Во периодот 2-3 октомври 2024 година со поддршка на Француска Амбасада организиравме обука за новинари и претставници на граѓански организации од градовите Тетово, Прилеп и Куманово со цел подобрување на начинот на информирање на јавноста за теми поврзани со семејното насилство.

Воведно обраќање на настанот имаше заменик амбасадорот на Франција Г-дин Philippe Marcheteau кој ги нагласи досегашните постигнувања на ова поле и значењето на ваков вид на иницијативи за зголемување на превенцијата на семејното насилство. На обуката присуствуваа претставници на организациите Женски форум, Мајка и Станица П.Е.Т., како и новинари од Тетово Инфо, СДК.МК, ТВ Телма, Куманово Њуз, ОТВ Прилеп. Обучувачи беа практичари со долгогодишно искуство во работа на оваа проблематика, Катина Павловска, клинички психолог, Цена Чаловска, поранешен советник во Министерството за внатрешни работи, Стојан Михов, поранешен судија во основен кривичен суд и Мирко Трајановски, новинар и експерт за комуникација.

Обуката придонесе за подобрување на знаењето на учесниците за природата на семејното насилство и законските механизми за заштита, како и начинот на подготовка на новинарски стории за соодветно информирање  на јавноста за прашања поврзани со семејното насилство. Составен дел на настанот беше и подготовката на новинарски стории во однос на превенцијата на семејното насилство, економската димензија насилството и егзистенцијата на жртвите, механизмите за заштита и индивидуални стории на жени кои претрпеле семејно насилство. Преку последователно објавување на подготвените новинарски стории и подобреното разбирање во јавноста за овие прашања сакаме да придонесеме за зголемување на општествената поддршка за жените кои претрпеле семејно насилство и нивно поттикнување да побараат помош и поддршка.

Обуката се организира во рамките на проектот  „Откриј, вклучи се, охрабри: застапување против семејното насилство“ кој ЕСЕ го спроведува со финансиска поддршка од Француска Амбасада во Скопје.