Го споделуваме новото, 15-то издание на State of Civil Society Report 2026 на CIVICUS, кое ги анализира состојбите и главните трендови што го обликуваа граѓанското општество во 2025 година и почетокот на 2026 година.

Извештајот се темели на повеќе од 250 интервјуа и 100 статии објавени преку CIVICUS Lens и ги претставува искуствата на граѓанското општество во справувањето со клучните глобални предизвици – од конфликти и демократско назадување, до борби за инклузија, климатска правда и реформа на глобалното управување.

Особено значаен е делот посветен на технологијата, во кој се укажува на забрзаниот развој на вештачката интелигенција без соодветна регулатива и заштита на човековите права, на растечката концентрација на неотчетна моќ кај технолошките компании, како и на сè поактивната улога на граѓанското општество во разобличувањето на злоупотребите и барањето обврзувачки глобални правила.

Извештајот е достапен на следниот линк:

https://publications.civicus.org/publications/2026-state-of-civil-society-report/#msdynmkt_trackingcontext=be760efc-cb7e-4286-a3a0-7d0ef4f50000