• esem@esem.org.mk
  • Јавете се: +389 (0) 2 3298 295; 3298 296
  • ул. Максим Горки 20/1-4, 1000 Скопје

Централен буџет и буџет на министерство за здравство

Буџетот на РМ го подготвува Министерството за финансии врз основа на доставени планови и барања од сите корисници на средствата од буџетот (буџетски корисници и единки корисници). Владата на РМ го одобрува буџетот, а Собранието на РМ го усвојува. Покрај подготовката на буџетот, споменатите институции се одговорни и за информирање за извршените активности и потрошените средства преку подготовка на месечни, периодични и годишни извештаи. Буџетскиот процес детално е регулиран со Законот за буџетите.

Буџетот претставува финансиски документ за проценка на идните приходи и расходи, односно тој претставува план за начинот на кој Владата ќе ги троши јавните средства; план за начинот на кој Владата ќе прибира средства за да ги финансира своите активности; план со кој Владата ќе го финансира недостатокот на средства во буџетот (буџетски дефицит) и претставува инструмент на фискалната политика.

Буџетот на РМ претставува едногодишен план кој се однесува на периодот од 1 јануари до 31 декември секоја година. Буџетот го подготвуваат: одделните буџетски корисници (корисници од прва линија од областа на законодавната, извршната и судската власт, фондовите, корисниците на буџетите на општините и корисниците основани со закон на кои им е доверено вршење на јавни овластувања) и единки корисници (организациони единици на буџетските корисници).

При спроведување на буџетскиот процес, следните документи треба да ѝ бидат достапни на јавноста:

  • фискална предлог‑стратегија доставена од Министерството за финансии до Владата на РМ;
  • усвоена фискална стратегија од страна на Владата на РМ;
  • буџетски циркулар доставен од Министерството за финансии до одделните буџетски корисници и единки корисници;
  • предлог‑буџет и предлог‑закон за извршување на буџетите, подготвени од Министерството за финансии, а доставени до Владата на РМ;
  • предлог‑буџет и предлог‑закон за извршување на буџетите, усвоени од Владата на РМ, и доставени до Собранието на РМ;
  • белешки од седници и препораки од одделни парламентарни комисии за одделни делови од буџетот и предлог‑закон за извршување на буџетите;
  • белешки од парламентарни расправи по предлог‑буџетот и предлог‑законот за извршување на буџетите;
  • листа на пратеници кои го гласале поднесениот предлог‑буџет и предлог‑закон за извршување на буџетите;
  • донесен буџет и донесен закон за извршување на буџетите, објавени во Службен весник на РМ;
  • месечни извештаи за потрошените средства од буџетот, подготвени од Министерството за финансии;
  • полугодишни извештаи за потрошените средства од буџетот, подготвени од Министерството за финансии;
  • завршна предлог‑сметка доставена од Министерството за финансии до Владата на РМ;
  • усвоена завршна предлог‑сметка од Владата на РМ;
  • доставена завршна предлог‑сметка од Владата на РМ до Собранието на РМ;
  • белешки од седници и препораки од одделни парламентарни комисии за одделни делови од завршната предлог‑сметка;
  • белешки од парламентарни расправи по завршната предлог‑сметка;
  • листа на пратеници кои ја гласале поднесената завршна предлог‑сметка;
  • усвоена завршна сметка на буџетот, објавена во Службен весник на РМ;
  • прелиминарен ревизорски извештај што Државниот завод за ревизија го доставува до Министерството за финансии;
  • одговор на Министерството за финансии за доставениот прелиминарен ревизорски извештај од страна на Државниот завод за ревизија;
  • конечен ревизорски извештај доставен од Државниот завод за ревизија до Собранието на РМ.

Државниот завод за ревизија е независна јавна институција која преку работата на овластените државни ревизори врши контрола на правилноста на буџетот на РМ, односно утврдува дали при подготовка на буџетот на РМ се почитуваат одредбите на Законот за буџетите и тоа:

  • дали постои усогласеност на буџетот со стратешките планови на буџетските корисници;
  • врши ревизија на секој одделен дел од буџетот (основен буџет, буџет на самофинансирачки активности, буџет на донации и буџет на заеми);
  • врши проценка на објективноста и точноста во планирање на приходите и расходите;
  • ја оценува способноста на институциите навремено да прибираат даночни јавни приходи, врши контрола на трезорската евиденција;
  • го проценува исполнувањето на претходно дадените препораки итн.

ЦЕНТРАЛЕН БУЏЕТ

2008 ГОДИНА

РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАИ

РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАИ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАИ НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

ИНДЕКС ЗА БУЏЕТСКА ТРАНСПАРЕНТНОСТ

Иницијативата за  буџетска транспарентност (Open Budget Initiative) е програма за истражување и застапување која има за цел да го промовира пристапот на јавноста до буџетските информации и воспоставување на одговорни буџетски системи на меѓународно ниво.

Во рамки на оваа инцијатива се спроведува сеопфатна анализа во однос на пристапот на јавноста до буџетските информации, како и  можностите за нејзино учество во буџетскиот процес на национално ниво. Повеќето од прашањата преку кои се оценуваат состојбите на национално ниво се однесуваат на утврдување на фактичката заложба, отколку на декларативните заложби пропишани со законските прописи. Со анализата се врши проценка на содржината и навремено објавување на осумте клучни буџетски документи кои секоја земја треба да ги објави во различни фази на буџетскиот процес во согласност со општоприфатените практики за јавно финансиско работење, односно практиките што се развиени и се прифатени од меѓународни организации, како што се: Меѓународниот монетарен фонд  (IMF, Code of Good Practices on Fiscal Transparency), Организацијата за економска соработка и развој (OECD, Best Practices for Fiscal Transparency) и Меѓународната организација на врховни ревизорски институции (INTOSAI, Lima Declaration of Guidelines on Auditing Precepts).

Оваа анализа се спроведува во 100 земји во светот од страна на партнерски граѓански организации на оваа инцијатива. Како резултат на анализата, започнувајќи од 2006 година, на секои две години се објавуваат извештаи за буџетска транспарентност. Досега се објавени четири вакви извештаи.

Заради утврдување на степенот на почитување на буџетската транспарентност и споредување на овие резултати меѓу различни земји, Иницијативата за  буџетска транспарентност утврдува Индекс преку кој се отсликува состојбата во однос на буџетската транспарентност во одредена земја.

Република Македонија беше предмет на оваа анализа во 2008, 2010 и 2012 година. Индексот на буџетската транспарентност за Македонија во 2008 изнесуваше 54% , односно РМ беше рангирана на 28-то место на листата на земји кои се оценети со ова истражување. Во 2010 година Индексот за РМ изнесуваше 49%, односно РМ беше рангирана на 45-то место и во 2012 година Индексот изнесуваше 35% и РМ се најде на 68-то место.

ИЗВЕШТАИ И КЛУЧНИ НАОДИ ЗА БУЏЕТСКА ТРАНСПАРЕНТНОСТ (ПО ГОДИНИ)

2006 ГОДИНА

2008 ГОДИНА

2010 ГОДИНА

2012 ГОДИНА

2015 ГОДИНА

БРОШУРА ЗА БУЏЕТСКА ТРАНСПАРЕНТНОСТ