• esem@esem.org.mk
  • Јавете се: +389 (0) 2 3298 295; 3298 296
  • ул. Максим Горки 20/1-4, 1000 Скопје

Законска регулатива

Постапката за изготвување на буџетот на Република Македонија и буџетите на единиците на локалната самоуправа и на градот Скопје, нивното донесување, извршување и известување, е уредена со Законот за буџетите, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и со Законот за градот Скопје.

Централен буџет е годишен план на приходи, други приливи и одобрени средства, а се однесува на буџетските корисници на централната власт и ги вклучува: основниот буџет, буџетот на донации, буџетот на заеми и буџетот на самофинансирачки активности.

Буџет на општините е годишен план на приходи, други приливи и одобрени средства и ги вклучува: основниот буџет, буџетот на дотации, буџетот на донации, буџетот на заеми и буџетот на самофинансирачки активности.

Постапката за изготвување на буџетот на Република Македонија и буџетите на општините, нивното донесување, извршување и известување, се заснова на следните буџетски начела:

  • сеопфатност, што го подразбира прикажувањето на сите приходи и други приливи, расходи и други одливи;
  • буџетска рамнотежа, што ги подразбира вкупните приходи и приливи што треба да ги покриваат одобрените средства со буџетот;
  • специфичност, што подразбира дека одобрените средства се наменуваат за посебни цели по раздели, програми, потпрограми и ставки;
  • економичност, што подразбира дека одобрените средства ќе се користат навремено, во соодветен износ, имајќи ги предвид квалитетот и цената;
  • ефикасност, шо го подразбира најдобар сооднос меѓу употребените средства и постигнатите резултати; ефективност, што го подразбира остварувањето на поставените цели и остварувањето на саканите резултати;
  • транспарентност,што подразбира достапност на јавноста во сите фази на подготвување и извршување на буџетот и
  • сигурно финансиско управување, што го подразбира извршувањето на буџетот во согласност со ефективната и ефикасната внатрешна контрола како процес што се применува на сите нивоа на управување со финасиските средства.

ЗАКОН ЗА БУЏЕТИТЕ

Со Законот за буџетите се уредува постапката за изготвување, донесување и извршување на буџетот на Република Македонија и буџетите на единиците на локалната самоуправа и на градот Скопје и известување за нивно извршување.

ЗАКОН ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Со Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа се уредува финансирањето на единиците на локалната самоуправа. Финансирањето на градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа, се уредува со Законот за градот Скопје.

ЗАКОН ЗА ГРАДОТ СКОПЈЕ

Со Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа се уредува финансирањето на единиците на локалната самоуправа. Финансирањето на градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа, се уредува со Законот за градот Скопје.