука за папаравниците кои обезбедуваат помош и поддршка на сиромашните и маргинализирани, односно на Ромското население, сексуалните работнички и текстилните работници. Вкупно, 30 папраправници од шест граѓански организации кои обезбедуваат ваков вид на помош и поддршка присуствуваа на обуката. Обуката преставува една од низата обуки кои во изминатите години се спроведуваат со цел унапредување на степенот на познавања и вештини со цел обезбедување навремена и соодветна помош и поддршка на оние на кои им е потребна. На оваа обука поспецифично се говореше за прашањата на дискриминација, поим на кривично дело и одговорност, кривичните дела против животот и телото и вознемирувањето на работно место. Дел од обуката беше посветен и на практичните вештини на параправниците во однос на работата со лицата кои им се обраќаат за помош. Работата на случаи по однос на сите прашања кои беа опфатени на обуката им овозможија на учесниците теоретски стекнатото знаење да го применат на конкретни ситуации и со тоа да се стекнат и со специфични познавања по однос на прашањето на интерес, како и да ја унапредат меѓусебната соработка и комуникација. Обучувачи на оваа обука беа адвокатката Наташа Бошкова, поранешниот судија Стојан Михов и граѓанската активистка за еднакви можности на жените и мажите Дивна Змејковска. Обуките за папараправници се дел од континуираните активности кои ЕСЕ ги презема во рамки на Заедничката рамка за правно зајакнување, поддржани од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Работилница за анализа на влијанието на макроекономските политики врз уживањето на правото на здравје
Во периодот од 26 до 27 април 2018 година, Здружението ЕСЕ учествуваше на работилница за анализа на влијанието на макроекономските политики врз пристапот до здравствена заштита на мајките и децата од ранливите групи во РМ. Работилницата беше фацилитирана од страна на експертката Росио Морено Лопез, а на истата присуствуваа четири лица од ЕСЕ. За време на работилницата беа разгледувани и анализирани податоци за планирањето и спроведувањето на макроекономските политики во РМ, за периодот од 2011 до 2018 година, врз основа на спроведената анализа ЕСЕ со помош на експертката спроведе оценка на влијанието на политиките и подготви план за натамошна работа.
Трета средба за вмрежување на организациите вклучени во проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”
На 03 мај 2018 година се одржа третата по ред средба за вмрежување на организациите вклучени во реализација на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”. Средбата се одржа во хотел Бест Вестерн, а на истата присуствуваа 15 претставници на Здружението ЕСЕ, Акција Здруженска, Младински Културен Центар – Битола, Женски Форум – Тетово, Организација на жени на градот Струмица и ГИЖ Свети Николе. На средбата Маја Ангеловска, програмски менаџер од МКЦ – Битола даде краток осврт на програмите и услугите за вработување предвидени со Оперативните планови за вработување за период 2014 – 2017 година и Здружението ЕСЕ ги презентираше инструкциите за спроведување на анкетното истражување во заедницата а оценување на задоволството, квалитетот, корисноста и достапноста на активните мерки за вработување, како и реализација на првиот влез во домаќинствата.
Втора редовна средба на организациите вклучени во проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”
На 03 април 2018 година се одржа втората редовна средба на организациите вклучени во реализација на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”. Средбата се одржа во просториите на ЕСЕ, а на истата присуствуваа 13 претставници на Здружението ЕСЕ, Акција Здруженска, Младински Културен Центар – Битола, Женски Форум – Тетово, Организација на жени на градот Струмица и ГИЖ Св. Николе. На средбата организациите дискутираа по однос на текот и предизвиците во спроведувањето на процесот на мапирање на заедницата и институциите, како и ја разгледуваа првичната верзија на прашалникот за оценување на задоволството, квалитетот, корисноста и достапноста на активните мерки за вработување.
Организирање на обука за судски набљудувачи во периодот 06-07ми февруари 2018
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ во месец октомври оваа година започна со реализација на двегодишниот проект „Патот до правда за жени кои претрпеле семејно насилство“, финансиски поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Основна цел на проектот кој го спроведува Здружение ЕСЕ е подобрување на пристапот до правда за жените кои претрпеле семејно насилство, односно унапредување на кривичните и граѓанските судски постапки за заштита од семејно насилство.
Во рамките на овој проект, во периодот 06-07 февруари 2018 година во Скопје во соработка со Коалиција Сите за правично судење организиравме обука за судски набљудувачи. На обуката присуствуваа десет млади правници кои претходно беа селектирани со цел нивно вклучување во процесот на набљудување на судски предмети поврзани со семејно насилство. Обуката се организираше со цел јакнење на нивните знаења и вештини, односно оспособување да вршат набљудување на тековни судски рочишта и да ги собираат потребните податоци. Учесниците на обуката се информираа за природата и карактеристиките на семејното насилство, како и со законските можности за заштита. Притоа, фокусот беше ставен на граѓанските постапки за изрекување на привремените мерки за заштита и кривичните судски постапки кои се водат против сторителите на семејно насилство. На крај на обуката набљудувачите беа запознати со прашалниците за судско набљудување и начинот на пополнување на податоците при следење на судски рочишта.
Како обучувачи ангажиравме лица со долгогодишно искуство на ова поле, Катина Павловска, психолог во Завод за ментално здравје Скопје и ЦПП при ЕСЕ, Зора Треневска, судија во Апелационен суд Скопје и Стојан Михов, кривичен судија во пензија. Елена Наковска од Коалиција сите за правично судење ги презентираше прашалниците кои ќе бидат основа за собирање на податоците од судските рочишта.
По завршувањето на обуката судските набљудувачи ќе бидат ангажирани за спроведување на судско набљудување во основните судови во следните градови во државата: Скопје, Битола, Штип, Тетово, Гостивар, Велес, Куманово, Прилеп и Радовиш.
Национална конференција Промовирање на владеењето на правото и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите како една од Целите за одржлив развој
Здружение ЕСЕ и Коалицијата Маргини на 31ви јануари 2018 година во Скопје организираа Национална конференција, со цел промовирање на една од Целите за одржлив развој на Обединети Нации (ОН), цел 16.3. Промовирање на владеењето на правото на меѓународно и национално ниво и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите.
Организирањето на конференцијата е поддржано од Фондација Отворено Општество Македонија и на настанот присуствуваа претставници на граѓанските организации, министерствата, јавните институции и меѓународните организации кои се вклучени во имплементацијата на целите за оддржлив развој на ОН. Воведно обраќање на конференцијата имаа Ирена Цветковиќ од Коалиција Маргини, Фани Каранфилова-Пановска од Фондација Отворено Општество Македонија (ФООМ) и Јасминка Фришчиќ од Здружение ЕСЕ.
Конференцијата беше поделена во две сесии, при што во првата сесија свое излагање имаа претставниците на владата, јавните институции и меѓународните организации, кои презентираа што имаат преземено на ова поле и кои се следните чекори во однос на имплементирањето на целите за оддржлив развој на ОН. Во првата сесија се обратија следните говорници: Луиза Винтон, резидентен координатор на ОН; Тања Стаменова, Генерален Секретеријат при Влада на Р.М.; Сања Зографска Крстевска, Министерство за надворешни работи; и Снежана Шиповиќ, Државен завод за статистика.
Во втората сесија присутните имаа можност да се информираат повеќе за работата на граѓанските организации на ова поле, односно за тоа кои се правните потреби на населението во нашата држава и на кој начин граѓанските организации им помагаат на ранливите групи за разрешување на правните проблеми. Притоа, се обратија претставниците на следните граѓански организации: Христина Василевска Димчевска, ФООМ; Ивица Цековски, ХОПС; Игор Јадровски, Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија; Мелиса Мемиш, Иницијатива за развој и инклузија на заедниците (ИРИЗ); и Гоце Коцевски, Здружение на млади правници.
Коалиција Маргини и Здружение ЕСЕ ја организираа оваа национална конференција со цел промовирање на пристапот до правдата и мобилизирање на граѓанските организации и државните институции за имплементирање на цел 16.3. во нашата држава.
Линк до фотографии од конференцијата
Извештај кон Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW)
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените- ЕСЕ, го подготви и го поднесе Писмениот извештај кон Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW), со цел негово разгледување при подготовката на листата на прашања од страна на CEDAW Комитетот насочени кон Република Македонија.
Писмениот извештај е подготвен во соработка со организаците: Акција Здруженска, Отворена Порта/Ла Страда, Македонија и Коалицијата „Маргини“ и истиот се однесува на степенот на имплементација на член 2 ( Политики за родова еднаквост); член 6 (Насилство врз жени); член 11 (Вработување); член 12 (Здравство) и член 15 (Правна еднаквост).
Линк до Извештајот на англиски јазик
Генерално Собрание на ЕСЕ – 30.01.2018
На 30.01.2018 се одржа седница на Генералното собрание на ЕСЕ, во рамки на која беа презентирани и усвоени годишниот извештај за работењето на ЕСЕ за 2017 година и годишната програма за работа за 2018 година.
Граѓаните и граѓанките на општина Тетово и село Шипковица спроведоа процес на мапирање на заедницата
Во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” граѓаните на општина Тетово и село Шипковица спроведоа процес на мапирање на заедницата во кој идентификуваа лица кои се потенцијални корисници, односно корисници на мерките за вработување предвидени со Акцискиот План за вработување на Агенцијата за вработување на РМ за 2017 година. Процесот на мапирање на заедницата е спроведен во организација на Женскиот Форум Тетово, а фацилитиран од Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска. Мапирањето на заедницата претставува иницијален чекор во спроведувањето на методологијата за мониторинг во заедницата, која ќе им овозможи на граѓаните активно да учествуваат во следење, мерење и оценка на тековните мерки за вработување кои ги спроведува Агенцијата за вработување на РМ, како и активно да бараат креирање и имплементација на мерки согласно нивните реални потреби. Оваа активност е финансиски поддржана од Европската Унија.
Граѓаните и граѓанките на општина Битола и Јени Маале спроведоа процес на мапирање на заедницата
Во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” граѓаните на општина Битола и Јени Маале спроведоа процес на мапирање на заедницата во кој идентификуваа лица кои се потенцијални корисници, односно корисници на мерките за вработување предвидени со Акцискиот План за вработување на Агенцијата за вработување на РМ за 2017 година. Процесот на мапирање на заедницата е спроведен во организација на Младинскиот Културен Центар Битола, а фацилитиран од Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска. Мапирањето на заедницата претставува иницијален чекор во спроведувањето на методологијата за мониторинг во заедницата, која ќе им овозможи на граѓаните активно да учествуваат во следење, мерење и оценка на тековните мерки за вработување кои ги спроведува Агенцијата за вработување на РМ, како и активно да бараат креирање и имплементација на мерки согласно нивните реални потреби. Оваа активност е финансиски поддржана од Европската Унија.
Организирање на трета работна средба за ревидирање на прашалниците за судско набљудување
Здружение ЕСЕ го спроведува проектот „Патеки до правда за жени кои претрпеле семејно насилство“, со финансиска поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Основна цел на проектот кој го спроведува Здружение ЕСЕ е подобрување на пристапот до правда за жени кои претрпеле семејно насилство.
На ден 25ти јануари 2018 година во Скопје се организираше третата работна средба за ревидирање на формулари (прашалници) за набљудување на судски предмети поврзани со семејно насилство. На средбата присуствуваа граѓански и кривични судии, судија од апелационен суд, адвокат, претставници на Здружение ЕСЕ и Колиција Сите за правично судење. Предмет на ревидирање беа прашалниците за собирање на податоци за кривичните и граѓанските судски постапки за заштита од семејно насилство, претходно користени во рамките на Проектот на УСАИД за правна заштита на жените.
Процесот на судско набљудување на предмети поврзани со семејно насилство ќе започне во февруари 2018 година, во 10 основни судови во државата.
Граѓаните на општина Св. Николе и село Ерџелија спроведоа процес на мапирање на заедницата
Во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” граѓаните на општина Св. Николе и село Ерџелија проведоа процес на мапирање на заедницата во кој идентификуваа лица кои се потенцијални корисници, односно корисници на мерките за вработување предвидени до Акцискиот План за вработување на Агенцијата за вработување на РМ за 2017 година. Процесот на мапирање на заедницата е спроведен во организација на Граѓанската Иницијатива на Жени од Св. Николе, а фацилитиран од Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска. Мапирањето на заедницата претставува иницијален чекор во спроведувањето на методологијата за мониторинг во заедницата, која ќе им овозможи на граѓаните активно да учествуваат во следење, мерење и оценка на тековните мерки за вработување кои ги спроведува Агенцијата за вработување на РМ, како и активно да бараат креирање и имплементација на мерки согласно нивните реални потреби.
Граѓаните на општина Струмица спроведоа процес на мапирање на заедницата
Во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” граѓаните на општина Струмица спроведоа процес на мапирање на заедницата во кој идентификуваа лица кои се потенцијални корисници, односно корисници на мерките за вработување предвидени до Акцискиот План за вработување на Агенцијата за вработување на РМ за 2017 година. Процесот на мапирање на заедницата е спроведен во организација на Организацијата на жени на градот Струмица, а фацилитиран од Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска. Мапирањето на заедницата претставува иницијален чекор во спроведувањето на методологијата за мониторинг во заедницата, која ќе им овозможи на граѓаните активно да учествуваат во следење, мерење и оценка на тековните мерки за вработување кои ги спроведува Агенцијата за вработување на РМ, како и активно да бараат креирање и имплементација на мерки согласно нивните реални потреби.
Организирање на втора работна средба за ревидирање на прашалниците за судско набљудување
Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество во Здружение ЕСЕ го спроведува проектот „Патеки до правда за жени кои претрпеле семејно насилство“, чија основна цел е подобрување на пристапот до правда за жени кои претрпеле семејно насилство.
На ден 18ти јануари 2018 година во Скопје се организираше втората работна средба за ревидирање на формулари (прашалници) за набљудување на судски предмети поврзани со семејно насилство. На средбата присуствуваа граѓански и кривични судии, судија од апелационен суд, адвокат, претставници на Здружение ЕСЕ и Колиција Сите за правично судење. Предмет на ревидирање беше прашалникот за собирање на податоци за граѓанските судски постапки за изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство, претходно користен во рамките на Проектот на УСАИД за правна заштита на жените. Претходно, во месец декември 2017 година, на првата работна средба се ревидираше прашалникот за следење на кривични судски постапки за сторени кривични дела како резултат на семејно насилство.
Третата работна средба за финализирање на прашалниците за судско набљудување на кривични и граѓански судски постапки за заштита од семејно насилство ќе се оддржи на ден 25ти јануари 2018 година.