Владата на Република Северна Македоија секоја година ја усвојува Програмата за рана детекција и скрининг на малигни заболувања која ја подготвува и спроведува Министерството за здравство на годишно ниво. Повеќе од една деценија како компонента од оваа програма, се усвојува Програмата за скрининг и рана детекција на рак на грлото на матката. Скринингот на ракот на грлото на матката е од исклучително значење за унапредување на репродуктивното и општото здравје на жените, како и за намалување на смртноста од овој вид на карцином помеѓу жените. Редовниот скрининг овозможува навремено откривање на предмалигните промени или пак откривање на карциномот во рана фаза, што овозможува навремено и соодветно лекување. Тоа значи дека скринингот ја спречува и појавата на ракот на грлото на матката, и ја намалува смртноста од овој вид на карцином. Сето тоа придонесува кон унапредување на здравјето и на добросостојбата на жените, а воедно спречува предвремена смртност кај жените.

До подобро здравје за жените преку унапредување на програмата за скрининг на ракот на грлото на матката – Наоди и препораки од спроведениот мониторинг на програмата за рана детекција и скрининг на малигни заболувања со фокус на скринингот на ракот на грлото на матката