ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА ЖЕНИТЕ, МАЈКИТЕ И ДЕЦАТА, РУРАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ И НА РОМИТЕ
Пристапот до сеопфатна и достапна здравствена заштита, особено на примарно ниво, води кон унапредување на здравјето и социјалната добросостојба на населението преку намалување на оптовареноста со заболувања и спречување на предвремената смртност на населението. Здравствената заштита, која ги вклучува заедниците, е насочена кон потребите на поединецот, бидејќи е родово сензитивна и ги посочува специфичните потреби на секој поединец и со тоа придонесува за намалување на социјалните разлики, особено на ранливите и маргинализираните заедници.
Во континуитет ги јакнеме капацитетите на преку 20 граѓански организации од РС Македонија и регионот на Југоисточна Европа за примена на методологиите за социјална отчетност со цел да се оствари правото на здравје на жените, мајките и децата и на ранливите и маргинализираните групи на граѓани. Воедно работиме директно со заедниците и населението со цел да го унапредиме нивното знаење во однос на правата кои произлегуваат од здравствената заштита и да ја унапредиме здравствената едукација и промоција на здравјето.
Спроведуваме континуиран мониторинг на здравствените политики, програми и услуги, со посебен фокус на превентивната и примарната здравствена заштита преку вклучување на заедниците и граѓаните. Тоа ни овозможува да ги утврдиме недостатоците во однос на планирањето и спроведувањето на здравствените политики и услуги и врз основа на наодите да предлагаме мерки за унапредување на здравствената заштита согласно со реалните потреби на граѓаните.
Континуирано застапуваме на локално, национално и на меѓународно ниво со цел да се унапреди здравствената заштита на жените во репродуктивниот период, мајките и децата, руралното население и на Ромите. Во таа насока континуирано ја информираме јавноста и здравствените власти за нашите наоди и препораки, учествуваме во националните процеси за креирање на здравствени политики, а воедно поднесуваме извештаи до меѓународните тела за човекови права во кои се содржат нашите наоди и препораки.
ЗА ПРАШАЊЕТО
Здравствениот систем во Р. Северна Македонија е високо централизиран, при што здравствените политики, планирањето на буџетот и управувањето се раководени од институции на национално ниво. Оваа состојба води до занемарување на локалните потреби, потребите на поединците и заедниците, што резултира со неадекватна здравствена заштита за ранливите групи како што се жените, мајките, децата, руралното население и Ромите. Воедно се бележи несоодветна географска дистрибуција на установите за примарна здравствена заштита, при што најголем недостиг се бележи во руралните и ромските средини. Дополнително, Ромските и маргинализираните заедници се соочуваат со неповолни социјални детерминанти на здравјето, што придонесува кон понеповолни здравствени исходи за разлика од останатото население. Постојат долгогодишни проблеми во пристапот до здравствената заштита за жените, мајките и децата, при што во многу општини нема примарна гинеколошка и педијатриска здравствена заштита, а воедно се бележат проблеми во работата на пунктовите за вакцинација и во работата на патронажната служба. Недостига организиран пристап за примарна и секундарна превенција на хроничните заболувања, кои се водечки причини за смртност. Програмите за скрининг за рак на грлото на матката и рак на дојка бележат недоволно финансирање, несоодветно планирање и спроведување и низок опфат на жените. Сето тоа резултира со смртни случаи на населението кои можат да се спречат доколку државата има ефикасни и ефективни програми за превенција и скрининг на малигните и останатите хронични заболувања.
ШТО ПРАВИМЕ НА ОВА ПРАШАЊЕ
Работиме на зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за спроведување на методологиите на социјална отчетност кои имаат за главна цел вклучување на граѓаните во процесите на планирање, спроведување и на оценување на здравствените политики и буџетите.
Препознавајќи ја потребата за вклучување на граѓаните во овие процеси, Здружението ЕСЕ од 2011 година ја спроведува методологијата на социјална отчетност. Преку оваа методологија граѓаните се информираат за своите права, се зајакнуваат нивните капацитети за активно учество во овие процеси, а воедно се зајакнува јавната свест за потребата од вклучување на граѓаните. ЕСЕ ја спроведува оваа методологија на полето на пристап до превентивна и примарна здравствена заштита за мајките и децата, жените во репродуктивниот период, како и за граѓаните од руралните и ромските заедници. Спроведувањето на методологијата на социјална отчетност е особено значајна за лицата од ранливите категории на граѓани, кои воедно имаат најголема потреба од здравствени услуги, а во исто време не се информирани за своите права. Преку оваа работа им помагаме на граѓанските организации да ги запознаат граѓаните во општините каде што тие работат со нивните права од превентивна и примарна здравствена заштита на мајките и децата, женското репродуктивно здравје и здравјето за целото население; да ги проценат состојбите во однос на опфатот на граѓаните од маргинализираните заедници со овие услуги и со квалитетот на услугите што ги добива ова население, преку активно вклучување на заедницата; да ги утврдат реалните потреби на населението во однос на пристапот до здравствена заштита; да му овозможат на населението проактивно да бара остварување на правата од превентивната и примарната здравствена заштита и да му овозможат на населението активно да се вклучи во процесот на застапување за унапредување на опфатот и квалитетот со превентивната и примарната здравствена заштита.
Работиме на унапредување на здравјето и пристапот кон здравствените услуги за граѓаните со посебен фокус на женското репродуктивно здравје и здравјето на мајките и децата
Работиме на унапредување на здравјето и пристапот кон здравствените услуги за граѓаните со посебен фокус на женското репродуктивно здравје и здравјето на мајките и децата. Во таа насока од 2011 година до денес вршиме редовен мониторинг на планирањето и спроведувањето на здравствените политики и буџетите наменети за превентивната и примарната здравствена заштита на населението со посебен фокус на здравствените услуги за мајките и децата, како и здравствените услуги за женското репродуктивно здравје. Во таа насока спроведуваме редовен мониторинг на превентивните програми на Министерството за здравство, вклучувајќи ги следните програми: Програма за активна здравствена заштита на мајките и децата, Програма за систематски прегледи на учениците и студентите, Програма за скрининг на рак на грлото на матката, Програма за скрининг на рак на дојка. Во изминатите години го проширивме мониторингот со цел да ги опфатиме сите здравствени услуги за овие групи од населението коишто се пропишани и во останатата легислатива а не само во превентивните програми на Министерството за здравство. Континуираниот мониторинг ни овозможи да ги утврдиме недоследностите и проблемите во процесите на планирање и имплементација на превентивните програми. Утврдените проблеми и недостатоци директно се одразуваат врз недоволниот опфат на ранливите групи од населението со превентивна здравствена заштита, како и врз квалитетот на добиените услуги. Наодите од процесот на мониторинг ги користиме со цел да подготвиме препораки за унапредување на процесот на планирање и спроведување на здравствените услуги и буџети. Воедно спроведуваме истражувања помеѓу ранливите групи од населението со цел да ги утврдиме бариерите со кои тие се соочуваат во пристапот до превентивната и примарната здравствената заштита, да ги утврдиме нивните реални потреби и да подготвиме препораки за унапредување на состојбите.
Наодите и препораките ги користиме во процесот на застапување пред релевантните институции со цел да се унапреди здравјето на граѓаните со посебен фокус на репродуктивното здравје на жените и здравјето на мајките и децата.
Преку нашето учество во процесите на креирање на здравствените политики ги користиме нашите наоди и препораки со барање за нивно вклучување во политиките, а сè со цел да се унапреди опфатот на населението со примарна и превентивна здравствена заштита. Во изминатите години ЕСЕ учествуваше во повеќе процеси на креирање на здравствени политики од кои ги издвојуваме следните: подготовка на Законот за здравствена заштита, процес на реформи во примарната здравствена заштита, процес за унапредување на здравствената заштита на мајките и децата за да се намали доенечката смртност, учество во секторската работна група – Здравство при Владата на РС Македонија, редовно годишно учество во процесот на подготовка на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата. Воедно наодите и препораките од нашата работа ги користиме за подготовка на извештаи што им ги приложуваме на меѓународните тела за човекови права. Во областа на здравството редовно им доставуваме извештаи на Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација врз жената (CEDAW) и на Комитетот за заштита на правата на детето (CRC) при Обединетите нации.
Во отсуство на долгорочен систематски пристап за здравствена едукација и промоција на здравјето на населението
Здружението ЕСЕ од 2023 година започна со спроведување на активности во таа насока заради примарна и секундарна превенција на најчестите хронични заболувања помеѓу населението (кардиоваскуларните, респираторните, малигните заболувања и дијабетот). Овие активности преку примена на методологии за социјална и бихејвиорална промена имаат за цел да поттикнат примена на здрави животни стилови, превентивни здравствени прегледи и вакцинација кај возрасното население. Активностите се состојат од две основни компоненти: континуирана медицинска едукација на здравствените работници и здравствена едукација на населението. Преку континуираната здравствена едукација здравствените работници (доктори, фармацевти и медицински сестри) се запознаваат со најновите сознанија во однос на здравите животни стилови, а воедно се јакнат нивните капацитети за примена на методологиите за социјална и бихејвиорална промена во работата со нивните пациенти. Преку едукацијата населението има можност да се информира кои здрави животни стилови е потребно да се практикуваат за да се спречи појава на заболувања и се информира за важноста од редовните медицински прегледи и од вакцинација на возрасното население.
Нашето присуство во медиумите
Родилките жртви на медицинска небрежност, тешко стигнуваат до правда
Преку дадената изјава за ПИНА, побаравме од државата да организира едукативно информативни кампањи за правата на пациентите. Воедно нагласивме дека е неопходно секој пациент при прием во болница, а особено родилките, од страна на здравствената установа да бидат информирани за тоа кои се нивните права како пациенти, да им се обезбедат информации каде можат да се пожалат доколку сметаат дека нивните права како пациенти се прекршени, како и за сите механизми за заштита на правата на пациентите.
Воедно потенциравме дека доколку жените сакаат да се пожалат во врска со медицинска небрежност или во врска со прекршување на било кое нивно право како пациенти, може да се обратат во Здружение ЕСЕ. Можеме да им обезбедиме правна помош и совети, по однос на подготовка на жалба, совети до кои институции можат да се обратат за заштита на нивните права, кои се механизмите за заштита на правата на пациентите. Воедно стоиме на располагање да ги информираме сите заинтересирани граѓани кои права ги имаат како пациенти.
Линк до нашата изјава: https://pina.mk/8503-rodilkite-zhrtvi-na-meditsinska-nebrezhnost-teshko-stignuvaat-do-pravda/, објавено на 11.09.2024.
ХПВ инфекцијата не треба да биде смртна пресуда: Колку системот ги препознава здравствените проблеми на жените?
Преку спроведеното интервју за Кајгана Медиа, ги информиравме жените за нивните права кои произлегуваат од Програмата за скрининг на ракот на грлото на матката, како и за значењето од правење на редовни превентивни гинеколошки прегледи со ПАП тест. Воедно, ја информиравме јавноста за нашите наоди по однос на утврдените проблеми во планирањето и спроведувањето на оваа Програма, како и за нашите барања за унапредување на истата, со цел зголемен опфат на жените со скринингот. Исто така ја информиравме јавноста за нискиот опфат на девојките со ХПВ вакцината, како и за нашите препораки што треба да биде превземено од страна на Министерството за здравство, со цел зголемување на опфатот со ХПВ вакцината.
Линк до нашата изјава: https://kajgana.com/khpv-infekcijata-ne-treba-da-bide-smrtna-presuda-kolku-sistemot-gi-prepoznava-zdravstvenite, објавено на 04.06.2024.
За три години се скратени 400 милиони денари од буџетот за превенција од болести
Во предлог-буџетот за 2024 година се намалени речиси 400 милиони денари за превентивните програми за рана детекција на малигните заболувања, заштита на населението од СИДА, заштита на мајките и децата, имунизација, превентивна здравствена заштита, превенција од кардиоваскуларни болести, споредбено со буџетот за 2021 година. Во предлог-буџетот за 2024 година има нешто помалку од 600 милиони денари за овие програми, што е поразително, ако се има предвид дека превенцијата и превентивните прегледи се сметаат за клуч за спречување на појавата на хроничните заболувања, како и превенција на предвремена смртност од нив.
За Програмата за скрининг на рак на грлото на матката во РС Македонија се одвојуваат средства за да се покријат 25 % од жените. Со една успешна скрининг-програма треба да се опфатат 75 % од жените со скрининг на рак на грлото на матката. Развиените европски држави обезбедуваат опфат на жените над 75 % со скрининг-програмите за рак на грлото на матката и за рак на дојка. Како пример може да се земе Германија која во изминатите години ја намали смртноста од рак на грлото на матката од 75 до 90 проценти. Тенденција е во наредните 10 години смртноста да биде сведена на нула. А кај нас, за жал, сè уште околу 40 жени годишно умираат од овој карцином кај кој смртноста може да биде спречена. Кај нас нема ни доволен опфат со ХПВ-вакцинација, која е околу 50 проценти, а воедно не се спроведуваат ниту едукативни кампањи. Опфатот со Програмата за скрининг на рак на дојка е околу 1 процент, а над 300 жени годишно умираат од рак на дојка во РС Македонија.
За да се зголемат буџетите за превентивните програми, Здружението ЕСЕ во соработка со Платформата за ХИВ, ХЕРА и Заедно посилни спроведоа активности за застапување насочени кон пратениците во Собранието на РС Македонија. Во рамки на овие активности беше побарано од пратениците да поднесат амандмани на предлог-буџетот во насока на зголемување на буџетските средства за превентивни програми согласно со реалните потреби.
Линк до нашата изјава: https://samoprasaj.mk/ziveacka/za-tri-godini-skrateni-se-400-milioni-denari-od-budjetot-za-programi-za-prevencija-od-bolesti/, објавено на 1.12.2023.
Во Северна Македонија сè уште не постои организиран скрининг на рак на грлото на матката
Владата и Министерството за здравство го намалија буџетот за Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2 милиони денари за 2023 година. Здружението ЕСЕ по повод месец јануари, месец посветен на рак на грлото на матката, подготви соопштение за јавноста со цел да ги информира медиумите и јавноста за барањето на ЕСЕ за итно зголемување на буџетот на оваа програма и да ги образложи наодите на ЕСЕ во однос на претходно утврдените недостатоци и проблеми во нејзиното спроведување.
Во Северна Македонија секоја година умираат околу 40 жени од рак на грлото на матката, додека над 350 жени годишно се лекуваат на Универзитетската клиника за онкологија и се подложени на агресивни третмани со хемотерапија и зрачење поради тоа што болеста е откриена во напредна фаза. Поразително е сознанието дека сите овие смртни случаи и лекување со агресивни третмани може да се спречат доколку промените бидат навремено откриени. Но државата наместо да ги зголемува финансиските средства и да го зголемува опфатот на жени со Програмата за скрининг на рак на грлото на матката, бележиме кратење на буџетските средства за оваа намена.
Поради недоволните буџетски средства и несоодветната организираност во 2021 година со скрининг на рак на грлото на матката беа опфатени само 22 % од жените од целната возрасна група, што е многу далеку од опфатот во државите на Европската Унија, кој изнесува над 75 %.
Во 2022 година Министерството за здравство го укина праќањето на покани до жените за да направат гинеколошки преглед со ПАП-тест и ја воведе интернет платформата skrining.mk за жените сами да се пријавуваат за преглед со ПАП-тест. Но се поставува прашањето дали оваа мерка претставува унапредување или уназадување на Програмата за скрининг. Согласно со изјавите од Министерството за здравство, во 2022 година на само 12 194 жени им е направен ПАП-тест по пат на закажан преглед преку интернет-платформата, што претствавува само 10 % од целната возрасна група.
Со цел да се намали стапката на откривање на рак на грлото на матката во напредна фаза и да се намали смртноста кај жените од ова заболување, Здружението ЕСЕ бара итно зголемување на буџетот на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката, зголемени активности за едукација на жените, како и предвидување на посебни активности на ниво на заедницата за зголемен опфат на жените од ранливите групи.
Соопштението за медиумите беше презентирано како прилог во Вестите на Канал 5 телевизија на 30.1.2023 година.
Линкови до објавите на соопштението за медиумите:
– https://kanal5.com.mk/ese-vo-makedonija-se-ushte-ne-postoi-organiziran-skrining-za-rak-na-grloto-na-matkata/a566113, објавено на 30.1.2023.
– https://www.slobodenpecat.mk/ese-se-ushte-nema-organiziran-skrining-za-rak-na-grlo-na-matka-barame-itno-zgolemuvanje-na-budzhetot-za-rana-detekcija-i-zgolemena-edukacija/, објавено на 30.1.2023.
– https://press24.mk/vo-makedonija-se-ushte-ne-postoi-organiziran-skrining-za-rak-na-grloto-na-matkata, објавено на 30.1.2023.
– https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=522385, објавено на 30.1.2023.
– https://libertas.mk/ese-namesto-da-go-zgolemi-bu-etot-za-skrining-na-rak-na-grloto-na-matkata-drzhavata-go-namaluva/, објавено на 30.1.2023.
– https://meta.mk/aktivistite-predupreduvaat-vo-zemjava-ne-postoi-organiziran-skrining-za-rak-na-grloto-na-matkata/, објавено на 30.1.2023.
– https://vocentar.com/есе-во-северна-македонија-сe-уште-не-по/, објавено на 30.1.2023.
– https://zoom.mk/namalen-e-bu-etot-za-skrining-na-rak-na-grloto-na-matkata-a-mz-go-ukina-pra-a-eto-na-pokani-za-ginekoloshki-pregled-so-pap-test-reagiraat-od-ese/, објавено на 30.01.2023.
– https://republika.mk/zivot/zdravje/namalen-e-budhetot-za-skrining-na-rak-na-grloto-na-matkata-a-mz-go-ukina-prakaneto-na-pokani-za-ginekoloshki-pregled-so-pap-test-reagiraat-od-ese/, објавено на 30.1.2023.
– https://360stepeni.mk/ese-namesto-da-go-zgolemi-budhetot-za-skrining-na-rak-na-grloto-na-matkata-drzhavata-go-namaluva/, објавено на 30.1.2023.
– https://www.radiomof.mk/ese-vo-severna-makedonija-s%D1%90-ushte-ne-postoi-organiziran-skrining-za-rak-na-grloto-na-matkata/, објавено на 30.1.2023.
Итно да се зголеми буџетот за скрининг, бидејќи годишно во Македонија умираат 40 жени од рак на грло на матката
Владата и Министерството за здравство го намалија буџетот за Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2 милиони денари за 2023 година, иако и во претходните години буџетот за оваа програма не беше доволен за соодветен опфат на жените со скрининг на рак на грлото на матката. Имено, поради недоволните буџетски средства и несоодветната организираност во 2021 година со скрининг на рак на грлото на матката беа опфатени само 22 % од жените од целната возрасна група, што е многу далеку од опфатот во државите на Европската Унија, кој изнесува над 75 %. Стапката на откривање на рак на грлото на матката во напредна фаза може да се намали, со што би се спасиле животите на жените, но за тоа е неопходно итно да се зголеми буџетот на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката. Покрај зголемување на средствата за прегледи на жените, неопходно е во Програмата да се предвидат и активности за нивна едукација и да се предвидат посебни активности на ниво на заедницата за зголемен опфат на жените од ранливите групи. Меѓутоа сосема спротивно на потребите, Министерството за здравство го намали буџетот за оваа програма
Со таа цел Здружението ЕСЕ побара од Министерство за здравство итно зголемување на буџетот за Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2023 година.
Линк до нашата изјава: https://www.slobodenpecat.mk/video-borjan-pavlovski-ese-itno-da-se-zgolemi-budzhetot-za-skrining-godishno-vo-makedonija-umiraat-40-zheni-od-rak-na-grloto-na-matkata/, објавено на 1.2.2023.
И покрај тоа што државата планира рекордно висок буџет за 2023 година, намален е буџетот на Програмата за скриниг на малигни заболувања
И покрај тоа што вкупниот предлог-буџет на државата бележи значително зголемување за 2023 година, државата крати речиси една третина од буџетот предвиден за превентивните програми на Министерството за здравство.
Во телевизиското гостување на утринската програма на Македонската Радио Телевизија, координаторот на Програмата за јавно здравје на ЕСЕ истакна дека и покрај тоа што државата планира рекордно висок буџет за 2023 година, буџетот на Министерството за здравство не е зголемен. Исто така најголемите кратења се во делот на превентивната здравствена заштита, што е поразително, бидејќи средствата за превентива се сметаат за инвестиција, а не за трошок. Тоа е поради тоа што преку инвестирање во превентивната здравствена заштита државата го унапредува здравјето и добросостојбата на населението преку спречување на појавата на заболувањата, како и преку навремено откривање и лекување на заболувањата.
Координаторот од Здружението ЕСЕ посочи дека и досега буџетот за рана детекција на малигни заболувања не беше доволен за соодветно спроведување на скринингот за овие заболувања, што воедно со години наназад е нотирано и во извештаите на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија.
Недоволниот буџет резултира и со недоволен опфат на жените со скрининг на рак на грлото на матката, при што за период од три години опфатени се само 28 % од жените од целната возрасна група.
Воедно Министерството за здравство го скрати и буџетот за Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата за 3 милиони денари, иако само пред два месеци Комитетот за правата на детето при ОН во својот извештај изрази загриженост дека Северна Македонија не инвестира доволно средства за превентивна здравствена заштита за мајките и децата. Дополнително на тоа, Комитетот за правата на детето препорача да се зајакне здравствената едукација на родителите за потребата од вакцинација, поради намалениот опфат на децата со вакцинација, меѓутоа во Програмата за мајки и деца се тргнати сите активности за здравствена едукација на населението, вклучително и едукацијата за вакцинација.
Намалениот буџет за превентивните програми ќе има директен негативен ефект врз здравјето, добросостојбата и животот на жените, мајките и децата.
Здружението ЕСЕ, во партнерство со останати граѓански организации, побара од пратениците во Собранието на РС Македонија со амандмани да побараат зголемување на буџетот за превентивните програми, меѓутоа организациите не добија никаков одговор од страна на пратениците.
Линк до видеото од гостувањето во утринската емисија: https://www.youtube.com/watch?v=JM8_J-R69l8, објавено на 28.11.2022.
Бесплатните услуги во бременоста одземени на трудниците без здравствено осигурување
Министерството за здравство во 2022 година ги укина бесплатните прегледи за време на бременоста и бесплатното породување за жените што не се здравствено осигурени, што беше овозможено со Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата.
Здружението ЕСЕ во септември 2022 година ја сподели информацијата со јавноста дека Владата во февруари 2022 година го укина буџетот предвиден за бесплатните прегледи за време на бременоста и бесплатното породување за жените што не се здравствено осигурени. Оваа мерка беше донесена пред пет години од Владата во Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата со цел ниту една жена да не биде изоставена од услугите за време на бременост и породување, што е едно од главните начела на Светската здравствена организација.
Протоколите и клиничките упатства за следење на бременост, усвоени од Министерството за здравство, предвидуваат 8 до 10 здравствени контроли за време на бременоста со кои се следи здравјето на мајката, како и растот и развојот на плодот. Согласно со протоколите за време на бременоста е важно прегледите да се направат во точно утврдени временски периоди и не трпат одложување. Поради тоа државата не смее да дозволи бременоста кај жените што немаат здравствено осигурување да поминува без здравствени контроли, затоа што тоа ќе го влоши здравјето на мајката и на детето.
Земајќи го сето тоа предвид, Здружението ЕСЕ побара од Министерството за здравство да ја врати активноста за бесплатни прегледи за време на бременост за жените што не се опфатени со здравствено осигурување.
Линк до нашата изјава: https://samoprasaj.mk/ziveacka/besplatnite-uslugi-vo-bremenosta-odzemeni-na-trudnicite-bez-zdravstveno-osiguruvanje/, објавено на 4.11.2022.
„Женскиот рак“ убива 40 пациентки годишно
Наодите на ЕСЕ од спроведениот мониторинг на Програмата за скрининг на рак на грло на матката покажаа дека и покрај тоа што од 2012 година постои организиран скрининг, опфатот на жените е премногу мал, односно под 30 %. Во научната литература е истакнато дека доколку опфатот со една скрининг-програма е под 30 %, тоа не може да се смета за успешен скрининг. Врз оваа состојба влијаат повеќе фактори, а клучно е тоа што Министерство за здравство не одвојува доволно пари за скрининг, односно во самиот старт планира опфат само на 25 % од жените. Останати фактори се недостатоци во координацијата и комуникацијата помеѓу различните надлежни институции и извршителите на активностите, како и недостиг на механизам за мониторинг на спроведувањето на скринингот.
Последиците од оваа состојба се сериозни, вклучувајќи: изгубени животи, нарушен квалитет на животот на жените, изгубени работни места, неможност за грижа за семејството, па сè до големи финансиски трошоци. Сето ова може да се спречи со две методи: соодветен скрининг, којшто ќе опфаќа 70 до 80 % од жените и вакцинација против ХПВ.
Скринингот на рак на грлото на матката за да ги постигне посакуваните ефекти, потребно е државата да одвои околу еден милион евра на годишно ниво, со што ќе се унапреди здравјето, квалитетот на животот и ќе се спасат животите на жените.
Линк до нашата изјава: https://www.slobodnaevropa.mk/a/женскиот-рак-убива-40-пациентки-годишно/31683826.html, објавено на 3.2.2022.
Доколку државата инвестира во скрининг-програмата ќе се спасат животите на жените, ќе се избегнат агресивните третмани, а воедно ќе се заштедат трошоците и на жените и на државата
Координаторот од Здружението ЕСЕ ги презентираше наодите на ЕСЕ во однос на последиците врз жените од несоодветното спроведување на скринингот, кои произлегуваат од истражувањето – „Која е цената на тоа што немаме организиран скрининг на рак на грлото на матката?“ преку две телевизиски гостувања и тоа во емисијата Студио 10 на Телевизија 24, како и гостување во утринската програма на првата програма на МТВ. Воедно медиумите и јавноста беа запознаени со наодите и барањата на ЕСЕ кои произлегоа од ова истражување преку подготвено и испратено соопштение за јавност.
Поради несоодветно спроведениот скрининг на рак на грлото на матката на годишно ниво умираат околу 40 жени, додека над 300 жени годишно се лекуваат со агресивни третмани на Клиниката за онкологија. Дополнително на тоа, поради ненавременото откривање на ракот на грлото на матката и жените и државата се изложени на дополнителни финансиски трошоци. Жените на кои ракот на грлото на матката им е откриен во подоцна фаза трошат најмалку 11 милиони денари на годишно ниво, трошоци кои произлегуваат од патни трошоци, набавка на препарати, посебна исхрана, и останати потреби. Додека државата за лекување на рак на грлото на матката откриен во напредна фаза троши најмалку 29 милиони денари на годишно ниво, а реално оваа сума е многу повисока, бидејќи овие трошоци се однесуваат само на болничкото лекување на жените. Дополнителни трошоци се трошоците за дијагностички постапки (ехо, компјутерска томографија, магнетна резонанца), како и за лекови што се издаваат во аптека.
При гостувањето беше истакнато и клучното барање на ЕСЕ до државата, односно доколку државата инвестира во скрининг-програмата ќе се спасат животите на жените, ќе се избегнат агресивните третмани, а воедно ќе се заштедат трошоците и на жените и на државата.
Линк до видеото од телевизиското гостување на ТВ 24: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=654992085932457, објавено во јануари 2022.
Линк до видеото од телевизиското гостување на МТВ 1: https://www.youtube.com/watch?v=0LzkF_K74mM, објавено во јануари 2022.
Линкови од објавите на соопштението за јавност:
– https://zenskimagazin.mk/koja-e-cenata-poradi-toa-shto-nemame-organiziran-skrining-na-rak-na-grloto-na-matkata, објавено во јануари 2022.
– https://www.slobodenpecat.mk/zhenite-umiraat-porano-toa-e-cenata-shto-nemame-organiziran-skrining-na-rak-na-grloto-na-matkata/, објавено во јануари 2022.
– https://sdk.mk/index.php/makedonija/zdruzhenieto-ese-bara-drzhavata-da-plaka-za-ran-skrining-na-rak-na-grloto-na-matkata-so-shto-bi-se-spasile-30-50-zhivoti-godishno/, објавено во јануари 2022.
– https://www.radiomof.mk/ese-drzhavata-da-obezbedi-skrining-za-rak-na-grloto-na-matkata-na-80-od-zhenite-na-vozrast-od-24-do-60-godini/, објавено во јануари 2022.
– https://a1on.mk/macedonia/ese-namaluvanjeto-na-smrtnosta-od-rak-na-grlo-na-matka-kje-se-sprechi-so-skrining-na-80-procenti-od-zhenite-na-vozrast-od-24-do-60-godini/, објавено во јануари 2022.
– https://24info.mk/есе-намалувањето-на-смртноста-од-рак-н/, објавено во јануари 2022.
– https://mms.mk/265262/ракот-на-грло-на-матка-доцна-се-открива/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=ракот-на-грло-на-матка-доцна-се-открива, објавено во јануари 2022.
– https://libertas.mk/ese-namaluva-eto-na-smrtnosta-od-rak-na-grlo-na-matka-e-se-sprechi-so-skrining-na-80-procenti-od-zhenite-na-vozrast-od-24-do-60-godini/, објавено во јануари 2022.
– https://kanal5.com.mk/ese-namaluvanjeto-na-smrtnosta-od-rak-na-grlo-na-matka-kje-se-sprechi-so-skrining/a511651, објавено во јануари 2022.
– https://www.vecer.press/за-да-се-намали-смртноста-скрининг-на-80/, објавено во јануари 2022.
– https://a1on.mk/macedonia/ese-namaluvanjeto-na-smrtnosta-od-rak-na-grlo-na-matka-kje-se-sprechi-so-skrining-na-80-procenti-od-zhenite-na-vozrast-od-24-do-60-godini/, објавено во јануари 2022.
– https://vocentar.com/2022/01/13/есе-намалувањето-на-смртноста-од-рак-н/, објавено во јануари 2022.
– https://opserver.mk/makedonija/ese-namaluvanjeto-na-smrtnosta-od-rak-na-grlo-na-matka-kje-se-sprechi-so-skrining-na-80-procenti-od-zhenite-na-vozrast-od-24-do-60-godini/, објавено во јануари 2022.
– https://meta.mk/ese-za-da-se-namali-smrtnosta-drzhavata-treba-da-obezbedi-skrining-za-rak-na-grloto-na-matkata/, објавено во јануари 2022.
– https://www.brif.mk/ese-namaluvaneto-na-smrtnosta-od-rak-na-grlo-na-matka-ke-se-sprechi-so-skrining-na-80-protsenti-od-zhenite-na-vozrast-od-24-do-60-godini/, објавено во јануари 2022.
– https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=449628, објавено во јануари 2022.
Недостигот на матични гинеколози ги погодува најмногу најранливите жени
Здружението ЕСЕ ги презентираше наодите од спроведените анализи и истражувања во ромската заедница во однос на бариерите со кои се соочуваат жените во пристапот до гинеколошка здравствена заштита на примарно ниво.
Во РС Македонија има само 163 гинеколози во примарната здравствена заштита. Поголемиот дел од нив работат како матични гинеколози, останатите само приватно. Матичните гинеколози се распределени во 40 општини, што значи дека половина од општините во државата немаат ниту еден матичен гинеколог. Дополнителна бариера во пристапот, особено за жените Ромки, е тоа што голем дел до матичните гинеколози им наплаќаат на жените за услуги, иако здравствените услуги кај матичниот гинеколог согласно со подзаконските акти на ФЗО се бесплатни. Меѓутоа, истражувањата на Здружението ЕСЕ покажуваат дека на 60 % од жените им биле наплатени услугите од матичниот гинеколог. Сите овие фактори водат кон тоа половина од жените да немаат избрано матичен гинеколог. Состојбата кај жените Ромки е уште позагрижувачка, бидејќи поради сите овие фактори тие не посетуваат гинеколог за превентивни гинеколошки прегледи и поради тоа може дополнително да им се влоши здравјето. Со влошување на здравјето тие не се во можност ниту да работат ниту да придонесуваат за себе, за своите семејства. И со тоа се влегува во круг, каде што сиромаштијата води до нарушено здравје, нарушеното здравје до сиромаштија, неможност за работа, со што уште повеќе се продлабочува родовиот јаз и степенот на маргинализација на жените Ромки. Дополнително загрижува и податокот од спроведеното истражување во заедницата дека 10 % од бременостите помеѓу жените Ромки поминуваат без ниту една здравствена контрола, што претставува сериозен ризик по здравјето на мајката и детето.
Линк до нашата изјава:
https://www.slobodnaevropa.mk/a/недостигаат-матични-гинеколози-најранливите-жени-најпогодени-/31622709.html?fbclid=IwAR3O8Nnk3NDBcaDnm3e35Qycc-6olHWnyQ2UfCRqyc4khi3OqdZH5HfPXT4, објавено на 25.12.2021.
Иако постојат програми за скрининг (рано откривање) на рак на грлото на матката и рак на дојка, податоците од нивното спроведување покажуваат дека реално нема сеопфатен и организиран скрининг на овие малигни заболувања
Во 2021 година, по повод 4 февруари – Светскиот ден за борба против карцином, Здружението ЕСЕ преку соопштение за јавноста ги информираше медиумите и јавноста за наодите што се однесуваат на недоследностите во спроведувањето на програмите за скрининг на рак на грлото на матката и рак на дојка.
Иако постојат програми за скрининг (рано откривање) на рак на грлото на матката и рак на дојка, податоците од нивното спроведување покажуваат дека реално во Македонија нема сеопфатен и организиран скрининг на овие малигни заболувања.
Со средствата што ги одвојува Министерството за здравство за Програмата за скрининг на рак на грлото на матката е предвиден опфат на само околу 30 % од жените од целната возрасна група (жени од 24 до 60 години). Дополнително на тоа, Министерството за здравство во 2019 година го намали буџетот на оваа програма за 2,8 милиони денари. Воедно, поради недостиг на матични гинеколози, само 60 % од жените имаат избрано матичен гинеколог. Сето тоа резултира со само 28 % од жените да бидат опфатени со оваа програма за период од шест години (2012–2018 година). Состојбата е далеку понеповолна помеѓу жените Ромки, бидејќи само 9,5 % од нив се опфатени со оваа програма во периодот од 2012 до 2018 година.
Поразителна е и состојбата во однос на Програмата за скрининг на рак на дојка преку која во 2019 година биле опфатени само 0,7 % од жените на возраст од 50 до 69 години. Поразителна е состојбата помеѓу жените Ромки, бидејќи само четири од 270 анкетирани жени Ромки од Шуто Оризари биле поканети на преглед на дојки за цели четири години (од 2015 до 2019 година).
Линкови до објавите на соопштението за јавност:
– https://www.fakulteti.mk/news/04022021/vo-makedonija-zhenite-umiraat-od-prichini-koi-mozhat-navreme-da-se-sprechat-ako-se-sproveduvaat-programite-za-skrining-na-rak-na-grlo-na-matka-i-na-dojka-velat-od-ese, објавено на 4.2.2021.
– https://24info.mk/здружение-есе-да-се-зголемат-средства/, објавено на 4.2.2021.
– https://lokalno.mk/ese-po-povod-svetskiot-den-za-borba-protiv-kartsinom-vo-makedonija-zhenite-umiraat-od-prichini-koi-navremeno-mozhat-da-se-sprechat/, објавено на 4.2.2021.
– https://opserver.mk/makedonija/zdruzhenie-ese-da-se-zgolemat-sredstvata-za-programite-za-skrining-na-rak-na-grloto-na-matkata-i-na-dojkata/, објавено на 4.2.2021.
– https://www.slobodenpecat.mk/zdruzhenie-ese-da-se-zgolemat-sredstvata-za-programite-za-skrining-na-rak-na-grlo-na-matka-i-na-dojka/, објавено на 4.2.2021.
– https://a1on.mk/macedonia/zdruzhenie-ese-da-se-zgolemat-sredstvata-za-programite-za-skrining-na-rak-na-grloto-na-matkata-i-na-dojkata/, објавено на 4.2.2021.
– https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=394773, објавено на 4.2.2021.
– https://meta.mk/ese-so-skrining-za-rak-na-grlo-na-matka-se-opfateni-samo-30-otsto-od-zhenite-a-07-otsto-za-rak-na-dojka/, објавено на 4.2.2021.
Државата „заборавила“ на Ромките да им испрати покана за преглед
Здружението ЕСЕ ги презентираше наодите од спроведениот национален мониторинг на програмите за скрининг на рак на грлото на матката и рак на дојка, како и наодите за опфатот на жените Ромки со овие програми.
Во однос на скринингот на рак на дојка, наодите покажуваат дека за период од четири години само четири од вкупно анкетирани 270 жени Ромки од Шуто Оризари на возраст од 50 до 70 години добиле покана да направат мамографски преглед. Додека на национално ниво во 2020 година само 0,7 % од жените на возраст од 50 до 70 години направиле мамографски преглед на дојка според Програмата.
Преку Програмата за скрининг на рак на грлото на матката во изминатат година само 2 % од жените Ромки од Шуто Оризари направиле гинеколошки преглед со ПАП-тест. Додека на национално ниво, за тригодишен период само 18 % од жените на возраст од 24 до 60 години го направиле истиот преглед преку Програмата.
Воедно ги пренесовме нашите барања за зголемен опфат на жените со овие програми, бидејќи соодветното спроведување на скрининг-програмите спасува животи.
Наодите и препораките беа споделени преку видео подготвено во соработка со тимот на „Види вака“.
Линк до видеото: https://www.facebook.com/watch/?v=225500879238230&ref=sharing, објавено на 11.1.2021.
Како до подобро здравје за жените, мајките и децата во Република Северна Македонија?
На конференција за печат Здружението ЕСЕ ги презентираше клучните наоди од „Анализата на состојбите во однос на перинаталната и доенечката смртност во Република Северна Македонија во периодот од 2011 до 2017 година“, што беше подготвена во соработка со експертска работна група. Анализата е подготвена за дадениот период бидејќи во него се бележи највисока стапка на доенечка смртност, од 7,9 умрени доенчиња на 1 000 живородени во 2011 на 11,9 во 2016 година. Потоа во 2018 и 2019 година стапката на умрени доенчиња опаѓа на историски најниско ниво и изнесува 5,6 умрени на 1 000 живородени. Преку анализата беа претставени можните состојби кои придонесоа за порастот на доенечката смртност во дадениот период, а беше подготвена со цел да се преземат соодветни мерки и активности од страна на државата за да се унапреди здравјето и здравствената заштита на жените, мајките и децата.
Во таа насока анализата претставуваше основа врз која Здружението ЕСЕ во соработка со експертска работна група подготви „Акционен предлог-план за унапредување на здравјето и здравствената заштита на жените, мајките и децата заради намалување на перинаталната и доенечката смртност во Република Северна Македонија за периодот 2020 до 2030 година“. Клучните препораки од Акциониот план исто така беа презентирани на конференција за печат, со препорака надлежните здравствени институции да ги вклучат мерките и активностите во здравствените политики.
Линкови до објавените информации:
– Виртуелна конференција за смртноста кај доенчињата, здравјето на жените, мајките и децата – ММС (mms.mk), објавено на 7.10.2020.
– https://mia.mk/virtuelna-konferenci-a-za-smrtnosta-ka-doenchi-ata-zdrav-eto-na-zhenite-ma-kite-i-decata/, објавено на 7.10.2020.
– Виртуелна конференција за смртноста кај доенчињата, здравјето на жените, мајките и децата – 24 Инфо (24info.mk), објавено на 7.10.2020.
– https://opserver.mk/makedonija/virtuelna-konferencija-za-smrtnosta-kaj-doenchinjata-zdravjeto-na-zhenite-majkite-i-decata/, објавено на 7.10.2020.
– https://24.mk/details/ese-da-se-utvrdat-prichinite-za-doenechkata-smrtnost-i-da-se-zgolemi-ulogata-na-medicinskite-sestri-pred-i-po-pora-ajot, објавено на 7.10.2020.
– ЕСЕ: Да се утврдат причините за доенечката смртност – telma.com.mk, објавено на 7.10.2020.
– https://www.youtube.com/watch?v=4NP44fdcYpM, објавено на 7.10.2020.
– https://www.24.mk/details/ese-da-se-utvrdat-prichinite-za-doenechkata-smrtnost-i-da-se-zgolemi-ulogata-na-medicinskite-sestri-pred-i-po-pora-ajot, објавено на 7.10.2020.
– https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=372684, објавено на 7.10.2020.
Бројни се предизвиците со коишто се соочуваат жените, мајките и децата Роми во пристапот до превентивна здравствена заштита
На конференција за печат Здружението ЕСЕ ги сподели наодите од спроведениот мониторинг во ромската заедница во однос на проблемите со кои се соочуваат жените, мајките и децата Роми во пристапот до превентивна здравствена заштита. Мониторингот во заедницата беше спроведен во соработка со ромските граѓански организации Романо Чачипе, ИЗИР и КХАМ.
Ромите во земјава се соочуваат со понеповолна здравствена состојба од останатото население. Новороденечката смртност меѓу Ромите е за 1,5 пати повисока за разлика од македонското население во 2017 година. Во истата година речиси 50 отсто од смртните случаи кај Ромите се случиле пред 65-тата година од животот, за разлика од смртноста кај останатото население, која изнесува 23 отсто.
Наодите од спроведеното истражување во ромските заедници ги детектираа и клучните проблеми со кои се соочуваат жените Ромки во пристапот до услугите за женското репродуктивно здравје.
Половина од жените Ромки немаат избрано матичен гинеколог, пред сè поради тоа што немаат матичен гинеколог во својата општина, како и поради наплаќањето на услугите од страна на матичните гинеколози. Само 2 проценти од жените Ромки од Шуто Оризари се опфатени со Програмата за скрининг на рак на грлото на матката на Министерството за здравство, иако овој скрининг е од исклучителна важност за навремено откривање и лекување на овој вид на карцином.
Жените Ромки речиси воопшто не се опфатени со Програмата за скрининг и рано откривање на рак на дојка, кој претставува најчесто малигно заболување кај женската популација.
Во однос на здравјето на мајките и децата повеќе од половина од жените Ромки не се посетени од страна на патронажна сестра за време на последната бременост. Додека ниту 20 % од новородените не се посетени од страна на патронажна сестра во првата година од животот. Сето ова може да има значително влијание врз раниот развој на децата, што дополнително се одразува и на здравјето и на понатамошниот развој на поединците.
Линкови до објавените информации:
– https://www.mkd.mk/makedonija/politika/konferencija-za-pristapot-do-zdravstvena-zashtita-na-zhenite-majkite-i-decata, објавено на 23.7.2020.
– https://mia.mk/konferenci-a-za-pristapot-do-zdravstvena-zashtita-na-zhenite-ma-kite-i-decata-romi/, објавено на 23.7.2020.
– https://opserver.mk/makedonija/zdruzhenie-ese-romite-se-soochuvaat-so-ponepovolna-zdravstvena-sostojba-od-ostanatoto-naselenie/, објавено на 23.7.2020.
– https://opserver.mk/makedonija/konferencija-za-pristapot-do-zdravstvena-zashtita-na-zhenite-majkite-i-decata-romi/, објавено на 23.7.2020.
– https://frontline.mk/2020/07/23/konferenci-a-za-pristapot-do-zdravstvena-zashtita-na-zhenite-ma-kite-i-decata-romi/, објавено на 23.7.2020.
– https://a1on.mk/macedonia/konferencija-za-pristapot-do-zdravstvena-zashtita-na-zhenite-majkite-i-decata-romi/, објавено на 23.7.2020.
– https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=360340, објавено на 23.7.2020.
– https://a1on.mk/macedonia/zdruzhenie-ese-romite-se-soochuvaat-so-ponepovolna-zdravstvena-sostojba-od-ostanatoto-naselenie/, објавено на 23.7.2020.
– ЕСЕ: Ромите се соочуваат со понеповолна здравствена состојба од останатото население – 24 Инфо (24info.mk), објавено на 23.7.2020.
– https://libertas.mk/zdruzhenie-ese-romite-se-soochuvaat-so-ponepovolna-zdravstvena-sosto-ba-od-ostanatoto-naselenie/, објавено на 23.7.2020.
– https://www.slobodnaevropa.mk/a/30743370.html, објавено на 23.7.2020.
– https://skopjeinfo.mk/zdruzhenie-ese-romite-se-soochuvaat-so-ponepovolna-zdravstvena-sostojba-od-ostanatoto-naselenie, објавено на 23.7.2020.
ПУБЛИКАЦИИ
ОСТАНАТИ ПУБЛИКАЦИИ
Анализа на состојбите во однос на перинаталната и доенечката смртност во Република Македонија во периодот од 2011 до 2017 година
Правото на здравје претставува универзално човеково право гарантирано во меѓународните документи и во законодавството на Република Македонија. Здравјето на мајките и децата, како особено ранливи категории од населението, е од особена важност за државата и таа има обврска континуирано да го унапредува здравјето на овие ранливи групи. Обврската на државата за унапредување на здравјето на мајките и децата произлегува и од Целите за одржлив развој на Обединетите нации до 2030 година, јасно посочени во Целта 3 – да се обезбеди здрав живот и да се промовира благосостојба за сите на сите возрасти. Во Целта 3 како две важни потцели се предвидени обврската на државите да ја намали мајчинската смртност и смртноста на новороденчињата, доенчињата и смртноста на децата под 5-годишна возраст. Република Северна Македонија бележеше континуиран децениски пад на стапката на доенечка смртност, која во 2010 и 2011 година достигна најниско ниво од 7,6 починати доенчиња на 1 000 живородени. Меѓутоа, од 2011 година стапката на доенечка смртност започна да бележи континуиран пораст и во 2016 година достигна вредност од 11,9 умрени доенчиња на 1 000 живородени. Со тоа состојбата во однос на овој индикатор се врати на нивото од пред десетина години, односно се изедначи со вредностите што се бележеле во 2005 и 2006 година. Меѓутоа, во 2017 и 2018 година стапката на доенечка смртност бележи пад, па така во 2017 година изнесува 9,2 на 1 000 живородени, а во 2018 година изнесува 5,7 на 1 000 живородени.
Земајќи ја предвид работата на Здружението ЕСЕ, која има за цел да го унапреди женското репродуктивно здравје и здравјето на мајките и децата, уште од 2016 година започнавме нашата работа да ја фокусираме кон откривање на можните причини кои водат кон пораст на доенечката смртност во државата. Во склоп на овие активности во 2018 година ЕСЕ формираше експертска работна група во која членуваа експерти од следните области: статистика, јавно здравје, педијатрија – неонатологија, патронажа, гинекологија и акушерство.
Експертската работна група имаше за цел да ја подготви анализата за да ги утврди можните причини за порастот на доенечката смртност во овој период, применувајќи ја методологијата подготвена од страна на Центарот за контрола на болести (CDC) од Атланта, САД, насловена како „Пакет на алатки: Рамка за оцена на доенечката смртност“ и методологијата за проценка од „Рамката за ризични перинатални периоди“. За потребите на анализата беа користени јавно достапни податоци, како и податоци прибрани од страна на експертите од релевантни институции, како што се Државниот завод за статистика, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Институтот за јавно здравје, здравствените домови и останати здравствени установи.
Во анализата е прикажана состојбата со доенечката смртност дисагрегирана по повеќе параметри, вклучувајќи ги следните: регионална поделба, етничка припадност на мајката, урбани и рурални средини, училишна подготовка на мајката. Воедно утврдени се и најчестите причини за смрт кај доенчињата согласно со МКБ-10 класификацијата, а направен е и приказ на починатите доенчиња според родилна тежина и гестациска возраст при раѓањето. Еден од главните заклучоци од анализата е дека превенцијата на смртните случаи на доенчиња треба да се фокусира на следните аспекти: пристап до здравствени услуги за репродуктивно здравје пред зачнувањето, намалување на несакани бремености, намалување на пушењето за време на бременоста, унапредување на специјализираната антенатална и перинатална здравствена заштита, обезбедување на рана и континуирана антенатална здравствена заштита, соодветно проследување на високоризични бремености и соодветно медицинско водење на случаите на гестациски дијабет и други здравствени проблеми кај мајката за време на бременоста.
2019 | Анализа на состојбите во однос на перинаталната и доенечката смртност во Република Македонија во периодот од 2011 до 2017 година |
Анализи од мониторингот на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката
Ракот на грлото на матката во светот учествува со 10 % во вкупниот број на малигни неоплазми. Тој е дванаесетти по честота и петти по смртност на рак кај жените во светот. На годишно ниво заболуваат околу 490 000 новорегистрирани жени или 16 од 100 000 жени годишно, а околу 9 од 100 000 жени умираат. Во Република Северна Македонија секоја година од рак на грлото на матката умираат околу 40 жени. Организираниот скрининг за превенција и рано откривање на рак на грлото на матката е најефикасна метода за откривање на предраковите промени или на рак во почетен стадиум кај жени што немаат никакви знаци на болест. Дополнително на тоа, овој вид на скрининг се спроведува преку релативно достапни и едноставни процедури кои не чинат многу. Односно за скрининг-преглед кај жени што немаат симптоми доволен е гинеколошки преглед со ПАП-тест. Скринингот за рак на грлото на матката е од големо значење, бидејќи доколку се откријат предракови промени или рак во рана фаза, оваа состојба може потполно да се излекува со релативно едноставни медицински процедури и при тоа ова заболување нема да остави трајни последици по здравјето на жената и нема да го наруши квалитетот на животот. Согласно со меѓународно прифатените стандарди и протоколи во РС Македонија скринингот се спроведува помеѓу жени на возраст од 21 до 59 години кои во последните три години не направиле ПАП-тест. За успешно спроведена скрининг-превенција се смета доколку во период од три години се опфатат 75 % од целната популација на жени.
Земајќи го предвид значењето на скринингот за здравјето и животот на жените, Здружението ЕСЕ од 2012 година започна со спроведување на континуиран мониторинг на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката, која претставува компонента од Програмата за рана детекција на малигни заболувања на Министерството за здравство. Преку мониторингот секоја година ги утврдуваме проблемите во планирањето и спроведувањето на Програмата кои водат кон многу низок опфат на жените со оваа скрининг-програма. Тоа пак резултира со фактот дека во РС Македонија секоја година умираат околу 40 жени од рак на грлото на матката, додека околу 350 жени годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија со агресивни третмани со хемотерапија и зрачење. Покрај спроведување на мониторинг на национално ниво, ЕСЕ спроведува и мониторинг во заедницата со цел да се утврди опфатот на жените Ромки со оваа програма, како и бариерите со кои се соочуваат во пристапот до здравствените услуги од Програмата.
Наодите ги користиме за да подготвиме предлог-мерки за унапредување на планирањето, спроведувањето и мониторингот на Програмата. Врз основа на наодите и предлог-мерките спроведуваме застапување насочено кон Министерството за здравство за да се унапреди опфатот на жените со оваа програма, а воедно ја запознаваме и јавноста преку медиумското застапување.
Извештаи од годишниот мониторинг на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката
Препораки за унапредување на спроведувањето на Програмата за скрининг (рано откривање) на карцином на грлото на матката
Здружението ЕСЕ од 2012 година врши мониторинг на спроведувањето на Програмата за рана детекција на малигни заболувања со посебен осврт на компонентата за скрининг, односно рано откривање на карцином на грлото на матката.
Врз основа на резултатите од мониторингот на оваа програма, Здружението ЕСЕ согледа дека постојат потреби за унапредување во спроведувањето на Програмата и со таа цел формираше работна група составена од релевантни експерти што работеа на подготовка на предлог-мерките за унапредување на спроведувањето на Програмата. Овој документ е подготвен од страна на работната група и има за цел да даде препораки до Министерството за здравство за да се зголеми опфатот на жени и да се унапреди квалитетот на услугите предвидени со Програмата за скрининг на карцином на грлото на матката.
Документот што го подготви работната група се состои од четири дела: 1. Предлог-мерки за унапредување на спроведувањето на Програмата за скрининг на карцином на грлото на матката; 2. Образложение на предлог-мерките; 3. Анекс 1 – Табела на идентификуваните проблеми со предлог-мерки и потребни ресурси за нивно реализирање; и 4. Анекс 2 – Табела со предлог-решенија за начинот на внесување на податоци во софтверот за евиденција и следење на скринингот. Дополнително во Анекс 3 е даден и документот – „Препораки за организација на скринингот на карцином на грлото на матката“, што послужи како еден од основните документи при работата на работната група.
2015 | Препораки за унапредување на спроведувањето на Програмата за скрининг (рано откривање) на карцином на грлото на матката |
Анализи од мониторингот на Програмата за скрининг на рак на дојка
Ракот на дојка е најчесто малигно заболување кај жените во светот и во Република Северна Македонија. Во просек секоја осма жена во својот животен век ќе се соочи со оваа болест. Воедно, ракот на дојка е водечка причина за смртност и претставува глобален проблем. Но, со детекција и откривање на болеста во рана фаза се намалува смртноста и до 30 %. Мамографијата може да го детектира карциномот во неговата претклиничка фаза. Во повеќе од 30 земји во светот постојат организирани национални програми за рано откривање на рак на дојка т.н. скрининг што подразбира редовни мамографски прегледи на одреден временски интервал на жени на одредена возраст, кои се навидум здрави, односно немаат клинички симптоми на рак на дојка.
Министерството за здравство секоја година во рамки на Програмата за рана детекција на малигни заболувања усвојува Програма за скрининг на рак на дојка. Здружението ЕСЕ земајќи го предвид значењето на скринингот на рак на дојка за здравјето и добросостојбата на жените во државата, спроведува периодичен мониторинг на Програмата на Министерството за здравство.
Наодите од мониторингот укажуваат на низа проблеми во планирањето и спроведувањето на оваа програма, што резултира со минимален опфат на жените, кои низ годините се движи од 1 до 3 % од целната возрасна група на жени. Покрај спроведување на мониторинг на национално ниво, ЕСЕ спроведува и мониторинг во заедницата со цел да се утврди опфатот на жените Ромки со оваа програма, како и бариерите со кои се соочуваат во пристапот до здравствените услуги од Програмата.
Наодите од мониторингот ги користиме во нашето застапување пред Министерството за здравство преку кои бараме зголемување на финансиските средства и унапредување на спроведувањето на активностите за да се зголеми опфатот на жените со оваа програма.
Извештаи од мониторингот на Програмата за скрининг на рак на дојка
Анализи од мониторингот на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата
Здравствената заштита на мајките и децата е насочена кон сите жени во репродуктивниот период, односно на возраст од 15 до 49 години, доенчињата, малите деца, децата на училишна возраст и адолесцентите. Обезбедувањето на навремена, соодветна и на квалитетна здравствена заштита за мајките и деца не само што го унапредува нивното здравје и квалитетот на животот туку придонесува и кон соодветен ран детски развој, здраво детство, што на долг рок обезбедува правилен раст и развој на поединецот со долгорочни придобивки, како за поединците така и за заедниците и целото општество.
Министерството за здравство секоја година усвојува Програма за активна здравствена заштита на мајките и децата со следните цели: 1. Континуирано унапредување на системот на мониторирање на здравствениот статус на мајките и децата и ефикасност на здравствената заштита; 2. Подигање на информираноста и едуцираноста на населението за здрави животни стилови и правилно здравствено однесување во преконцепциски, антенатален, постнатален и во доенечкиот период, со фокус на ранливите категории на жени (жени Ромки, жени од руралните подрачја и лица без идентификација); 3. Унапредување на квалитетот и еднаквоста во пристапот до здравствените услуги за мајките и децата, со посебен фoкус на ранливите категории жени; 4. Навремено откривање на заболувањата кај новороденчињата, доенчињата и малите деца; 5. Јакнење на меѓусекторската соработка и мобилизирање на партнерството во заедницата на сите релеванатни партнери во идентификација и решавање на здравствените проблеми на мајките и децата, особено во намалување на бариерите и зголемување на достапноста на услугите; 6. Обезбедување на навремен и ран пристап на секоја бремена жена до квалитетна антенатална здравствена заштита (отстранување на сите видови на географски, финансиски и на културолошки бариери, особено кај ранливите групи).
Земајќи го предвид значењето на оваа програма за унапредување на здравјето и здравствената заштита на мајките и децата, со посебен фокус на ранливите заедници, Здружението ЕСЕ од 2011 година започна со спроведување на редовен мониторинг на оваа програма на годишно ниво. Мониторингот го спроведуваме на национално ниво, како и на ниво на ромската заедница со цел да го утврдиме опфатот на мајките и децата од оваа заедница со здравствените услуги предвидени во Програмата.
Клучните наоди од мониторингот се дека во текот на годините се бележи несоодветно спроведување на активностите насочени кон промоција на здравјето, особено во ромските и маргинализираните заедници. Воедно се бележи и уназадување во планирањето на Програмата, што може да се нотира преку фактот дека речиси сите здравствено-едукативни и здравствено-промотивни активности се отстранети од Програмата, иако тие беа планирани повеќе години наназад. Дополнително на тоа не постои конзистентност во планирањето, при што многу често се нотираат промени во видот и во обемот на планираните активности во оваа програма од година во година, па дури се бележат измени и во текот на годината.
Извештаи од мониторингот на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата
Анализи од мониторингот на Програмата за систематски прегледи на учениците и студентите
Министерството за здравство секоја година ја усвојува и спроведува Програмата за систематски прегледи на учениците и студентите. Целта на систематскиот преглед е: следење на физичкиот и психосоцијалниот развој, рана детекција на здравствени проблеми и навремен третман, рано препознавање на ризични видови на однесување – детекција на бихејвиорални ризици, едукација за усвојување на здрави животни стилови, едукација за важноста на навремена и целосна вакцинација.
Воедно низ годините, во рамки на Програмата, Министерството за здравство предвидуваше мерки и активности за опфат со систематски прегледи за деца од ранливите и маргинализираните заедници, односно деца што се надвор од образовниот систем, деца што не посетуваат редовно училиште и деца без здравствено осигурување.
Земајќи предвид дека во ромската заедница се нотираат случаи на деца што се надвор од образовниот систем или деца што не посетуваат редовно училиште, Здружението ЕСЕ ја посвети својата работа на мониторинг на оваа програма, која е значајна за правилниот раст и развој на децата.
Наодите од мониторингот покажаа дека прегледите доследно се спроведуваат помеѓу децата што се во редовниот образовен систем. Меѓутоа активностите наменети за децата од маргинализираните средини не се спроведуваат во планираниот и потребен обем, при што од оваа програма се изоставени децата што имаат најголема потреба од ваков вид на прегледи. Наодите од мониторингот Здружението ЕСЕ ги користи во своите напори за застапување, со барање за предвидување и доследно спроведување на активностите за идентификација на деца надвор од образовниот систем и нивно соодветно опфаќање со систематски прегледи.
Извештаи од мониторингот на Програмата за систематски прегледи на учениците и студентите
Анализи од мониторингот на Програмата за ретки болести
Ретките болести се карактеризираат со мноштво различни знаци и симптоми, кои не само што се разликуваат помеѓу различните заболувања, туку се разликуваат и помеѓу различни пациенти кои боледуваат од иста болест. Поради малиот број на пациенти кои боледуваат од некоја ретка болест, медицинската експертиза и знаењата се ограничени, истражувањата се малубројни, а здравствената заштита е несоодветна. Воедно достапноста на лековите за ретките заболувања е ограничена, а цените за одредени лекови се доста високи.
Поради сето тоа многу често се случува пациентите со ретки болести да бидат погрешно дијагностицирани или пак долго време да не може да се открие дијагнозата, што води и кон одложување на навременото започнување со третман. Сето тоа води кон појава на попреченост кај пациентите со ретки болести, намален квалитет на живот, како и потреба од нега и грижа од трети лица.
Здружението ЕСЕ во насока на поддршка на сите граѓани да ги остварат своите здравствени права се приклучи кон Националната алијанса за ретки болести преку која обезбедува експертска поддршка на организациите на пациенти со ретки болести со цел да ги застапува правата на овие лица за навремена дијагностика и навремен и соодветен третман.
Во РС Македонија терапијата за пациентите со ретки болести се обезбедува преку Програмата за ретки болести на Министерството за здравство. До 2013 година преку Програмата се издвојуваа 40 милиони денари, но имајќи ја предвид високата цена на чинење на терапијата за ретки болести, со овие средства се обезбедуваше терапија само за мал број на пациенти за само една дијагноза. Преку мониторингот и анализата на буџетскиот и програмскиот дел од Програмата обезбедивме основ за застапување за организациите на пациенти со цел да бараат зголемување на буџетските средства за Програмата, како и зголемен број на пациенти и дијагнози за кои ќе се обезбеди третман преку оваа програма.
Преку континуираниот буџетски мониторинг од страна на ЕСЕ и застапувањето од страна на организациите на пациенти во текот на годините се зголемуваше буџетот на Програмата и со тоа се опфаќаа сè поголем број на пациенти и дијагнози кои се лекуваат преку оваа програма.
Извештаи од мониторингот на Програмата за ретки болести
Анализи во однос на здравјето и здравствената заштита на жените, мајките и децата од ромските заедници
Ромското население претставува една од најмаргинализираните групи од населението, соочувајќи се со низок степен на образование, невработеност, сиромаштија, неповолни услови за домување, како и со дискриминација. Сите овие фактори претставуваат социјални детерминанти кои имаат негативно влијание врз здравјето и врз пристапот до здравствена заштита на Ромите, што се одразува со состојбата Ромите да имаат пократок животен век од останатото население. Жените Ромки се соочуваат со дополнителни проблеми и бариери, земајќи ги предвид традиционалните вредности и родови стереотипи.
Земајќи ја предвид оваа состојба, Здружението ЕСЕ од 2011 година започна со спроведување на методологија на социјална отчетност во ромските заедници со цел да ги утврди проблемите и потребите со кои се соочува оваа заедница во пристапот до здравствена заштита и истовремено да ја зајакне заедницата за да може проактивно да застапува и да бара остварување на своите здравствени права. Работата во ромската заедница беше особено насочена кон жените Ромки, со цел да им се предочи како да ги остварат своите здравствени права од областа на репродуктивното здравје на жените, како и правата на здравствена заштита на мајките и децата. Во рамки на оваа работа спроведувавме редовно истражување во заедницата за да го мониторираме спроведувањето на здравствените политики и услуги за жените и децата Роми и да ги утврдиме нивните бариери во пристапот и нивните потреби во однос на здравствената заштита.
Истражувањата спроведени помеѓу жените Ромки ги истакнаа бариерите со кои се соочуваат во пристапот до основните услуги за женското репродуктивно здравје, како што се оддалеченоста од ординациите на матичниот гинеколог, финансиските тешкотии за користење на услугите, како и несоодветната запознаеност со нивните права и недостигот од здравствена едукација. Сето тоа резултира жените Ромки многу ретко да посетуваат матичен гинеколог за превентивни здравствени прегледи, што има негативно влијание врз нивното здравје. Воедно жените Ромки се во многу понизок процент опфатени со програмите за скрининг на рак на грлото на матката и рак на дојка за разлика од жените на национално ниво. Во однос на здравствените услуги за здравјето на мајките и децата, нотирано е дека жените Ромки во многу помал процент се посетени од патронажните сестри за разлика од останатото население. Воедно мал процент од децата Роми се лекуваат кај матичен педијатар, пред сè поради нивен недостиг во близина на ромските населби.
Сите овие податоци ЕСЕ ги користи во своите напори за застапување, со активно вклучување на жените Ромки, а со цел да ја унапреди здравствената заштита на жените, мајките и децата од оваа заедница. Воедно наодите ги користиме да спроведеме и соодветна едукација помеѓу жените, како во однос на нивните права, така и во однос на унапредување на нивното здравје.
Анализи во однос на здравјето и здравствената заштита на жените, мајките и децата од ромските заедници
Анализи во однос на неплатената работа за нега во домашни услови
Неплатената работа за домашна нега се однесува на сите неплатени услуги за членовите на едно домаќинство, вклучително и нега на лица кои поради попреченост, болест, изнемоштеност или старост не се во состојба самостојно да ги извршуваат основните животни потреби. Овие активности се сметаат за работа, бидејќи за нивно извршување може да се плати трето лице. Неплатена работа значи дека лицето што ја извршува оваа активност не добива никаков надомест за тоа. Под нега се подразбира активност за обезбедување на сето она што е потребно за здравјето, добросостојбата и заштитата на едно лице. Работа значи дека активноста вклучува ментален или физички напор и претставува трошење на време и ресурси.
Вообичаено жените поминуваат диспропорционално повеќе време за извршување неплатена работа за нега, за разлика од мажите. Поради родовите социјални норми според кои неплатената работа за нега се смета за обврска на жените, жените од различни региони, социоекономски класи и култури поминуваат значителен дел од денот во исполнување на очекувањата за нивните домашни обврски и репродуктивната улога.
Воедно во РС Македонија има ограничен број јавни установи што обезбедуваат долгорочна нега и грижа за лицата што не се во состојба самостојно да ги извршуваат основните животни потреби. Поради тоа за најголем дел од овие лица потребната нега се извршува во нивните домови.
Истражувањето на ЕСЕ покажа дека жените го носат најголемиот товар на давањето нега во домашни услови. Исто така, жените примарни даватели на нега поминуваат повеќе време во обезбедување нега во споредба со мажите. Покрај обезбедувањето на нега за болно лице/лице со попреченост/старо лице, жените исто така се одговорни и за грижата на малолетните деца, а воедно покрај обезбедувањето на негата, жените имаат поголема веројатност да извршуваат неплатена домашна работа во споредба со мажите што даваат нега. Воедно кај 40 % од примарните даватели на нега неплатената работа за нега имала влијание врз нивната платена работа, како што е неможност да работат воопшто или да работат со полно работно време или пак влијаела врз нивната продуктивност. Исто така неплатената работа за нега има влијание и врз физичкото и менталното здравје на давателите на нега, особено кај повозрасните лица и жените. Уште поголемо е негативното влијание врз менталното здравје на примарните даватели на нега. Воедно семејствата се соочуваат со дополнителни финансиски трошоци во обезбедување на негата, кои за семејствата со пониски приходи изнесуваат дури една третина од нивните приходи. При тоа истражувањето покажа дека надоместокот за нега што го добиваат семејствата од страна на државата не е доволен да ги покрие реално потребните трошоци. Наодите од истражувањето ни послужија да дадеме конкретни препораки до надлежните институции за да се подобри состојбата на лицата што имаат потреба од нега, на давателите на нега, како и на семејствата каде што се обезбедува нега.
Анализа од мониторингот на Програмата за партиципација при користење на здравствена заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствена заштита на родилките и доенчињата во Република Македонија
Здравствените услуги за породување во јавните здравствени установи се бесплатни за жените во РС Македонија. При тоа за сите жени што имаат здравствено осигурување, поголемиот дел од трошокот за породувањето во јавните здравствени установи се исплаќа од страна на Фондот за здравствено осигурување, додека партиципацијата за породувањето се исплаќа од државниот буџет преку Програмата за партиципација на Министерството за здравство.
Здружението ЕСЕ во својата работа за намалување на доенечката смртност, како и во работата на мониторингот во заедницата за услугите поврзани со породување, утврди релативно низок степен на задоволство на жените од здравствените услуги поврзани со породувањето. Во таа насока предмет на оваа анализа е да се утврди дали Владата на РС Македонија издвојува доволно средства за покривање на партиципацијата за породувањата во периодот од 2013 до 2018 година.
Преку анализата утврдивме дека Министерството за здравство секоја година не планира да ја покрие партиципацијата за сите породувања во јавните здравствени установи во Македонија. Истото се однесува како за неоперативните, така и за оперативните породувања. Поради тоа јавните здравствени установи во периодот од 2013 до 2017 година не добиле 118 623 767 денари поради неисплатената партиципација за породувања. Праксата во Програмата на годишно ниво да се планираат долгови е негативна, бидејќи негативно се одразува врз работата на јавните здравствени установи, кои ги испорачуваат услугите а за тоа не ги добиваат потребните средства навремено.
2018 | Министерството за здравство со години наназад покрива само дел од потребниот износ за партиципација за породувањата извршени во јавните здравствени установи |
Документирање на работата на ЕСЕ во спроведувањето на методологијата за социјална отчетност
Земајќи ја предвид состојбата на отсуство на вклучување на граѓаните во процесот на планирање, спроведување и мониторинг на здравствените политики и услуги од 2009 година, ЕСЕ започна со спроведување на методологиите на социјална отчетност за да го унапреди правото на здравје и пристапот до здравствените услуги за ромското население во РС Македонија.
Овие методологии овозможуваат активно вклучување на заедниците во процесот на утврдување на нивните проблеми и потреби, зајакнување на заедницата во однос на нивните права, вклучување во предлагање на мерки за унапредување на состојбите, како и во застапувањето на локално и национално ниво.
Увидувајќи ги предностите од спроведувањето на оваа методологија, пред сè за маргинализираната заедница, ЕСЕ одлучи да ја документира својата работа со цел да им послужи на потребите на сите заинтересирани организации, поединци и институции за примена на методологиите на социјална отчетност.
Во публикацијата ги опишавме прашањата на кои ја применивме методологијата, заедниците и локалните организации со кои работиме, кои елементи ги применуваме во работата, како и кои се клучните постигнувања од примената на оваа методологија.
2018 | Пристапот на ЕСЕ – Социјална отчетност |
Вклучување на ромските заедници во процесот на следење на контакти: Тестирање на оперативниот водич во Северна Македонија
Следењето контакти е моќна алатка за минимизирање на ширењето на заразни болести, што се покажа особено ефективно за време на пандемијата со КОВИД-19. Со цел да им се помогне на заедниците да спроведат ефективно следење на контактите, Светската здравствена организација (СЗО) и нејзините партнери во 2021 година изработија Оперативен водич за ангажирање на заедниците во процесот на следење контакти, кој содржи 11 клучни принципи и стандардни оперативни процедури (СОП).
Здружението ЕСЕ во периодот помеѓу јуни и септември 2022 година спроведе истражување со цел да процени како Оперативниот водич може да го подобри следењето на контактите меѓу ромските заедници во Северна Македонија.
Наодите во публикацијата се претставени според различните теми на истражување. Тоа се: 1. предизвиците со кои се соочуваат ромските заедници со постојниот систем за следење контакти; 2. како Оперативниот водич може да одговори на овие предизвици; и 3. корисноста и практичноста на објавување на Оперативниот водич во Северна Македонија.
Клучен наод од истражувањето е дека примената на Оперативниот водич може да послужи како солидна основа за вклучување на ромската заедница во процесот на следење на контакти како одговор на евентуални идни епидемии и пандемии.
2022 | Вклучување на ромските заедници во процесот на следење на контакти: Тестирање на Оперативниот водич во Северна Македонија |
Влијанието на кризата предизвикана од КОВИД-19 врз жените и жените Ромки од Република Северна Македонија
Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 создаде непредвидлив и значителен притисок врз глобалната економија и јавните здравствени системи. Исто така, пандемијата придонесе кон истакнување и зголемување на нееднаквоста и дискриминацијата помеѓу населението, а особено помеѓу ранливите групи на граѓани. Пандемијата особено придонесе кон продлабочување на јазот помеѓу мажите/момчињата и жените/девојчиња, како и помеѓу различните етнички малцинства и лицата што припаѓаат на различен социјален статус. Пандемијата ги премина границите на здравствена криза и придонесе земјите, освен со здравствената криза, сè повеќе да се борат со кризата на пазарот на труд, социјалната и економската криза. Како резултат на ваквата состојба, пандемијата претставува сериозна закана за вработување и егзистенција на жените, особено од неформалните и несуштинските сектори.
Здружението ЕСЕ го спроведе истражувањето со цел да го утврди влијанието на кризата предизвикана од пандемијата врз жените и девојките во РС Македонија во две клучни области: 1. Влијанието на кризата предизвикана од КОВИД-19 врз појавата на семејно насилство и врз жените што претрпеле ваков вид на насилство; 2. Влијанието на кризата предизвикана од КОВИД-19 врз потребите и пристапот до здравствена заштита на жените. Дополнително на тоа, посебен дел е посветен на влијанието на пандемијата врз жените Ромки, како особено ранлива и маргинализирана група во општеството. Наодите од истражувањата ги прикажаа сериозните негативни влијанија врз жените во овие области и неможноста тие да ги добијат неопходните услуги и да ги остварат своите права.
Наодите од истражувањето треба да послужат како основа за државата да изгради системи за социјална и здравствена заштита што ќе бидат отпорни на кризи и ќе овозможат соодветен пристап до социјалните и здравствените услуги за жените во кризни состојби и идни епидемии или пандемии.
2021 | Влијанието на кризата предизвикана од КОВИД-19 врз жените и жените Ромки од Република Северна Македонија |
Сите сме луѓе: Секому здравствена заштита без разлика на етничката припадност – Состојбите во однос на здравјето, здравствената заштита и правото на здравје помеѓу Ромите во Република Македонија
Ромското малцинство во РС Македонија е маргинализирано по повеќе основи и живее во понеповолни социоекономски услови за разлика од другото население. Непостоењето на здравствена статистика сегрегирана по национална припадност, како и недостигот на истражувања спроведени од страна на државните институции, резултираше со состојба каде што податоците за овие состојби помеѓу ромското население се црпат од поединечни сознанија добиени на терен и делумни истражувања (по обем и предмет) на граѓанските организации. Поради тоа Здружението ЕСЕ, со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија и Фондациите Отворено општество – Њујорк, пристапи кон подготовка на основна студија за ромското здравје што ќе овозможи обезбедување на податоци врз основа на кои во иднина ќе можат да се следат и да се споредуваат состојбите во однос на прашањето за ромското население во Република Македонија.
Основната студија се заснова на податоци добиени преку преглед и анализа на достапни релевантни документи, како и спроведено теренско истражување на примерок од ромско население и население од другите етнички групи што живеат во близина на ромското население.
Наодите од истражувањето се претставени во 13 клучни области и тоа: 1. Меѓународна и регионална правна рамка за заштита на правото на здравје; 2. Уставна и законска рамка; 3. Здравствената стратегија 2020 и акциони планови за здравство на РМ; 4. Вклучување на граѓаните при подготовка и спроведување на здравствените политики; 5. Финансирање во здравството; 6. Средства во јавниот буџет за здравство обезбедени од надворешни извори; 7. Социоекономски фактори како социјални детерминанти на здравјето; 8. Здравствена состојба; 9. Здравствена заштита; 10. Права на пациентите; 11. Пристап до лекови; 12. Пристап до здравствени услуги за здравјето на жените; 13. Дискриминација.
Дополнително на основното истражување, прибраните податоци беа искористени за да се подготват две публикации како додатоци на основното истражување и тоа: Здравјето на Ромите и нивниот пристап до здравствена заштита од родов аспект и Влијанието на социјалните детерминанти врз здравјето на Ромите и нивниот пристап до здравствена заштита во Република Македонија.