• esem@esem.org.mk
  • Јавете се: +389 (0) 2 3298 295; 3298 296
  • ул. Максим Горки 20/1-4, 1000 Скопје

Визија и Мисија

Нашата Визија и Мисија

Мисија

Здружението ЕСЕ е граѓанска организација која работи на подобрување на имплементацијата на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и во оценувањето на јавните политики и услуги во РС Македонија.

vision 2

Визија

Движечката сила на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ е посветеноста на решавање проблеми. Преку нашата работа, односно промоција и унапредување на човековите права, ние всушност ја подобруваме социјалната и економската правда, имајќи предвид дека човековите права претставуваат стандарди што треба да ги уживаат сите. Посебен фокус на нашата работа се промоција и унапредување на здравствените права и правата на жените. Оттука, нашите две главни цели се однесуваат на решавање на итните потреби на граѓаните, посебно на потребите на ранливите групи граѓани и влијанието врз јавните политики за постигнување одржливи и долгорочни промени. Нашата работа вклучува многу повеќе од документирање и поднесување извештаи и јавна осуда на неправдите во општеството. Ние обезбедуваме правна и параправна помош, со што им овозможуваме на граѓаните да ги остваруваат своите права и да ги променат своите животни услови. Освен тоа, ние тежнееме кон промени на законодавството и на политиките кои влијаат врз остварување на здравствените права и правата на жените на национално, регионално и на меѓународно ниво. Односно, подготвуваме и поднесуваме „извештаи во сенка“ и други поднесоци до надлежните тела за човекови права за степенот на нивно спроведување во нашата земја и подготвуваме и поднесуваме препораки за унапредување.