Третата регионална средба за координација на земјите членки од COPASAH Europe мрежата, се одржа на 19 и 20 март, 2024 година во Црна Гора и на истата присуствуваа осум претставници на организации кои се членки на мреката од Северна Македонија (ЕСЕ), Романија (RomaJust), Црна Гора (Juventas) и Албанија (HRDC). За време на регионалната срдба, членките имаа можност да се запознаат со методите и алатките што ГО Juventas ги применува за прибирање и анализа на податоци од заедниците со кои работи, како и за пристапите и алатките за оценка на однесувањата на заедниците со кои тие работат. Покрај Juventas на оваа средба ГО ЕСЕ, RomaJust, и HRDC ги презентираа методологиите што ги користат за собирање и анализа на податоци од заедниците со кои работат. За време на средбата беа дискутирани и договорени идните активности на мрежата и динамиката на нивното спроведување.

Покрај ова, при посетата организациите членки на COPASAH Europe мрежата имаа можност да се сретнат со уште пет граѓански организации во Подгорица и Никшиќ на кои имаа можност да се запознаат меѓусебно и разменат искуства и можности за идна соработка. По одржаните средби сите пет организации станаа членки од COPASAH Europe мрежата.