Владата на Република Северна Македонија ја усвојува Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата која ја подготвува и спроведува Министерството за здравство на годишно ниво. Главна цел на оваа програма е континуирано унапредување на здравјето на децата и жените во репродуктивниот период во насока на намалување на доенечката и маjчината смртност. Земајќи ја во предвид целта, оваа програма е од клучно значење за здравјето и добросостојбата на овие особено ранливи категории од населението. Воедно целта на оваа програма е во насока на исполнување на Целите за одржлив развој (Sustainble development goals) и тоа целта 3.1. До 2030 година да се намали глобалната стапка на матернална смртност на помалку од 70 на 100 000 живородени; како и целта 3.2. До 2030 година да се спречи превентабилната смртност на новороденчињата и децата на возраст под 5 години, со тоа што сите држави треба да целат кон намалување на новороденечката смртност чија стапка треба да изнесува најмалку 12 на 1 000 живородени, додека стаката на смртност на децата под 5 годишна возраст да изнесува најмалку 25 на 1 000 живородени . Воедно значајно е да се напомене дека Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата е една од ретките програми на Министерството за здравство каде во последните 12 години се предвидуваат мерки и активности за ранливи категории на деца и жени, вклучувајќи ги: Ромските заедници, руралните средини, лицата без документи за лична идентификација, децата и жените од социо-економски ранливи средини, жени со репетитивни абортуси и останати ранливи категории.

Наоди од спроведениот мониторинг и анализа на програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата – Со преглед на буџетот за здравствена заштита  – За периодот од 2019 до 2024 година