• esem@esem.org.mk
  • Јавете се: +389 (0) 2 3298 295; 3298 296
  • ул. Максим Горки 20/1-4 1000, Скопје, Република Македонија

Слободен пристап до информации од јавен карактер

Пристапот до информациите од јавен карактер е право на секој граѓанин и претставува услов за одговорно и транспарентно работење на владините институции. Правото за слободен пристап до информации од јавен карактер е една од повеќето цели кон кои се стремат одредени меѓународни иницијативи, како што е, на пр., Отворено владино партнерство (Open government partnership), кои полека заживуваат и на национално ниво. РМ е дел од оваа инцијатива од септември 2010 година.

I. Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Овој закон ги уредува условите, начинот и постапката за остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат органите на државната власт и другите органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија, правни и физички лица што вршат јавни овластувања утврдени со закон, односно имателите на информации. Начинот и постапката за спроведување на овој закон се уредени со Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер е независен државен орган со надлежности уредени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Нејзиниот начин на работа е уреден со Деловникот за работа на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер:

  • одлучува по жалбите против решението и заклучокот со кој имателот на информацијата го одбил барањето за пристап до информации на барателите на информации;
  • се грижи за спроведување на одредбите од овој закон;
  • подготвува и објавува листа на иматели на информации;
  • дава мислења по предлозите на законите со кои се уредува слободниот пристап до информации;
  • презема активности на планот на едукација на имателите на информации за да им овозможи на барателите слободен пристап до информациите со кои тие располагаат;
  • соработува со имателите на информации во однос на остварувањето на правото на пристап до информации;
  • дава предлози за потребните средства за работа на Комисијата при изготвување на буџетот на Република Македонија;
  • донесува Деловник за својата работа;
  • подготвува годишен извештај за својата работа и го доставува до Собранието на Република Македонија;
  • извршува работи на меѓународна соработка поврзани со извршување на меѓународните обврски на Република Македонија, учествува во спроведување на проектите на меѓународните организации и соработува со органите на другите земји и институции од областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер;
  • донесува акти со кои го уредува начинот на работа на Комисијата и на нејзината организација;
  • врши промоција на правото на слободен пристап на информации од јавен карактер и
  • врши и други работи утврдени со овој и друг закон.

Во периодот 2010–2013 година како резултат на мониторинг и анализа на програмите за превентивна и куративна здравствена заштита, односно Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата и Програмата за рана детекција на малигни заболувања, ЕСЕ поднесе барања за информации од јавен карактер до надлежните здравствени установи одговорни за извршување на овие програми.  Поднесените барања за информации од јавен карактер и добиените одговори ги објавивме на нашата веб‑страница и се достапни за секого. Тие се подредени по следниот критериум: програма на која се однесуваат, година за која се барале информациите од јавен карактер и имателот на информацијата.

Примери од спроведени постапки за пристап до информации од јавен карактер
Програма за рана детекција на малигни заболувања
Други програми

II. Отворено владино партнерство

Отворено владино партнерство e мултилатерална инцијатива која има за цел да го подобри работењето на владините институции преку преземање на конкретни заложби за промовирање на транспарентноста; мобилизирање на граѓаните и нивно вклучување во процесите на креирање на политики; зголемување на одговорноста на владините институции и борба против корупцијата и користењето нови технологии со цел зголемување на пристапот до информации. Оваа инцијатива започна во септември 2011 година. Идејата за одговорно работење на владините институции, односно преземање на погоре наведените заложби за првпат се споменати во говорот на претседателот на САД, Барак Обама во неговото обраќање на Генералното собрание на ОН во септември 2010 година. Во неговото обраќање тој повика на:

“… As I said last year, each country will pursue a path rooted in the culture of its own people.  Yet experience shows us that history is on the side of liberty; that the strongest foundation for human progress lies in open economies, open societies, and open governments.  To put it simply, democracy, more than any other form of government, delivers for our citizens.  And I believe that truth will only grow stronger in a world where the borders between nations are blurred. 

Civil society is the conscience of our communities and America will always extend our engagement abroad with citizens beyond the halls of government.  And we will call out those who suppress ideas and serve as a voice for those who are voiceless.  We will promote new tools of communication so people are empowered to connect with one another and, in repressive societies, to do so with security.  We will support a free and open Internet, so individuals have the information to make up their own minds.  And it is time to embrace and effectively monitor norms that advance the rights of civil society and guarantee its expansion within and across borders.

Open society supports open government, but it cannot substitute for it.  There is no right more fundamental than the ability to choose your leaders and determine your destiny.  Now, make no mistake:  The ultimate success of democracy in the world won’t come because the United States dictates it; it will come because individual citizens demand a say in how they are governed. 

The common thread of progress is the principle that government is accountable to its citizens.  And the diversity in this room makes clear — no one country has all the answers, but all of us must answer to our own people.

In all parts of the world, we see the promise of innovation to make government more open and accountable.  And now, we must build on that progress.  And when we gather back here next year, we should bring specific commitments to promote transparency; to fight corruption; to energize civic engagement; to leverage new technologies so that we strengthen the foundations of freedom in our own countries, while living up to the ideals that can light the world.“

Придружувањето кон инцијативата за Отворено владино партнерство подразбира преземање на повеќе чекори, меѓу кои и согласност за прифаќање на минимум утврдените критериуми на оваа инцијатива; писмо за придружување кон оваа инцијатива; спроведување на консултации заради информирање на јавноста за преземените обврски од оваа инцијатива и идентификување на релевантните актери со кои ќе се спроведуваат редовни консултации во врска со спроведување на преземените обврски од оваа иницијатива; подготовка на акционен план за спроведување на преземените обврски од оваа иницијатива итн. РМ се приклучи кон оваа инцијатива во август 2011 година (Акционен план на РМ за спроведување на преземените заложби).