• esem@esem.org.mk
  • Јавете се: +389 (0) 2 3298 295; 3298 296
  • ул. Максим Горки 20/1-4 1000, Скопје, Република Македонија

Стратегија, годишни програми и извештаи за работа

Работата на Здружението е јавна, а начелата на транспарентност и отчетност се основни начела од кои се водиме во нашето работење. Здружението работи во согласност со Статутот, Деловникот и сите останати акти со кои се гарантира и пропишува почитувањето на начелата на транспарентност и отчетност.

Покрај отчетноста пред органите на Здружението, јавно се достапни стратегијата, програмите и извештаите за работењето на ЕСЕ. На овој начин даваме отчет за нашето работење на оние за коишто работиме, нашите партнери, соработници, донатори и поддржувачи.

СТРАТЕГИЈА, ГОДИШНИ ПРОГРАМИ И ИЗВЕШТАИ ЗА РАБОТА

Внимателно ги анализираме и следиме сите релевантни меѓународни, национални и сопствени извори на податоци за проблемите на граѓаните со кои работиме со цел да ги утврдиме нашите стратешки определби. При подготовка на стратегиите се консултираме и го вклучивме мислењето на оние за коишто работиме, нашите партнери, соработници, донатори, членови на Извршниот одбор и тимот на ЕСЕ.

Во тек е спроведување на Стратегискиот план 2020-2024 година. Основните стратегиски определби на ЕСЕ го адресираат отсуството или недоволната вклученост на граѓаните во процесите на планирање, спроведување и евалуација на законската регулатива, буџетите и услугите во областа на социјалните и економските права, нееднаквиот пристап до правда и ниското ниво на фискална транспарентност на институциите во областа на социјалните и економските права. Овие три стратегиски приоритети ги одразуваат нашите верувања дека социјалните и економските права треба да бидат највисок приоритет на државата и дека нивното спроведување треба да се темели на интересите и потребите на граѓаните, според принципот за распределба на максимални расположливи ресурси, прогресивно остварување на човековите права и недискриминација. Продолжуваме со истите стратегиски приоритети и во Стратегискиот план за 2025-2029 година. Нашата цел е да го зајакнеме учеството на граѓаните, да обезбедиме еднаков пристап до правда и да ја подобриме фискалната транспарентност на институциите. Водени од истите принципи, ќе продолжиме да се залагаме за унапредување на социјалните и економските права како највисок приоритет на државата.

Програмите за работа се годишни планови на активностите засновани врз стратешките определби утврдени со Стратегискиот план. Со извештаите за работа известуваме за постигнатите резултати на годишно ниво. Тие вклучуваат и годишни извештаи за финансиското работење на ЕСЕ.

Финансиското работење на ЕСЕ е предмет на редовни годишни финансиски ревизии спроведени од надворешни независни ревизори.