• esem@esem.org.mk
  • Јавете се: +389 (0) 2 3298 295; 3298 296
  • ул. Максим Горки 20/1-4, 1000 Скопје

Што работиме 2022

Обука за претставниците на полиција за подобрување на нивните знаења и вештини за постапување во случаи на семејно насилство

Во периодот 21-23ти декември 2022 година Здружение ЕСЕ во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) организираше обука за претставниците на полиција за подобрување на нивните знаења и вештини за постапување во случаи на семејно насилство. Обуката се организираше во рамките на проектот „Зајакнување на пристапот до правда за жените што претрпеле семејно насилство“ кој Здружение ЕСЕ го спроведува со финансиска поддршка на фондацијата Квина Тил Квина од Шведска. По воспоставената соработка МВР номинираше 24 претставници кои зедоа учество на обуката, односно по еден полициски инспектор и двајца униформирани полициски службеници од Секторите за внатрешни работи од Скопје, Велес, Куманово, Штип, Струмица, Тетово, Битола и Охрид. Обуката беше испорачана од страна на практичари кои имаат богато искуство во постапување и градењето на системот за заштита од семејно насилство: Катина Павловска, психолог во Советувалиште за жртви на семејно насилство во ЕСЕ, Цена Чаловска, поранешен полициски советник во МВР и Стојан Михов, поранешен кривичен судија од Основен суд Штип.

Во однос на содржината, со обуката беа опфатени следните компоненти: Природа и карактеристики на семејното насилство; Постапување на полиција согласно Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство и подзаконските акти (правилници) на МВР за проценка на ризик и спроведување на итната и привремените мерки за заштита (ПМЗ); Постапување на полиција во кривичната постапка за сторени кривични дела како резултат на семејно насилство. Секоја од наведените компоненти вклучуваше теоретски предавања и практична работа за применување на стекнатите знаења.


Работилница за рачни изработки по повод новогодишните празници

Уште една успешна работилница се одржа викендов во просториите на “Јавна соба”, со цел подобрување на состојбата на жената и надминување на сериозниот проблем со семејното насилство.

Жените, со помош на своите деца изработија преубави и уникатни рачни изработки по повод новогодишните празници.

Секој од уникатните производи ќе биде изложен и достапен за продажба на нашата онлајн платформа ПОГОН.МК.


Работилница за подготовка на Локална стратегија за застапување за општините Делчево, Пехчево и Виница за унапредување на здравјето на Ромите

На ден 21.12. 2022 година Здружение ЕСЕ во соработка со партнерската ромска организација КХАМ од Делчево, спроведе работилница за подготовка на локална стратегија за застапување. Во првиот дел на работилницата беа зајакнати капацитетите на персоналот на ромската организација за подготовка на стратегија за застапување базирана на човекови права. Во вториот работен дел, претставниците од КХАМ кои работат во ромските заедници во Делчево, Виница и Пехчево, во процес фацилитиран од страна на претставник од ЕСЕ подготвија Локална стратегија за застапување со цел унапредување на здравјето на Ромите од општините Делчево, Виница и Пехчево. Стратегијата има три главни приоритети: Унапредување на пристапот на Ромите до примарната здравствена заштита; Унапредување на здравствената заштита на мајките и децата од ромските заедници; и Унапредување на здравствената заштита за репродуктивното здравје на жените Ромки. Воедно беше подготвен и акциски план за спроведување на стратегијата со времетраење од декември 2022 до јули 2023 година.

Активноста е дел од годишната програма за работа на Здружение ЕСЕ и е финансиски поддржана од Европската Унија.


Заседаваше Генералното Собрание на ЕСЕ

На 16 декември, 2022 година се одржа редовната годишна седница на Генералното Собрание на ЕСЕ. На седницата беа презентирани, резултатите од сработеното во 2021 и првите девет месеци од 2022 година, како и плановите за 2023 година. Покрај резултатите од работењето на ЕСЕ, беше презентирано финансиското работење за 2021 година и финансискиот план за 2023 година.

На оваа седница на Генералното Собрание беше избрана и Марија Тодоровска за членка на Извршниот одбор на ЕСЕ. За сите три точки од дневниот ред позитивно се изјаснија сите присутни.


Јавна Дебата – Како до унапредување на пристапот до примарна здравствена заштита за ромското и руралното население во Република Северна Македонија

На ден 14.12.2022 година Здружение ЕСЕ одржа јавна дебата насловена „ Како до унапредување на пристапот до примарна здравствена заштита за ромското и руралното население во Р. Северна Македонија“.

На јавната дебата од страна на Здружение ЕСЕ беа презентирани наодите од спроведеното истражување во ромските и руралните средини кое ЕСЕ го спроведе во тек на 2022 година. Наодите се однесуваа на бариерите со кои се соочуваат граѓаните од руралните средини и граѓаните од ромските средини во пристапот до здравствени услуги од матичен лекар. При тоа беа презентирани наодите кои се однесуваат на опфатот, користењето на услугите и квалитетот на добиените услуги во примарната здравствена заштита. Наодите се однесуваат на следните здавствени услуги: матични лекари,  пристап до лекови, Итна медицинска помош, лабораториски услуги, рендген снимања. На јавната дебата беа презентирани клучните наоди кои влијаат негативно врз пристапот до примарната здравствена заштита за граѓаните од ромските средини и граѓаните во руралните средини, вклучувајќи ги: оддалеченоста од услугите, финансиските бариери, незадоволената потреба за здравствена заштита и останати аспекти кои можат да имаат негативно влијание врз здравјето на населението од овие ранливи групи.

По презентацијата на наодите беше отворена јавна дебата на која присутните учесници имаа можност да дадат свои видувања по однос на утврдените состојби, како и предлози и мислења по однос на унапредувањето на состојбите.

На јавната дебата учествуваа претставници од Министерството за здравство, од Медицинскиот факултет во Скопје, од Здравствен Дом – Свети Николе, претставници од меѓународни организации, како и претставници од граѓански организации кои работат во ромски и рурални средини.


Јавна Дебата – Како до унапредување на здравствената заштита за женското репродуктивно здравје и здравствената заштита на мајките и децата од ромските и руралните заедници

На ден 13.12.2022 година Здружение ЕСЕ одржа јавна дебата насловена „Како до унапредување на здравствената заштита за женското репродуктивно здравје и здравствената заштита на мајките и децата од ромските и руралните заедници“.

На јавната дебата од страна на Здружение ЕСЕ беа презентирани наодите од спроведеното истражување во ромските и руралните средини кое ЕСЕ го спроведе во тек на 2022 година. Наодите се однесуваа на бариерите со кои се соочуваат жените од руралните средини и жените Ромки во пристапот до здравствена заштита за репродуктивното здравје, со посебен фокус на гинеколошката здравствена заштита на примарно ниво и опфат на жените со програмата за скрининг на рак на грлото на матката и програмата за скрининг на дојка. Исто така беа презентирани наодите по однос на бариерите со кои се соочуваат мајките и децата од руралните средини и жените Ромки во однос на пристапот до здравствената заштита поврзана со бременоста, породувањето, педијатриската здравствена заштита на примарно ниво за доенчиња и деца до 15 годишна возраст, како и здравствената заштита на жените по породувањето. Воедно беа истакнати клучните потреби за унапредување на состојбите кои произлегоа од учесниците во истражувањето, односно населението од ромските и руралните средини.

По презентацијата на наодите беше отворена јавна дебата на која присутните учесници имаа можност да дадат свои видувања по однос на утврдените состојби, како и предлози и мислења по однос на унапредувањето на состојбите.

На јавната дебата учествуваа претставници од Министерството за здравство, од Медицинскиот факултет во Скопје, од Здравствен Дом – Свети Николе, како и претставници од граѓански организации кои работат во ромски и рурални средини.

Пред почетокот на јавната дебата беше одржана и конференција за печат, на која Здружение ЕСЕ ги запозна меидумите и јавноста со наодите од истражувањето.


Учество во емисијата Топ Тема на Телма ТВ

На 16.12.2022 година Стојан Мишев од Здружение ЕСЕ учествуваше на емисијата Топ Тема на Телма  на која се осврна на фактичката состојба на жените што претрпеле семејно насилство и функционирањето на системот за заштита.

Линк:

https://telma.com.mk/2022/12/16/top-tema-16-12-2022-dali-instituciite-regiraat-soodvetno-i-navreme-vo-sluchaite-so-nasilatvo-vrz-zhenite/


Учество во емисија на Алсат ТВ

На 30.11.2022 претставник на ЕСЕ – Стојан Мишев, учествувуваше во емисија на Алсат М телевизија на која се дискутираше за состојбата на жените што претрпеле семејно насилство и потребата за подобрување на постапувањето на институциите во овие случаи.

Линк:

https://www.youtube.com/watch?v=bHvo8PHM6Uk


Национална конференција „Живот на периферијата”

Национална конференција „Живот на периферијата

Хотел Мериот, Скопје, 12 декември, 2022 година

Клучни фактори од животната средина кои имаат најголемо влијание врз појавата на хронични и акутни заболувања кај Ромите се загаденост на амбиенталниот и внатрешниот воздух (употреба на несоодветни и штетни горива, и пушењето); вода, санитарни услови и хигиена (немање вода за пиење, неквалитетна вода за миење и готвење, споделување на тоалет со други); управување со отпад (живеење до диви депонии); урбанизација и инфраструктурни услови (ѕидови и покриви од примитивни, природни или пак нестандардни материјали, и постоење на мувла или влага); и ризик при работа (директен контакт со отпад и отпадни води и изложеност на високи температури).

Во РСМ повеќе од 12 години дишеме шест пати по загаден воздух од дозволениот просек…..

Како резултат на континуирана изложеност на загаден воздух и комбинацијата на другите социо – економски фактори, нашите сограѓани умираат од болести на циркуларниот систем (инфаркт, мозочен удар итн.) и болести на респираторниот систем пет пати повеќе од граѓаните во земјите од ЕУ, како и од малигни заболувања за една третина повеќе од земјите од ЕУ.  А пак, 60 % од Ромите имале акутно респираторно заболување во последните два месеци (кашлица, болки во грло, воспаление на бели дробови, бронхит итн.).

Истражувањето, прво од ваков вид во земјата, покажува дека речиси сите Роми се изложени на еден или на повеќе од еден ризик фактор по здравјето кој произлегува од неповолните услови за домување, внатрешното загадување, небезбедните извори на вода за пиење, небезбедните начини за отстранување на отпадни води, небезбедните начини за отстранување на цврстиот отпад од домаќинствата, како и изложеноста на ризиците на работното место. А пак, во најголем број на домаќинства членовите се изложени на два до седум ризици секојдневно. Колку е поголем бројот на ризик фактори во домаќинствата, толку е поголем и процентот на лица од домаќинството кои боледуваат од хронични заболувања.

   Земјите во светот работат на подобрување на животната средина и унапредување на здравјето и благосостојбата на нивните граѓани секојдневно… Кај нас, животната средина и здравјето на граѓаните, особено на Ромите и ранливите групи се прашања од маргинален интерес и во пракса се преземаат незабележителни чекори, кои на краток рок воопшто нема да дадат резултати, а долгорочно ќе резултираат со задоцнети промени и ефекти..

Истражувањето за изложеноста и влијанието на еколошките ризици врз здравјето и животната средина на Ромите – жители на сиромашните, неформални населбибеше спроведено во 13 сиромашни, неформални ромски населби, лоцирани во пет градови и едно село во Северна Македонија. Со истражувањето беа собрани цела низа квалитативни и квантитативни информации, преку анкетирање на:

  • 2.171 претставник на исто толку домаќинства кои живеат во тие населби.
  • претставници на општинската администрација на општините Шуто Оризари, Куманово, Прилеп, Виница, Делчево и Пехчево

Ова истражување, е прво од ваков вид и се надеваме дека истиот ќе послужи за насочување на јавните политики на национално и особено на локално ниво со цел:

  • да се подобри здравјето и благосостојбата на Ромите кои живеат во сиромашните, неформални населби во Северна Македонија и
  • да се постигнат целите и таргетите на кои се обврзала нашата земја со потпишување на мултинационалните меѓународни договори за одржлив развој и борбата против климатските промени во коjа „никој нема да биде изоставен“.

Работилница за изработка на производи од епоксидна смола и полимерна глина

На 14 декември одржавме уште една работилница за изработка на производи од епоксидна смола и полимерна глина во просториите на Центарот за социјални претпријатија.

Активно се трудиме да придонесеме за подобрување на состојбата на жената и надминување на сериозниот проблем со семејното насилство.

Преку нашата онлајн платформа Погон.мк овозможуваме изложување, пласирање и промоција на производи и услуги со цел поддршка на неформални и мали формални производители или обезбедувачи на услуги.


Работилница за изработка на накит и украси

На 9 декември се одржа работилница во просториите на Центарот за социјални претпријатија.

Целта на овие работилници е подобрување на состојбата на жената и надминување на сериозниот проблем со семејното насилство, со кој се соочуваат голем број на жени во нашето општество.

По претходно посетување на обука за изработка на накит, самите жени добија шанса рачно да изработат производи на тема новогодишните празници.

Производите кои ги изработија (накит, новогодишни украси, лампиони) се уникатни и ќе добијат шанса за продажба преку нашата онлајн платформа Погон.мк.

Погон.мк е платформа која овозможува изложување, пласирање и промоција на производи и услуги со цел поддршка на неформални и мали формални производители или обезбедувачи на услуги.


Работилница за подготовка на Локална стратегија за застапување за општината Шуто Оризари за унапредување на здравјето на Ромите

На ден 01.12. 2022 година Здружение ЕСЕ во соработка со партнерските ромски организации ИРИЗ и Романо Чачипе од Шуто Оризари, спроведе работилница за подготовка на локална стратегија за застапување. Во првиот дел на работилницата беа зајакнати капацитетите на персоналот на ромските организации за подготовка на стратегија за застапување базирана на човекови права. Во вториот работен дел, претставниците од двете ромски организации во процес фацилитиран од страна на претставник од ЕСЕ подготвија Локална стратегија за застапување со цел унапредување на здравјето на Ромите од општината Шуто Оризари. Стратегијата има три главни приоритети: Унапредување на пристапот на Ромите до примарната здравствена заштита; Унапредување на здравствената заштита на мајките и децата од ромските заедници; и Унапредување на здравствената заштита за репродуктивното здравхе на жените Ромки. Воедно беше подготвен и акциски план за спроведување на стратегијата со времетраење од декември 2022 до јули 2023 година.

Активноста е дел од годишната програма за работа на Здружение ЕСЕ и е финансиски поддржана од Европската Унија.


Медиумско обраќање на претставник на Здружение ЕСЕ со цел барање за зголемување на буџетските средства за Програмите за скрининг на рак на дојка и скрининг на рак на грло на матка и за Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата

Координаторот на програмата за јавно здравје и здравје на жените на Здружение ЕСЕ, гостуваше во Утринската програма на МРТ. При тоа говореше за кратењето на буџетските средства на превентивните програми на Министерството за здравство во предлог Буџетот за 2023 година. Претставникот на ЕСЕ посочи дека кратењето на буџетските средства директно ќе се одрази врз влошување на здравствената состојба кај жените, како и со предвремена смртност на жените поради ненавремено откривање на малигните заболувања. Имено во Р. Северна Македонија секоја година умираат околу 320 жени од рак на дојка и помеѓу 30 до 40 жени од рак на грлото на матката. Најголем дел од овие смртни случаи можат да се спречат доколку соодветно се спроведат програмите за скрининг. За жал кратењето на буџетските средства ќе резултира со намален опфат на жените со Програмите за скрининг, со што потенцијално се појавува ризик од зголемена смртност од овие заболувања. Исто така беше напоменато дека во извештаите на Европската комисија за Р. Северна Македонија, изразена е загриженост за недоволното финансирање на програмите за скрининг на малигни заболувања. Воедно поради кратењето на буџетските средства за Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата, Министерството за здравство нема да биде во можност да предвиди активности за здравствена едукација на теми од областа на здравјето на мајките и децата, вклучувајќи: здравствена заштита за време на бременоста, значењето на вакцинацијата, намалување на појавата на прекумерна телесна тежина кај децата. Овие се реални проблеми со кои се соочува населението во Р. Северна Македонија, а воедно се нотирани и како проблеми во Извештајот на Комитетот за правата на детето при Обединетите Нации. Координаторот од Здружение ЕСЕ побара од Пратениците при Собранието на Р. Северна Македонија да ги усвојата амандманите испратени од Здруженијата на граѓани со кои ќе се зголемат финансиските средства за превентивните програми за 2023 година.

Програмата за работа на Здружение ЕСЕ за 2022 година е финансиски поддржана од Европската Унија.


Joint working meeting for discussion of the first draft report from the conducted desk research in North Macedonia and Serbia

In the period from November 14 to November 16, 2022 members of the Network of practitioners working on fiscal transparency in sectors of social and economic rights of citizens from North Macedonia and Serbia met in Belgrade. The purpose of the meeting was to finalize the draft reports from the conducted desk research on the available indicators and data regarding access to primary health care services for vulnerable/marginalized groups in North Macedonia and Serbia.  The meeting was part of the joint efforts of the Network of practitioners working on fiscal transparency in sectors of social and economic rights of citizens, July – December 2022, planned within the Action Plan.


Фокус групи за проценка на потребите на Ромите и руралното население во однос на пристапот до примарна здравствена заштита

Во периодот октомври – ноември 2022 година продолжи со спроведување на фокус групи со цел проценка на потребите на ромското и руралното население во однос на пристапот до примарна здравствена заштита. При тоа на 19.10. 2022 година беше спроведена фокус група со рурално население во општина Кривогаштани, на 27.10.2022 година беше спроведена фокус група со ромско население во општина Шуто Оризари, на 08.11.2022 година беше спроведена фокус група со ромско население во општина Куманово, и на 10.11. 2022 година беше спроведена фокус група со рурално население во општина Свети Николе. На фокус групите граѓаните ги искажаа своите мислења по однос на услугите кои ги добиваат во примарната здравствена заштита, говореа за проблемите со кои се соочуваат во пристапот до примарна здравствена заштита, а воедно ги искажаа своите мислења и потреби по однос на тоа што треба да се превземе за да се унапреди нивниот пристап до примарна здравствена заштита. Може да се заклучи дека во секое населено место граѓаните се соочуваат со специфични проблеми и потреби по однос на пристапот до примарната здравствена заштита.  Наодите од фокус групите ќе бидат искористени за подготовка на анализа, како и конкретни барања за унапредување на пристапот на Ромите и жителите од руралните средини до примарна здравствена заштита.

Фокус групите беа спроведени во соработка со партнерската ромска организација ИРИЗ од Шуто Оризари, како и со граѓански активисти од локалните граѓански организации и тоа Станица ПЕТ од Прилеп, Мајка од Куманово и ГИЖ од Свети Николе.

Активноста е дел од годишната програма за работа на Здружение ЕСЕ и е финансиски поддржана од Европската Унија.


Фокус група за проценка на факторите кои влијаат врз менталното здравје и добросостојбата на руралното население

На 10.11.2022 година Здружение ЕСЕ, спроведе фокус група со жители на руралните населени места кои потпаѓаат под општината Свети Николе. На фокус групата беше дискутирано кои се фактори влијаат негативно врз менталното здравје на населението, на кој начин населението од руралните средини се справува во ситуации кога се соочува со проблеми поврзани со менталното здравје, како и по однос на тоа дали постојат одредени структури или мрежи кои обезбедуваат поддршка за унапредување на менталното здравје на руралното население во општина Свети Николе. Наодите од фокус групата ќе послужат за подготовка на извештај од истражување, како и за подготовка на локални планови за унапредување на менталното здравје на населението. Фокус групата беше спроведена во соработка со граѓански активистки од локалната организација ГИЖ Свети Николе

Активноста е дел од годишната програма за работа на Здружение ЕСЕ и е финансиски поддржана од Европската Унија.

 


Соопштение за јавност – Државниот буџет расте, средствата за превенција се кратат

Иако државниот буџет за 2023 година се планира да биде најголемиот во  30-годишното постоење на државата, се кратат средства во дури 7 од 10 превентивни програми за здравствена заштита

Соопштение за јавност – Државниот буџет расте, средствата за превенција се кратат

И покрај значителното зголемување на државниот буџет планирано за 2023 година, здравствената заштита за превенција се намалува за дури една третина во споредба со претходните две години, а кратење има во дури 7 од 10 превентивни програми, алармираа граѓанските организации ЕСЕ, Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари и Платформата на организации за заштита од ХИВ на денешната конференција за печат што се одржа пред Собранието на Р.С. Македонија.

Кратења има во програмите за превенција на кардиоваскуларни болести, за организирање и унапредување на крводарителството, за превентивна здравствена заштита, за задолжителна имунизација, за спречување на бруцелозата, за спречување на туберкулозата, за заштита од СИДА и за активна здравствена заштита на мајките и децата. Вкупниот буџет на програмите за превентивна и за куративна здравствена заштита е на исто ниво како и оваа година, и покрај тоа што во 2023 година државниот буџет ќе биде најголемиот досега од осамостојувањето на државата.

Наместо да расте правопропорционално со државниот буџет, буџетот на Министерството за здравство останува тукуречи непроменет и од 3 %, колку што изнесувал во периодот 2018 – 2020 година, следната година ќе претставува само 2,1 % од вкупниот буџет.

„Пред две години, Комитетот на ООН за елиминација на дискриминацијата на жените (CEDAW) донесе одлука со која ја задолжи државата да обезбеди пристап до здравствени услуги за маргинализираните групи на граѓани, а наместо тоа само се намалуваат средствата за програмите кои ним им се наменети“, потсети Алмира Фаслији Муарем од Здружението „Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари“, нагласувајќи дека со ваквите буџетски кратења се загрозува репродуктивното здравје на Ромките, а особено на бремените жени кои не се здравствено осигурени и жените без лична документација.

Потребата од адекватно финансирање на националните програми за ХИВ и за рана детекција на малигни заболувања се посочени и во неодамна објавениот Извештај на ЕУ за напредокот на земјата за 2022 година.

„Комитетот за правата на детето при ООН во септември 2022 година изрази загриженост во врска со константното намалување на инвестициите за здравствена заштита на мајките и децата во земјава, а само два месеци подоцна државата го намалува буџетот на Програмата за мајки и деца за 3 милиони денари. Од друга страна, се намалува и буџетот за Програмата за скрининг на малигни заболувања иако токму тие се меѓу водечките причини за смртност кај нас. Колку за пример, додека европските земји бележат опфат со скрининг за рак на грло на матка од над 75 %, кај нас опфатот се движи околу 28 % за три години“, изјави Борјан Павловски од Здружението ЕСЕ.

Андреј Сених од здружението на пациенти и Платформата за ХИВ посочи дека буџетот на Програмата за ХИВ е неопходно да се зголеми за да може сите пациенти да се покријат со терапија која овозможува целосно контролирање на вирусот и значи живот, а истовремено спречува вирусот да се пренесува понатаму. „Еднакво е важно да се продолжат и прошират постојните мерки за тестирање и превенција меѓу ранливите групи, кои се честопати надвор од системот на здравствена заштита, бидејќи тоа значи да откриеме што поголем број лица инфицирани со вирусот и да ги поврземе со лекување. Тоа е единствениот докажан начин да ги оствариме глобално поставените цели до 2025 година и е во согласност со препораките на Светската здравствена организација“, изјави тој.

Оттука, бараме од пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, особено членовите на Комисијата за финансирање и буџет, да ги усвојат амандманите на предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година во Раздел 19001 – Министерство за здравство,  за кои веќе имаме доставено предлози. Последователно, бараме истите амандмани да бидат прифатени од страна на Владата на Република Северна Македонија, соодветно да бидат вметнати во Дополнетиот предлог-буџет на Република Северна Македонија за 2023 година и да станат дел од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година. Очекуваме транспарентност и соработка од сите одговорни страни, вклучително и Владата, со оглед дека се работи за здравјето на нашите граѓани.

Информации за контакт:

Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје Хајди Штерјова Симоновиќ, 070 400 096

Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје, Андреј Сених тел. 070 344 693


ЕСЕ за спроведување на активностите на ПОГОН – уникатна платформа потпиша договор за поддршка со ЦеПроСАРД

Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), потпиша договот со ЦеПроСАРД за спроведување на Проект- ПОГОН – уникатна платформа поддржан во рамките на проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе”. Проектот преку ЦеПроСАРД е финансиран од Европската Унија и има период на девет месеци почнувајќи од 13.10.2022 година.

Повеќе на: CeProSARD | Потпишани договори за доделување грантови на 6 Социјални Претпријатија – Проект “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе”


Обука за изработка на накит од полимерна глина и епоксидна смола наменета за жени кои претрпеле семејно насилство

Како дел од редовните напори на ЕСЕ за поддршка на жените кои претрпеле семејно насилство во насока на економско осамостојување и одржливост, на 12 и 13 октомври во соработка со дизајнерката Марија за корисничките на Центарот за правна помош во ЕСЕ беше спроведена обука за изработка на накит од полимерна глина и епоксидна смола.Целта на обуката за накит од епоксидна смола и полимерна глина е на учесниците да им обезбеди целосни информации за карактеристиките на материјалите и совладување на неопходните техники и вештини за самостојно изработување на различни креативни производи од полимерна глина и епоксидна смола. Оваа обука е дел од серијата обуки кои ги организира ЕСЕ, а по завршувањето на истата ЕСЕ ќе обезбеди материјали и алатки на учесничките за започнување со практична работа.


Обука за моделирање и кроење наменета за жени кои претрпеле семејно насилство

Како дел од редовните напори на ЕСЕ за поддршка на жените кои претрпеле семејно насилство во насока на економско осамостојување и одржливост, на 05 и 06 октомври во соработка со дизајнерката Антонија Гугинска за корисничките на Центарот за правна помош во ЕСЕ беше спроведена обука за моделирање и кроење. Оваа обука е дел од серијата обуки кои овие жени ќе ги добијат во текот на Октомври 2022 година.


ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТ – Министерството за здравство ги укина бесплатните прегледи за време на бременост и бесплатното породување за жените кои не се здравствено осигурени

Министерството за здравство во февруари 2022 година го укина буџетот за „Бесплатни прегледи и  лабораториски прегледи во тек на бременост, поврзани со бременост, бесплатно породување за бремени жени, кои се надвор од систем на задолжително здравствено осигурување“, од Програмата за активна здравствена заштита за мајките и децата, образложувајќи дека согласно законот сите граѓани имаат право на здравствено осигурување.

Наодите од теренот јасно укажуваат дека иако законски сите имаат право да бидат опфатени со здравствено осигурување, праксата покажува дека граѓаните се соочуваат со реални проблеми кои им оневозможуваат да бидат здравствено осигурени. Една од причините е тоа што работодавачите не уплаќаат редовни придонеси за вработените „Немав здравствено осигурување четири месеци, затоа што фирмата каде што работев не ми платила придонеси, а потоа фирмата отиде во стечај. Поднесов пријава во Трудовиот Инспекторат и чекав 23 дена, дури потоа можев да добијам здравствено осигурување“, вели 22 годишна жена од Делчево. Воедно потребата од плаќање на придонес за здравствено осигурување за невработени лица претставува пречка за обезбедување на здравствено осигурување, „Шест месеци немав здравствено осигурување. Бевме осигурени врз основа на вработеност и јас и мојот сопруг, меѓутоа во исто време останавме без работа и јас си сопругот. Бидејќи имаме повеќе од 245 000 денари приход за ланската година, требаше да плаќаме 1 500 денари во Фондот. Ние немаме доволно пари и останавме без здравствено осигурување целото семејство“, вели 40 годишна жена од Делчево.

Здравствената заштита за време на бременоста е од исклучително значење за здравјето на мајката и детето и мора да се спроведе во точно назначени временски периоди. Несоодветна здравствена заштита за време на бременоста и при породувањето може да резултира со нарушено здравје, па дури и смртен исход за мајките и новороденчињата.

Поради тоа бараме од Министерството за здравство веднаш да усвои мерка и буџет за да обезбеди бесплатна здравствена заштита за време на бременоста и при породувањето за сите жени без разлика на статусот на здравствено осигурување.

За повеќе информации за планирањето и реализацијата на Програмата за активна здравствена заштита можете да прочитате во анализата од мониторингот на Здружение ЕСЕ

Лице за контакт:

Борјан Павловски

Координатор на Програмата за јавно здравје и здравје на жените

Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ

Тел: 02/3298 295

e-маил: bpavlovski@esem.org.mk


Фокус група за проценка на потребите на Ромите во пристапот до примарна здравствена заштита

Здружение ЕСЕ во соработка со партнерската ромска организација НВО КХАМ од Делчево на 20 септември 2022 година спроведоа дискусија во фокус група за проценка на потребите на ромското население од Делчево во однос на пристапот до примарна здравствена заштита. На фокус групата Ромите ги образложија проблемите со кои се соочуваат во однос на пристапот до здравствена заштита, како и нивните потреби со цел унапредување на здравствената заштита во општината во  која што живеат. Наодите од фокус групата ќе бидат искористени за подготовка на анализа, како и конкретни барања за унапредување на пристапот на Ромите до примарна здравствена заштита. На фокус групата учествуваа 14 лица, а истата беше спроведена во просториите на НВО КХАМ Делчево.

Активноста е дел од годишната програма за работа на Здружение ЕСЕ и е финансиски поддржана од Европската Унија.


Обука за бизнис и мотивација за самовработување на жени кои претрпеле семејно насилство

Како дел од редовните напори на ЕСЕ за поддршка на жените кои претрпеле семејно насилство во насока на економско осамостојување и одржливост, на 20 и 21 септември во Public Room во соработка со Јован Сталевски, ЦЕФЕ Македонија за корисничките на Центарот за правна помош во ЕСЕ беше спроведена обука за бизнис и мотивација за основање на сопствен бизнис и самоангажирање. Оваа обука е дел од серијата обуки кои овие жени ќе ги добијат во текот на Октомври 2022 година.


Обука за спроведување на истражување за проценка проценка на потребите на Ромските и руралните заедници во однос на пристапот до примарна здравствена заштита

Здружение ЕСЕ на 12 септември организираше и спроведе обука за спроведување на истражување за проценка проценка на потребите на Ромските и руралните заедници во однос на пристапот до примарна здравствена заштита. Обуката беше спроведена од страна на персоналот на ЕСЕ. На учесниците првин им беше презентиран системот на Примарна здравствена заштита во Република Северна Македонија. Потоа им беа презентирани целите и методите на истражувањето при што беше презентирано на кој начин се развиенни целите и методите, поврзани со постоечкиот систем и регулативата за Примарната здравствена заштита.  Потоа на учесниците детално им беше презентиран анкетниот прашалник за претставниците од ромските и руралните заедници кои ќе го спроведат на терен. На крајот од обуката се разви отворена дискусија на која учесниците имаа можност да дадат свои мислења и предлози по однос на истражувањето и прашалникот. На обуката учествуваа 25 учесници, активисти во заедницата и претставници од локални граѓански организации од Шуто Оризари, Прилеп, Куманово, Делчево, Пехчево, Виница и Свети Николе.

Активноста е финансиски поддржана од Европската Унија.


Обука за спроведување на истражување за проценка на факторите кои имаат влијание врз менталното здравје на Ромите и руралното население

Здружение ЕСЕ на 07 септември организираше и спроведе обука за спроведување на истражување за проценка на факторите кои имаат влијание врз менталното здравје на Ромите и руралното население. Обуката беше спроведена од страна на меѓународните консултанти од Универзитетот во Севилја, Шпанија. На обуката на учесниците првично им беше презентирана дефиниција на пристапот базиран на права за унапредување на менталното здравје, како и целите на истражувањето кои се базираат на овој пристап.  Потоа учесниците беа запознаени со методите и начинот на обработка на податоците од претходно спроведените фокус групи за проценка на факторите кои имаат влијание врз менталното здравје, како и со првичните наоди од фокус групите. Учесниците се запознаа и со специфичните цели на истражувањето, како и со начинот на кој истите се утврдени. Учесниците беа запознаени со процесот на развој на истражувањето. Потоа на учесниците длабинско им беше презентирано севкупното истражување презентирање на истртажувањето. Учесниците беа запознаени и со пристапот и користење на алатката Photo Voice, која исто така ќе се спроведе во рамки на ова истражување. На крај на учесниците им беа претставени и прашалници според кои ќе се спроведува истражувањето и тоа три вида на прашалници: прашалник за анкетирање на лица на раководни позиции од јавни установи, прашалник за анкетирање на лица кои даваат услуги во рамки на јавни установи и прашалник за заедниците, односно лица од ромските и руралните заедници. На крајот од обуката имаше отворена дискусија во која учесниците имаа можност да ги искажат своите мислења за прашалниците и да дадат предлози за нивно унапредување. На обуката учествуваа 25 учесници, активисти во заедницата и претставници од локални граѓански организации од Шуто Оризари, Прилеп, Куманово, Делчево, Пехчево, Виница и Свети Николе.

Активноста е финансиски поддржана од Европската Унија.


Конкурс за фотографија или видео на тема: ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО КОЈА ЖИВЕМЕ И ПОСЛЕДИЦИТЕ КОИ ПРОМЕНИТЕ НА ИСТАТА ГИ ПРЕДИЗВИКУВААТ ВРЗ НАШЕТО ЗДРАВЈЕ

ЦЕЛ НА КОНКУРСОТ

Целта на овој конкурс е на креативен начин, низ фотографија или пак видео, учениците во основно или пак средно образование да ги искажат своите ставови за животната средина во која живеат и последиците кои промените на истата ги предизвикуваат врз нивното здравје. Како и да се дадат насоки за подобрување на квалитетот на живеење преку заштита на животната средина.

Теми

  1. Високите температури и животната средина и здравјето.
  2. Жешките точки (загадувачи на воздух, вода и почва) и животната средина и здравјето.
  3. Човекот како фактор за подобрување/уништување на животната средина и здравјето на останатите граѓани.
  4. Државната контрола и грижа за не/подобрување на животната средина и здравјето.
  5. Почитувани функционери.

Краен рок за пријавување: 15 септември 2022 година.

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците треба да се пријават индивидуално со најмногу едно дело на некоја од дадените теми.

Учениците може сами да изберат дали делото со кое ќе се пријават на овој конкурс ќе биде во формат на фотографија, комбинација од фотографии прикажани на едена страна во облик на приказна или видео. На фотографиите и видеото дозволено е користење на текст со цел појаснување на пораката за јавноста или пак давање на конкретна препорака.

Доставеното дело треба да биде со висок квалитет и јасно да ја прикаже саканата порака.

Нема да бидат земени предвид за разгледување делата кои поттикнуваат говор на омраза и/или содржат било какви елементи  на дискриминација на граѓаните врз основа на пол, раса, верска, национална, социјална или политичка припадност.

Со пријавување на конкурсот, авторите се согласуваат да го пренесат на организаторот на конкурсот правото на јавно изложување и/или објавување на делата, а авторите на наградените дела (првите три места) се согласуваат на организаторот на конкурсот да ги пренесат сите авторски и други права на користење на делата.

РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните ученици своите дела, со назнака “КОНКУРС”, треба да ги испратат на esem@esem.org.mk  најдоцна до 15 септември 2022 година.

Во маилот наведете го вашето име и презиме и телефон за контакт.

За евентуални прашања во врска со конкурсот, може да се обратите маилот погоре,  најдоцна до 31 август 2022 година.

СЕЛЕКЦИЈА И НАГРАДИ

Сите пристигнат дела ќе бидат изложени на јавен настан организиран од Здружението ЕСЕ. 10 дела кои ќе освојат најмногу бодови од стручното жири ќе имаат можност да ги презентираат своите дела пред поширока публика (други граѓански организации, граѓани и претставници на јавни институции), а пак најдобрите три дела ќе добијат можност да посетуваат сертифициран курс за  фотографија и полупрофесионален фото апарат.

Сите добиени дела ќе бидат оценувани од страна на стручна комисија составена од претставник на граѓанска организација, новинар, професионален фотограф и снимател/монтажер. Делата ќе бидат оценувани на скала од 1 до 5 во три категории: колку делото јасно ги доловува темите наведени погоре, квалитет на фотографијата или пак снимката, и колку делото е релевантно за поширока група на граѓани.


Дискусија во фокус група за еколошките ризици врз здравјето на Ромите во Општина Прилеп

На 18 август 2022 година се одржа дискусија во фокус група на која присуствуваа 17 учесници. Дел од фокус групата беа жители на населените места Тризла 1 и 2; претставници на две граѓански организации; претставници на секторите за животна средина, комунални дејности и локален економски развој во општина Прилеп; и претставници на партнерската организација Станица Пет од Прилеп. Дискусијата беше фацилитирана од Ивана Петкановска експерт во областа на екологија и животна средина, ЕСЕ и ТИМ Институт. За време на дискусијата учесниците дискутираа за повеќе потенцијални ризици од промените во животната средина на кои значително се изложени Ромите, и тоа: излевање на фекален отпад во одредени наурбанизирани делови на Тризла 2, немање на питка вода во домовите и довод на вода за домашна употреба, населеност на заштитени подрачја за кои нема можност за урбанизација, немање на детален урбанистички план за ова населено место, диви депонии, недостаток на атмосферска канализација, итн. Резултатите од оваа фокус група ќе бидат презентирани во една поопсежна студија која ЕСЕ ќе ја промовира кон крајот на 2022 година.


Дискусија во фокус група за еколошките ризици врз здравјето на Ромите во општините Виница, Делчево и с. Црник

На 12 август 2022 година се одржа дискусија во фокус група на која присуствуваа 12 учесници од Делчево, Виница и с. Црник. Дел од фокус групата беа жители во овие општини и села; претставник на секторот за животна средина и комунални дејности во општина Виница; и претставници на партнерската организација КХАМ од Делчево. Дискусијата беше фацилитирана од Ивана Петкановска, експерт во областа на екологија и животна средина, ЕСЕ и ТИМ Институт. За време на дискусијата учесниците дискутираа за повеќе потенцијални ризици од промените во животната средина на кои значително се изложени Ромите, и тоа: диви депонии, дотраеност на системот за водоснабдување, горење на отпад и други материјали, итн. Резултатите од оваа фокус група ќе бидат презентирани во една поопсежна студија која ЕСЕ ќе ја промовира кон крајот на 2022 година.


Дискусија во фокус група за еколошките ризици врз здравјето на Ромите во општина Шуто Оризари

На 11 август 2022 година се одржа дискусија во фокус група на која присуствуваа 16 учесници од Скопје, Општина Шуто Оризари. Дел од фокус групата беа жители на населените места Хангарни Бараки и Нов Живот; претставник на една граѓанска организација (иницијатива на жените на општина Шуто Оризари); претставник на секторот за животна средина и комунални дејности во општина Шуто Оризари; претставници на секторот животна средина од градот Скопје и претставници на партнерската организација Романо Чачипе од Шуто Оризари. Дискусијата беше фацилитирана од Ивана Петкановска експерт во областа на екологија и животна средина, ЕСЕ и ТИМ Институт. За време на дискусијата учесниците дискутираа за повеќе потенцијални ризици од промените во животната средина на кои значително се изложени Ромите, и тоа: диви депонии, недостаток на атмосферска канализација, горење на отпад и други материјали, немање на детален урбанистички план, работа со отпад, стар и дотрајан јавен превоз, итн. Резултатите од оваа фокус група ќе бидат презентирани во една поопсежна студија која ЕСЕ ќе ја промовира кон крајот на 2022 година.


Дискусија во фокус група за еколошките ризици врз здравјето на Ромите во Куманово

На 10 август 2022 година се одржа дискусија во фокус група на која присуствуваа повеќе од 14 учесници од Куманово. Дел од фокус групата беа жители на населените места Бавчи, Средорек и Бараки; претставници на две граѓански организации ДРОМ и НРЦ; две претставнички на општа болница Куманово; претставничка на Центарот за јавно здравје Куманово; претставник на секторот за животна средина во општина Куманово; и претставници на партнерската организација Мајка од Куманово. Дискусијата беше фацилитирана од Ивана Петкановска експерт во областа на екологија и животна средина, ЕСЕ и ТИМ Институт. За време на дискусијата учесниците дискутираа за повеќе потенцијални ризици од промените во животната средина на кои значително се изложени Ромите, и тоа: диви депонии, загадување на води со отпад, површински води од канализација, немање на урбанистички план за населените места каде живеат Ромите, условите во кои Ромите живеат (влага, мувла, пренаселеност, итн.), и многу други аспекти. Резултатите од оваа фокус група ќе бидат презентирани во една поопсежна студија која ЕСЕ ќе ја промовира кон крајот на 2022 година.


Обука за градење на капацитетите на членовите на работните групи формирани во рамки на Мрежата на ГОи за ПОВ

На 6 јуни 2022 година, преку платформата ЗООМ се одржа еднодневна обука за градење на капацитетите на членовите на работните групи формирани во рамки на Мрежата на ГОи за ПОВ. На обуката присуствуваа повеќе од 10 членки на мрежата на граѓански организации кои работат на ПОВ.

Обуката беше фацилитирана од Здружението ЕСЕ, а во спроведувањето на истата учествуваа Данче Даниловска Бајдевска, програмска директорка во ФООМ; Гордана Гапиќ Димитровска, државен советник во МИОА; Андреас Павлоу, постар истражувач за Европа во ПОВ; Едип Билал, програмски директор во НДИ; Дарко Антиќ, финансиски директор и програмски координатор во ЕСЕ; и Герман Филков, претседател во ЦГК.

Обуката се состоеше од воведно обраќање во кое беа презентирани клучните придобивки на граѓанските организации од учеството во ПОВ и државата од партнерството развиено со граѓанските организации во рамки на иницијативата на ПОВ; запознавање со ПОВ иницијативата на национални и глобално ниво; и дискусија по однос на проблемите кои се адресираат со Акцискиот план за ПОВ 2021 – 2023 година во рамки на секоја од приоритетните области.

https://fosm.mk/current-project/obuka-za-gradene-na-kapaczitetite-na-chlenovite-na-rabotnite-grupi-formirani-vo-ramki-na-mrezhata-na-goi-za-pov/


Форум со судии и претставници на Министерство за правда

Здружението ЕСЕ на ден 16ти јуни 2022 година, со почеток од 12:00 до 15:00 часот  во Скопје  организираше средба со претставници на Министерство за правда и судии од основните граѓански судови, со цел дискутирање за постојната практика и можностите за поголемо искористување на правото на ослободување од судските трошоци и правото на бесплатна правна помош од страна на жените што претрпеле семејно насилство. На средбата присуствуваа  судиите Гордана Ролева Ќупева и Ирена Костадинова од Основен граѓански суд Скопје, судија Лидија Димова од Основен суд Велес, судиите Лила Цветаноска  и Андон Атанасов од основен суд Радовиш, Славица Жерајиќ, Сектор за правосудство во Министерство за правда, Весна Цекова, Оливер Давидовски  и Ремзи Беќири од Сектор за бесплатна правна помош во Министерство за правда, Фросина Стевановиќ, подрачно одделение на Министерство за правда во Куманово, Делфина Тодоровска и Стојан Мишев од Здружение ЕСЕ.

Предмет на дискусија беа граѓанските судски постапки кои вообичаено ги водат жените што претрпеле семејно насилство заради надминување на проблемот со насилството и решавање на поврзаните сензитивни правни проблеми, како што се постапката за изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство, разводот на брак, издршката, старателството, делбата на имот и др.  Земајќи ја предвид неповолната финансиска состојба на жените, судското решавање на наведените проблеми на жените е директно условена од нивните финансиски можности и информираноста за видот и висината на судските такси и другите трошоци во постапката, како и од користењето на законските можности за ослободување од плаќање на овие трошоци.  Станува збор за одредбите за ослободување од плаќање на трошоци во постапката согласно Законот за парнична постапка[1] и користењето на секундарна правна помош согласно Законот за бесплатна правна помош[2].

Настанот се организира во рамките на проектот „Зајакнување на пристапот до правда за жените што претрпеле семејно насилство“ кој здружение ЕСЕ го спроведува со поддршка на шведската фондација Квина Тил Квина.


Фокус група за проценка на потребите на Ромите во пристапот до примарната здравствена заштита во општината Шуто Оризари

На 30 јуни 2022 година Здружение ЕСЕ спроведе фокус група за проценка на потребите на Ромите во пристапот до примарната здравствена заштита. Истражувањето се спроведува со цел да се утврдат бариерите со кои се соочуваат Роми во пристапот до здравствена заштита, како и потребите за унапредување на пристапот и опфатот на Ромите со примарна здравствена заштита. На фокус групата присуствуваа 13 престатвници од ромската заедница во Шуто Оризари, а на истата се дискутираше по однос на пристапот до услугите од матичните лекари, стоматолози и гинеколози, пристапот до вакцинација за децата, пристапот до услугите од Итната медицинска помош, како и пристапот до лекови. Фокус групата беше спроведена во соработка со партнерската ромска организација Романо Чачипе, која работи на територијата на Шуто Оризари.

Во наредниот период Здружение ЕСЕ ќе продолжи со спроведување на истражувањето.

Активноста е ко-финансирана од Европската Унија.


Работилница за развивање на план за работа на тематска група на организации кои ќе работат на фискална транспарентност во областите на економските и социјалните права, во рамки на Европската мрежа на COPASAH

Од 12 до 15 јуни 2022 година,  со поддршка од Европската Унија обезбедена преку оперативниот грант “Joint Efforts for Gender Equal Society”, се спроведе работилница за развивање на план на активности за работа на  тематска група на организации кои ќе работат на фискална транспарентност во областите на економските и социјалните права, во рамки на Европската мрежа на КОПАСАХ. На работилницата присуствуваа 14 учесници од Северна Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Романија и Косово. За време на работилницата, фацилитирана од Марија Саздевски Вангеловски, присутните имаа можност да дискутираат за можностите за заедничко настапување и взаемна помош и поддршка во оваа област. Оваа група на организации, во текот на 2022 година и во иднина ќе се залага за спроведување на развиениот план на активности.


Вебинар на тема – Влијанието на кризните состојби врз пристапот до здравтсвените услуги за женско здравје

На 08 јуни 2022 година, во рамки на работата на мрежата COPASAH Европа беше организиран Вебинар на тема „Влијанието на кризните состојби врз пристапот до здравствените услуги за женско здравје“. На Вебинарот учество земаа практичари и експерти од Европа и Индија. На првиот панел од вебинарот беа презентирани проблемите со кои се соочуваат жените во пристап до здравствена заштита за женско здравје во услови на кризи, при тоа главен акцент беше ставен на пандемијата со Ковид-19, како и на војната во Украина. Посебен осврт беше даден на влијанието врз ранливите категории на жени, вклучувајќи ги жените Ромки, жените бегалци, жените кои користат дроги, како и на жените сексуални работнички. На вториот панел од вебинарот, панелистите говореа за тоа кои акции и мерки треба да ги преземат државите со цел да се намали негативното влијание од кризните состојби врз здравјето и здравствената заштита на жените. Главен акцент беше ставен на тоа дека државите треба да извлечат заклучоци од случувањата за време на кризните состојби и да ги унапредат здравтсвените услуги за женско здравје. При тоа главен акцент беше ставен на потребата од зголемено финансирање на здравствената заштита за женско здравје,  како и вклучување на жените, особено од ранливите групи во процесите на донесување на одлуки.

Вебинарот можете да го погледнете на следниот линк.

Вебинарот беше организиран во партнерство помеѓу COPASAH Европа, PHM (Peoples health movement) и PAI од Соединетите Американски Држави.

Активноста е кофинансирана од страна на Европската Унија.


Спроведена работилница за градење на вештините на жените од Центарот за правна помош на ЕСЕ за изработка на накит од глина

На 04 јуни 2022 година, во Ерор Колектив во Скопје и со поддршка од Marcy Handmade Jewllery, беше спроведена работилница за  учење на техники за изработка на накит од глина. На работилницата присуствуваа три жени кориснички на услугите од Центарот за правна помош на ЕСЕ и тројца претставници на ЕСЕ . Оваа работилница е дел од активностите на ЕСЕ за економско јакнење и осамостојување на жените кои претрпеле семејно насилство, а истите низ низа од дополнителни тренизи ќе се стекнат со вештни за самостојно работно ангажирање и обезбедување на неопходни средства за егзистенција и одвојување од насилната средина во која живеат. Оваа работилница е поддржана од Европската Унија преку оперативниот грант “Joint Efforts for Gender Equal Society”.


Спроведување на истражување за проценка на факторите кои влијаат врз менталното здравје на Ромите и руралното население

Во периодот од 20 мај до 05 јуни 2022 година, Здружение ЕСЕ спроведе четири дискусии во фокус групи со цел проценка на факторите кои влијаат врз менталното здравје на Ромите и руралното население. Прашалникот според кој се спроведуваа фокус групите беше подготвен во соработка со експертите за ментално здравје на маргинализираните заедници од Универзитетот во Севилја, Шпанија. Во овој процес беа спроведени следните дискусии во фокус групи: фокус група со ромско население во Виница на 20-ти мај 2022 година; фокус група со ромско население од Шуто Оризари во Скопје на 23-ти мај 2022 година; фокус група со македонско рурално население кое живее во општината Кривогаштани на 30-ти мај 2022 година; и фокус група со ромско рурално население кое живее во село Црник во општина Пехчево на 05-ти јуни 2022 година.

Целта на фокус групите е да се истражат сите фактори кои можат да имаат влијание врз менталното здравје на населението, а се поврзани со социјалните, економските фактори, како и фактори од средината во која што живее населението. Здружение ЕСЕ продолжува со спроведување на истражувањето и во наредниот период.

Истражувањето се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.


Обука за евидентирање на влијанието на еколошките ризици врз здравјето на Ромите преку користење на методологија – Photovoice

На 03 јуни 2022 година, со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија, беше спроведена еднодневна обука наменета за градење на капацитетите на три граѓански организации од Куманово, Шуто Оризари и Прилеп (Мајка, Романо Чачипе и Станица Пет) за примена на методологијата “Photovoice”. На обуката присуствуваа 13 лица. Обуката беше спроведена од страна на Софија Семенпеева Трајановска.

За време на обуката, учесниците дискутираа за клучните проблеми и изложеноста на Ромите на еколошки ризици, како и за влијанието на истите врз нивното здравје. Дополнително, присутните се стекнаа со познавање за развојот на методологијата за Photovoice, основните чекори за нејзино практикување, како и за  придобивките до спроведување на оваа методологија. Како резултат на оваа обука, присутните ќе развиваат продукти преку кои сликовито ќе се прикаже реалноста во која живеат Ромите и влијанието на еколошките ризици врз нивното здравје.


Граѓанските организации во обезбедување на социјална и здравствена заштита на локално ниво

Оваа анализа има за цел да утврди дали социјалната заштита планирана на локално/општинско ниво предвидува соработка со ГО како вршители на предвидените мерки и активности од областа на социјална и здравствена заштита предвидена со плановите за социјална заштита и доколку се планирани за каков вид на активности и на кој начин се поддржани. Следното прашање е колку реално ГО се поддржани од страна на локалните власти, односно дали навистина добиле средства, дополнително на она што е планирано.

Граѓанските организации во обезбедување на социјална и здравствена заштита на локално ниво


 

Обука за млади правници/чки за правна заштита од семејно насилство

Во периодот 14 до 15ти мај 2022 година, Здружението ЕСЕ организираше обука за млади правници/чки, со цел подобрување на знаењата и вештините на идните практичари/ки за обезбедување на правна заштита на жените што претрпеле семејно насилство. Фокусот беше ставен на начинот на информирањето на жените што претрпеле семејно насилство за нивните права и мерки за заштита; како и обезбедување на правна помош во постапката за изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство и останатите граѓански  судски постапки за решавање на поврзаните правни проблеми на жените, како што се развод на брак, старателство, издршка, делба на имот, надомест на штета и др. На обуката се обратија Делфина Тодоровска и Стојан Мишев од Здружение ЕСЕ и Наташа Бошкова адвокатка во Центарот за правна помош. Обуката се организира во рамките на проектот „Зајакнување на пристапот до правда за жените што претрпеле семејно насилство“, со финансиска поддршка на фондацијата Квина Тил Квина.


Обука на анкетари за спроведување на анкета за оценка на влијанието на еколошките ризици и климатските промени врз здравјето на Ромите

На 11 април 2022 година, ЕСЕ во соработка со Ивана Петкановска од ЦеПроСАРД  и Тим Институт од Скопје спроведе обука наменета за анкетари кои во наредниот месец ќе спроведат анкета помеѓу 2.200 домаќинства од повеќе ромски населби од Шуто Оризари, Прилеп, Куманово, Виница, Делчево и Пехчево. Анкетата ќе се спроведува по претходно развиен прашалник, структуриран во неколку делови кој ќе овозможат обезбедување на информации за оценување на состојбите во населбите каде живеат Ромите и местата каде тие работат од аспект на нивната изложеност на различните видови на еколошки ризици и климатски промени. Спроведувањето на анкетата е поддржано од Фондацијата Отворено општество – Македонија.


НЕ за штедење од здравјето на граѓаните!

Здружение ЕСЕ се приклучи на иницијативата на здруженијата членки на Платформата за одржливост на услугите за превенција и поддршка во врска со ХИВ*, и Иницијативата на жени од Шуто Оризари во организација на протестот за изразување на незадоволство од кратењето на буџетот за превентивна здравствена заштита од страна на Министерството за здравство и Владата, и конкретно за кратењето на  буџетот за системот на заштита од ХИВ за дури 40 %.

Здравјето на граѓаните мора да биде врвен приоритет, а економската криза не смее да биде оправдување за кратење на средства од здравствената заштита и тоа во услови на пандемија!

Со кратењето на буџетот за системот на заштита од ХИВ за дури 40 %, Министерството за здравство директно го загрозува здравјето на луѓето и може да ја разгори епидемијата со ХИВ.

На протестот свое обраќање имаше Координаторот на програмата за јавно здравје на ЕСЕ, и при тоа нагласи дека во планирањето и буџетирањето во здравството ниту една група од населението не смее да биде дискриминирана, а при буџетирањето во здравството не смее да има уназадување, односно не смее да има кратење. Превентивната здравствена заштита претставува клучен сегмент на еден здравствен систем и финансиските средства издвоени за превентива не се сметаат за трошоци, туку за инвестиција.  Во 2019 година буџетот за превентивна здравствена заштита изнесува само 9% од целиот буџет на Министерството за здравство. Во периодот од 2012 до 2019 година Министерството за здравство секоја година дополнително го крати буџетот за превентивна здравствена заштита за околу 10%. За илустрација, поради тоа што државата со години не инвестира доволно средства во програмата за скрининг на рак на грлото на матката, секоја година 40 жени умираат од овој карцином.


Соопштение за медиуми – “Заедно за родово еднакво општество“

Меѓународниот ден на жената 08 март оваа година се одбележува под мотото “СкршиЈаПристрасноста – BreakTheBias”.

За 08 март 2022 година, наместо подарок сакаме да посакаме “Свет без предрасуди, дискриминација и стереотипи. Свет кој е рамноправен, правичен и инклузивен. Свет во кој се ценат различностите. Свет кој ја слави родовата рамноправност.[1]

По повод денешниот меѓународен ден на жената, сакаме да го привлечеме вниманието на општата и стручна јавност за нееднаквата положба на жените и да укажеме на неефективната правна заштита од семејното насилство, ограничените можности за вработување и недостатокот на основни здравствени услуги со кои продолжуваат да се соочуваат жените во нашето општество. Затоа, наместо честитки и подароци, и препорачуваме на Владата на РСМ на овој ден да преземе конкретни мерки за надминување на родовиот јаз и надминување на проблемите со кои се соочуваат жените во следните области:

Иако семејното насилство е законски регулирано од 2004 година, државата сеуште не ја обезбедува бесплатната правна помош која е потребна за  жените да можат да се заштитат од насилството и да ги решат правните проблеми со кои се соочуваат, како што се разводот на бракот, старателството, издршката врз децата, делбата на имотот итн. Отежната комуникација со институциите дополнително ја влошува состојбата на жените кои секојдневно зад затворените врати на домот трпат навреди, омаловажувања, вербални и физички напади, неодобрени сексуални односи, забрана за пристап до пари. Дури 70% од жените што претрпеле семејно насилство не се информирани за можноста за користење на бесплатна правна помош во постапката за изрекување на привремени мерки за заштита и постапката за развод  на брак, додека 55% од нив  не се задоволни од обезбедената стручна помош од ЦСР и Министерството за правда[2]. Здружение ЕСЕ веќе 20 години обезбедува правна помош за жените кои претрпеле семејно насилство и ги охрабрува да го пријават насилството и побараат помош и поддршка. За искуството со семејното насилство и колку е потребна правната помош за решавањето на проблемите сведочат три жени кои се обратиле во Центарот за правна помош при ЕСЕ,  чии изјави се достапни на следниот линк https://www.youtube.com/watch?v=Qi7QntMv9AM&t=1s

Ограничениот пристапот до пазарот на труд и невработеноста, и во 2022 година остануваат клучните проблеми со кои се соочуваат жените во Македонија. Односно 524 илјади жени од вкупниот број на работоспособни жени (842 илјади) се невработени или пак неактивни учесници на пазарот на труд. Најголем број на невработените жени се на возраст од 15 до 29 години и имаат комплетирано средно образование.Жените и во 2022 година се повеќе ангажирани во спроведување на неплатена работа во рамки на домаќинствата (нега, помош, итн.) или во производство на производи за сопствена употреба во споредба со мажите (88%) или пак во обезбедување на здравствена и социјална заштита (78%).[3]

Жените во Македонија се уште се соочуваат со бариери во пристапот до основните здравствени услуги за женското здравје. Имено, во 2022 година речиси половина од жените во Македонија немаат избрано матичен гинеколог поради тоа што во државата недостасуваат 130 матични гинеколози на примарно ниво, а во 40 општини нема ниту еден матичен гинеколог. Во Македонија се уште не се спроведува организиран скрининг за рак на грлото на матката и рак на дојката, двете најчести малигни заболувања на женските репродуктивни органи. Имено, во 2020 година само 5,6% од жените биле опфатени со скрининг на рак на грлото на матката, додека  со скрининг на рак на дојка се опфатени поразителни 0,3% од жените на возраст од 50 до 69 години. Поради тоа секоја година животите ги губат 300 жени од рак на дојката и 40 жени од рак на грлото на матката. Животи кои можат да бидат спасени со спроведување на доследни скрининг програми.

Со почит,

Здружение ЕСЕ

За повеќе информации можете да не контактирате на: esem@esem.org.mk или на

тел.  +389 2 3298 295

Стојан Мишев, за проблемите на жените кои претрпеле семејно насилство

Дарко Антиќ, за ограничениот пристап до пазарот на труд

Борјан Павловски, за недостатокот на здравствени услуги за жените

[2] Анализа за влијанието на судските такси и трошоци и информираноста за ослободување од судски такси и трошоци во предметите за семејно насилство, ЕСЕ 2021, достапна на следниот линк https://esem.org.mk/pdf/Publikacii/2021/1/Osloboduvanje%20od%20sudski%20trosoci%202021.pdf

[3] Jobs with the highest share of women in Q3 2021 – Products Eurostat News – Eurostat (europa.eu)

Соопштение за медиуми  –  “Заедно за  родово еднакво општество“


Промоција на петтиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 и одбележување десет години Партнерство за отворена власт во Северна Македонија

На 23 февруари 2022 година, во организација на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, Фондацијата Отворено општество – Македонија, Министерството за информатичко општество и администрација и Центарот за граѓански комуникации, се одржа Конференција на високо ниво за промоција на петтиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023. Со конференцијата беше одбележана и 10-годишнината од приклучувањето на Северна Македонија во меѓународната иницијатива Партнерство за отворена власт.

Конференцијата се одржа како дел од активностите на проектот „Поддршка на процесот за спроведување и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023“, кој е финансиран од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт.

На конференцијата свое обраќање имаа Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски; Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити; Главниот извршен директор на Партнерство за отворена власт Санџај Прадхан; и Извршната директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, Фани Каранфилова-Пановска.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се осврна на придобивките од процесот на Партнерство за отворена власт, при што истакна дека Владата во тесна и продуктивна соработка со граѓанскиот и бизнис секторот останува максимално посветена на имплементација на принципите за отворена власт. „Таа вклученост на сите засегнати страни како партнери и како контролни механизми, ја направија оваа Влада потранспарентна и поодговорна. Процесот создаде основа за партиципација, за ефикасно управување со јавните ресурси, за градење на систем на интегритет, и за создавање на средина за пристап до информации и отворени податоци.“, потенцираше тој. Исто така, истакна дека овој концепт во Северна Македонија го прифатија и сега веќе го практикуваат и општините, и Собранието, како и судската власт, што претставува Владин сеопфатен придонес во владеењето на правото.

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, чие Министерство го координира процесот на Партнерство за отворена власт во Северна Македонија, ги потенцираше препознатливите постигнати резултати од оваа иницијатива, при што нагласи дека остануваат посветени на употреба на технологијата за поголем ангажман и вклученост на граѓаните во процесот на донесување одлуки и воведување на поголеми стандарди на интегритет. „Отворените финансии и достапноста на информациите за плаќањата на државните институции кон фирми, други институции и физички лица преку https://open.finance.gov.mk/mk/home, Граѓанскиот буџет; зголемувањето на рокот за консултација на предлог законите на ЕНЕР; достапноста на повеќе од 300 податочни сетови на порталот за отворени податоци; мерките за унапредување на пристапот до правда, воспоставувањето на регистарот за вистински сопственици се само дел од постигнатите резултати.“, истакна тој. Во својот говор, исто така, истакна дека иновативните алатки од оваа иницијатива овозможија поголема транспарентност и отчетност на општините во нашата земја, при што минатата година беа прогласени за едни од глобалните победници на Самитот за Партнерство за отворена власт кој се одржа во Сеул, Република Кореја.

Главниот извршен директор на Партнерство за отворена власт, Санџај Прадхан, во своето видео обраќање се заблагодари на реформаторите и лидерите на отворена власт од Северна Македонија за активното, динамично и посветено учество во Партнерство за отворена власт. Тој сподели задоволство од видениот ентузијазам за отворена власт кај поранешниот Премиер Заев и му порача на сегашниот Премиер да остане посветен на концептот на отворена власт и да задржи посветеност на процесот на Партнерство за отворена власт. „Партнерство за отворена власт остварува три цели; Прво, ја зголемува довербата на граѓаните, второ ја зајакнува сигурноста на инвеститорите, и трето, ја унапредува агендата за пристапување во ЕУ.“, заклучи тој. Тој ја призна важната улога што ја имаат претставниците од граѓанското општество во државата, кои формираа Мрежа на граѓански организации за Партнерство за отворена власт.

На конференцијата на високо ниво присутните се осврнаа и на другите придобивки од процесот на Партнерство за отворена власт и важноста на вклучување на сите заинтересирани страни во овој процес; дадоа преглед на процесот во кој беа утврдени приоритетните области при ко-креација на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 (НАП за ПОВ 2021-2023); и ги споделија плановите за спроведување и следење на заложбите на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023.

Исто така, на конференцијата присутните се согласија дека со посветена работа на иницијативата за Партнерство за отворена власт и употребата на технологијата за унапредување на отвореноста на институциите се влијае врз подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.


Конференција на Високо ниво за промоција на петтиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 година

На 23 февруари (среда) 2022 година, со почеток во 10.30 часот во х. Александар Палас – Скопје, ќе се одржи Конференцијата на Високо ниво за промоција на петтиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 и одбележувањето на десет години Партнерство за отворена власт во Северна Македонија.

Конференцијата е во рамки на проектот „Поддршка на процесот за спроведување и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт2021-2023“,кој партнерски го спроведуваат Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА), Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ),.

На Конференцијата присутните ќе се осврнат на придобивките од процесот на Партнерство за отворена власт и важноста на вклучување на сите заинтересирани страни во овој процес; ќе дадат преглед на процесот во кој беа утврдени приоритетните области при ко-креација на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 (НАП за ПОВ 2021-2023); ќе ги споделат плановите за спроведување и следење на заложбите на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 и секако ќе се осврнат на одбележување на десетгодишнината на процесот на Партнерство за отворена власт во Северна Македонија.


Спроведена обука за Социјална отчетност во рамки на мрежата COPASAH – Европа

На 14.02.2022 година, Здружение ЕСЕ спроведе онлајн обука по однос на примена на методологиите на Социјална отчетност, наменета за граѓанските организации од регионот кои се членки на мрежата COPASAH – Европа. На обуката беа разработени темите по однос на социјалната отчетност, примена на методологијата за мониторинг во заедницата, примена на социјалната ревизија, како и примена на методологиите на мониторинг и анализа на буџети. Целта на обуката беше претставниците од граѓанските организации да се запознаат со овие пристапи и методологии, како и со предноста за примената на методологиите во работата со маргинализираните заедници. На обуката учествуваа 14 учесници од 11 граѓански организации од Северна Македонија, Романија, Србија и Црна Гора.


04ти Февруари – Светски ден за борба против ракот

Денес на Светскиот ден за борба против ракот, Здружение ЕСЕ бара да се зголеми опфатот на жените со Програмите за скрининг (рано откривање) на ракот на грлото на матката и ракот на дојката, на Министерството за здравство.

Напоменуваме дека во 2020 година само 5,6% од жените од целната возрасна група биле опфатени со скрининг на рак на грлото на матката. Додека во истата година со скрининг на рак на дојка се опфатени поразителни 0,3% од жените на возраст од 50 до 69 години.

Состојбите се уште понеповолни помеѓу жените Ромки, односно во периодот од 2012 до 2019 година, само 16% од жените Ромки на возраст од 24 до 60 години биле опфатени со скрининг на рак на грлото на матката. Во истиот период (2012 – 2019) со скринингот биле опфатени 28% од жените на национално ниво.  ,

Светскиот ден за борба против ракот се одбележува секоја година на 04-ти февруари, како иницијатива на Меѓународната унија за контрола на ракот . Мотото на Светскиот ден за 2022 година е „Да го затвориме јазот во пристапот до здравствената заштита.

Кампањата на Светскиот ден за борба против ракот во 2022 година се однесува на разбирањето и препознавањето дека постојат нееднаквости во пристапот до здравствена заштита на светско ниво. Потребно е отворено да погледнеме на предизвиците и да ги погледнеме овие потврдени факти:

  • Нееднаквоста во пристапот до здравствена заштита за карциноми чини животи
  • Луѓето кои бараат здравствена заштита поврзана со карцином се соочуваат со бариери на секој чекор
  • Финансискиот приход, образованието, местото на живеење и дискриминацијата по однос на етничка припадност, род, сексуална ориентација, возраст, попреченост се само некои од факторите кои можат негативно да влијаат врз пристапот до здравствена заштита
  • Недостатоците ги засегаат сите, вклучувајќи ве и вас и вашите сакани
  • Овие бариери не се запишани во камен. Тие можат и мораат да бидат променети.

Соопштение за јавност – Која е цената поради тоа што немаме организиран скрининг на рак на грлото на матката?

Месец јануари е месец за подигање на свесноста за ракот на грлото на матката.  Ракот на грлото на матката претставува четврт најчест карцином помеѓу жените. Меѓународната агенција за истражување за рак се фокусира на три приоритети кои имаат влијание врз намалувањето на оптоварувањето од ракот на грлото на матката на глобално ниво, тоа се: (1) вакцинација против ХПВ, (2) навремено лекување на предраковите промени на грлото на матката (3) унапредување на опфатот на жените со скрининг на рак на грлото на матката.

Поради тоа што во Македонија нема соодветно организиран скрининг за рак на грлото на матката само во 2017 година се изгубени 574 години на живот помеѓу жените, поради предвремена смртност од ова заболување.

Поради ненавременото дијагностицирање на ова заболување, Фондот за здравствено осигурување годишно троши најмалку 29 милиони денари за лекување на жените каде што карциномот е откриен во напредна фаза. Жените кај кои ова заболување е откриено во напредна фаза годишно трошат најмалку 11 милиони денари, за трошоци кои се поврзани со заболувањето.

Годишните трошоци поврзани со ракот на грлото на матката (од страна на државата и од страна на жените) се проценуваат на минимум 39 милиони денари. Бидејќи при подготовката на оваа анализа немавме пристап до сите податоци за трошоците, можеме да констатираме дека реалните годишни трошоци се повисоки од оваа сума.

Со цел да се намали смртноста од ракот на грлото на матката и да се намалат трошоците за лекување, државата треба да обезбеди опфат со скрининг за рак на грлото на матката на 80 % од жените на возраст од 24 до 60 години. За да се постигне бараниот опфат, бараме државата за тригодишен период  да одвои 168 728 100[1] денари или во просек 56 242 700 денари годишно за оваа намена.

Со овие средства и со доследно спроведување на скринингот ќе се спречи предвремената смртност и ќе се унапреди квалитетот на животот помеѓу жените. Воедно ќе се избегнат  трошоците на товар на државата и жените, што се резултат на ненавремено откривање на ова заболување.

Наодите произлегуваат од анализата на Здружение ЕСЕ, насловена “Која е цената на тоа што немаме организиран скрининг на рак на грлото на матката?“, која Ви ја испраќаме во прилог, а воедно можете да ја најдете и на следниот линк – https://esem.org.mk/pdf/Publikacii/2021/1/Analiza%20na%20trosoci%20za%20rak%20na%20grlo%20na%20matka.pdf

 

Лице за контакт

Борјан Павловски

Координатор на програма за јавно здравје

Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените  – ЕСЕ

Тел. 02/3298 295

Е-маил: bpavlovski@esem.org.mk



[1] 16 344 900 денари за поканување на 544 833 жени на возраст од 24 до 60 години; 76 276 600 денари за спроведување на ПАП-тестови на 80 % од женската поулација на возраст од 24 до 60 години; 76 276 600 денари за цитолошка анализа на направените ПАП-тестови; 300 000 денари за координација на скринингот од страна на центрите за јавно здравје и 500 000 денари за активностите на мобилната гинеколошка ординација; 30 000 денари за едукативно промотивни материјали.