На 07 март, 2024 година се одржа средба на работната група со претставници од Советот за ПОВ која беше формурана на десетата седница на Советот на предлог на ЕСЕ и останати ГО, а која имаше за задача да ги сумира добиените коментари и сугестии по нацрт Финалниот извештај од претставниците од граѓанските организации – членови на работните групи на ПОВ 2021-2023 година. На средбата на работната група се водеше дискусија за сите добиени коментари и сугестии поединечно и начинот на кој тие ќе се вклучат во финалниот текст на извештајот за само-оценка.