• esem@esem.org.mk
  • Јавете се: +389 (0) 2 3298 295; 3298 296
  • ул. Максим Горки 20/1-4, 1000 Скопје

Што работиме 2020

Бараме Собранието во транспарентна постапка да избере професионални и независни членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието на РСМ да започне транспаретна и отчетна постапка за избор на професионални, искусни и непартиски лица за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) кои ги исполнуваат условите согласно член 17 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Огласот за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација беше објавен во „Службен весник бр. 279/2020“ на 24 ноември 2020 година и трае 30 дена од неговото објавување односно до 24 декември 2020 година.

Соочени со нетраспарентниот избор на партиски и непрофесионални кадри за членови во изминатите два мандати на Комисијата, Мрежата за заштита од дискриминација упатува јавен апел до Собранието на РСМ за отпочнување на: транспарентна постапка за избор на членови на КСЗД коишто ги исполнуваат условите и навремено и постојано информирање на граѓаните, на здруженијата на граѓани и на медиумите за текот на постапката. Собранието по завршувањето на огласот, а со цел запознавање на јавноста е потребно да направи низа чекори кои се предуслови за спроведување на отчетна и фер постапка за избор, водејќи сметка на квалитетот и на искуството на избраните кандидати.

Бараме од Собранието во најбрз можен рок по завршување на огласот да спроеведе јавна расправа на која ќе се претстават кандидатите за членови на КСЗД, додека здруженијата, медиумите и другите заинтересирани страни ќе имаат можност да им поставуваат прашања на кандидатите и да дискутираат по нивниот избор. Оттука, бараме Собранието да ги објавуви биографиите на пријавените кандидати на веб-страницата на Собранието на РСМ, во рок од минимум седум дена пред одржување на јавната расправа; емитување во живо на собранискиот ТВ-канал на јавната расправа, односно сослушувањето/интервјуирањето на кандидатите пријавени на огласот.

Дополнително, повикувајќи се на член 16 став 5 од ЗСЗД согласно кој членовите на Комисијата треба да го одразуваат составот на општеството во целина, Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието при изборот да се применуваат принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово-балансирано учество и избор на лица кои на ниту еден начин не се поврзани со политичките партии.

Истакнуваме дека независна Комисијата за спречување и заштита од дискриминација претставува предуслов за обезбедување на правна сигурност на граѓаните и меѓународен стандард во заштитата од дискриминација согласно меѓународните пропишаните критериуми за национални институции.


Соопштение за медиуми – Граѓанскиот сектор бара избор на стручни и непартиски членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Скопје, 14.12.2020 –Единствено со избор на стручни, професионални и непартиски членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе се подобри лошата состојба со дискриминацијата и кршењето на човековите права во државата, порачаа претставниците на граѓанскиот сектор на денешната јавна дебата, организирана од Здружението ЕСЕ. Настанот се одржа додека сè уште е во тек Јавниот оглас за избор на членови на комисијата, објавен од Собранието. Граѓанските организации ги повикаа пратениците да спроведат постапка за избор која ќе биде транспарентна и ослободена од какви било влијанија.

„Собранието мора да избере независни и професионални членови на КСЗД. Независноста на институцијата е клучен предуслов за унапредување на заштитата и спречувањето на дискриминацијата. Затоа при изборот пратениците мора да се водат од објективни и законски критериуми, а не од меѓупартиски договори. Согласно законот, членовите на комисијата мора да го отсликуваат целото општество односно минимум три членки да бидат жени, а доколку кандидатите ги исполнуваат условите, во комисијата да се изберат и лица со попреченост, Роми, ЛГБТИ лица“, изјави Драгана Дрндаревска од Мрежата за заштита од дискриминација.

Од Здружението ЕСЕ подготвија препораки за тоа како треба да функционира новата комисија по нејзиното формирање, со цел да се постигне ефикасна и ефективна борба против дискриминацијата во општеството.

„Непосредно по изборот на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, неопходно е преземање низа предуслови за успешно спроведување на законот и зголемување на транспарентноста, отчетноста и ефективноста на комисијата. Формирањето стручна служба на комисијата односно вработувањето квалитетни и професионални кадри е првиот чекор кој треба да биде преземен“, вели Стојан Мишев од Здружението ЕСЕ.

На јавната дебата беше презентирано и видео преку кое своите сведоштва ги пренесоа лица кои се директно се соочиле со дискриминација.

„Најчесто дискриминацијата ја доживуваме од институции, и тоа институции кои треба да нè заштита и од насилство и од дискриминација. Често сме дискриминирани од Министерството за внатрешни работи, институција која треба да ја гледаме како поддршка, како заштита, но најчесто токму таму сме дискриминирани“, вели Моника, која десет години се занимава со сексуална работа и е граѓанска активистка која се бори за правата на оваа категорија лица.

Од Министерството за труд и социјална политика порачаа дека со новото законско решение се создадени предуслови за поефикасна борба против дискриминацијата во државата.

„Комисијата сега има обврска задолжително да постапува по сите претставки, што претходно не беше случај, па според достапните информации не се постапувало по 70 отсто од претставките. Исто така, задолжително ќе се поведуваат прекршочни постапки за непостапување по препораките на комисијата“, рече Ѓултен Мустафова, Раководител на Секторот за еднакви можности во Министерството за труд и социјална политика.

Република Северна Македонија речиси две години нема функционална Комисија за спречување и заштита од дискриминација. Во 2019 година, комисијата не беше формирана во законски предвидениот рок, а потоа Уставниот суд го укина тогашното законско решение. На тој начин настана правен вакуум, со што жртвите на дискриминација останаа без неопходната институционална заштита.


Собранието итно да ги започне постапките за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и нов Народен правобранител

Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието итно да ги започне постапките за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и избор на нов Народен Правобранител.

Законот за спречување и заштита од дискриминација стапи на сила со објавувањето во Службен Весник на Република Северна Македонија бр. 258/2020 на 30.10.2020. Согласно член 45, став 1 од овој Закон, јавниот оглас за избор на членови на Комисијата, Собранието на Република Северна Македонија ќе го објави во рок од 15 дена од влегувањето во сила на овој Закон. Согласно датумот на стапување во сила на Законот, вака предвидениот законски рок истече на 14.11.2020, а Собранието на Република Северна Македонија сѐ уште нема објавено јавен оглас за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Вториот мандат на актуелниот Народен правобранител Иџет Мемети истекува на 24.12.2020. Согласно член 5, став 4 од Законот за Народен правобранител, Собранието има законска обврска да ја започне постапката за избор на Народниот правобранител и неговите заменици три месеци  пред истекот на нивниот мандат. Согласно датумот на истек на мандатот на актуелниот Народен правобранител, Собранието требало да ја започне постапката за избор на нов Народен правобранител и негови заменици најдоцна до 24.9.2020, а Собранието сѐ уште нема објавено јавен оглас за избор на нов Народен правобранител.

Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието во најкус можен рок да го спроведе изборот на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на транспарентен начин и водејќи сметка за квалитетот на избраните кандидати. Обврската составот на ова тело да го одразува составот на општеството во целина не смее да остане само декларативна, туку реална цел на Собранието бидејќи во спротивно ќе се компромитира целта на ова тело како гарант за еднаквоста на сите граѓани. Потребно е да се изберат професионални и независни кандидати/ки, кои на ниту еден начин не се поврзани со политичките партии. Притоа, етничката припадност не смее да биде единствен критериум, особено нејзиното тесно разбирање како распределба на позициите помеѓу Македонците и Албанците. Неопходно е да се води сметка за родовата еднаквост и да се вклучат претставници на маргинализираните заедници (Роми, лица со попреченост, ЛГБТИ и други).

Дополнително, Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието во најкус можен рок да ја спроведе постапката за избор на нов Народен правобранител. Собранието при изборот треба да води сметка идниот Народен правобранител да биде лице кое ќе ги надмине долгогодишните идентификувани проблеми на институцијата, а кои се однесуваат на недостатокот на рамномерна распределба на финансиски и човечки ресурси, степен на стручност и компетентност на значаен дел од кадарот на институцијата, јавно објавените меѓучовечки конфликти и мобинг во институцијата и пополнување на празните работни места согласно Правилникот за систематизација во стручната служба, во тимот на Националниот превентивен механизам, во посебните одделенија и во канцелариите на Народниот правобранител.

За крај, новиот Народен правобранител мора да биде лице кое ќе ја врати довербата на граѓаните во институцијата и ќе направи институцијата Народен правобранител да ги исполни меѓународно пропишаните критериуми за национални институции за човекови права, како што се Париските принципи за национална институција за човекови права на ООН и Принципите за заштита и промоција на Омбудсманот на Венецијанската комисија.


Реакција на изјавите од вчерашната прес конференција на министерот за здравство и претседателот на Комисијата за заразни болести

На вчерашната прес конференција на министерот за здравство, Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски беше изјавено дека прашањето за јавно приватно партнерство со приватните здравствени установи за поддршка на јавниот здравствен сектор при справување со пандемијата е прашање на „политика и бизнис“.

Потенцираме дека јавното здравје е основно човеково право и не смее да се толкува како прашање кое зависи од политички и бизнис одлуки, особено во услови на пандемијата со КОВИД-19.

Приватните здравствени установи имаат една примарна цел, а тоа е постигнување висок профит при обезбедувањето на здравствените услуги за повисоки цени. Додека пак, целта на јавниот здравствен систем треба да биде подобрување на општото здравје на граѓаните за пониска цена и со повисок квалитет.

Во таа насока, бараме од министерот за здравство да го промени концептот на јавно приватно партнерство, при што договорите со приватните здравствени установи ќе гарантираат дека граѓаните кои ќе добиваат здравствени услуги во приватните здравствени установи нема да плаќаат надомест за добиената услуга. Дополнително, државата нема да плаќа поголем износ од цената на чинење на услугата во јавните здравствени установи, и јавното приватно партнерство ќе се темели на солидарност, висок квалитет и ниски трошоци.

Јавното здравје треба да биде примарен буџетски приоритет, имуно на политички и бизнис интереси и достапно за сите без никаков надомест.

Линк до изјавата: https://www.youtube.com/watch?v=ZcpqQo2RR1g

27.10.2020

Контакт лице:

Дарко Антиќ

Здружение ЕСЕ

+389 2 3298 295


Јавен настан „Како до подобро здравје за жените, мајките и децата во Република Северна Македонија?“

Здружение ЕСЕ на 07 октомври 2020 година одржа онлајн јавен настан насловен „Како до подобро здравје за жените, мајките и децата во Република Северна Македонија?“.  На јавниот настан беше презентирана „Анализата на состојбите во однос на перинаталната и доенечката смртност во Република Северна Македонија во периодот од 2011 до 2017 година“, која Здружение ЕСЕ ја подготви во соработка со работна група на експерти. Анализата има за цел да ги утврди можните причини и состојби кои доведоа до пораст на доенечката смртност во Република Северна Македонија во периодот од 2011 до 2017 година. Утврдувањето на овие состојби е од клучно значење, со цел државата да може да преземе соодветни мерки и активности за да се спречи можен иден пораст на доенечката смртност. Имено подготвената анализа овозможи Здружение ЕСЕ во соработка со експертската работна група да подготви „Акционен предлог-план за унапредување на здравјето и здравствената заштита на жените, мајките и децата со цел намалување на перинаталната и доенечката смртност во Република Северна Македонија за периодот 2020 – 2030 година“, кој исто така беше презентиран на јавниот настан.По дополнителни консултации со сите релевантни фактори Акциониот предлог-план ќе биде дополнет и потоа заедно со анализата ќе биде доставен до Министертсвото за здравство, Фондот за здравствено осигурување и останати надлежни институции со цел вклучување на предложените мерки и активности во релевантните здравствени политики. На јавниот настан свои излагања и презентации имаа: Јасминка Фришчиќ од Здружение ЕСЕ, Борјан Павловски од Здружение ЕСЕ, Д-р Весна Блажевска-Сиљановска матичен гинеколог и претставничка на Здружението на приватни гинеколози – акушери,  Д-р Елизабета Петковска специјалист педијатар-неонатолог од ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство и  Д-р сци. Наталија Дечовски од ЈЗУ Здравствен дом – Штип. По презентациите се разви дискусија во која одреден дел од учесниците дадоа свои предлози за натамошно дополнување на акциониот план. На јавниот настан учествуваа 27 учесници, претставници од државните институции, претставници од јавни здравствени установи, здравствени работници и претставници од граѓанскиот сектор.

 Програмата за работа на ЕСЕ за 2020 година е кофинансирана од Европската Унија и ФООМ.

Содржината на овој документ е целосна одговорност на Здружение ЕСЕ и во ниту еден случај не ги одразува ставовите на Европската Унија и  ФООМ      


Одржана е-конференција „Отворено владино партнерство – дијалог за Националниот акциски план 2021-2023“

На 30 септември се одржа е-конференцијата „Отворено владино партнерство – дијалог за Националниот акциски план 2021-2023“ на која учествуваа претставници од институциите како и од граѓанското општество и претставници на ОВП.

Република Северна Македонија е дел од глобалната инцијатива Отворено владино партнерство, меѓународна платформа преку која соработуваат институциите и граѓанското општество со дел да се обезбеди транспарентност и отчетност на властите пред граѓаните. Согласно прифатените обврски, Северна Македонија има усвоено четири Акциски планови (2012, 2014, 2016 и 2018), а во наредните шест месеци земјата ќе работи и на петтиот Акциски план 2021 – 2023, процес во кој се очекува да се вклучени сите засегнати страни.

Конференцијата ја отвори Министерот за информатичко општество и администрација, ЈЕТОН ШАЌИРИ кој истакна дека во изминатите неколку години Република Северна Македонија постигна напредок во областите кои придонесуваат кон остварување на основните принципи на Отвореното владино партнерство. Преземени беа голем број активности за градење на партнерски однос со граѓаните и компаниите во обликување на националните политики и креирање на националното законодавство, стратегии и инцијативи. Ваквиот пристап според Министерот секогаш придонесува за постигнување на добри резултати и поквалитетно законодавство, а висок приоритет останува подобрување на сите механизми кои ја гарантираат вклученоста и партнерскиот однос помеѓу институциите и граѓанскиот сектор како основа за градење на демократско општество.

Заменикот Генерален секретар на Собранието на РСМ, МИКИ МИЛКОВСКИ истакна дека Собранието е институција отворена за јавноста што е воедно и една од клучните стратешките цели согласно која Собранието и одлучи да се вклучи во иницијативата на Отвореното владино партнерство. Воедно, ревидираниот Стратешкиот план на Собранието за 2020-2022 и во утврдената стратешка цел Отворен парламент е изразена определбата за отворена власт и учеството во отвореното владино партнерство. Стратешката цел дополнително вклучува и промовирање на културата а отвореност и вклучена информирана јавност и ранливи категории на граѓани, унапреден собраниски канал, лесно пребарлива веб страница, проактивно користење на социјалните мрежи и буџетски транспарентна законодавна власт. Она што е важно дека се развива институционалната свест кај вработените за потребата од повисок степен на отвореност на институцијата и придобивките од истото.

ПОЛ МАСЕН, Шеф за поддршка на земјите, ОВП, истакна дека навистина ги цени сите достигнувања направени до сега и прогресот направен од вклучувањето на земјата во ОВП иницијативата во 2011. Земајќи ги предвид спецификите на времето во кое живееме, и различните кризи со кои се среќаваме меѓу кои и здравствената, економската но и кризата на демократските процеси и довербата во институциите генерално, предизвиците на со кои се среќава иницијативата на ОВП се големи. Амбицијата на ОВП при самото формирање беше да се создадат услови за отворена власт која ќе резултира во поефикасна, поефективна власт, која ќе ужива поголема доверба. Во 2020, овие заложби остануваат приоритет, особено во услови на пандемија со Ковид-19 и нарушени демократски процеси глобално. Амбицијата да се создаде власт која навистина им служи на своите граѓани, а активната вклученост на граѓаните да е и по изборните е едноставна но прекрасна идеја.

„Прогресот во земјата е очигледен и нè радува тоа што владините реформи врзани со отворена власт како концепт се вклучени во владиниот план 2020-2024 и што Владата е посветена на идејата за отворено владино партнерство“ нагласи Масен и ги поздрави реформите како фискална транспарентност и вклученоста на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки. Но, воедно, тој нагласи дека секогаш постои простор за подобрување, и во таа насока, власта мора да ги искористи енергијата и ентузијазмот кој го поседува и да постави неколку сериозно амбициозни цели во новиот Акциски план. Како наближува 10 годишнината од соработката на РСМ со ОВП, особено е значајно властите во Северна Македонија да обезбедат вистински, сериозни трансформативни процеси и идеи кои ќе обезбедат нов, ефикасен и ефективен начин на кој властите ќе им служат на граѓаните.

ГОРДАНА ГАПИЌ ДИМИТРОВСКА, Националната координаторка за ОВП во РСМ истакна дека отвореното владино партнерство е континуиран процес и развој кој бара постојана посветеност. Таа нагласи дека политичката волја е важна, но поважно е што денес имаме администрација, посветени професионални службеници кои разбираат што точно значи отворено владино партнерство и имаме повеќе од партнери во граѓанските организации. Отвореното владино партнерство има повеќекратни придобивки за општеството и преку оваа иницијатива искуството покажува дека може да се адресираат и решаваат проблеми – како резултат на отвореното владино партнерство денес имаме функционален систем на отворени податоци, портал за отворени финансии, отворен трезор, подобрена заштита на укажувачите итн. Наредниот период го поставува предизвикот на формирање на акцискиот план 2021-2023 кој согласно досегашните искуствата треба да биде мал, компактен но навистина трансформативен и фокусиран план кој ќе даде видливи резултати.

На вториот панел на тема придобивките од ОВП и важноста на вклученоста на сите засегнати страни во процесот, дискутираа МАРТИН ТОДЕВСКИ од Центарот за управување со промени, ко-претседател на Советот за координација и мониторинг на ОВП, ИВОНА СТАЛЕВСКА од Фондацијата Отворено општество – Македонија, координатор на мрежите на граѓански организации за ОВП, ЗЛАТКО АТАНАСОВ од Парламентарниот Институт при Собранието на РСМ, ЖАРКО ХАЏИ-ЗАФИРОВ од Центарот за правни истражувања и анализи, ДАНИЕЛА АРСЕНОВА – ЛАЗАРОВА, координатор за локален економски развој во Општина Свети Николе. Модератор на сесијата беше ДАРКО АНТИЌ од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.

Мартин Тодевски истакна дека Советот за ОВП како управувачко тело на процесот составен од 14 членови од институциите и граѓанското општество е единствен модел на заедничко управување од овој тип. Истиот е исклучително важен бидејќи на едно место ги вклучува сите засегнати страни и во донесувањето на одлуки подеднакво се вклучени и институциите и граѓанските организации.

Ивона Сталевска од ФООМ ги подвлече карактеристиките на Мрежата на граѓански организации за отворено владино партнерство која се формираше во пресрет на подготовката на новиот (петти) национален акциски план, со цел за поорганизирано делување и влијание на граѓанските организации на неговото креирање, како и поттикнување и мониторинг на имплементацијата на постојниот и идните акциски планови. Мрежата на ГО за ОВП е репрезентативна и опфаќа 69 организации кои работат со различни група, а улогата на мрежата е да го мобилизира и координира застапувањето на граѓанското општество за прашањата на ОВП. Мрежата ќе придонесе да се создаде структура за консултација и координација во граѓанското општество и помеѓу владата, граѓанските организации, граѓаните и другите заинтересирани страни за дизајнирање, спроведување, поддршка, промоција и мониторинг на приоритетите и иницијативите на ОВП.

Златко Атанасов посочи дека во Собранието, како вклучена заинтересирана страна во процесот на ОВП, низ годините работа на концептот отворена власт се дојде до состојба во која процесот е признат и ставен како приоритет. ОВП за Собранието не е само концепт за отворена соработка со граѓанските организации и отвореност кон граѓаните туку овозможи и независноста на Собранието да се позиционира на ниво на стратешка определба и тоа и за административна, функционалната, безбедносна и финансиската независност на институцијата. ОВП воедно овозможи Собранието да ја преиспита културата на отвореност и да обезбеди механизми кои на граѓаните ќе им овозможат отворен пристап до законодавниот дом, како што се генералната проактивност на Собранието, учеството на граѓаните во законодавниот процес но и проактивно публикување и ревидирање на документите кои ги произведува Собранието, како и диверзификација на каналите преку кои се пренесуваат информациите до граѓаните.

Жарко Хаџи-Зафиров сподели со учесниците на конференцијата дека Центарот за правни истражувања и анализи заедно со Врховниот суд и останатите високи судови во С. Македонија го отпочна процесот за разговор околу отворено судство. Кај нас во судството не се прави дистинкција помеѓу отвореност и транспарентност. Пред нас е период кој ќе биде предизвик во смисла да се објасни, а судството да прифати што точно значи отворено судство со оглед на тоа дека односно судиите и службениците сметаат дека доколку тие работат транспарентно, тоа значи дека судството е отворено. Во досегашната соработката со високите судови се обезбеди едногласна согласност за учество во процесот и врз основа на таа согласно, заедно со нив е изработен акциски план за отворено судство кој беше споделен со ОВП Лондон и со Националниот координатор. Идејата во процесот на отворено судство да се направи тело кое ќе има претставници на високите судови, на основните судови во еден дел како и претставници на граѓанското општество и останатата стручна јавност со цел да се изработи Стратегија за отворено судство.

Даниела Арсенова – Лазарова потенцираше дека локалната власт на ОВП локал се гледа како на основа за долгорочен модел на соработка со точно дефиниран акциски план за тоа како развојот треба да се биде во иднина. ОВП процесот на локално ниво има особено значење бидејќи истиот вклучува директно учество на граѓаните и граѓанските организации и до сега процесот поттикна неколку иницијативи директно од граѓаните кои и ден денес се имплементираат и имаат потенцијал за развој. Во иднина ОВП локал ќе се стреми кон зголемување на фискалната транспарентност на локалната самоуправа, подобрување на општинските услуги во областа на урбанизмот, комуналните услуги, образованието, здравството, локалниот економски развој итн., но и на проактивното објавување на информациите од јавен карактер.

Дарко Антиќ потенцираше дека дискусијата од панелот генерално посочува дека ОВП нуди дефиниран и организиран пристап, нуди можност за соработка помеѓу институциите, граѓанското општество и граѓаните, заедничко учество и заедничко донесување одлуки давајќи од една страна можност на ГО за проактивно учество, а од друга страна можност за институциите да го искористат знаењето и искуството на граѓанското општество во повеќе сегменти. Вмрежување на ГО за потребите на процесот на ОВП овозможува мобилизирано усогласено и координирано делување во различни области и со различно искуство, давајќи силен глас на ГО во целиот процес.

Темата на третиот панел на кој зедоа збор ГЕРМАН ФИЛКОВ од Центарот за граѓански комуникации, член на Советот за координација и мониторинг на ОВП, САНДРА ПРЕНАР, Висока регионална координаторка за Европа, ОВП и МАРИЈА НИКОЛОВСКА АРСОВСКА од Фондацијата Метаморфозис и ОВП онлајн платформата, беа идните чекори во развојот на Националниот акциски план 2021-2023 како и приоритетите и приоритетните области кои треба да бидат опфатени во истиот. Модератор на оваа сесија беше Маја Петковска Лесес од Генералниот Секретаријат на Владата на РСМ.

Герман Филков ги презентираше четирите приоритетни области за ко-креирање на акцискиот план дефинирани во широка консултација , и тоа: 1) Транспарентност, отчетност, проактивност и инклузивност 2) Спречување на корупција и промовирање на добро владеење, 3) Испорака на јавни услуги и 4) Пристап до правда. Приоритетите опфаќаат заложби и мерки кои ќе промовираат поголема вклученост на граѓаните во креирањето политики, како и спречување на корупција, но и ќе овозможат испорака на квалитетни јавни услуги како и ефективен пристап до правда и квалитетни правни услуги, со особен фокус на млади, маргинализирани групи и жени.

Сандра Пренар посочи дека во соработката со Северна Македонија за ОВП иницијативата таа гледа огромен потенцијал, но и ги цени досегашните придобивки. Таа ги сублимираше можностите за поддршка која ОВП може да ја понуди во процесот на креирање на акцискиот план и ја поздрави определбата за компактен и јасно дефиниран план кој ќе даде резултати на крајот од планскиот период, имајќи ги предвид сите специфики и предизвици со кои се среќаваме и локално и глобално.

Марија Николовска Арсовска истакна дека Фондацијата Метаморфозис во изминатиот период работеше на изработка на платформа за ОВП која е многу повеќе од обична платформа за спроведување на консултации, туку е платформа која ќе го поддржи секој аспект од процесот. Тука ќе бидат опфатени консултациите за подготовката на новиот акциски план, ќе се даде приказ за следењето на акцискиот план, приказ на претходните акциски планови и ќе го поддржи и прикаже работењето на мрежата за ОВП и Советот на ОВП. Иако првичната идеја за платформата беше поедноставна, финално таа е изработена со сите претходно споменати елементи во форма на покомплексна софтверска апликација за да ги опфати инпутите на сите засегнати страни добиени во широка консултација во еден подолг период.

Процесот на креирање на акцискиот план ќе биде многу динамичен, заклучи Гапиќ Димитровска на крајот од конференцијата и тоа благодарение на детално изработените документи, насоки од страна на Советот на ОВП како што се временската рамка, критериумите за оцена и едукативниот материјал кој ќе се користи.


Извештај од набљудување на работата на народниот правобранител со фокус на спречувањето и заштитата од дискриминација: (2010-2019)

Целта на овој Извештај е да го процени испол­нувањето на уставните и на законските надлеж­ности на Народниот правобранител во полето за промоцијата на еднаквоста и на недискриминацијата во општеството, како и постапувањето по прет­ставки за заштита од дискриминација во еден по­долг временски период, односно од 2010 до 2019 година. Тој треба да биде корисна алатка при пла­нирање и при преземање на активности за застапу­вање, насочени кон унапредување на законската рамка за спречување и заштита од дискримина­ција, како и надминување на недостатоците при нејзиното спроведување во практиката.

Земајќи ја предвид огромната одговорност на оваа институција, Извештајот од набљудување­то на работата на Народниот правобранител со фокус на спречувањето и заштитата од дискри­минација (за периодот 2010 – 2019 година) треба да придонесе кон унапредување на ефи­касноста и делотворноста на работата на Народ­ниот правобранител, особено во спречувањето и заштитата од дискриминација во Република Северна Македонија.

Документот се заснова врз преглед на различен тип на податоци за испол­нување на законскиот мандат на ова тело во уна­предувањето на недискриминацијата во земјата и особено – на поединечните проблеми на ран­ливите групи граѓани (ЛГБТИ, лица кои живеат со попреченост, луѓе кои користат дроги, лица кои живеат со ХИВ, жени, сексуални работници/чки, Роми, сиромашни луѓе итн.) кои се жртви на дис­криминација од страна на различни надлежни државни органи, јавни установи и служби.

Заштитата од дискриминацијата е суштински дел од сите човекови права и го гарантира правото на еднаквост на сите. Еднаквоста на слободите и правата на сите граѓани е уставно загарантирана, независно од полот, родот, расата, бојата на кожа, националното и социјалното по­текло, политичкото и верското уверување, имот­ната и општествената состојба итн. Постоењето на институционално независно тело какво што е Народниот правобранител, кое ќе одговара пред законодавната власт чиишто претставници се народните избраници – пратениците, има огром­но значење за целокупниот правен систем во една држава и за практичното спроведување на спречувањето и заштитата од дискриминација. Тоа треба секогаш да стои на страната на граѓа­ните кога нивните човекови права се повредени од страна на државната управа и другите органи со јавни овластувања. Народниот правобрани­тел има изречна обврска да ги штити граѓаните од дискриминација, активно да ги следи нивните правни проблеми поврзани со дискриминација­та, да учествува во нивно решавање и да постапу­ва соодветно по претставките за заштита од дис­криминација, но и да се застапува за унапреду­вање на законската рамка за недискриминација и надминување на нејзините недостатоци.

Издавачи на Извештајот и на Извршните резимеа се Коалиција МАРГИНИ и Мрежата за заштита од дискриминација.

Автори на истражувањето се правните советници Стојан Мишев и Сања Јовановиќ-Панева, а коавторка е правната советничка и програмска координаторка Драгана Дрндаревска.

Уредничка на публикацијата е Мања Величковска.

Лекторка на текстовите на македонски јазик е Виолета Танчева-Златева, а на албански јазик Лејла Ќалили.

Преведувач на Извршното резиме од Извештајот е Грамоз Шабани, а преведувачка на англиски јазик е Ана Василева.

За графичко уредување и дизајн одговорни се КОМА, а печати Винсент графика.

Извештајот е достапен тука.
Извршното резиме (македонски) е достапно тука.
Извршното резиме (албански) е достапно тука.
Извршното резиме (англиски) е достапно тука.


Соопштение за медиуми – Јавните институции молчаливи – транспарентноста на незадоволително ниско ниво

(Скопје, 28.09.2020) –Транспарентноста и отчетноста на јавните институции пред граѓаните е на незадоволително ниско ниво. Од вкупно 89 мониторирани јавни институции, од кои 15 министерства, помалку од половина односно 35 одговориле на над 90% од барањата за пристап до информации од јавен карактер. Дополнително, од 25 анализирани институции, ниту една ги нема јавно објавено сите документи кои се однесуваат на буџетските трошења, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Само Владата и Министерството за финансии објавиле над 40% од документите, додека останатите 23 институции се проактивно нетранспарентни. Ова се заклучоците од истражувањето за реактивната и проактивната транспарентност кај јавните институции во 2019 година, кое беше презентирано на денешната јавна дебата, организирана од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.

„Клучно уназадување во 2019 година во однос на 2018 година има во добивањето одговори по редовна постапка односно од 87 отсто е намалено на 80 отсто од доставените барања. Ова значи дека институциите помалку го почитуваат правото односно обезбедуваат помал број информации по редовна постапка. Исто така, има уназадување во просечниот период за добивање одговор, кој од 68 зголемен е на 74 дена“, рече Дарко Антиќ, програмски координатор во ЕСЕ.

„Не се достапни ни базични информации, а некои институции немаат ниту веб страна. Најсвеж пример е студентскиот дом Пелагонија каде баравме информации за наше истражување за студентскиот стандард и увидовме дека нема своја интернет страница каде може да ги најдеме потребните податоци“, истакна Петар Барлаковски, програмски координатор во МОФ.

Учесниците на дебатата посочија дека унапредувањето на транспарентноста, отчетноста и партиципативноста во работењето на јавниот сектор е од клучно значење за идниот развој на земјата, особено во насока на исполнување на критериумите кои се дел од преговорите за членство во Европската Унија.

„Пандемијата со КОВИД-19 покажа ноа момент во делот на фискалната транспарентност односно зголемување на граѓанскиот надзор и контрола врз буџетските средства дали тие се потрошени за намената за кој се предвидени и дали стигнале до финалните корисници за кои биле наменети“, изјави Хелен Турек, главна регионална координаторка на ОВП за Европа.

Директните учесници во работењето на институциите очекуваат подобрување во овој сегмент, со оглед на мерките кои се преземени во последните неколку години, во насока на поголема транспарентност пред граѓаните.

„Најтешко е да ја промените културата на работење во институциите. Голем предизвик е да им се објасни на службениците на кои ова не им е главна работна обврска дека тие информации не се на министерството туку се на граѓаните. Сепак, имаме стратешки пристап, артикулирана желба во пишан збор која може да се следи и во крајна линија тука е Стратегијата за транспарентност која треба да ги покрие сите области“, рече Гордана Гапиќ Димитровска, државен советник во Министерството за информатичко општество и администрација.

Главни препораки на ЕСЕ за поттикнување на отвореноста на институциите се зголемување на свеста за важноста на ова прашање кај вработените во јавниот сектор, но и помеѓу граѓаните и компаниите, како и да се преземат чекори за ревидирање на владините мерки за унапредување на транспарентноста на институциите. Проектот за оценување на транспарентноста на јавните институции е поддржан од Европската Унија и од Фондацијата Отворено општество – Македонија.


Соопштение за Народниот правобранител – Мрежата за заштита од дискриминација бара избор на стручни и компетентни лица во институцијата Народен правобранител

Мрежата за заштита од дискриминација континуирано ја следи  работата на Народниот правобранител како национална институција за човекови права и во последните неколку години има идентификувано повеќе пречки во целокупното нејзино функционирање кои ја ослабуваат нејзината ефикасност и ефективност како институција и ја спречуваат во комплетно исполнување на нејзините надлежности. Меѓу најгорливите се недостатокот на рамномерна распределба на финансиски, на човечки и на технички ресурси, како и степенот на стручност и компетентност на значителен дел од кадарот.

Последните вести кои медиумите ги пренесоа а кои се однесуваат на работата на Народниот правобранител, односно на конфликтот меѓу Народниот правобранител Иџет Мемети и замениците-правобранители, како и на обвинувањата за омаловажување, за скратување на одморот и за одземање на други права, дури и на мобинг од страна на Правобранителот, е скандалозно и вознемирувачко. Ваквите состојби сериозно ја разнишуваат довербата на граѓаните кон институцијата и важноста на нејзината улога.

Во оваа прилика, сакаме да потсетиме дека вториот мандат на Народниот правобранител Иџет Мемети истекува на крајот на 2020 година, а согласно Законот за Народниот правобранител, Собранието е законски надлежно да покрене постапка за избор на нов Народен правобранител преку објавување на оглас најдоцна три месеци пред истекот на мандатот на  актуелниот Народен правобранител.

Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието изборот на Народниот правобранител да биде еден од приоритетите на новиот парламентарен состав, да биде спроведен транспарентен и фер процес на селекција на кандидатите, ослободен од влијанието на политичките партии и да биде извршен избор на компетентен и соодветен кандидат/ка. Само така ќе се обезбеди независна и стручна институција која доследно и во целост ќе може да ги оствари сите свои законски надлежности за промоција, унапредување и заштита на човековите права и слободи.

Воедно, функционалноста на институцијата зависи и од државните советници, од соработниците и од другите службеници кои се вработени во неа. Според последниот годишен извештај на Народниот правобранител за 2019 година, од 155 работни места предвидени со Правилникот за систематизација на работните места во стручната служба, во тимот на Националниот превентивен механизам, во посебните одделенија и во канцелариите на Народниот правобранител, пополнети се само 90 места, што значи дека дури 65 работни места остануваат непополнети. Мрежата за заштита од дискриминација апелира нови вработувања да бидат спроведени во најкус можен рок и нагласуваме дека при постапката не смее да се дозволат какви било партиски влијанија.

Мрежата за заштита од дискриминација искажува загриженост за фактот дека, иако Народниот правобранител како институција постои повеќе од 20 години, тој не успева да ги исполни меѓународно пропишаните критериуми за национални институциии за човекови права, како што се Париските принципи за национална институција за човекови права на ООН и Принципите за заштита и промоција на Омбудсманот на Венецијанската комисија. Да се има силна и независна институција Народен правобранител е важно и заради евроинтегративните процеси на нашата земја, затоа што ова е критериум за исполнување на основните вредности на ЕУ, за владеењето на правото и за почитувањето на човековите права. Дополнително, минатата година, Европската комисија нѐ потсети дека потребно е именување на членови на независни тела кои се засноваат врз заслуги со што ќе се осигура нивната компетентност и интегритет. Ова несомнено важи и за идниот Народниот правобранител.

Мрежата за заштита од дискриминација бара од пратениците во новиот парламантарен состав  навремено да покренат соодветни постапки за избор на нов Народен правобранител и со посветеност и сериозност да изберат кандидат/ка со цел институцијата Народен правобранител  да ја извршува својата функција на ефикасен, на независен и на професионален начин за сите граѓани во Република Северна Македонија и да биде вистински пример на промотор и заштитник на човековите права и слободи кога тие се повредени од јавната власт.

Скопје, 26.08.2020

Лице за контакт:

Стојан Мишев

stojanmisev@esem.org.mk

Соопштение

Мрежата за заштита од дискриминација бара избор на стручни и компетентни лица во институцијата Народен правобранител


Јавна дебата „Предизвици со кои се соочуваат жените, мајките и децата Роми во пристапот до превентивната здравствена заштита”

На 21 јули 2020 година Здружение ЕСЕ одржа онлајн јавна дебата на тема: „Kако макроекономските политики влијаат врз пристапот до здравствена заштита за жените, мајките и децата“. На јавната дебата воведно обраќање имаше претставничка од Фондацијата Отворено општество Македонија.

На јавната дебата говореа претставници од – Здружение ЕСЕ, ИРИЗ, Романо Чачипе и КХАМ, кои имаа излагање по однос на наодите добиени преку процесот на мониторинг во заедницата и спроведениот прашалник во ромските домаќинства во населбите каде што работат ромските организации во општините Шуто Оризари, Делчево, Виница и Пехчево. Наодите се однесуваат на пристапот до здравствени услуги за женско репродуктивно здравје и здравје на мајките и децата. На дебатата беше дискутирано за проблемите со кои се соочуваат жените, мајките и децата во пристапот до следните услуги: гинеколошка здравствена заштита на примарно ниво, опфат со скринг програмите за рак на грло на матка и рак на дојка, антенатална здравствена заштита, превентивна здравствена заштита на новороденче и доенче, опфат со услугите на патронажната служба, здравствена едукација и услуги за вакцинација и систематски прегледи на децата. На јавната дебата свое излагање имаше и претставничка од НРЦ, која ги изнесе наодите на НРЦ добиени од ромската заедница од општина Куманово по однос на проблемите со опфатот на ромското население со активностите предвидени со Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата.

На јавната дебата присуствуваа повеќе претставници од граѓански организации и меѓународни организации, кои се вклучија во дискусијата и дадоа свој придонес по однос на наодите и по однос на препораките за унапредување на состојбите.

Повеќе информации можете да проследите на следниот линк.


Јавна дебата на тема: „Kако макроекономските политики влијаат врз пристапот до здравствена заштита за жените, мајките и децата“

На 21 јули 2020 година Здружение ЕСЕ одржа онлајн јавна дебата на тема: „Kако макроекономските политики влијаат врз пристапот до здравствена заштита за жените, мајките и децата“.

На јавната дебата воведно обраќање имаа претставничка од Фондацијата Отворено општество Македонија и претставничка од Делегацијата на Европската Унија во Р. Северна Македонија.

На јавната дебатаговореа претставници на Здружение ЕСЕ, кои ги изнесоа наодите од работата на ЕСЕ по однос на планирањето и спроведувањето на буџетот за здравствена заштита, како и планирањето и спроведувањето на превентивните Програми на Министерството за здравство (Програмата за скрининг на ракот на грлото на матката, Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата и Програмата за систематски прегледи на учениците и студентите). Посебен осврт беше даден на тоа како недостатоците во планирањето и спроведувањето на здравствените буџети и на програмите негативно се одразуваат врз пристапот на населението до превентивна здравствена заштита, со посебен осврт на женското репродуктивно здравје и здравјето на мајките и децата. Наодите изнесени од страна на ЕСЕ се базираат на наодите од работата на ЕСЕ во делот на мониторинг и анализа на програмите и буџетите на Министерството за здравство и од работата на полето на анализа на влијанијата на макроекономските политики врз здравствените буџети и врз пристапот до правото на здравје.

На јавната дебата обраќање имаа и здравствени работници, и тоа докторка од одделот за имунизација и систематски прегледи во Поликлиниката во Шуто Оризари, која говореше по однос на спроведувањето на систематските прегледи за деца надвор од образовниот систем, како и за проблемите во пристапот до овие здравствени услуги за време на пандемијата со Ковид-19. Обраќање имаше и докторка матичен гинеколог од Поликлиниката во Бит Пазар, која говореше за спроведувањето на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката, како и за детектираните проблеми од праксата при спроведувањето на оваа Програма.

На јавната дебата учествуваа повеќе претставници од граѓански организации кои дадоа свој придонес во дискусијата и во барањата за унапредување на состојбите

Подетални информации можете да најдете во Информацијата за јавност.


www.pobarajsovet.mk – Интернет платформа за бесплатни правни совети

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество ја пушти во употреба првата интернет платформа „Побарај совет “ за обезбедување на правна поддршка на жените кои претрпеле семејно насилство. Преку оваа платформа жените ќе добијат информации за законските можности за заштита од семејно насилство и ќе имаат можност да постават конкретни прашања за надминување на проблемот со насилството и разрешување на проблемите кои се последица на семејното насилство, како што се разводот на брак, старателството над децата, издршката, имотните односи, наследувањето, кривичните дела поврзани со семејното насилство, можностите за итна заштита преку привремени мерки за заштита, итн.

Платформата за правна помош содржи и посебен дел за практичарите од надлежните институции, како што се центрите за социјална работа, полицијата, Основното јавно обвинителство и судовите. Покрај  информациите за законската регулираност и надлежностите на надлежните институции, практичарите ќе имаат можност да постават прашања и да се консултираат при постапувањето во предмети поврзани со семејното насилство.

Веруваме дека платформата „Побарај совет“ ќе овозможи олеснување на пристапот до правда и разрешување на правните проблеми, преку зголемување на нивото на информираност и правно зајакнување на жените кои претрпеле семејно насилство во услови на вонредна состојба.  Обезбедувањето на навремени правни совети и поддршка согласно специфичните индивидуални проблеми на жените ќе придонесе за нивно правно зајакнување и подготвеност самостојно да се вклучат во постапките за остварување на нивните права пред надлежните институции.


Може ли да се следи спроведувањето на Цел 16.3?

Агендата 2030 за одржлив развој и 17-те Цели за Одржлив Развој  претставуваат глобален повик за акција за да се стави крај на екстремната сиромаштија, за да се обезбеди одржлива иднина и развој на нашата планета и за да им се овозможи на сите луѓе да уживаат еднакво во мир, правда и просперитет.

Развојната Цел 16.3 – Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување на пристап до правда за сите, претставува централен елемент од шеснаесеттата развојна цел и ја препознава поврзаноста на пристапот до правда, намалувањето на сиромаштиjата и инклузивниот одржлив развој. Оваа цел обезбедува единствена можност да се даде рефлексија за тоа како националните влади можат да осигураат дека економскиот раст и развој и стратегиите за надминување на сиромаштијата го опфаќаат и пристапот до правда и иницијативите за правно зајакнување, како интегрален дел за остварување на овие цели.

Преточувањето на ЦОР на национално ниво, подразбира подготовка на Стратегии и Акциски планови за одржлив развој на краток, на среден и на долг рок до 2030 година.  За овој процес на национално ниво, државите подготвуваат Доброволен национален преглед (Voluntary National Review – VNR), механизам за известување за тоа како земјите ги имплементираат Целите. Во пресрет на Политичкиот форум на високо ниво / HLPF, во јули 2020 година, Република Северна Македонија подготви извештај што ќе биде разгледан за време на Форумот, а ние како здруженија кои долги години работиме на унапредување на пристапот до правда на маргинализираните заедници, доставивме Spotlight извештај во кој ги истакнавме идентификуваните недостатоци во спроведувањето на Целта 16.3 и предлагаме конкретни акции за подобрување на пристапот до правда.

Целите за одржлив развој треба да создадат партнерствата за соработка, размена на искуства и знаења, финансиска и техничка помош меѓу владите и вклучување на бизнис на заедницата, на донаторите, на академијата и на граѓанското општество во нивното спроведување. Затоа, сметаме дека нашиот извештај ќе биде катализатор за спроведување на Целите за Одржлив Развој на национално ниво, преку зајакнување на соработката и координацијата помеѓу Владата, здруженијата и останатите засегнати страни. Во продолжение погледнете ги нашите наоди и препораки:

http://coalition.org.mk/wp-content/uploads/2020/05/North-Macedonia-Sporlight-report-2020.pdf


Семејното насилство може да има и фатален крај

Повеќе од 60% од убиствата на жени во Македонија е извршено од страна на нивниот партнер. Карантинот покажа дека семејното насилство може да има и фатален крај


Реакција за (не)одговорност на институциите

Најзасегнати во пандемијата се лицата кои живеат во супстандардни живеалишта и населби, со фокус на ромските средини. Вкупно 51 организација ја поддржаа реакцијата за (не)одговорност на институциите за овие граѓани


Информација за медиуми – Планирање и спроведување на првиот и вториот пакет на економски мерки

Предмет: Информација за медиуми

Пандемијата предизвикана од COVID – 19 вирусот создаде досега невидени предизвици со изразени социо-економски последици, a најголемо влијание имаше врз малите и средни бизниси, особено оние кои се занимаваат со занаетчиство, трговија, турзам, угостителство, итн. Кризата особено влијаеше врз фирми основани и водени од едно лице, а особено врз оние управувани од жени (53% од лицата кои се стекнале со статус на невработени во април, 2020 година се жени), како и врз лица кои работат неформални бизниси или се корисници на социјални бенефиции.

Владата на РСМ во два наврати донесе пакети на економски мерки чиј износ не е познат, а пак третиот пакет мерки во вредност од 355 милиони евра е донесен на 17 мај, 2020 година  но не е сеуште операционализиран.

Како и да е, и покрај широките консултации за кои зборуваше Владата, за првиот и вториот пакет мерки, во стручната јавноста се водат низа на дебати за оправданоста и ефикасноста на донесените економски мерки, а пак помеѓу граѓаните се зборува за потешкотии во пристап до мерките и несоодветност на обезбедената помош.

Нивото на реализација на сетот економски мерки, особено од аспект на износот на потрошени средства,  не може да се утврди од информациите кои се јавно достапниЗа повеќе од 60% од усвоените економски мерки нема никакви информации за планираниот опфат на граѓани/компании, а пак за повеќе од 70% нема информации за реализираниот опфат и потрошените средства.

За дел од мерките постојат различни јавно достапни информации. На пример, на 06 мај министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека за мерката “14.500 денари за исплата на месечна плата” аплицирале 19.000 компании[1], за три дена подоцна министерството за финансии да објави дека за оваа мерка се пријавени околу 24.000 компании[2], а за шест дена подоцна да објави дека аплицирале 16.546 компании.  Целата состојба да стане поконфузна Владата на 10 мај објави дека за оваа мерка доделена е помош на 21.542[3] компании. Практично, за една иста мерка во јавноста се презентираат четири различни информации.

Според јавно достапните податоци:

– помошта од 14.500 денари месечно за плата по вработен  ја искористиле 21.542 компании или пак 61% од планираниот број на компании, без да се знае колкав е бројот на вработени кои имале бенефит од оваа мерка и колку средства се потрошени за нејзиното спроведување.

– помошта од 14.500 денари за плата месечно за спортисти ја искористиле 855 спортски работници во износ од 180 илјади евра за месец април 2020 година, без да се знае колкав е бројот на спортски работници кои имаат потреба од оваа мерка и колку средства се издвоени за нејзиното реализирање.

– финансиската поддршка во износ од 14.500 денари за самостојни вршители на дејност ја искористиле 5.840 правни лица што за два месеци приближно би изнесувало 1.4 милиони евра. Како и да е, од информациите кои се јавно достапни не може да се утврди дали Владата направила проценка на бројот на правни лица кои ќе имаат потреба од оваа мерка и колку средства се издвоени за спроведувањето на истата.

– бескаматни кредити од кредитната линија ковид 1 добиле 738 компании во износ од 5.5 милиони евра, што претставува 40% од издвоениот износ на средства со оваа кредитна линија и кредитната линија ковид 2.

Повеќе информации можете да добиете на следните линкови:

1. Инфографик  –  http://www.esem.org.mk/index.php/najnovi-publikacii/3633-ekonomski-merki-za-spravuvanje-so-krizata-predizvikana-od-covid-19.html

2. Целосна анализа –  http://www.esem.org.mk/index.php/najnovi-publikacii/3632-planiranjeto-i-sproveduvanjeto-na-prviot-i-vtoriot-paket-ekonomski-merki-bea-poveke-zbunuvacki-i-zatskrieni-otkolku-“navremeni-i-seriozni”,-a-pak-tretiot-paket-senzacionalen.html

Лице за контакт: Дарко Антиќ, програмски координатор, Здружение ЕСЕ, dantik@esem.org.mk, +389 2 3298 295.

 


[1] Facebook статус на министерот за економија.

[3] Facebook статус на министерката за финансии.


Учество во емисијата КОД, за прибирањето и трошењето на средствата за справување со пандемијата

Дарко Антиќ од ЕСЕ вчера (17.05.2020), гостуваше во КОД и разговараше со Снежана Лупевска за прибирањето и трошењето на средствата за справување со пандемијата.

Погледнете ја целата емисија.


Информација за медиуми – Набавки и донации за КОВИД-19

Предмет: Информација за медиуми

Во време на вонредна состојба, некоординираноста во известувањата на јавноста, разликите во податоците кои се презентираат со јавноста; немањето на информации за резултатите од работењето на јавните институции, особено за начинот на прибирање и трошење на парите на граѓаните од оние институции од здравствениот сектор; давањето на можност за извршување на буџетски пренамени самостојно од страна на секој буџетски корисник без јавно образложување на потребата, изворот на кратење и износот; итн. придонесуваат кон зголемување на можноста за злоупотреба на парите на граѓаните.  Дополнително, ваквиот пристап дава ексклузивно право на Владата да донесува одлуки и ги утврдува потребите на граѓаните без консултации и предлози.

Процесите на прибирање и трошење на средствата наменети за справување со пандемијата на COVID-19 се нетранспарентни, а пак малкуте достапни информации се конфузни.

1. Министерството за здравство на три сметки прибира финансиски донации, но нема отчет од каде се обезбедени средствата и како тие се потрошени. Дополнително, министерството прима и материјални донации за кои нема информации кој, во која количина и која вредност ги обезбедил, како и на кој начин тие се дистрибуирани во јавниот систем. Информациите кои се јавно достапни се конфузни, нецелосни и нејасни. На сметката за поддршка за справување со коронавирусот на Министерството за здравство, заклучно до 06 мај 2020 година прибрани се 2.9 милиони евра, а пак според информациите објавени од еден македонски медиум на 08 април 2020 година Министерството за здравство обезбедило 67.7 милиони евра во облик на донации и грантoви.

2. Владата на РСМ формираше Фонд за поддршка со цел справување со кризата предизвикана од COVID-19 за кој нема ниту еден податок како функционира, односно колку средства се прибрани и потрошени.

3. Нејасно е дали барањето на финансиска и материјална помош од Владата на РСМ и Министерството за здравство се базира на некоја претходно направена проценка/план на потребите или пак се спроведува врз основа на тековните понудени можности.

4. Вонредната состојба и Владата на РСМ им овозможи на јавните институции самостојно, итно и нетранспарентно да вршат прераспределба на 70% од средствата во нивните буџети. Од 26 март 2020 година јавните институции прават промени во своите буџети без да објават што кратат и за што ги наменуваат скратените средства.

5. Интервентните набавки и нејасноста на информациите за спроведените итни набавки ја доведуваат во прашање оправданоста и економичноста на овие постапки, а Владата на РСМ ја прават нетранспарентна. 

6. Континуирано се набавуваат големи количини на заштитна опрема. Во меѓувреме Владата на РСМ добива континуирани донации на ваква опрема од различни донатори, а во државата речиси четвртина од заболените од COVID-19 се здравствени работници и од нив четвртина се заболени во здравствени установи. Овие резултати водат кон повеќе прашања, и тоа: дали Владата на РСМ има направено проценка на потребите за заштитна опрема и дали дистрибуцијата на заштитната опрема одговара на реалните потреби.

7. Континуираното инсистирање за набавка на голема количина на респиратори, без јасна проценка на националните потреби и трендови, особено допринесуваат да се постави прашањето: дали потребата е вистинска или пак се создава поле за злоупотреба на државните средства? Најголемата зафатеност на здравствените капацитети била на  12 и 30 април, 2020 година кога во еден момент на Клиниката за инфективни болести, Градската општа болница 8ми септември, и Клиничките болници во Битола и Штип биле хоспитализирани по 119 лица. Од вкупниот број на хоспитализирани лица, најмногу  14 лица имале потреба од респираторна поддршка во еден ист момент и тоа на 10ти, 11ти и 12ти април 2020 година. Според последната дадена изјава на министерот за здравство за капацитетите на јавните здравствени институции од аспект на располагање со машини за вентилација од 25 април 2020 година, во РСМ имам 130 машини (120 постојани и 12 машини донирани од ЕУ). Оттука, се доведува во прашање одлуката на Владата на РСМ и Министерството за здравство за оправданоста на одлуките за набавка на респиратори, особено одлуката од 03 април 2020, кога се објави повик за набавка на 200 респираторни машини, кој беше поништен заради неможност истите да се обезбедат.

Повеќе информации можете да добиете на следните линкови:

1. Инфографик  –  http://www.esem.org.mk/index.php/najnovi-publikacii/3608-procesite-na-pribiranje-i-na-trosenje-na-sredstvata-nameneti-za-spravuvanje-so-pandemijata-na-covid-19-se-netransparentni,-a-pak-malkute-dostapni-informacii-se-konfuzni.html

2. Целосна анализа – http://www.esem.org.mk/index.php/najnovi-publikacii/3607-procesite-na-pribiranje-i-trosenje-na-sredstvata-nameneti-za-spravuvanje-so-pandemijata-na-covid-19-se-netransparentni,-a-pak-malkute-dostapni-informacii-se-konfuzni.html

Лице за контакт: Дарко Антиќ, програмски координатор, Здружение ЕСЕ, dantik@esem.org.mk, +389 2 3298 295.


Соопштение – (Не)одговорноста на институциите за најранливите граѓани во услови на криза

Реакција на граѓанските организации за ненавременото и несоодветното постапување на институциите при решавањето на проблемите на ранливите и маргинализирани заедници

КОВИД-19 не одбира кого ќе зарази, не дискриминира, но последиците – здравствени, социјални и економски – не се исти за сите. Не се исти можностите за спроведување на превентивните мерки за заштита од зараза, одржување на хигиената, физичката оддалеченост и самоизолација доколку има потреба. Ранливите и маргинализирани групи граѓани немаат еднакви можности да се заштитат ниту да ги задоволат основните потреби за храна, лекови, хигиена и засолниште.

Од самиот почеток, по прогласувањето на вонредната состојба, граѓанските активисти први и засега единствени, излегоа на терен во ромските населби на територијата на целата земја. Тие немаа време за сопствените стравови од заразата, од првиот ден на кризата се на првата линија помагачи во постојана комуникација со граѓаните. Направија проценка на потребите за здравствена заштита, го следат остварувањето на редовните услуги за социјална заштита, секојдневно се обидуваат да ги протолкуваат новите, вонредни мерки, да го најдат патот како овие мерки ќе се реализираат во праксата.

Заврши април, вториот месец од вонредната состојба, и не само што нема одговор за дополнителни мерки за превенција туку, не функционираат ни веќе донесените превентивни мерки, ниту редовниот систем на социјална заштита и реализација на социјални услуги. На терен, во Центрите за социјална работа, вработените се недостапни или отсутни од работните места, а некаде дури и грубо ги разбркуваат луѓето кои им се обраќаат за она што им следува.

Барања, со многу конкретни и прецизни мерки кои е неопходно брзо да се применат за да се заштитат и помогнат ранливите групи граѓани, се испратени до сите надлежните институции во РСМ – од премиерот, Владата, Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, градоначалниците и до главниот и локалните кризни координативни штабови.

Тие, или не одговорија или се изјаснија за ненадлежни, или на писмено, „изрецитираа“ што е напишано во законите и уредбите со законска сила. Линк до барањата и одговорите од институциите: https://bit.ly/2yul1Ov

Во меѓувреме, гледаме слики и соопштенија од премиерот и други претставници од власта како промовираат добиени донации во храна, хигиена, заштитна опрема. Секако, добредојдена е секаква помош и поддршка, но сакаме да видиме што прави државата, со каква стратегија (доколку ја има) ќе го олесни овој период, но и како планира да го подобри понатамошното живеење на ранливите групи граѓани. Донесените мерки не се доволни ниту за справување со здравствената и социјална криза, ниту за претстојната економска криза каде што, мерки за овие групи граѓани, воопшто не се предвидени.

Почитувани пријатели од институциите, ве повикуваме – наместо продолжување на маргинализацијата и продлабочување на структурните разлики, да ја искористите кризата како можност за промена, можност за создавање на новата нормалност во која ќе креирате политики за надминување на структурните разлики кои се причината за нееднаквоста и сериозно ќе пристапите кон обмислување на мерки за реструктурирање на ресурсите и нивна правична распределба. За таа цел, граѓанските организации активни во оваа област имаат капацитети, знаења и искуство и во секое време се подготвени да земат активно учество во заедничко креирање на новата реалност.

Со почит,

Асоцијација за демократски иницијативи, Гостивар; Асоцијација за демократски развој на Ромите СОНЦЕ, Тетово; Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА; Глас против насилство – Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство; ЕХО Едукативно-хуманитарна организација, Штип; Здружение Доверба, Куманово; Здружение Достоинствен работник, Прилеп; Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ; Здружение за заштита на правата на детето; Здружение за локален развој АКЦИЈА ПЛУС, Ресен; Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ; Здружение за поддршка на маргинализирани работници Стар-Стар; Здружение за правата на Ромите, Штип; Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т., Прилеп; Здружение за развој и унапредување на ромската заедница РОМАНО ЧАЧИПЕ; Здружение за рурален развој Локална акциона група Агро Лидер, Кривогаштани; Здружение ИНКА, Струга;Здружение Мултикултура; Здружение на граѓани ЉУБЕЗНОСТ; Здружение на правници Роми – Скопје; Здружение на просветни работници и заштита на правата на жени и деца Роми ЛИЛ;Здружение Ромски информативен деловен центар на Македонија – ЗРИДЦМ; Здружение Форум – Центар за стратешки истражувања и документација; Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје; Здружение Центар за едукација и тренинзи АКТИВ ЛАЈФ, Тетово; ИЗБОР, Струмица; Иницијатива за економски развој на Ромите;Иницијатива на жени од Шуто Оризари;Институт за демократија Социетас цивилис – Скопје;ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија на заедниците;Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ;Коалиција Сите за правично судење; Концепт плус;Македонско здружение на млади правници; Медиа Плус, Штип; Младинска Алијанса, Тетово; Младински културен центар, Битола;Мрежа за заштита од дискриминација; Национален ромски центар, Куманово;НВО КХАМ, Делчево; ПРОФИЦИО – мултиетничка толеранција преку економски просперитет;Реактор – Истражување во акција; Рурална коалиција, Куманово; РТЗ Хајат НВО Струмица; Сојуз на здруженија за рурален развој Мрежа на локални акциони групи, Кривогаштани; Транспаренси Интернешнл – Македонија; Фондација ИДЕА Југоисточна Европа;Фондација Отворено општество – Македонија; Фондација ЦЕЕД Македонија; Хелсиншки комитет за човекови права; Хуманитарно доброчинително здружение СВЕТА МАЈКА ТЕРЕЗА, Куманово; Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија; Центар за современи уметности.

(Не)одговорноста на институциите за најранливите граѓани во услови на криза – Реакција на граѓанските организации за ненавременото и несоодветното постапување на институциите при решавањето на проблемите на ранливите и маргинализирани заедници


Key highlights of COPASAH webinar on Regional Experiences and Voices Reflecting Ground Realities (held on April 24)

Dear Friends, Partners and Associates,

Greetings!

Synthesized learnings from the COPASAH webinar on COVID -19, on the Theme – Regional Experiences and Voices Reflecting Ground Realities held on April 24, 2020.

The presenters highlighted the following key issues that prompted interaction and discussions:

1. Health systems reality check:

  • The result of under-spending on health systems and weakened health systems has surfaced during COVID19 lock down times
  • Well functioning centres are turned into COVID19 Quarantine centres depriving access to other treatments
  • Transgenders, women and other vulnerable people are turned away or cannot access health care
  • Immunisations and Ante-natal care have been stopped

2. Human Rights Violations:

  • The police atrocities and brutalities have been unleashed on the vulnerable labourers and in rural areas
  • In India, torture, lock-up deaths and injuries have been reported due to police brutalities
  • The public health measures have been enforced as criminal prosecutions

3.Vulnerable People:

  • The lockdown has not been thought through for its implications to migrant labourers, daily wage labourers etc. the mighrant labourers about 15 million have been stranded on the roads in India and other countries
  • In all the countries, the poorer populations is working in the informal sector – they increasingly face joblessness, hunger
  • The lock down has imposed additional burden on women as reports of increased domestic violence were mentioned; their burden of feeding children and men in family also is heightened

4. Questioning the assumptions as COVID19 response:

  • Lock down is a period for preparation for getting the health systems ready. However, the assumptions and messages of the government and public health elites needs to be questioned. Some of the issue include the following:
    • Stay at home – assumes that all have homes to stay. Most of the poor are staying in small room size houses, shanties and they are over crowded
    • Wash your hands: this presumes that all have running tap water or supply of water at their door steps. The poor do not have clean and safe drinking water, many walk far distances to fetch water.
    • Online education: presumes all have access to computers and internet, which is not the case for almost all the poorer households across countries where COPASAH has its reach
  • Accountability, Transparency and participation:
    • The discussants and participants raised the point that most of the governments have made use of the lock down to suppress dissent, to increase their authoritarian power, to be more non-transparent and to stifle even existing citizen engagement.

Key messages from the webinar:

  1. The reality has awakened us to the reality of weakened public health system due to prolonged neglect and how it can affect adversely during crisis
  2. It has awakened us to what happens to the most unequal people when the government as ‘one size fits all’ response in situations such as COVID19 pandemic
  3. The assumptions that are underlying the suggestions of public health elites as response to the pandemic, viz. wash hands, stay at home, physical distancing etc. need to be questioned. It does not take into account the reality of the marginalised people.
  4. Governments have not provided basic facilities such as housing, water etc. Do the governments have the right to ask people to adhere to these norms without providing them these basic facilities?
  5. Poverty, water, and other social determinants of health now operate as compounding factors to further marginalise people during the pandemics
  6. Calls for strengthening primary health care, more than ever.

The Webinar ended with saluting health care workers who are at the forefront of facing this crisis. They are at once the victims of the weak public health system and simultaneously  carry on their shoulders the burden of COVID19.

Latin America, CEGSS (Guatemala) team members shared a video message on COVID 19. It can be accessed on:  https://prezi.com/v/mig_ofsqe_gl/

Please do watch out for updates on upcoming COPASAH webinar between May 5-8, 2020 on Practitioners responses to COVID-19 crisis – Global Experiences of reaching out to the Community.

Thanks,

COPASAH Communication Hub Team!

As different countries across the globe are grappling with COVID -19, COPASAH brings solidarity to all the practitioners and pro-people advocates who are at the forefront defending, tackling, responding to and dealing with this pandemic. COPASAH is proud to engage and associate with the incredible organizations, members and practitioners across different regions of the world- civil society organizations, health care providers including frontline health workers, researchers and academia, professional bodies to mention but few – concerned with the wellbeing of the vulnerable communities and the disadvantaged.

To highlight upon the regional aspects of the COVID -19 pandemic and the efforts being pursued to deal with it, COPASAH in this webinar brings to you regional voices showcasing the ground realities and experiences.


Нови уредби со законска сила за време на вонредната состојба

Центарот за правна помош при Здружението ЕСЕ ги информира граѓаните дека стапија во сила новите владини одлуки, со важност од 27.04.2020, со кои се олеснува пристапот за остварување на права за социјалната заштита по основ на материјално необезбедени домаќинства, за лица со трајна или времена попреченост како и за лица со потреба за помош и нега од друго лице.

Поточно, за време на вонредната состојба секое материјално необезбедено домаќинство со вкупни приходи во износ под утврдената гарантирана минимална помош има можност во подрачните одделенија на ЦСР да поднесе барање за гарантирана минимална помош дури и во ситуација кога е избришан од евиденцијата за невработени лица или пак во текот на времената состојба му е прекинат работниот однос со спогодба или отказ. Податоците за приходите, имотот и имотните права по однос на барањето за гарантирана минимална помош ќе се прибираат по службена должност од страна на ЦСР, кој контролата за увид во состојбата на семејствата ќе ја изврши по два месеца од истекот на вонредната состојба. Исто така, на граѓаните кои се корисници на правото за надоместок заради попреченост или надоместок за помош и нега од друго лице а на кои им била утврдена и потребата од контролен преглед од надлежна лекарска комисија, овој рок им се продолжува за два месеци по истекот на вонредната состојба. Дополнително, со уредбата се овозможува и продолжување за покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството до септември 2020 година.

Воедно ги известуваме граѓаните по однос на одлуката за правото на остварениот поврат од данокот на додадена вредност преку проектот „Мој ДДВ„ а кои како физички лица оствариле право на враќање на данок на додадена вредност, дека најдоцна до 5-ти мај 2020 година можат да изберат опција да го донираат целиот износ во Буџетот на РСМ поради справување со последиците од коронавирусот КОВИД – 19 или да се изјаснат негативно, односно имаат право на поврат на овие средства со исплата на лична трансакциска сметка.

За сите оние на кои им се потребни дополнителни информации, Ве молиме обратете се на контакт телефонот 071 266 101 на Центарот за правна помош на ЕСЕ.


Нови уредби со законска сила за време на вонредната состојба

Центарот за правна помош при Здружението ЕСЕ ги информира граѓаните по однос на новите владини одлуки и Уредби со законска сила,со важност од 23.04.2020, кои се во насока на релаксирање на рестриктивните мерки во слободното движење на граѓаните истовремено и со мерки за постепено економско заживување на стопанството.

Поточно, за време на вонредната состојба се намалува ограничувањето на движењето односно забраната за движење за време на работните денови ќе почнува од 19.00 часот и ќе трае се до 05.00 часот наутро,  додека пак за време на викендите ќе почнува од 15.00 часот сабота и ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро. Со оваа одлука, лицата над 67 годишна возраст ќе им биде дозволено движење во работните денови од 05:00 часот наутро до 12:00 часот на пладне а додека пак младите лица до 18 години ќе можат да излегуваат од 13:00 часот до 19:00 часот. Во сабота, на лицата над 67 години им се дозволува движење од 05:00 часот наутро до 11:00 часот а на младите лица до 18 години ќе можат да излегуваат од 12:00 часот до 15:00 часот.

Стапи во сила и новата Уредба со законска сила за задолжително носење лична заштитна опрема на лицето за секој граѓанин на територија на РСМ. Тоа значи дека секој граѓанин при излегувањето надвор од домот и при движење на јавни места од отворен и затворен тип како што е јавен превоз, маркети, банки, пошти и слично, задолжително мора да носи лична заштита како маска, шал или марама со која ќе го прекрие делот на устата и носот. Со уредбата се утврдува и исклучок од обврската од носење лична заштита на лицето и тоа кога се патува со сопствено патничко возило со членови од семејството, престој во двор од семејна куќа, индивидуални активности како возење велосипед или за време на прошетка со запазување на минималното растојание од два метри со други лица.

Истовремено, со новите уредби со законска сила се задолжуваат и сите правни лица и институции, како банки, пошти, маркети и слично, да обезбедат лична заштитна опрема за своите вработени како и своја редарска служба која ќе врши надзор и контрола на задолжително носење заштитна опрема на лицето кај граѓаните при влез во нивните простории притоа со запазување на ознаките за движење и минималното растојание  од два метри во просториите во кои граѓаните ги добиваат нивните услуги.

За непочитување на одлуките за задолжителна лична заштитна опрема на лицата, предвидени се казни и за физичките  и за правните лица. Со тоа што граѓаните за ваквиот прекршок, од страна на надлежните органи ќе бидат опоменувани до 30 април 2020 година а по истекот на овој период за не носење лична заштита на лицето согласно уредбата предвидени се глоби во износ од 20 евра во денарска противвредност. Доколку правните лица не постапуваат согласно одлуката за задолжително обезбедување и носење лична заштитна опрема на лицето за своите вработени и корисници на услуги за ваквиот прекршок е утврдена глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност а износ од 1.000 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице.

Новите уредби со законска сила се во насока на зголемена обврска за здравствена заштита на граѓаните имајќи во предвид дека се уште не е елиминирана опасноста од ширење на коронавирусот. Секое непочитување на граѓаните на овие одлуки и уредби не само што е парично казниво туку забрана од редарските служби во правните лица во обид да ги користат нивните услуги доколку не носат заштитна опрема на лицето.

За сите оние на кои им се потребни дополнителни информации, Ве молиме обратете се на контакт телефонот 071 266 101 на Центарот за правна помош на ЕСЕ.


[Webinar] Justice during a pandemic: Legal empowerment approaches during the COVID-19 crisis

On Tuesday April 14th, 2020, at 10am ET / 2pm GMT, we held a virtual round table discussion on how our legal empowerment work can address the justice challenges brought about or aggravated by the pandemic.

You can listen to a recording of the webinar here 42.

This webinar 42, moderated by Marlon Manuel (@marlonmanuel), Senior Advisor to the Global Legal Empowerment Network, featured a conversation with Namati’s CEO Vivek Maru (@vivekmaru) and key members of the Global Legal Empowerment Network.

They discussed questions such as:

  • How does this health crisis adversely impact those working with grassroots communities?
  • What injustices and rights violations are happening or may potentially happen as a result of government actions to address the crisis?
  • How can legal empowerment groups continue their work, specifically to address these injustices and rights violations, during the pandemic?

Here we share some key takeaways:

The pandemic exacerbates injustice and that means that the pandemic demands a great deal from those who are committed to the pursuit of justice – Vivek Maru

  • Whitney Adams (@WhitneyAdams), expert on pandemic preparedness and response, shared some key information about Covid-19, as well as what we can expect in the coming months, for example the implementation of strategies such as lockdown, shielding vulnerable populations, and case finding, contact tracing, safe and legal quarantine isolation.
  • Daniel Sesay (@danielsesay), Senior Program Officer at Namati Sierra Leone, shared their experience and response during the Ebola outbreak such as the role of paralegals, and the use of community meetings, toll-free legal advice line, and structures like the facility management committees to pass on information to very remote areas in the country.
  • Madhurima Dhanuka (@mdhanuka), Programme Lead at the Prison Reforms Programme, Commonwealth Human Rights Initiative (CHRI) – India, shared their challenges, actions and concerns regarding the rights of prisoners, in overcrowded spaces and inadequate health care facilities. As main concerns she highlighted: ensuring that authorities and in particular the legal services authorities are actually making prisoners aware of the situation and informing them of the restrictions, virus and health related information, hygiene precautions; provisioning and safe transit of prisoners after release; the temporary nature of the releases and how prisoners are expected to come back to the same overcrowded spaces after 40 days to 2 months.
  • Felipe Mesel (@felipemesel), Lawyer from the Right to the City area at Asociación Civil por la Igualdad y la Justicia (ACIJ) in Argentina, shared how the pandemic has unveiled in Argentina some hidden social problems such as the access to adequate housing for all, and how it is important to highlight housing as a right, and overcome the common view that everybody is affected in the same way, raising social pre-existing asymmetries.

The pandemic is not just portraying but is also increasing the discriminatory effects of urban inequalities and segregation – Felipe Mesel

  • Jasminka Frishchikj (@jasminkafriscik), Executive Director of the Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women (ESE) in the Republic of North Macedonia, shared about the direct impacts of this pandemic in the lives and rights of women and girls, and the actions taken by ESE to respond to women and girls’ needs. Jasminka highlighted the economic, labour, health, social impacts, as well as the increase in family violence and the paralyzation of the formal system of protection that are currently happening in this context.

From a gender equality perspective, we face a situation where everything that we have gained in the past is threatened – Jasminka Frishchikj

  • Fae Marie Bordey (@fmybordey), Litigation Coordinator at the Alternative Law Groups (ALG) in Philippines, touched on the concerns about how the pandemic could be used by some leaders to gain more powers and to tighten their grip. She also highlighted the importance of the role of CSOs, paralegals and activists in releasing information among the population, providing legal assistance, monitoring and documenting the violations and human rights during this period to shape legislation and hold authorities accountable.

Here we share some key elements for legal empowerment groups in this context:

  • The role in translating, not just in language but culturally and locally, these basic messages on covid-19 prevention, and preventing the spread of misinformation.
  • As these measures are implemented, feeding back the information from the community to the government regarding what is actually happening.
  • Finding out which grassroots groups are doing healthwork. Eventually, that work on case detection, contact tracing, and safe and legal isolation of cases and quarantine of contacts will hopefully be happening. If you don’t know who is doing that, find out, because we will need every grassroots group to help with that.
  • Learn a little bit more about what is legal during a quarantine, starting with WHO’s guidance and UN guidance on what legal safe quarantine looks like to protect human rights.
  • We are going to need grassroots groups to help with the massive care and recovery effort that this is going to take.
  • Keeping yourself safe and making sure we you are very well protected when you go back to your community.

By listening to this webinar recording 42, legal empowerment groups can learn from the sharing of past and current initiatives in addressing common challenges that we face in the midst of this global emergency.

Together, we will explore ways of supporting each other in this extraordinarily challenging period.

Background Information:

The COVID-19 pandemic has brought the world to an unprecedented crisis.

The situation urgently requires medical and humanitarian assistance as an immediate response. Some extraordinary interventions become necessary to slow down the spread of the virus. But our collective experience shows that, when governments take emergency action, there is always a serious risk that injustices will be committed against vulnerable and marginalized groups and communities, and discrimination and rights violations can become more entrenched as a result.

Legal empowerment is essential during this challenging time. Vulnerabilities and inequalities are magnified in the midst of the pandemic. The effects of both the fast spreading disease and governments’ containment measures disproportionately impact marginalized groups, such as workers, homeless persons and those living in informal settlements, minorities, and migrants, especially women within these vulnerable populations. The time is ripe for the legal empowerment community to convene and consider how to respond.

https://community.namati.org/t/webinar-justice-during-a-pandemic-legal-empowerment-approaches-during-the-covid-19-crisis/73294


Уредби со законска сила од особена важност за граѓаните за време на вонредната состојба

Центарот за правна помош при Здружението ЕСЕ настојува благовремено да ги информира граѓаните по однос на донесените владини Уредби со законска сила за кои сметаме дека се од исклучителна важност и адекватни на потребите во периодот на вонредната состојба и завршувањето на почитувањето на превентивните мерки од пандемијата со корона вирусот КОВИД-19. Притоа, напоменуваме дека од исклучителна важност за граѓаните е да ги запазуваат роковите, како и да ги исполнуваат условите утврдени со уредбите, како обврска за остварување на некое право предвидено во следниве Уредби со законска сила:

  1. Уредба со законска сила за примена на Законот за социјална заштита за време на вонредна состојба со која, домаќинствата кои користат гарантирана минимална помош со оваа уредба имаат можност да остварат и паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и за месеците април и мај 2020 година. Притоа, барателот односно корисникот на оваа социјална услуга е должен писмено или електронски да го извести надлежниот центар за социјални работи во рок од 30 дена за секоја настаната промена на фактите или околностите кои се услов за исполнетост во постапка за користење на ова право.
  2. Уредба со законска сила за примена на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност за време на вонредна состојба со која престануваат роковите кои согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност истекуваат за време на траење на вонредната состојба и истите се продолжуваат за 30 дена од денот на истекот на траење на вонредната состојба.
  3. Уредба со законска сила за примена на Законот за заштита на децата за време на вонредната состојба со која престануваат да течат роковите кои се определени за поднесување барање за остварување на правото на еднократна парична помош за новороденче, барање за остварување – продолжување на правото на родителски додаток за трето и четврто дете за време на вонредната состојба. Поточно, роковите со оваа уредба се продолжуваат за три месеци од денот на истекот на траењето на вонредната состојба. Исто така, се продолжува  и со исплата за додаток за образование, односно со уредбата е утврдено дека до крајот на наставната година нема да се врши проверка за реализирани наставни часови за третиот и четвртиот мерен период од учебната 2019/2020година.

За сите оние на кои им се потребни дополнителни информации поврзани со Уредбата со законска сила за примена на Законот за работни односи и со тоа како оваа уредба ќе влијае на нив, Ве молиме обратете се на контакт телефонот 071/266-101 на Центарот за правна помош на ЕСЕ.


Итни препораки за соработка и координација на надлежните институции за заштита на жените кои претрпеле семејно насилство во услови на криза и вонредна состојба

Здружението ЕСЕ на 10 април 2020 ги достави следниве препораки за соработка и координација на надлежните институции за заштита на жените кои претрпеле семејно насилство во услови на криза  и вонредна состојба, до следниве институции:

До:

Претседателот на Владата на Р. С. Македонија, Оливер Спасовски

Главниот координативен кризен штаб

Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Санела Шкријељ

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев

Министерката  за правда, Рената Дескоска

Министерот за здравство, Венко Филипче

Предмет:

Итни препораки за соработка и координација на надлежните институции за заштита на жените кои претрпеле семејно насилство во услови на криза  и вонредна состојба

Здружението за еманципација,солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, повеќе од една деценија обезбедува бесплатна правна помош и психосоцијална поддршка на жени кои претрпеле семејно насилство. Работејќи посветено на оваа проблематика, настојуваме и во услови на вонредна состојба и обврската за почитување на превентивните мерки и препораки за заштита и превенција коронавирусот КОВИД-19, да им обезбедиме соодветна помош и поддршка на најранливите. Во таа смисла, сакаме да укажеме на потребата од взаемна соработка на сите надлежни институции со цел да им помогнеме на жените и децата кои претрпеле семејно насилство, а истовремено да придонесеме за заштита на јавното здравје.

Со цел обезбедување на ефективна заштита на жените кои претрпеле семејно насилство, ги поднесуваме овие препораки за итно постапување на Владата, надлежните министерства и институции во периодот на вонредна состојба и примена на мерките за ограничено движење на населението во државата.

Препораки за информирање на жените за можностите за заштита

– Владата, во соработка со МРТ, да ги информираат граѓаните за потребата од пријавување, односно обврската дека секој има обврска да информира за случување на семејното насилство, како и да се обезбедат основни информации за помош и поддршка.

– Владата, во соработка со сите мобилни оператори, да достави СМС порака за пријавување на семејното насилство. Ваква информација да биде достапна и на сите он-лајн средства кои ги користи Владата и ресорните министерства со цел сите заинтересирани и да ги добијат сите информации за можностите за заштита и конкретно за начинот на функционирање на системот во вонреднасостојба. Да не се претпоставува дека веќе поставените контакти овозможуваат и пристап до заштита.

– Владата, во соработка со претпријатијата кои издаваат месечни сметки за снабдување со струја и вода, да вметнат кратко инфо за пријавување и заштита од семејно насилство,оние кои немаат телефон да се информираатсо цел да се упатат каде можат да се обратат директно.

– Владата, во соработка со поголемите ланци на супермаркети или локално познати поголеми продавници, да дистрибуираат лифлети со кратко инфо за пријавување и заштита од семејно насилство.

– за оние кои немаат ТВ и мобилни апарати, односно живеат во супстандардни услови и немаат пристап до струја и вода, да се информираат преку локалните кризни штабови, односно претставници на заедницата кои имаат контакти со оваа ранлива категорија на граѓани. Овие активности Владата да ги организира преку Локалните кризни штабови.

– МТСП и МВР веднаш да ги контактираат сите локални кризни штабови во единиците на локалната самуправа и да ги информираат за потребата од обрнување на внимание на појавата на семејно насилство, како и да ги информираат за начинот и потребата од итност во постапување во овие случаи.

– Локалните кризни штабови да ги информираат најранливите категории на граѓани за појавата на семејно насилство и можната заштита од истото.

Препораки за обезбедување на заштита на жените кои претрпеле семејно насилство

– Владата да формира посебен кризен фонд за заштита за покривање на трошоците за згрижување и животните трошоци за жените кои претрпеле семејно насилство и нивните деца.

– МТСП итно  да достави информација за итност во постапувањето на ЦСР во случаите на семејно насилство, преку: итно одговарање на барањата на жените кои претрпеле семејно насилство, добиени преку службена пошта или телефонски повици; зголемена подготовка на предлози за изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство во соработка со полиција, здравствени установи, граѓански организации и др.; промена на решенијата за видување на децата, односно ограничување на видувањата на децата во периодот додека се на сила мерките на Владата за ограничено движење на населението; асистирање на полиција во згрижувањето на жените кои претрпеле семејно насилство и утврдување на нивните потреби;

– МТСП итно да достави информации до ЦСР за  интензивирање на соработката со граѓанските организации каде жртвата го пријавила насилството, во однос на проценката на ризик и опасност од насилство и преземање на понатамошни дејствија за заштита на жените и нивните деца.

– МВР да достави наредба со телеграма до сите полициски станици, сите случаи на семејно насилство кои се пријавени по телефон или во полициска станица да бидат заведени и веднаш да биде информиран надлежниот инспектор кој  работи на оваа проблематика. Воедно, МВР да наложи итност во постапувањето на надлежните инспектори во случаите за семејно насилство, вклучително и излегување на терен во семејствата во кои се случило семејно насилство и обезбедување на згрижување на жените кои претрпеле  семејно насилство.

– Полицијата, во соработка со ЦСР, да го организира згрижувањето на жените кои претрпеле семејно насилство, да го посетат домот, да асистираат за земањето на личните работи на жената и децата и да организираат сместување во засолниште или хотел во нивното место на живеење. Жените кои не прифаќаат да бидат засолнети во државните засолништа веднаш да бидат сместени во хотели во местото на живеење на жената, се до завршување на вонредната состојба, со надоместување на овие трошоци, како и трошоците за живот,  преку фондот формиран за таа намена. Полицискиот инспектор да организира редовно патролирање на полиција во местото на сместување на жртвата.

– Министерство за правда, во соработка со  Советот на јавни обвинители и ЈОРСМ да достави информации до ОЈО за итност во постапувањето во кривичните постапки за сторени кривични дела како резултат на семејно насилство: присилба (член 139 ст.2); противправно лишување од слобода (член 140 став 2 од КЗ); загрозување на сигурноста (член 144 ст.2); убиство (член 123 ст.2); телесна повреда (член 130 став 2); тешка телесна повреда (член 131 ст.2).

– Министерство за правда, во соработка со Судскиот совет, да достави информации до основните судови за итност во постапувањето по предметите за семејно насилство: процесуирање на кривичните судски постапки за сторени кривични дела како резултат на семејно насилство; вон судско рочиште изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство во граѓанските судски постапки; и процесуирање на постапките за доверување на децата или промена на одлука за старателство (во ситуации кога има опасност по детето).

– Министерството за здравство итно да достави до здравствените установи информација за обезбедување на бесплатни здравствени услуги за жените кои претрпеле семејно насилство, како и да соработуваат со ЦСР и полиција при преземањето на мерки за заштита од семејно насилство.

Како организација стоиме на располагање за дополнителни информации и предлози за надминување на новонастанатата ситуација, а со цел заштита на една од најранливите категории граѓани. Можете да не контактирате на следниов број: 078 323 191.

Во очекување на брз одговор и реакција од Ваша страна.

Со почит,

Јасминка Фришчиќ

Извршна директорка

Итни препораки за соработка и координација на надлежните институции за заштита на жените кои претрпеле семејно насилство во услови на криза  и вонредна состојба


Барање за преземање на превентивни мерки за спречување на ширењето на епидемијата со Ковид-19 во општината Шуто Оризари

До:

Претседателот на Владата на Р. С. Македонија, Г-дин Оливер Спасовски

Главниот координативен кризен штаб

Министерот за здравство, Д-р Венко Филипче

Градоначалникот на Општината Шуто Оризари, Г-дин Курто Дудуш

Предмет: Барање за преземање на превентивни мерки за спречување на ширењето на епидемијата со Ковид-19 во општината Шуто Оризари

Почитувани,

По најновите случувања во општината Шуто Оризари, односно откако беше дијагностицирано лице позитивно на Ковид-19, три семејства со повеќе членови се ставени во задолжителна само-изолација. Семејствата живеат во една од најзагрозените населби во општината Шуто Оризари – Брсјачка Буна.  Проблем претставува што семејствата живеат во импровизирани живеалишта, во супстандарни услови, без проточна вода, канализација и струја. Воедно најголем дел од нив делат иста просторија, без можност за остварување на физичка дистанца. Овие лица немаат никакви можности да ги применат основните мерки за заштита од Ковид-19 при појава на случај на заболен член во семејството, како што се физичка дистанца, редовно миење на рацете, дезинфекција на површините, носење на заштитни маски и сл. Доколку не се преземат навремени мерки постои огромен ризик голем дел од овие лица да заболат од Ковид-19.

Целата населба е составена од супстандарни живеалишта, без проточна вода, во кои живеат најсиромашните лица од општината. Во населбата има над 70 домаќинства, со густа населеност. Поради тоа што жителите немаат можност да ги применат основните мерки за заштита од ширењето на Ковид-19, постои голем ризик за ширење на инфекцијата во целата населба, па и пошироко во општината.

Со понатамошниот тек на епидемијата може да се очекува да се појават и нови случаи на заболени лица од Ковид-19 во вакви слични населби во општината Шуто Оризари.

Со цел да се избегне неконтролирано ширење на епидемијата со Ковид-19 во најзагрозените населби и во целата општина Шуто Оризари, бараме итно да се преземат координирани мерки од страна на Владата, Главниот кризен штаб, Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Единицата на локална самоуправа на општината Шуто Оризари и кризниот штаб во рамки на општината Шуто Оризари.

Повикуваме итно да бидат преземени мерки за заштита на загрозените семејства и целото население на Шуто Оризари од ширење на епидемијата со Ковид-19 во општината, вклучувајќи го и следното:

Мерки за заштита на здравјето на населението

Владата во соработка со општината Шуто Оризари и сите останати надлежни институции веднаш да обезбеди и опреми соодветни објекти за изолација, а со цел семејствата кои во моментот се во самоизолација, а живеат во супстандардни услови, веднаш да бидат префрлени во овие објекти. Објектите за изолација е потребно да ги задоволат основните стандарди за примена на сите мерки за заштита (физичка дистанца, редовно миење на рацете и сл.). Воедно да им бидат поделени средства за дезинфекција на површини, како и маски со цел да можат да се заштитат.Во овие објекти редовно да се дистрибуира храна и вода за лицата од страна на Владата или Единицата за локална самоуправа. Да се обезбеди редовен здравствен надзор на овие лица, како што се лекарски прегледи, мерење на температура, земање на брисеви доколку се утврди потреба и сл.

Да се воспостави протокол со цел – При појава на идни случаи на лица заболени од Ковид-19, веднаш да се направи проценка на условите во кои живее семејството и во случај на супстандардни услови, без проточна вода, канализација и сл. сите членови на семејството веднаш, без никакво одлагање да бидат сместени во соодветните објекти за изолација и да им бидат поделени средства за заштита (маски, дезинфициенси и сл.), како и да им биде обезбеден здравствен надзор, тестирање, храна, вода и сите останати потреби.

– Да се направи тестирање за Ковид-19 на примерок на лица, соодветно на епидемиолошката проценка, од ранливата населба во Шуто Оризари каде што веќе има семејства во самоизолација.

– Земајќи ги во предвид условите во кои живее ова население, да се обезбеди тим кој редовно ќе мери температура на лицата од ранливите населби.

– Да се отвори пункт за земање брисеви за дијагностика на Ковид-19 во рамки на ЈЗУ Здравствена станица Шуто Оризари. За да можат граѓаните навремено и лесно да пристапат до оваа здравствена услуга.

– Да се спроведува здравствена едукација, особено совети за превенција, правилна самоизолација, грижа за лице заболено од Ковид – 19 и сите останати потребни информации.

Улиците и јавните површини во населбата во целата општина и особено онаму даде локалното население живеe во супстандардни услови да бидат веднаш дезинфицирани, а потоа да се спроведува и редовна дезинфекција на истите. Да се разгледаат останати можности за дезинфекција, како што е поставување на тунели за дезинфекција на поединци на критичните точки, утврдени од епидемиолозите.

На жителите кои немаат проточна вода во домаќинствата во целата општина, редовно да им бидат делени средства за дезинфекција на база на алкохол, од страна на Владата или Единицата на локална самоуправа.

– На жителите на Шуто Оризари да им бидат поделени маски за заштита, со информации за правилна употреба на маските.

– Да се соопштува бројот на заболени и починати лица од Ковид – 19 во општината Шуто Оризари, со што ќе се овозможи соодветно преземање на превентивни мерки особено во најранливите населби.

Мерки за социјална заштита

– За лицата кои потекнуваат од ранливи категории, а се наоѓаат во домашна самоизолација или се сместени во објекти за изолација, или се под останат ризик, Министерството за труд и социјална политика веднаш да направи проценка на нивните потреби за помоши да им биде доделена итно потребната помош.

– Сите видови на социјална помош да се продолжуваат без да се бараат документи  од страна на корисниците додека трае вонредната состојба, со цел да граѓаните да не бидат приморани да се изложуваат на дополнителен ризик од инфекција.

– За сите нови баратели на социјална помош да се одобруваат веднаш новите итни мерки за помош, додека трае вонредната состојба.

Информирање на граѓаните за нивните права

– Во тек на вонредната состојба Владата носи бројни уредби, со кои се регулира остварување на одредени права на граѓаните, а при тоа не сите граѓани се информирани за истите. Предлагаме Владата и останатите надлежни институции секој од својот ресор на соодветен и разбирлив начин веднаш да ги информира граѓаните, а особено најранливите групи на граѓани.

БАРАЊЕТО Е ПОДДРЖАНО ОД:

Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Скопје

Здружение за развој и унапредување на ромската заедница – Романо Чачипе, Шуто Оризари

Иницијатива за развој и инклузија на заедниците – ИРИЗ, Шуто Оризари

Работата на организациите  е поддржана од Фондацијата Отворено општество Македонија


Информација за работата на канцеларијата на ЕСЕ

Согласно препораките на Министерството за здравство за заштита и превенција од ширењето на вирусот COVID-19, од утре, 17 март 2020 година канцеларијата на ЕСЕ ќе биде затворена.

За сите оние кои имаат потреба да се обратат во Центарот за правна помош, Ве молиме да се јавите на 071 266 101 со цел да се информирате како да постапите.

За сите останати потреби Ве молиме да не контактирате на е/маил адресите кои се наоѓаат на оваа веб страна кои можете да ги најдете на следниве линкови:

http://www.esem.org.mk/index.php/kontakt.html

http://www.esem.org.mk/index.php/za-nas/organi-i-organizaciska-postavenost.html


На 7 април 2020 година, Светскиот ден на здравјето, солидаризирајте се за универзални јавни здравствени политики во Европа

На  7  април  2020  година,  Светскиот  ден  на  здравјето,  солидаризирајте  се  за  универзални  јавни здравствени политики во Европа

Резултатите од намерното воведување на практики и политики на штедење во здравствениот сектор, од земјите членки на Европската унија  и воопшто земјите од Европа, се драстично видливи денес кога   јавните   здравствени   системи   се   соочуваат   со   неуспех   во   обезбедувањето   на   јавните здравствени услуги. Оваа состојба се јавува и покрај храброста и саможртвувањето на работниците. Повикуваме  лекциите  научени  како  резултат на  кризата  да  не  се  заборават  по  нејзиното завршување. Здравјето не е трошок и стока продажба, тоа е инвестиција.

ЕУ и земјите од Европа, сепак може да ја надминат оваа криза со радикално менување на  пристапот кон здравствениот сектор.

Здравјето  неможе  да  зависи  од  директивите  на  Европската  комисија,  Советот  на  министри  и воопшто Владите во земјите од Европа. Здравјето не може да зависи ниту од директивите на Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и други финансиски институции, кои ја направија ЕУ и земјите од Европа обичен субјект за економска контрола и наметнување на мерки за штедење што оди во прилог на меѓународните финансиски институции и индустрии.

ЕУ и земјите од Европа задолжително треба да прераснат во субјекти кои треба да обезбедат социјална солидарност помеѓу граѓаните. Оваа солидарност мора да се базира на силни јавни услуги кои можат да одговорат на опасностите со кои можеме да се соочиме и можат да гарантираат обезбедување на вообичаените услуги за целото население. Парламентот, како претставничко тело на граѓаните, мора да има централна улога во организацијата на оваа солидарност.

Ова е цена која треба да ја плати Европа за да може да има иднина. Повикуваме на солидарност меѓу луѓето за отворање на границите и за свесност за нашата заедничка судбина: универзални јавни здравствени услуги.

За  Европа  бараме  јавна  здравствена  услуга  која  се  заснова  на  солидарност,  универзалност  и достапност за секој и насекаде.

7 април е Светски ден на здравјето.

Затоа, го повикуваме секој граѓанин да ја покаже својата поддршка преку „ширење солидарност, а не вирус“.

Како? Со акција „бел лист“ на 7 април: 

1. Поставете бел лист со слоган на видливо место или направете постер во својот дом 

2. Фотографирајте се себеси со вашите пораки

3. Поставете ги на социјалните медиуми 

•    со додавање на ознаката #health4all 

•    упатете ја пораката до вашите политички лидери 

•     поставете  ја  вашата  порака  на  следната  интерактивна  мапа  bit.ly/Agir4Health      (Како? Следете  го  линкот  до  интеркативната  мапа  –  напишете  ја  вашата  локација  и  притиснете “постави на мапата” – поставете слика или пак видео)

На иницијатива на Европската мрежа против приватизација и комерцијализација на здравството и социјалната  заштита,  Здружението  за  еманципација,  солидарност  и  еднаквост  на  жените  (ЕСЕ)  и

159 други меѓународни и национални организации:

 

Меѓународни организации и мрежи :

Alter Summit, European Federation of Public Service Unions EPSU, People’s Health Movement, Uni Global Union  –  UNICARE,  Réseau  Syndical  International  de  Solidarité  et  de  Luttes,  Society  for  International Development SID

Национални и локални координатори и организации :

AIEA Associazione Italiana Esposti Amianto (Italy), Armonie (Italy),   Asociación Nación Mujeres (Spain), Alianza por la Solidaridad (Spain), Alzheimer Belgique (Belgium), АРК Автономен Работнически Синдикат

/ Autonomous Workers Union (Bulgaria), Approdi (Italy), Artsen zonder vakantie/Medecins Sans Vacances/Medics  Without Vacation (Belgium), Asamblea en Defensa de la Sanidad Pública de Toledo (Spain), Asociación Derecho a Morir Dignamente de Madrid (Spain), Asociación En Defensa de la Sanidad Pública de Aragón (Spain), Asociación Sanidad Pública Si, de Burgos (Spain), Association of Democratic Doctors Germany (Germany), Associazione Salute Pubblica (Italy), Audita Sanidad/Auditoria Ciudadana de la  deuda  en  Sanidad  (Spain),  Attac  Bruxelles  (Belgium),  Attac  Deutschland  (Germany),  Attac  France (France), Belgian Anti-Poverty Network BAPN (Belgium), Beweging.net (Belgium), СБМС Синдикат на Българските Медицински Специалисти/Union of Healthworkers (Bulgaria), Campagna Dico 32 (Italy), CCOO Federación de Sanidad y Sectores Sanitarios (Spain), Centre d’Etudes et d’Initiatives de Solidarité Internationale CEDETIM (France), Centrale Générale FGTB/Algemene Centrale ABVV (Belgium), Centrale Nationale des Employés CNE (Belgium), Centro di Salute Internazionale e Interculturale CSI (Italy), CGT- Sanidad (Spain), Clinique Sociale de Solidarité d’Athenes (Grèce), Colectivo m129 (Spain), Comitato Collaborazione   Medica   CCM   (Italy),   Confederación   de   Consumidores   y   Usuarios   CECU   (Spain), Confederación Sindical de CCOO (Spain), Confédération des Syndicats Chrétiens de Belgique/Algemeen Christelijk Vakverbond CSC/ACV (Belgium), Conseil Bruxellois de Coordination Sociopolitique (Belgium), CONUP (Italy), Corporate Europe Observatory CEO (Europe), CSC Services Publics (Belgium), Comitato per la  Difesa  Della  Salute  Nord-Ovest  Milano  (Italy),  Communico  Society  საზოგადოება  კომუნიკო (Georgia), Coordinadora Anti-Privatización de la Sanidad Pública de A Coruña Mareas Blancas (Spain), Coordinadora de Madrid por la Defensa de las Pensiones Públicas,CORPEN Madrid (Spain), Coordinadora Estatal por la Defensa del Sist. Público de Pensiones COESPE (Spain), Coordinadora Estatal de Mareas Blancas (Spain), Coordinadora Estatal de Plataformas Afectados Hepatitis C (Spain), Coordinadora por la Sanidad Pública de Aranda y la Ribera de Aranda de Duero, Burgos (Spain), Coordination des Associations pour le Droit à l’Avortement et à la Contraception CADAC (France), Coordination Nationale des Comités de défense des hôpitaux et maternités de proximité (France), Cultures et Santé (Belgium), Dentisterie Sociale (Belgium),  Derechos  Humanos  de  Madrid  (Spain),  Desorceler  la  finance/Unbewitch  Finance  Lab  (Belgium), Ella/Kenniscentrum Gender en Etniciteit (Belgium), Espace Seniors/Réseau Solidaris (Belgium), Federacion de  Asociaciones  Para  le  Défensa  de  la  Sanisad  Publica  (Spain),  Federación  Regional  de  Asociaciones Vecinales de Madrid FRAVM (Spain), Federatie Nederlandse Vakbeweging FNV (The Netherlands), Fédération des Associations Sociales et de Santé (Belgium), Fédération Générale du Travail de Belgique/Algemeen Belgisch Vakverbond FGTB/ABVV (Belgium), Fédération des Maisons Médicales (Belgium), Fédération SUD Santé Sociaux (France), Femmes et Santé (Belgium), Femmes Prévoyantes Socialistes (Belgium), Fonds social intersectoriel pour Institutions sociales et de Santé de Bruxelles-Capitale (Belgium), Foro de Movimientos Sociales de Madrid (Spain), Forum Gauche Ecologique/Links Ecologisch Forum (Belgium), Forum per il Diritto alla Salute – Emilia-Romagna (Italy), Global Social Justice (World), Forum per il Diritto alla Salute (Italy), Gang des Vieux en Colère/Gang van de Razende Ouderen (Belgium), GAMP (Belgium), Geneeskunde voor het Volk/Medecine pour le Peuple (Belgium), Georgia Red Cross Society საქართველოს წითელი ჯვრის საზოგადოება (Georgia), Green Italia (Italy), Gruppo Prometeo (Italy), HartBovenHard (Belgium), Health Poverty Action (UK), ჯანმრთელობის ხელშეწყობისა და განათლების ფონდი/Health Support and Education Fund (Georgia), I+ Solutions Universal access to essential medicines (The Netherlands), Infirmiers de Rue (Belgium), ISDE Medici per l’Ambiente (Italy), Laboratorio Salute Popolare (Italy), Lama (Belgium) Les Equipes populaires (Belgium), Ligue des Usagers des  Services  de  Santé  LUSS  (Belgium),  Loop-s  (Belgium),  Maison  médicale  Saint  Léonard  (Belgium), Mandala  მანდალა (Georgia), Marea Blanca Córdoba por una Sanidad Pública Universal y de Calidad (Spain), Marea Blanca Gaditana (Spain), Marea Blanca de Segovia (Spain), Marea Blanca Rioja (Spain), Marea  Blanca  Sevilla  (Spain),  Médecins  du  Monde  –  Dokters  van  de  Wereld  (Belgium),  Medicina Democratica (Italy), Medicus Mundi Spain (Spain), Memisa (Belgium), Mesa en Defensa de la Sanidad Pública de Madrid MEDSAP Marea Blanca (Spain), Modus Vivendi Réduction des Risques liés à l’usage de drogues (Belgium), Mouvement Ouvrier Chrétien MOC (Belgium), Movimiento Asambleario de Trabajadores/as de Saniidad MATS (Spain), Movimento per la difesa della sanità pubblica veneziana (Italy), No Grazie Pago Io (Italy), Organization for Workers Initiative and Democratization OWID (Croatia), O’YES Organization for Youth Education & Sexuality (Belgium), Plataformas Afectados Hepatitis C de Salamanca (Spain), Peer Education Bologna (Italy), Plataforma de Centros de Salud de Madrid (Spain), Plataforma en Defensa de la Sanidad Pública, de Burgos (Spain), Plataforma en defensa de la Sanidad Publica en el valle del Tiétar (Spain), Plataforma en Defensa de la Sanidad Pública de Guadalajara(Spain), Plataforma Social en Defensa de la Sanidad Pública de León (Spain), Plataforma por la Sanidad Pública de Palencia (Spain), Plataforma en Defensa de la Sanidad Pública de Valladolid (Spain), Plataforma Sanitaria de Astorga (Spain), Plataforma de Melgar de Fernamental, Burgos (Spain), Plataforma Que No Pase + (Spain), Plate-forme d’Action Santé et Solidarité/Actieplatform gezondheid en solidariteit (Belgium), People Health Movement Italia (Italy), Policies for Equitable Access to Health PEAH (Italy), Pour la Solidarité (Belgium), PROSAGAP Profesionales da Sanidade Galega Publica (Spain), Réseau Wallon de Lutte contre la Pauvreté RWLP (Belgium), Rete per il diritto alla Salute di Milano e Lombardia (Italy), Rete Sostenibilità e Salute (Italy), Sacopar (Belgium), Santé en Lutte (Belgium), Segretariato Italiano Studenti di Medicina SISM (Italy), Senza Limiti-onlus (Italy), Sindacato Generale di Base SGB (Italy), Società Italiana di Medicina delle Migrazioni SIMM (Italy), Solidaris (Belgium), Solidarity Network Independent Union სოლიდარობის ქსელი – დამოუკიდებელი პროფკავშირი (Georgia), Sportello Ti Ascolto (Italy), Spreading Solidarity not the virus Bruxelles (Belgium), Syndicat des Employés, Techniciens et Cadres/Bond van Bedienden Technici en Kaderleden  SETCA/BBTK  (Belgium),  Syndicat  Sud  santé  sociaux  59  (France),  Union  Syndicale  de  la Psychiatrie (France), Union Syndicale Solidaires (France), Vereniging van Wijkgezondheidscentra (Belgium), Vindicato     de     Mujeres     (Spain),     Viva     Salud     (Belgium),     Welfare     Foundation     ველფეარ ფაუნდეიშენი (Georgia)


Комерцијализацијата на здравјето значително негативно влијае врз нашето здравје

03.04.2020  

КОМЕРЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА НА ЗДРАВЈЕТО ЗНАЧИТЕЛНО НЕГАТИВНО ВЛИЈАЕ ВРЗ НАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Намалувањето или пак замрзнувањето на јавните трошоци за јавно здравство имаат значително влијание врз инвестициите, надоместување на социјалните бенефити, платите во форма на намалување   на   бројот   на   кревети   во   болниците,   финансирање   засновано   на   активности, затворање   на здравствени установи и укинување на одредени здравствени услуги… помеѓу останатите работи. Ваквите кратења на средствата недаваат можност на Властите да располагаат со поголем износ на средства кои ќе ги инвестираат во инфраструктура и за здравствени потреби, со што ги отвораат вратите за поголем број на приватни инвестиции. 

Приватните компании и меѓународни приватни групации, како што се Fresenius, ORPEA, Korian, Coliseum и Ramsay, купуваат институции, услуги   и гранка на активности и со тоа ги наметнуваат своите правила врз работењето на целиот здравствен сектор.

Без разлика дали станува збор за „сребрена економија“ за секоторот кој обезбедува услуги за возрасни граѓани или за сочниот приватен пазар на осигурување за хоспитализација и здравствени услуги, медицински истражувања, фармацевтската индустрија, сето тоа има една цел, а тоа е профит за сопствениците, многу повеќе од интерес за општо јавно здравје.

Недостатокот на заштитна опрема, неорганизираноста на здравствените системи, непотребните истражувања,  недостигот   на   лекови… кризата   што   ја   доживуваме   денес,   ни   ги   покажува недостатоци во здравствениот систем и зошто е потребно тој итно да се промени.

Може ли приватните, профитабилни болници да ги задоволат предизвиците на КОВИД-19? Тие интервенираат само во втора фаза, кога јавните и непрофитните болници ги исцрпуваат сите свои материјални и човечки ресурси, или пак, ја користат слабоста/недовербата во јавниот здравствен систем.

Приватните осигурителни компании не ги осигуруваат граѓаните од коронавирусот и нема да им дадат приоритет на оние на кои се осигурени да добијат кревет во интензивна нега. Но, како и да е, за  одредено  време  истите  ќе банкротираат  заради  тоа  што  ќе  треба  да  ги  обештетат  своите корисници од ризиците врз здравјето кои сега се реални.

Здружението ЕСЕ, заедно со Европската мрежа против приватизација и комерцијализација на здравството   и   социјалната   заштита   и   Граѓанското   движење   за   здравје   од   Европа   (ПХМ) потенцираат дека само државно контролиран систем кој овозможува универзален пристап до услугите, заснован на солидарност во финансирањето и задолжително плаќање на осигурување, е доволно јак и ефикасен да го заштити населението од пандемии и штети кои влијаат животите на граѓаните. Особено, напоменуваме дека Европската унија, сите земји-членки и останатите земји од унијата,  задолжително  треба  да ја  преземат  одговорноста  за  неинвестирање  во  превенција  и заштита на здравјето на своите граѓани.

Ја  повикуваме  Европа  да  ги  разгледа  своите  политики  за    обезбедување  на  услуги  и  јавни  набавки, како и буџетските ограничувања наметнати на државите преку поставените буџетски стандарди.

Бараме од секоја Влада да системите на здравствена заштита и социјални услуги, кои се базирани на солидарност, да не подлежат на законите на пазарната економија.

На 7 април, Светскиот ден на здравјето, се организираат повеќе активности низ цела Европа.

Оваа година за прв пат Здружението ЕСЕ се приклучува кон петтата по ред кампања на Европската мрежа и ПХМ со која се повикуваат граѓаните, здравствените работници, здруженијата и сл. да се соберат на овој ден на заедничка акција против комерцијализација на здравјето. 

Поради пандемијата COVID-19 ги откажавме сите собири и акции кои значат физички контакт.  Затоа, го повикуваме секој граѓанин да ја покаже својата поддршка преку „ширење солидарност, а не вирус“. 

 

Како? Со акција „бел лист“ на 7 април:

1. Поставете бел лист со слоган на видливо место или направете постер во својот дом

2. Фотографирајте се себеси со вашите пораки

3. Поставете ги на социјалните медиуми

• со додавање на ознаката #health4all

• и упатете ја пораката до вашите политички лидери

Комерцијализацијата на здравјето значително негативно влијае врз нашето здравје

Прочитај повеќе во следната публикација:

Како макроекономските политики влијаат врз расположливите средства за финансирање на јавното здравство во периодот од 2011 до 2018 година?

Информации за контакт: Дарко Антиќ dantik@esem.org.mk


Индекс за владеење на правото за 2020 година

Во најновиот  Индекс  за владеење на правото за 2020 година,  Светскиот проект на правдата (World Justice Project) ја рангира нашата држава на 58 место, во однос на состојбата со почитувањето на основните демократски вредности и принципи на владеење на правото. Воедно, индексот за владеење на правото се смета за водечки извор на оригинални и независни податоци владеењето на правото во државите жирум светот.

Според индексот за 2020 година во Република Северна Македонија нема подобрување на состојбите со владеењето на правото и загрижува уназадувањето на состојбите во одделни области, како што се справувањето со корупцијата и отвореноста на Владата. Ситуацијата не е подобрена и во другите области од владеењето на правото, како што се: ограничувања на моќта на владата, спроведување на регулатива, граѓанска и кривична правда. Единствено благо подобрување имаме во делот на фундаменталните човекови права, додека во континуитет најдобро рангирана е областа на јавниот ред и мир.

Табела 1. Рангирање на одделни области по години

 

2015

 

2016

2017/18

2019

2020

Ограничување на моќ на влада

0.47

0.43

0.45

0.47

0.47

Отсуство на корупција

 

0.52

0.5

0.47

0.47

0.44

Отворена Влада

 

0.57

0.56

0.49

0.49

0.48

Фундаментални права

 

0.57

0.74

0.54

0.57

0.59

Ред и мир

 

0.76

0.74

0.78

0.79

0.79

Спроведување на регулатива

0.5

0.47

0.46

0.48

0.48

Граѓанска правда

 

0.57

0.56

0.56

0.57

0.55

Кривична правда

 

0.44

0.51

0.47

0.47

0.45

Индексот за владеење на правото за 2020 година обезбедува податоци за владеење на правото во 128 држави ширум светот, преку рангирање или оценување на 8 релевантни фактори: ограничување на моќта на владата; отсуство на корупција; отворена Влада; фундаментални права; ред и мир; спроведување на регулативата; граѓанска правда и кривична правда. Податоците за подготовка на Индексот беа обезбедени врз основа на спроведени прашалници во 130.000 домаќинства и 4000 ескперти ширум светот.

Сумарни податоци за Македонија 

Повеќе информации на следниот линк https://worldjusticeproject.org/


Јавно здравствени услуги за граѓаните, наместо јавнo приватно партнерство

28.03.2020  Јавно  здравствени  услуги  за  граѓаните,  наместо  јавнo  приватно партнерство 

Властите со цел да го поддржат “економскиот развој” на државите во текот на изминатите години посегнаа кон кратење на буџетските трошоци, особено трошоците кои се однесуваат на обезбедување на квалитетни и сеопфатни социјални и јавно здравствени услуги за граѓаните.  Кратењето на средствата  значително им овозможи на Властите да го фаворизираат пазарниот, наместо јавниот интерес. Ова пак, значително придонесе  кон дисперзија на квалитеот на здравствените услуги:  денес  сме сведоци  на длабоко вкоренета нееднаквост во пристапот до здравствена заштита, а пред се како резултат на тоа  што  нивото  на  квалитетот  во  пружената  здравствена  заштита  денес најмногу зависи од економскиот и социјалниот статус на граѓаните.

Давањето  предност  на  пазарниот  интерес,  во  многу  земји  допринесе  кон значително  намалување  на расположливите  средства  во  јавниот  сектор  за унапредување  на здравствената   состојба   на   одредена  група на граѓани, намалување на бројот на располжливи капацитети за болничко сместување, намалување или заминување на квалитетен и обучен здравствен персонал, итн. а се во насока на намалување на буџетските трошоците за здравствена заштита. На пример, обучени лекари за детска кардио хирургија со јавни средства, од јавниот се префрлаат да работат во приватниот сектор, а пак приватниот сектор со тоа генерира приходи од државниот буџет.

Здравствената заштита стана значително приватизирана и пазарно поставена. Здравствените политики се фокусираат речиси исклучиво на постојано зголемување на број на услуги, без водење на сметка за реалните потреби на населението. Зголемениот број на здравствените услуги    овозможува приватниот сектор да акумулира огромни приходи и надоместоци, но тоа не е одраз на тоа како треба да изгледа еден здравствен систем заснован на потребите и правата. Сето ова доведе до создавање на системи кои се засновани на вештачко утврдени  цени за третман на одредено заболување, а не врз основа на реалните здравствени потреби и одговорот на истите.

Со оглед на пандемијата на COVID-19, јасно е дека само не-пазарната здравствена  интервенција,  управувана  и  финансирана  од  јавниот  систем, може  да  биде  доволно  силна  за  да  го  заштити  целото  население  и  да спроведе координирани  кампањи  за  превенција.  Превенцијата  на  крајот гарантира   дека   помалку   луѓе   ќе   се  разболат, што не е во интерес на здравствен  систем  ориентиран  кон  профит. Сепак, пандемијата им дава блиски можности на некои актери да профитираат од набавка на опрема и лекови, да обезбедуваат тестирање и др. Сведоци сме дека некои влади, за да можат да реагираат на ситуацијата и да ги надминат слабостите на јавно здравствените системи, склучуваат договори со приватни даватели на здравствени услуги,  нетранспарентно и  без  преговори. И  РСМ  не  е  имуна  на  овие практики  на  брзи  и  нетранспарентни набавки  на  респиратори, нетранспарентни  договори  за  донации,  разлики  во  цените  за спроведување на тестовите, итн.

Оттука, Здружението ЕСЕ заедно со Европската мрежа против приватизацијаи  комерцијализација  на здравството  и  социјалната  заштита  и  Граѓанското движење  за  здравје  (ПХМ)  повторно  нагласуваат дека сега  повеќе  од  кога било,  е  неопходно  да  се  создаде  систем  на  јавно  здравје,  кој  е силен, поддржувачки, висок квалитетен и достапен за целото население.

Јавните   ресурси,   прибрани   преку   даноци   или   други   јавни   давачки,   во зависност од земјата, мора да се искористат за да се финансира овој систем кој ќе овозможи целосен и универзален одговор на здравствените потреби. Здравствениот систем пак, треба да се заснова на солидарност помеѓу населението  и  помеѓу  европските  земји,  а  не на  приватните  интереси  на акционерите.

Земјите-членки на ЕУ, како и останатите земји од Европа, треба да ја направат социјалната и здравствената заштита приоритет во нивните буџети, што нема да биде подложено на бирократски ограничувања. Особено е важно овие буџети   да   се   финансираат   доволно   за   да   одговорат   на   здравствените проблеми  со  кои  се  повеќе  ќе  се  соочуваме  во  иднина,  како  што  се: стареењето на наслението, хроничните заболувања, инвалидитетот, менталното здравје, здравјето на работното место, социјалната исклученост, и сл. Ова може да се постигне само преку социјална усогласеност на нивото на ЕУ, борба против даночно затајување, односно воведување на програми за прогресивен придонес кон ЕУ.

Исто така, мора да биде јасно дека здравјето не може да се смета за одделно прашање само за себе; всушност, здравствените ефекти треба да бидат еден од критериумите за проценка на сите европски политики.

На  7  април,  Светскиот  ден  на  здравјето,  се  организираат  повеќе  активности низ цела Европа.

Оваа  година  за  прв  пат  Здружението  ЕСЕ  се  приклучува  кон  петтата  по  ред кампања  на  Европската мрежа  и  ПХМ  со  која  се    повикуваат  граѓаните, здравствените  работници,  здруженијата  и  сл.  да  се соберат  на  овој  ден  на заедничка акција против комерцијализација на здравјето.

Поради  пандемијата  COVID-19  ги  откажавме  сите  собири  и  акции  кои  значат физички контакт.

Затоа,  го  повикуваме  секој  граѓанин  да  ја  покаже  својата  поддршка  преку „ширење солидарност, а не вирус“.

Како? Со акција „бел лист“ на 7 април:

1.  Поставете  бел  лист  со  слоган  на  видливо  место  или  направете  постер  во својот дом

2. Фотографирајте се себеси со вашите пораки

3. Поставете ги на социјалните медиуми

• со додавање на ознаката  #health4all

• и упатете ја пораката до вашите политички лидери

 Прочитај  повеќе во следната  публикација:

http://www.esem.org.mk/pdf/Publikacii/2020/Makroekonomska%20analiza%202019.pdf

 Информации за контакт: Дарко Антиќ dantik@esem.org.mk 

 

Јавно  здравствени  услуги  за  граѓаните,  наместо  јавнo  приватно партнерство 

Public health for the citizens, not private public partnership


 

Лекови за луѓето, не за профит!

23.03.2020: Лекови за луѓето, не за профит!

Приватните  истражувања  и фармацевтската  индустрија  во моментот  се далеку од промовирање  на  иновации  , бидејќи  тие  се  во  потрага  по  профит,  наместо  во  потрага  за исполнување на целите на јавното здравство. Приватните компании се повеќе се повлекуваат од истражувањето на основните лекови, чија профитабилност ја сметаат за неизвесна: Светската здравствена  организација  (СЗО)  ги  осудува  кратењата  на  буџетот  наменет  за  истражување  на лекови  за  бактерии  отпорни  на  антимикробни  средства  (антибиотици и  сл.)  кои  предизвикуваат десетици илјади смртни случаи секоја година.

Досегашното искуство ни покажува дека фармацевтските компании се заинтересирани само да остваруваат  профит. Патентираниот  лек на Новартис  за третман на спинална  мускулна  атрофија (Золгенсма) е познат како “најскапиот лек во светот”. Патентираниот  лек на Гилеад за третман на хепатитис Ц се продаваше за цена 400 пати повисока од трошоците за производство. Постапките за овластување  за  продажба  на  лекови  во  Европа  се  дизајнирани да ги  фаворизираат  трговските интереси, а притоа не се прават сериозни проценки на ефикасноста и безбедноста. Истражувањата покажуваат дека само 10% од новите лекови дозволени за продажба на пазарот во Европа имаат реални предности над лековите кои се веќе достапни.

Всушност, граѓаните на крајот плаќаат за своите лекови двапати: еднаш со финансирање на јавните истражувања  во болниците  и универзитетските  истражувачки  центри  и втор пат кога ги купуваат лековите од лабораториите кои се стекнале со патенти врз основа на резултатите од јавните истражувања.

Здружението ЕСЕ, заедно со Европската мрежа против приватизација и комерцијализација на здравството и социјалната заштита и Граѓанското движење за здравје од Европа (ПХМ) потенцираат дека  ефективни и безбедни лекови, вклучително и евентуалната вакцина против новиот коронавирус и третманот на болеста што ја предизвикува, КОВИД-19, мора да  бидат достапни бесплатно за сите граѓани, без никакви трошоци за нив. Воедно националните здравствени системи треба да плаќаат фер цени за овие лекови.

За таа цел, Здружението ЕСЕ, заедно со Европската мрежа и ПХМ Европа ги повикуваат европските институции  и  земјите-членки  на  Европската  Унија,  како  и  останатите  земји  во Европа,   да  ги изменат   правилата   за  регулирање   на  Европската   агенција   за  лекови   и надлежните агенции во земјите-членки по следниот редослед:

а) Податоците кои се приложуваат во поддршка на Апликациите за одобрување на лекови треба да бидат објавени во јавноста и не може да се чуваат како доверливи податоци. Целиот процес што доведува до одлука за продажба на лекови мора да биде достапен за независен увид. Трговската тајност не може да се корсти за да се оправда доверливоста кога се работи за јавното здравје на населението.

б) Клиничките испитувања побарани од Европската агенција за лекови за проценка на ефикасноста и безбедноста мора да покажат супериорност а не да се водат по концептот на не-инфериорност во клиничките истражувања, како што е правилото денес. Со ова ќе се избегне поставување на пазарот на производи  кои не претставуваат вистински  иновации  во споредба  со веќе достапните,  но кои можат  да  ги  зголемат  трошоците  за  набавка  на лекови  како  и  профитот  на  фармацевтските компании.

в) Студиите поднесени во прилог на барањата за одобрување на продажба на лековите во моментот ги спроведува индустријата, што поттикнува конфликт на интереси. Ни требаат студии спроведени од страна на независни, непрофитни  агенции, јавно финансирани,  неповрзани  со компаниите  кои аплицираат за одобрување на лекот.

Понатаму, ги повикуваме земјите-членки на ЕУ и останатите земји од Европа да усвојат агресивна стратегија за преговарање за цените на новите лекови. Доколку компаниите инсистираат на поставување непотребно високи цени, патентните права мора да бидат одземени.

Исто  така,  бараме  потребни  ресурси  за  јавни  истражувања.  Мора  да  се  создаде  координирана, социјална средина за истражување и производство на лекови.

На 7 април, Светскиот  ден на здравјето,  се организираат  децентрализирани  активности  низ цела Европа. Петта година по ред, Здружението  ЕСЕ заедно со Европската  мрежа и ПХМ ги повикува граѓаните, здравствените работници, здруженијата и сл. да се соберат на овој  ден и заеднички да изразат незадоволство од комерцијализацијата на здравјето.

Поради пандемијата COVID-19 ги откажавме сите собири и акции кои подразбираат  физички контакт.

Затоа го повикуваме секој граѓанин да ја покаже својата поддршка со „ширење солидарност, а не вирус“.

Како? Со акција „бел лист“ на 7 април:

1. Поставете бел лист со слоган на видливо место или направете постер дома.

2. Сликајте се со вашите пораки

3. Поставете го на социјалните медиуми

• додајте го хаштагот #health4all

• тагирајте/означете ги вашите политички лидери

Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) –  www.esem.org.mk, – тел. +389 78 260 819,   dantik@esem.org.mk

The European Network against the Privatization and Commercialization of Health and Social Protection – http://europe-health-network.net/  – P. +32499 42 44 48,   europeanhealthnetwork@gmail.com

People’s Health Movement Europe – https://phmovement.org/ – ana@phmovement.org

Лекови за луѓето, не за профит!

Medicines for the people, not for profit!


Посета на партнерската организација ИРИЗ за обезбедување техничка поддршка

На ден 14.02.2020 година остваривме посета на партнерската организација ИРИЗ. Посетата беше остварена со цел да се обучат фацилитаторите од организацијата да внесуваат податоци во дата базата, подготвена во статистичкиот програм Epi Info. Во оваа дата база фацилитаторите ќе ги внесуваат податоците за опфатот на децата Роми со вакцинација од општината Шуто Оризари, поточно од населбите во кои што работи партнерската организација ИРИЗ.

Активностите се спроведуваат во рамки на Програмата за работа на ЕСЕ, финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество Македонија и Европската Унија.


Посета на партнерската организација Романо Чачипе за обезбедување техничка поддршка

На ден 05.02.2020 година остваривме посета на партнерската организација Романо Чачипе. Посетата беше остварена со цел да се обучат фацилитаторите од организацијата да внесуваат податоци во дата базата, подготвена во статистичкиот програм Epi Info. Во оваа дата база фацилитаторите ќе ги внесуваат податоците за опфатот на децата Роми со вакцинација од општината Шуто Оризари, поточно од населбите во кои што работи партнерската организација.

Исто така на средбата на фацилитаторите им беше претставен краток прашалник кој треба да го спроведат во ромската заедница, во населбите во кои што работат. Целта на прашалникот е да се приберат податоци по однос на тоа како необезбедувањето на здравствена заштита на ромското население, влијае врз здравствениот статус. На средбата фацилитаторите добија инструкции како да го спроведат прашалникот.

Активностите се спроведуваат во рамки на Програмата за работа на ЕСЕ, финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество Македонија и Европската Унија.


Втора консултативна средба за отворено владино партнерство

Одржана втората консултативна средба на на Иницијативниот одбор на мрежата на граѓански организации за Отворено владино партнерство (ОВП) со институциите и други организации вклучени во процесот на ОВП

На 24 јануари 2020 година се одржа втората консултативна средба од процесот на консултации за потребата, улогата и постапката за воспоставување нова структура за координација на процесот на ОВП во Северна Македонија. Овој процес на консултации има за цел воспоставување организиран и востановен модел за координација и вклученост на граѓанското општество, институциите и другите засегнати страни, а во пресрет на процесот на подготовка, развој и имплементација на новиот акциски план.

На средбата присуствуваа граѓански организации – членки на Иницијативниот одбор на мрежата на граѓански организации за отворено владино партнерство, претставници од институциите (Министерство за информатичко општество и администрација, Влада на Република Северна Македонија, Генерален секретаријат на Влада на Република Северна Македонија, Агенција за слободен пристап до информации, Министерство за здравство, Министерство за локална самоуправа), како и други граѓански и меѓународни организации кои имаат активно учество во процесите за подготовка и имплементација на Акциските планови за ОВП.

Учесниците на средбата го разгледаа и дискутираа за нацрт моделот на новата структура за перманентен дијалог меѓу властите и граѓанското општество за ОВП, нејзините цели, улога и задачи, составот и начинот на креирање, како и улогата на мрежата на ГО во однос на оваа нова структура. На иницијалната консултативна средба одржана на 24 декември 2019 година беше разгледан првиот нацрт на документот и беа дадени насоки за подобрување. На оваа средба учесниците дадоа свои предлози и сугестии за подобрување на вториот нацрт на моделот укажувајќи на потребата за задржување на постојната структура и нејзина постепена трансформација за формирање Совет за отворена власт, како национално советодавно тело за координација на процесот на ОВП и консултација на сите засегнати страни во процесот на креирање на акциските планови, како и учество, поддршка и следење на нивното спроведување.

Во наредниот период, ќе следат консултации за нацрт-моделот на новата структура со членките на мрежата на ГО за ОВП и други засегнати страни.