• esem@esem.org.mk
  • Јавете се: +389 (0) 2 3298 295; 3298 296
  • ул. Максим Горки 20/1-4, 1000 Скопје

Што работиме 2019

Иницијална консултативна средба за отворено владино партнерство

Иницијална консултативна средба за отворено владино партнерство

Одржана консултативна средба на Иницијативниот одбор за формирање мрежа на граѓански организации за Отворено владино партнерство (ОВП) со институциите вклучени во процесот на ОВП

На 24 декември 2019 година, Иницијативниот одбор за формирање мрежа на граѓански организации за Отворено владино партнерство (ОВП)одржа средба со претставници од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Оваа иницијална средба имаше за цел започнување на процесот на консултации за потребата, улогата и постапката за воспоставување нова структура за координација на процесот на ОВП во Северна Македонија.

Иницијативниот одбор, кој се состои од 10 граѓански организации, го започна процесот на формирање мрежа на ГО за отворено владино партнерство. Повикот за пријавување на членки на мрежата е отворен до 30 декември 2019 година.

Основна цел на мрежата е да го координира и зајакне гласот на граѓанските организации кои се залагаат за партиципативност, отвореност и отчетност на властите. Мрежата ќе се залага за воспоставување нова структура за координација на процесот на ОВП во Северна Македонија соодветно на меѓународното искуство, со цел подобрување на комуникацијата и координацијата на сите вклучени страни и зајакнување на мониторингот и евалуацијата на активностите. Мрежата ќе учествува и придонесе за воспоставување на новата структура за координација и мониторинг на развојот и спроведувањето на НАП.

Овој процес е инициран во пресрет на подготовката на новиот национален акциски план, со цел за поорганизирано делување и влијание на граѓанските организации на неговото креирањеи  воспоставување организиран и востановен модел за координација и вклученост на граѓанското општество, институциите и другите засегнати страни во процесот на подготовка,развој и имплементација на акциските планови.

На средбата беа разгледани моделите на функционирање на структурите за координација на процесот на ОВП во другите земји и се разговараше за потребата од нова структура/тело за перманентен дијалог меѓу властите и граѓанското општество за ОВПкако и за улогата на мрежата на ГО во однос на оваа нова структура. Воедно, на средбата беше разгледан и беа разменети мислења и дадени насоки за унапредување на  првиот нацрт на моделот за оваа нова структура кој ги опфаќа нејзините цели, улога, задачи и начинот на креирање. Во наредниот период, ќе следат јавни консултации за нацрт-моделот на новата структура.


Национална конференција “Кои мерки и активности треба да ги преземаат владините институции за надминување на пречките со кои се соочуваат граѓаните во пристапот до активните мерки, програми и услуги за вработување”

На  04 ноември 2019 год., во хотел Мериот, се одржа националната конференција “Кои мерки и активности треба да ги преземаат владините институции за надминување на пречките со кои се соочуваат граѓаните во пристапот до активните мерки, програми и услуги за вработување”, во рамки на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ кој што е финансиран од Европската Унија. Дискутиравме за повеќе прашања и дојдовме до повеќе заклучоци, заедно со граѓаните и граѓанските организации сумиравме повеќе препораки како би се олеснила достапноста на мерките и услугите кои ги нуди Агенцијата за вработување, за сите невработени граѓани.


Учество на првиот Глобален симпозиум на мрежата COPASAH

Двајца претставници од Здружение ЕСЕ земаа учество на првиот Глобален симпозиум на мрежата COPASAH, под наслов “Citizenship, Governance and Accountability in Health”, кој се одржа во периодот од 15 до 18 октомври 2019 во Њу Делхи, Индија. На Симпозиумот, претставниците од ЕСЕ имаа можност да ја презентираат работата на ЕСЕ во Македонија и во регионот по однос на социјалната отчетност и правното зајакнување за унапредувањето на правото на здравје на населението, со посебен фокус на Ромите.

Претставниците на ЕСЕ својата работа ја презентираа преку учество во пленарните сесии, работилниците, филмските проекции и фото – сториите.

На симпозиумот учество земаа над 450 учесници од 40 земји во светот.


Шеста обука за параправници

Здружението ЕСЕ од 20 до 22 септември 2019 год. во Струмица, одржа тродневна обука за параправници, со цел континуирано јакнење на капацитетите, односно зајакнување на знаењето и вештините на параправниците кои обезбедуваат помош и поддршка на ранливи групи на граѓани, како што се Ромите, текстилните работнички, сексуалните работнички, корисници на дроги и др.

Теми на дискусија беа: Семејно насилство, застапеност и карактеристики; Предрасуди за семејното насилство; Принципи на работа со жени кои претрпеле семејно насилство; Граѓанско –правна заштита од семејно насилство; Кривично –правна заштита од семејно насилство; Вознемирување на работно место, застапеност и карактеристики  и  Законски механизми за заштита од вознемирување на работно место. Станува збор за шеста последователна обука која се организира со цел совладување на знаењето од страна на параправниците. Од методолошки аспект обуката вклучи предавања од страна на обучувачите, како и пополнување на прашалници за проверка на знаењето од страна на присутните претставници на граѓанските организации.

На обуката учествуваа претставници од граѓанските организации: ИРИЗ; Романо Чачипе; КХАМ; Хелсиншки Комитет и ХОПС.

Истата е дел од активностите кои Здружението ЕСЕ ги имплементира во рамките на Проектот „Заедничка рамка за правно описменување и зајакнување“ финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.


Петта обука за параправници

Здружението ЕСЕ од 21 дo 23 јуни 2019 год. во Охрид, одржа тродневна обука за параправници, со цел континуирано јакнење на капацитетите, односно зајакнување на знаењето и вештините на параправниците кои обезбедуваат помош и поддршка на ранливи групи на граѓани, како што се Ромите, текстилните работнички, сексуалните работнички, корисници на дроги и др.

Теми на дискусија беа: Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот; Кривични дела против работните односи; Кривични дела против половата слобода и морал; Кривични дела против бракот, семејството и младината; Кривични дела против здравјето на луѓето  и  Кривични дела против јавниот ред . Станува збор за петта последователна обука која се организира со цел совладување на знаењето од страна на параправниците. Од методолошки аспект обуката вклучи предавања од страна на обучувачите, како и пополнување на прашалници за проверка на знаењето од страна на присутните претставници на граѓанските организации.

На обуката учествуваа претставници од граѓанските организации: ИРИЗ; Романо Чачипе; КХАМ; Хелсиншки Комитет; ХЕРА и ХОПС.

Истата е дел од активностите кои Здружението ЕСЕ ги имплементира во рамките на Проектот „Заедничка рамка за правно описменување и зајакнување“ финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.


Средба за валидација на резултатите од теренското истражување и подготвената Скор карта во Струмица

Организација на жени Струмица, во рамки на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост” поддржан од Европската Унија, на 01.10.2019 год., одржа средба за валидација на резултатите од теренското истражување и подготвената Скор карта, на која присуствуваа вкупно 19 лица од општина Струмица.


Едукативна работилница за запознавање со активните мерки и програми за вработување на граѓаните во Струмица

Организација на жени Струмица, во рамки на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост” поддржан од Европската Унија, на 26 и на 27.03.2019.2019 год., одржа две едукативни работилници за запознавање со правата за користење на активните мерки и услуги за вработување, на која присуствуваа вкупно 23 лица од Струмица.

Овој настан е дел од активностите за мониторинг и оценување на ефикасноста, ефективноста, квалитетот и задоволството од спроведувањето на активните мерки и програми за вработување на АВРМ.


Средба за мапирање во Струмица

Во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” граѓаните на општина Струмица, он населените места Добрејци и Дабиле, на 25.01.2019 год. спроведоа процес на мапирање на заедницата во кој идентификуваа лица кои се потенцијални корисници, односно корисници на мерките за вработување предвидени до Акцискиот План за вработување на Агенцијата за вработување за 2018 година. Мапирањето на заедницата претставува иницијален чекор во спроведувањето на методологијата за мониторинг во заедницата, која ќе им овозможи на граѓаните активно да учествуваат во следење, мерење и оценка на тековните мерки за вработување кои ги спроведува Агенцијата за вработување, како и активно да бараат креирање и имплементација на мерки согласно нивните реални потреби. На средбата присуствуваа 20 учесници.


Фокус групи во Струмица

Организација на жени Струмица, на 12.07.2019 година, одржа две фокус групи со невработени жени и жени вработени како резултат на активните мерки и услуги за вработување, жителки на две населени места од Струмица, Дабиле и Добрејци. На Фокус групите беше дискутирано нивото на информираност на жените со активните мерки и услуги за вработување, пристапот до истите, нивната корисност, степенот на задоволство, нивниот квалитет итн. на двата настани присуствуваа вкупно 20 лица.


Едукативна работилница за запознавање со активните мерки и програми за вработување на граѓаните во Битола

МКЦ од Битола, во рамки на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост” поддржан од Европската Унија, на 05.09.2019 и на 18.09.2019 год., одржа едукативни работилници за запознавање со правата за користење на активните мерки и услуги за вработување. На работилниците присуствуваа по 11 учесници, невработени лица од Битола.

Овој настан е дел од активностите за мониторинг и оценување на ефикасноста, ефективноста, квалитетот и задоволството од спроведувањето на активните мерки и програми за вработување на АВРМ.


Средба за валидација на резултатите од теренското истражување и подготвената Скор карта во Битола

МКЦ од Битола, во рамки на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост” поддржан од Европската Унија, на 05.09.2019 год., одржа средба за валидација на резултатите од теренското истражување и подготвената Скор карта, на која присуствуваа 11 учесници, невработени лица од Битола.


Едукативна работилница за запознавање со активните мерки и програми за вработување на граѓаните во Шипковица

Здружението Женски Форум од Тетово, во рамки на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост” поддржан од Европската Унија, на 04.10.2019 год., одржа едукативна работилница за запознавање со правата за користење на активните мерки и услуги за вработување. На работилницата присуствуваа 14 учеснички.

Овој настан е дел од активностите за мониторинг и оценување на ефикасноста, ефективноста, квалитетот и задоволството од спроведувањето на активните мерки и програми за вработување на АВРМ.


Средба за валидација на резултатите од теренското истражување и подготвената Скор карта во Тетово

Здружението Женски Форум од Тетово, во рамки на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост” поддржан од Европската Унија, на 25.09.2019 год., одржа средба за валидација на резултатите од теренското истражување и подготвената Скор карта, на која присуствуваа 13 учесници, невработени жени од Тетово и село Шипковица.


Едукативна работилница за запознавање со активните мерки и програми за вработување на граѓаните во Свети Николе

Граѓанска иницијатива на жените на Свети Николе, во рамки на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост” поддржан од Европската Унија, на 30.09.2019 год., одржа едукативна работилница за запознавање со правата за користење на активните мерки и услуги за вработување.

Овој настан е дел од активностите за мониторинг и оценување на ефикасноста, ефективноста, квалитетот и задоволството од спроведувањето на активните мерки и програми за вработување на АВРМ.


Средба за валидација на резултатите од теренското истражување и подготвената Скор карта во Свети Николе

Граѓанска иницијатива на жените на Свети Николе, во рамки на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост” поддржан од Европската Унија, на 30.09.2019 год., одржа средба за валидација на резултатите од теренското истражување и подготвената Скор карта, на која присуствуваа 34 учесници.


Информација за медиуми – Јавноста од година во година има се по ограничен пристап до информации за работењето на јавните институции

По повод одбележување на меѓународниот ден за слободен пристап до информации од јавен карактер ја информираме јавноста дека Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер не функционира повеќе од една година, поради одложување на изборот на членови на Комисијата и пролонгирање на процесот на трансформација на Комисијата во Агенција. Со ова се крши основното  човеково право за пристап до информации од јавен карактер,  загарантирано со член 16 од Уставот на Република Северна Македонија и Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Со цел нормално функционирање на овој значаен механизам за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер инициравме петиција за собирање потписи со која бараме од Собранието на РСМ да  го забрза процесот на трансформација на Комисијата и во најкраток можен рок да именува директор и заменик директор на Агенцијата со што ќе создаде основни услови за нејзино работење.

Потпиши ја петицијата на следниот линк  https://bit.ly/2oTUtBb и заштити го своето право за пристап до информации од јавен карактер!

По скоро 13 години од донесување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, граѓаните, граѓанските организации и новинарите се уште се соочуваат со пречки во пристапот до информации од јавен карактер, а пак јавните институции се се позатворени за  јавноста. Јавните институции, особено оние на национално ниво, не објавуваат информации за своето програмско и буџетско работење, а пак во официјална постапка за слободен пристап до информации од јавен карактер обезбедуваат нецелосни податоци. Информациите кои се достапни за јавноста, често се воопштени и се прикажани во форма која не е разбирлива за граѓаните. Во бирократските постапки за пристап до информации од јавен карактер, јавните институции ги користат законските недоречености и ја избегнуваат должноста за обезбедување на детални и прецизни податоци.

Бројот на поднесени жалби во последните три години (2016, 2017 и 2018 година) заради повреда на правото на слободен пристап до информации е 1.999, од кои речиси 70 %  се жалби заради молчење на јавната администрација. Недостатокот на проактивност кај јавните институции пак се потврдува со фактот дека во последните три години (2016, 2017 и 2018 година) биле поднесени 26.385 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, за разлика од предходните три години (2013, 2014 и 2015 година) кога биле поднесени 14.360 барања.

Во таа насока, а со цел унапредување на пристапот до информации со кои располагаат јавните институции во Република Северна Македонија, ЕСЕ бара од Владата на Република Северна Македонија :

  • Да ги задолжи сите јавни институции да ги објават основните  буџетски и програмски документи, како : стратегија за работа, годишни програми, буџетски календар, пред-буџетска изјава, граѓански буџет, предлог буџет и усвоен буџет, предлог измените и усвоените измени и дополнувања на буџетот, буџетски документи во отворен формат (xml и excel), месечни извештаи за извршување на буџет, полугодишен извештај за извршување на буџет, завршната сметка на буџетот, ревизорскиот извештај, податоци за лицето назначено за посредување за информации од јавен карактер и листата на информации од јавен карактер.
  • Да подготви и усвои стратегија за транспарентност на работењето на јавните институции со која ќе осигури јакнење на капацитетите на јавните институции  за континуирано објавување на информации за своето програмско и буџетско работење и ќе воспостави механизам за континуирано следење на обемот и видот на информации кои ги споделуваат јавните институции.

Соопштение за медиуми – Забрзување на реформите во системот за заштита од семејно насилство

На 25 септември 2019 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учествоорганизираше форум за судии и претставници на институциите вклучени во системот за заштита од семејно насилство.На форумот беа презентирани наодите од спроведеното судско набљудување на тековни и завршени предмети за семејно насилство како и препораки за унапредување на системот за заштита од семејно насилство.

Пред присутните се обратија Заменик министер за правда г-дин Оливер Ристовски, Директорка на Академијата за судии и јавни обвинители проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, како и граѓански и кривични судии.

На форумот беа потенцирани дел од бариерите со кои се соочуваат жените кои претрпеле семејно насилство во нивниот пристап до правда, како немањето на бесплатна правна помош, одолговлекувањето на судските постапки, изрекувањето на поблаги казни за сторителите на семејно насилство и неизвршувањето на привремените мерки. Додека пак, некоординираноста помеѓу надлежните институции, недостатокот на континуирана системска едукација на стручните лица и немањето на посебна евиденција за предметите на семејно насилство се системски недостатоци  кои значително придонесуваат за неефективна заштита од семејно насилство.

Претставниците на Основните судови, Јавните обвинителства, Центрите за социјална работа и Секторите за внатрешни работи ја нагласија потребата за поголема координираност помеѓу  институциите и преземање на мерки за подобрување на постоечкиот систем за заштита од семејно насилство.


Фокус група во Свети Николе

Граѓанската организација ГИЖ Свети Николе, на 10 јули 2019 година, одржа фокус група со невработени и вработени мажи и жени како резултат на активните мерки и услуги за вработување, жители на осум населени места од Свети Николе, на која беше дискутирано нивото на информираност на граѓаните со активните мерки и услуги за вработување, пристапот до истите, нивната корисност, степенот на задоволство, нивниот квалитет итн.


Фокус група во Битола

Граѓанската организација МКЦ Битола, на 10 јули 2019 година, одржа фокус група со невработени жени и жени вработени како резултат на активните мерки и услуги за вработување, жителки на две населени места од Битола, на која беше дискутирано нивото на информираност на жените со активните мерки и услуги за вработување, пристапот до истите, нивната корисност, степенот на задоволство, нивниот квалитет итн.


Фокус група во Тетово

На 10.07.2019, во Тетово, Граѓанската организација Женски Форум одржа фокус група со невработени жени, жителки на Тетово и с. Шипковица, на која беше дискутирано нивото на информираност на жените со активните мерки и услуги за вработување и нивната корисност.


Самит за Отворено Владино Партнерство – Отава, Канада

Здружението ЕСЕ е дел од шестиот по ред Самит за Отворено Владино Партнерство, на кој повеќе од 2.000 претставници на граѓански организации и Влади дискутираат за предизвиците во обезбедувањето на отвореност, транспарентност и отчетност во работењето на јавните институции и споделуваат позитивни практики кои се применуваат во моментот од различни земји во светот. Самитот се одржува во период од 28 до 31 мај, 2019 година во Отава, Канада. Здружението ЕСЕ е дел од националниот процес за Отворено Владино Партнерство од 2014 година, а пак Република Северна Македонија е дел од процесот од 2011 година.

Предизвиците кои треба да се надминат, се следните:

  • доближување на процесот до граѓаните и нивно вклучување во истиот преку продлабочување на соработката помеѓу јавните институции и граѓанските организации,
  • координирање на сите процеси кои се спроведуваат на национално ниво со процесот на Отворено Владино Партнерство,
  • надминување на ексклузивноста во донесувањето на одлуките за владините институции,   итн.

Ги запознавме жителите на Битола со мерките за вработување на АВРМ

На 09.04.2019, ја спроведовме и третата едукативна работилница за запознавање со мерките, програмите и услугите за вработување за 2019 година. Овојпат со жителите на општина Битола. Истата ја спроведовме во соработка со МКЦ, Битола.


Ги запознавме струмичани со правото за пристап до информации од јавен карактер

Заедно со КОМПСИ одржавме уште една средба за промовирање на правото на пристап до информации од јавен карактер, денес (04.04.2019) со жителите на Струмица, во соработка со ОЖ Струмица

Истата е во рамки на процесот за Отворено Владино Партнерство и заложбата за унапредување на правото за пристап до информации од јавен карактер.


Промоција на правото до информации од јавен карактер во Тетово

Во рамки на процесот за Отворено Владино Партнерство, заедно со Комисијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер одржавме уште една средба (02.04.2019) за промовирање на правото на пристап до информации од јавен карактер, овој пат со жителите на Тетово.

Средбата ја спроведуваме во соработка со Женски Форум, а истата е во рамки на заложбата за унапредување на правото за пристап до информации од јавен карактер.


Семинар „Здравје на Ромите“ – Салцбург, Австрија

Координаторот на Програмата за јавно здравје и здравје на жените од Здружение ЕСЕ учествуваше на семинарот под наслов „Здравје на Ромите“, организиран од Фондациите Отворено општество и Американско Австриската Фондација, во периодот од 24 до 30 март во Салцбург, Австрија. На семинарот координаторот ја презентираше работата на Здружение ЕСЕ во однос на примената на методологиите на социјална отчетност и правно зајакнување со цел унапредување на здравјето на Ромите. На семинарот учество земаа повеќе од 30 учесници од земјите на Централна и Југоисточна Европа. Учесниците беа претставници од граѓански организации, меѓународни организации, универзитети, здравствени установи и останати релевантни институции.


Едукативна средба со жителите на Делчево

На 29.03.2019 г, го промовиравме правото на пристап до информации од јавен карактер и со жителите на Делчево, во соработка со КХАМ.

Истото е во рамки на процесот за Отворено Владино Партнерство и заложбата за унапредување на правото за пристап до информации од јавен карактер.


Едукативна средба со жителите од Пехчево

Заедно со Комисијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер, на 29.03.2019 г.,  ја одржавме и петата средба за промовирање на правото на пристап до информации од јавен карактер со жители на с. Црник, Пехчево, во соработка со КХАМ.

Истата е во рамки на процесот за Отворено Владино Партнерство и заложбата за унапредување на правото за пристап до информации од јавен карактер.


Едукативна работилница во општина Виница

Заедно со Комисијата за заштита на правото на пристап до информации, на  29.03.2019 г., од јавен карактер ја одржавме четвртата средба за промовирање на правото на пристап до информации од јавен карактер со жители на општината Виница, во соработка со КХАМ.

Истата е во рамки на процесот за Отворено Владино Партнерство и заложбата за унапредување на правото за пристап до информации од јавен карактер.


Граѓаните се запознаа со можностите за вработување кои ги нуди Оперативниот план на АВРМ

На 28 март 2019 година во рамки на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ беше одржана работилница за запознавање на граѓаните од општина Свети Николе и село Ерџелија, со можностите кои ги нуди Оперативниот план на активни мерки и програми за вработување за 2019 година. Работилницата е поддржана од Европската Унија.


Промовирање на правото на пристап до информации од јавен карактер

Заедно со Комисијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер на 27.03.2019 ја одржавме втората средба за промовирање на правото на пристап до информации од јавен карактер со жители на општината Шуто Оризари, во соработка со Романо Чачипе.

Истата е во рамки на процесот за Отворено Владино Партнерство и заложбата за унапредување на правото за пристап до информации од јавен карактер.


Промовирање на правото на пристап до информации од јавен карактер со жители на општината Шуто Оризари

Во рамки на процесот за Отворено Владино Партнерство, заедно со Комисијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер денес (27.03.2019),  ја одржавме првата средба за промовирање на правото на пристап до информации од јавен карактер со жители на општината Шуто Оризари.

Средбата ја спроведуваме во соработка со ИРИЗ, а истата е во рамки на заложбата за унапредување на правото за пристап до информации од јавен карактер.


Не Ви го честитаме 8 Март бидејќи…

Не Ви го честитаме 8 Март бидејќи живеете во земја каде:

  1. Во повеќе од 34 општини нема ниту еден гинеколог;
  2. Затоа што половина милион жени на возраст над 12 години имаат ограничен пристап до примарна гинеколошка здравствена заштита;
  3. Затоа што Министерството за здравство не ја покрива партиципацијата за сите породувања во јавните здравствени установи во земјата;
  4. Затоа што за пет години умреле 203 жени од кацрином на грло на матка, а Министерството за здравство и во 2019 година го намали буџетот за 2.8 милиони денари;
  5. Затоа што жените, сексуалните и родовите малцинства се дискриминирани во сите сфери на живеење и нивните права не се почитуваат;
  6. Затоа што правото на здравствена заштита на „помалиот“ етнички колектив во земјава разочарува;
  7. Затоа што во период од 5 години се убиени 70 жени во земјава, од кои што 51 се жртви на фемицид;
  8. Затоа што државата не превзема конкретни мерки за поддршка на жените жртви на семејно насилство откако ќе излезат од кругот на насилството;
  9. Затоа што институциите не се транспарентни;
  10. Затоа што е висока стапката на невработеност;
  11. Затоа што жените не се заштитетни од сексуално вознемирување при работа;
  12. Затоа што голем број судски постапки за семејно насилство немаат разрешница;
  13. Затоа што нè сите деца се вклучени во образовниот систем;
  14. Затоа што треба, а не сте рамноправни.

Затоа, време е сите да започнеме со секојдневната борба за правда!

Тимот на ЕСЕ


Соопштение за Медиуми – Дали е среќен 8-ми Март?“

Соопштение за Медиуми

„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената

,,Денес маршираме за да покажеме дека трпението ни е на црвено! Денес маршираме за да покажеме дека веќе нема да толерираме празна реторика! Не прифаќаме декларативно залагање за родова еднаквост, ниту закони и стратегии за кои не се издвојуваат финансиски средства и кои не водат кон остварување на реални промени во животите на жените.’’ Вака започнува Прогласот од третиот марш за права на жените и борбата за родова еднаквост, кој се одржа под слоганот „Дали е среќен 8-ми Март?“.

Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец, каде неколку активистки јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.

,,Континуираната социјална, економска и политичка нееднаквост на жените во Македонија е причината поради која денес сме собрани да го  изразиме нашиот револт, загриженост и разочарување.  Жените и понатаму се неактивни на пазарот на труд, иако се повеќе образовани од мажите. Насилството врз девојките и жените е жална реалност во нашето општество. Стереотипите, омразата и мизогинијата е присутна не само во приватната сфера, туку и во јавниот дискурс.’’- изјави Снешка Илиќ од Реактор- Истражување во акција.

Салија Бекир Халим од, Иницијативата на жени од Шуто Оризари се осврна на повеќекратната дискриминација врз Ромките, поради тоа што се жени, поради нивниот социоекономски статус и поради нивната етничката припадност. Таа упати повик до државата веднаш да преземе конкретни мерки за да се стави крај на малолетничките бракови, на незаконската наплата од страна на матичните гинеколози и да го донесе Законот за заштита од дискриминација.

Вангелина Пармачка од Национална федерација на фармери истакна дека жените се невидливи потпори во руралните средини, но се соочуваат со голем број на предизвици и проблеми. Пармачка го нагласи барањето за отстранување на дискриминаторската мерка во Програмата за рурален развој 2018 -2021, со која се бара жената да е во брак, да има родено едно дете, да е невработено лице, домаќинка и да живее во населено место од 200 жители на надморска височина од 700 метри.

Маршот продолжи преку Плоштад Македонија, Камениот Мост, а заврши на плоштадот Филип Втори,каде што Јована Јовановска Кануркова од Хелсиншкиот комитет за човекови права го прочита Прогласот, кој го доставуваме во прилог на ова соопштение.

——–

Платформата за родова еднаквост е независна и неформална мрежа на македонски граѓански организации за женски права составена од 22 организации и мрежи кои здружено делуваат во насока на унапредување на родовата еднаквост во Република Македонија.

 

Платформа за родова еднаквост

телефон/факс: + 389 23245536

e-mail: rodovaplatforma@gmail.com

www.rodovaplatforma.mk


Граѓанските организации бараат итно донесување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација веќе 8 месеци е заглавен во Собранието: Неговото донесување арбитрарно се одолговлекува што ги лишува граѓаните од ефективни и ефикасни механизми кои ќе ги заштитуваат од дискриминацијата со која секојдневно се соочуваат во различни области.

Со цел пресретнување на роковите за следниот извештај на Европската Комисија, избегнување на понатамошно одолговлекување и понатамошни повреди на човековите права на граѓаните, седум мрежи на граѓански организации и 100 здруженија и фондации одржаa конференција за медиуми пред Собранието на Република Северна Македонија каде изнесоа барања за итно донесување на Нацрт-законот за спречување и заштита од дискриминација, кој од јули 2018 година е влезен во собраниска процедура. Односно Собранието веднаш да свика седница на матичното тело за Законот, Комисијата за труд и социјална политика, и да ја заврши законодавната постапка пред претседателските избори.

Европската Комисија бара промена на законот согласно стандардите на европското право уште од 2011 година. Амбасадите кои ја поддржуваат Македонија во европските  интеграции порачаа дека донесувањето на законот е услов за позитивен извештај за Македонија и за почеток на преговорите за членство. Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, како што е предложен на Собранието, веќе доби позитивно мислење од Венецијанската комисија што е уште една потврда за квалитетот на предлогот и за придобивките кои ќе ги донесе овој закон за граѓаните на нашата држава.

Организатори и поддржувачи на барањата се 100 здруженија, сојузи и фондации и мрежи на граѓански организации.

Мрежа за заштита од дискриминација
Национална мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата
Платформа за родова еднаквост
Мрежа 23
Мрежа за застапување на правата на Ромите
Македонска платформа против сиромаштија
Платформа за одржливост на програмите за превенција, грижа и поддршка за ХИВ

  1. Коалиција МАРГИНИ
  2. ХЕРА- Асоцијација за здравствена едукација и истражување
  3. Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ
  4. ХОПС- Опции за здрав живот Скопје
  5. Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
  6. ЛГБТИ Центар за поддршка
  7. Македонско здружение на млади правници
  8. Сонце- Асоцијација за демократски развој на Ромите
  9. Фондација Отворено општество – Македонија
  10. Институт за европска политика – Скопје
  11. Институт за човекови права
  12. Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ- „Заедно посилни“
  13. Здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста „Субверзивен фронт“
  14. ЕГАЛ – Еднаквост за геј и лезбејки
  15. ЦИВИЛ – Центар за слобода
  16. Европски центар за права на Ромите
  17. СТАР-СТАР – Здружение за поддршка на маргинализирани работници
  18. Транспаренси интернешнл Македонија
  19. Ромски Ресурсен Центар
  20. Ромска Асоцијација за жени и млади Лулуди
  21. Дивес- Виница
  22. Нево Џивдипе- Виница
  23. Месечина- Дебар
  24. Мултиетничко општество за човекови права- Штип
  25. Организација на ромска младина Бела Кула- Кичево
  26. Здружение за перспективна интеграција и развој Рома Перспектив- Прилеп
  27. ДРОМ- Куманово
  28. Здружение на Роми Авена- Кочани
  29. Национален демократски Институт
  30. Иницијатива на жени од Шуто Оризари
  31. НВО Светла Иднина- Кочани
  32. Здружение Центар за образовна поддршка „Дендо вас“ – Скопје
  33. Здружение за развивање на општествени дејности Кхам Сијан – Скопје
  34. Институт за истражување и анализа на Политики  „Ромалитико“
  35. НВО „Преродба“ – Кичево
  36. Здружение за правата на Ромите – Штип
  37. Здружение на правници Роми – Скопје
  38. Здружение за едукација и советување „Д-р Берат” – Скопје
  39. Центар за развој на ромската заедница „Баирска светлина” – Битола
  40. Здружение МИР Скопје
  41. Ромска организација на жените од Македонија „ДАЈА“ – Куманово
  42. Ромски младински центар – Куманово
  43. Здружение на граѓани „Ромаверзитас“
  44. Сумнал – Здружение за развој на ромската заедница
  45. Здружение „Терно Bас” – Берово
  46. Регионална ромска образовна младинска асоцијација – Кратово
  47. Здружение на граѓани „Подготви свој пат” – Кочани
  48. Асоцијацијата за развојни иницијативи ЗЕНИТ – Скопје
  49. Порака – Републички центар за поддршка на луѓето со ментална попреченост
  50. Полио Плус – движење против хендикеп
  51. Здружение на студенти и младинци со хендикеп- Скопје
  52. Здужение „СОЛЕМ“
  53. Здружение „Нова искра“ Скопје
  54. Бори се женски
  55. Нацинален совет за родова рамноправност НСРР-СОЖМ
  56. Здружение на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје
  57. Здружение за унапредување на меѓусебна доверба ТАКТ
  58. Здружение Женски Форум – Тетово
  59. Здружението за унапредување на родовата еднаквост „Акција Здруженска“
  60. Реактор – Истражување во акција
  61. Здружение „Доверба“
  62. Црвен крст на РМ
  63. Здружение „Опција“ – Охрид
  64. „Зона“ – Кавадарци
  65. Центар за унапредување на јавен живот – Тетово
  66. ХЕЛП – Гостивар
  67. Младински клуб – Штип
  68. „Избор“ – Струмица
  69. ПУЛС – Куманово
  70. Интер етник проект – Гостивар
  71. „Виа Вита“ – Битола
  72. Хуманитарно здружение „Мајка“ – Куманово
  73. Организација на жени на Град Скопје
  74. Здружение на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија
  75. Младински образовен форум- МОФ
  76. Коалиција сите за правично судење
  77. КХАМ Делчево
  78. „Мултикултура“
  79. Совет за превентива против малолетничка деликвенција – СППМД
  80. Здружение на просветни работници и заштита на правата на жените и децата „ЛИЛ“-Скопје
  81. Здружение за развој и унапредување на ромската заедница „РОМАНО ЧАЧИПЕ“
  82. Центар за социјални иницијативи „Надеж“
  83. „Сочувај Лекувај“- Здружение на пациенти со заболувања на црн дроб (СЛАП)
  84. Младински културен центар – Битола
  85. Здружение за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“
  86. Иницијатива за развој и инклузија на заедниците – „ИРИЗ“
  87. Здружение Хуманост
  88. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО
  89. Јустиција
  90. Станица П.Е.Т
  91. Центар за интеграција и поддршка SIEC Macedonia
  92. Здружение Млади Европски Федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија)
  93. Национална федерација на фармери
  94. Здружение Национален ромски центар Куманово
  95. Здружение за поддршка на лица со ментални болести и останати маргинализиарани групи во Република Македонија
  96. Асоцијација Мисла – Скопје
  97. Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
  98. Здружението за едукативен развој Еквалис
  99. Националниот младински совет на Македонија
  100. Рурална Коалиција

Проект: „Унапредување на локални политики за обезбедување на пристап до правда“

Здружението ЕСЕ беше дел од информативната средба за граѓански организации вклучени во проектот  на Асоцијацијата Сонце од Тетово ,,Унапредување на локални политики за обезбедување на пристап до правда“, кој е финансиски поддржан од Фондација Отворено Општество Македонија – ФООМ.

На средбата, претставникот на ФООМ ги информираше учесниците за поддршката која ФООМ ја обезбедува генерално во рамките на мрежната стратегија за правно зајакнување, како и поддршката за оваа иницијатива.

Претставниците на Асоцијацијата Сонце дадоа осврт на претходно постигнатите резултати на ова поле, при што нагласија дека  овој проект ќе  овозможи понатамошно јакнење на капацитетите на  веќе воспоставените структури, како што се медијаторите и локалните акциски групи во заедниците во кои работат.

Од страна на ЕСЕ беше нагласено значењето на пристапот до правда и потребата за градење на капацитети на ова поле, при што ја објасни улогата на ЕСЕ во однос на јакнење на капацитетите на ГО и и ЕЛС во однос примената на пристапите на социјална отчетност и правно зајакнување за решавање на проблемите на локалното население.

На средбата се обратија: Сузана Велковска, координаторка во ФООМ; Ферди Исмаили, извршен директор на Асоцијација за Демократски Развој на Ромите Сонце – Тетово; Алмира Реџепи Усеин, Раководител на проектот – Асоцијација Сонце; Јасминка  Фришчиќ, Извршна Директорка, Стојан Мишев, Координатор на проект, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ. Истата се одржа на 15.02.2019 година во 12.00 часот во ГЕМ Клуб- Менада.


Национален форум: Промовирање на извештај за владеењето на правото и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите како една од Целите за одржлив развој

Препознавајќи го значењето на пристапот до правда како посебна развојна цел, Здружението ЕСЕ и Коалиција Маргини, со финансиска поддршка од Фондација Отворено Општество Македонија (ФООМ) организираше национален форум за презентирање на извештајот за имплементирањето на оддржливата развојна цел на Обединети Нации „Промовирање на владеењето на правото и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите“.

Целите за одржлив развој (SDG’s) претставуваат глобален повик за акција на ОН за да се стави крај на екстремната сиромаштија, да се обезбеди одржлива иднина, заштита на животната средина и да се овозможи луѓето да уживаат еднаквост мир и правда. Притоа,  пристапот до правда е препознаена како посебна оддржлива развојна цел, чија имплементација директно придонесува за економскиот развој на општеството.

Националниот форум се оддржа на ден 14ти февруари 2019 година, од 12:00 до 14:00 часот и на истиот беа презентирани главните наоди од извештајот, на кој учество земаа над 40 претставници на владата, министерствата, институциите, граѓанските организации и меѓународните организации кои работат на ова поле.

Фотографии од настанот на следниов линк:

https://www.flickr.com/photos/fosim/albums/72157676511425607


Консултативен процес на високо ниво со цел трансформација на здравствениот систем

ЕСЕ е дел од настанот одржан со цел за постигнување на универзална покриеност со здравствена заштита, со фокус на човечките ресурси во здравствениот систем. Настанот е организиран од МЗ во соработка со СЗО, а учествуваа и претставници од Министерствата за здравство на Бугарија, Албанија и Црна Гора. На настанот се дискутираше по однос на мерките кои треба да се преземат со цел зајакнување на човечките ресурси во здравството, со фокус на примарното ниво. И истиот има цел да се обезбедат достапни и квалитетни здравствени услуги за населението.


Реакција на информацијата објавена од Министерството за труд и социјална политика на РМ за усвојување на Оперативниот план за вработување за 2019 година со издвојување на рекордни 1,1 милијарда денари

На 05.02.2019 година, Министерството за труд и социјална политика, објави информација во која наведува дека Владата на РМ го усвоила Оперативниот план за вработување за 2019 година, а за оваа намена од буџетот на државата издвоила „рекордни 1.1 милијарда денари“ наменети за преквалификација и до едукација на невработени лица.

Би сакале да ја информираме јавноста дека средствата кои се издвоени за спроведување на активните политики за вработување за 2019 година, не претставуваат рекорден износ на средства кои досега се издвоени за оваа намена, односно претставува само зголемување од 5% во однос на 2018 година, кога биле извоени 1.045.794.835 денари. Па така, од ваквата минимална промена во износот на издвоени средства, не може да се очекува некое значително зголемување во опфатот на крајни корисници со предвидените мерки за вработување во однос на претходните години.

Во услови кога:

– се бележи значителен пораст на средствата кои АВРМ од буџетот на РМ ѝ ги префрла на УНДП за спроведување на програмите, мерките и активностите за вработување (405.881.283 денари во 2018 година);

– 63 % од анкетираните 826, се лица што се долгорочно невработени, односно не се вработени повеќе од четири години;

– 46% од анкетираните 826 граѓани не се регистрираат во евиденцијата на АВРМ;

– 74 % од анкетираните регистрирани невработени лица не знаат дека имаат право на пристап до мерките, програмите и услугите за вработување утврдени со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд; итн.

Министерството при креирањето на активните политики за вработување, треба да стави посебен акцент, не на износот на издвоени стредства, туку на видот, начинот, квалитетот и обемот на мерки за вработување кои ги предвидува.

Во таа насока особено внимание треба да се посвети на следното: средствата издвоени во оперативниот план да се менаџираат во целост од Агенцијата за вработување без одлевање на средства од буџетот кон УНДП врз кои институциите немаат контрола; да се подобри статистиката и начинот на водење на евиденцијата од страна на Агенцијата; да не се фаворизираат одредени мерки за вработување помеѓу граѓаните и да се поттикнат граѓаните да користат повеќе од мерките; да се утврди зошто невработените граѓани не ги користат услугите на Агенцијата за вработување; да се превземат мерки да се охрабрат невработените граѓани да се регистрираат во евиденцијата на невработени, со посебен фокус на нерегистрираните жени; да се преземат мерки за запознавање на граѓаните со услугите кои ги нуди АВРМ преку утврдување на тоа кој вид на комуникација е најсоодветен за различните категории на граѓани; да се спроведат теренски активности од АВРМ во заедницата со цел воспоставување на непосредни односи со неа, а со тоа и враќање на довербата во оваа институција; да се воспостави пракса на непосредно информирање на граѓаните за активните мерки при секоја посета на подрачната единица на Агенцијата; да се планираат и преземат специфични мерки за вработување на повозрасните невработени лица; итн.

Повеќе информации можете да најдете во анализата која е достапна на следниот линк: http://www.esem.org.mk/pdf/Publikacii/2018/Анализа_Активни%20мерки.pdf

 

Со почит,

м-р. Дарко Антиќ

Координатор на програмата „мониторинг и анализа на буџети“

Реакција на информацијата објавена од Министерството за труд и социјална политика на РМ за усвојување на Оперативниот план за вработување за 2019 година со издвојување на рекордни 1,1 милјарда денари


 

Реакција на изјавата за медиуми на Министерот за здравство, д-р. Венко Филипче дадена по повод светскиот ден за борба против карциномот на 04.02.2018

Министерот за здравство, д-р, Венко Филипче, во изјавата дадена за медиумите по повод „Светскиот ден за борба против карцином“ вели дека со цел намалување на стапката на смртност од карцином, министерството ќе превземе активности за набавка на нови мамографи и укинување на партиципацијата за лекување.

Здружението ЕСЕ смета дека ваквиот пристап на министерството, во изнаоѓање на решенија за намалување на стапката на смртност од карцином, ќе создаде дополнителен финансиски товар на и така несолвентниот здравствен систем, како и дополнително оптоварување на терциерното ниво на здравствена заштита. Затоа препорачуваме да се превземат конкретни чекори, односно да се изработат апликативни политики, за зголемување на износот на средства, кои од буџетот на министерството, ќе се издвојуваат за превентивна здравствена заштита и подобрување на нивото на имплементација на усвоените мерки. Па така, за организиран скрининг на карцином на грло на матка да се издвојат 884 илјади ЕУР на годишно ниво (само 0.8% од вкупниот буџет на министерството), да се обезбедат државни специјализации за гинеколози во примарна здравствена заштита кои ќе работат во места каде нема или пак нема доволен број на гинеколози, да се обезбеди едукација на лица кои ќе вршат цитолошки прегледи, да се подобри здравствена статистика, да се координира организираниот скрининг на карцином на грло на матка, итн.

Важно е да се напомене дека постапките за набавка на материјали и опрема и кратење на основните извори на средства во финансирањето на здравствената заштита, се неосновани во услови кога здравствениот систем се соочува за проблеми во обезбедувањето на здравствените услуги на граѓаните, заради недостаток на средства и кадар и несоодветна поставеност и спроведување на здравствените политики. Дополнително, важно е да се истакне тоа дека, од 2010 година па наваму,се набавени и инсталирани апарати за спроведување на мамографски прегледи во јавните здравствени установи во рамки на проектот „Рехабилитација на јавни здравствени установи – Фаза 1 и 2“ вреден 231 милион ЕУР; а пак, укинувањето на партиципацијата за лекување во време кога економијата не создава зголемен приход во буџетот на државата ќе доведе до кратење на основните здравствени услуги за граѓаните во иднина заради недостаток на средства во буџетот и дополнителен товар на граѓаните заради зголемување на јавните давачки или пак задолжување.

Линк до изјавата: https://www.facebook.com/esem.org.mk/videos/380909102694187/

Со почит,

м-р. Дарко Антиќ

Координатор на програмата „мониторинг и анализа на буџети“

Реакција на изјавата за медиуми на Министерот за здравство, д-р. Венко Филипче дадена по повод светскиот ден за борба против карциномот на 04.02.2018